Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.926
    Допаѓања:
    89.755
    Пол:
    Женски
    Веќе 2 дена сум во Скопје и се гушам во маглава :| Кај нас не е така ,не сум навикната на оваа ми смета искрено,пак ќе кажам сите ми се како роботи не гледам ниту еден насмеан човек ,кој и да сретнеш сите едно исто зборат :маглава никако да се крене ,маглава не уби,аман бре што ќе правиме со оваа магла ]:)
    Да ви кажам дека е привилегија да си најужно од нашата Македонија мене лично ми е благослов што живеам во тој крај ,зима е да али кај нас сеуште секојдневно има сонце ,дечиња наоблечени со топла облека си играат надвор,луѓето се раздвижани,навистина има многу по позитивна енергија од овде :)

    И да ви кажам неможам да си ги објаснам луѓето што првпат те гледаат и ти се закачуваат максимално,патуваш со воз те гледа не разговараш а тој упорно неможе да престане со прашања,едно време си ги ставив слушалките као демек мн ми се слушаше музика погледнува и овој ме гледа и ми вели ајде де извади ги тие слушалки ќе правиме муабет побргу ќе ни помине времето ,пристар човек |( Бог да чува мразам да разговарам со такви луѓе што немаат никакво значење за мене што првпат ги гледам и што сакаат се да дознаат.Имаше уште хмм половина пат за додека стигнам и си се преместив во друго купе неможев веќе,ми ствараше негативна енергија човекот.

    На трансче разбирам дека одат луѓе само што ја обожаваат музиката и што барем нешто знаат за тој жанр,за однесувањето ,за облекувањето .... влез слбоден влегувам има шо да видам бе мали деца ,(малолетници што утре немаат никакви обврски и мислаат дека се на турбо фолк журка а не на транс журка) се вртам гледам на звучник качени ШТО ? :fubar: Океј ајде се помирив со глетката сепак јас сум си таму за мене, до мене една лепотица со штикли 20ка можеби беа издотерана со ланци тракатанци и ташна од 20кг закачена на рамо... девојката играаа играа а со ташната како ги удира луѓето така модрици добиваат :D ццц да си се смееш или да плачеш.... е ај имаше и светла точка се видов со некој што подолго време не бев го видела и позитивно ме изненади среќен беше што ме гледаше... :)
    Се на се убаво уште една добра журка е позади мене
    Туку со маглава шо прајме а ? :D

    Имајте убав ден сите :*
    Не очајувајте што е понеделник уживајте максимално без разлика кој ден е денес :)
     
    На SparkyAngel, poenta, Feodora и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Нервозата, не е нешто што треба да се исфрла врз други луѓе кои не се заслужни за истата, а ниту должни да ја трпат.
     
    На iloveyou29, naughtygirl, SparkyAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    3.035
    Пол:
    Женски
    Во животот понекогаш знаеме и да си дозволиме себеси да бидиме понесени од фантазијата и лажната надеж...најубаво е тогаш, се соживуваш со нешто што знаеш дека е невозможно, а сепак проклето уживаш во моментот...
     
    На Ketrin.Moon и crazylady им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    173.810
    Талентот е нешто што колку и да сакаш не можеш да го држиш во себе,да го чуваш и криеш....
    Талентот не се мери со пари,со работно место со.... туку со признавање,воодушевување,аплауз....
    http://www.youtube.com/watch?v=1_UA4PqjMXQ
    На овие двајца лепотани конкретно мислам...секоја им чест...
     
    На Viktorijaaa5 и Dvolicen им се допаѓа ова.
  5. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Не сум имала поубаво утро во животот. Ги отворам очите, ме гледа со очи кои светат. Едвај ги држев отворени очите, со сета сила ги отварав за да го гледам како ме гледа. Нема пари на светот кои можат да го купат ова чуство. Се туткам, ме гушка и ми вели:
    Знаеш од никаде се појави, ама ми го сврти универзумот. Не знам веќе ни како се викам, ни кој сум, ама знаам што сакам. Сакам цел живот вака да те држам во прегратка, да си бушава, со потечени очи и да ми се смешкаш од среќа.
    И ајде после не скокај од среќа. Ајде не им се смешкај на сите :D
     
    На iloveyou29, Angy.g, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Цела ноќ око не затворив. Станувам во 4 саат ноќеска и одам во спална кај моиве , ја будам мајка ми и и викам : Мамоо јас неможам да заспијам,нешто ме мачи.. и ми вика : Е што те мачи ? неможеш да почекаш до утре за да ми кажеш ? и јас и викам: Абре мамо Златната топка утре ја доделуваат. :rofl: ме гледа онаква :o го буди тато и му вика : Море ова целото метнато на тебе, сега тебе нека те замара за Златната топка... и јас почнав да го замарам тато, само Аха да да.. ми викаше ( набожемски ме слуша :D ) фино лепо ме откачи, ме легна во кревет да спијам, ме покри и толку ми беше, а јас цела ноќ во постерите мои се гледав.. Уште во 7 сум будна.. :lol: на сите им викав леле утре 13 Јануари одвај чекам, ми викаа бидејќи оган се пали ? ма каков оган мене за Златната топка ми е... :rofl: будалетинка сум бре. :lol: како ќе дочекам 7 саат вечер незнам. :lol: Сабајле станати моиве на лева нога.. :D а јас кутрата пак ја повредив ногата, и да сакам да станам на лева неможам. :rofl:
    Ај отидов јас... :hug:
     
    На sweet-star, Golden, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Многу ги мразам тие „разговори“ на улица.
    Излезена си, среќаваш некој и вака тече муабетот
    А: Ејј, здраво
    Б: Здраво
    А: Како си, како школото
    Б: Добро, кај тебе
    А: Супер
    Б: Чао
    А: Чао


    Разговори без никаква поента, подобро кажи само здраво и ајде. Ништо повеќе, ако не друго барем не ми кочи времето сега. А исто така мразам кога сум со другарки и ќе сретнам некоја стара баба (вујна или тетка на мајка ми/татко ми) и ќе те излигави три пати, пошто без тоа не бива, рутина е тоа. И сега тече разговорот, како се мајка ти, и се погоди рецептот за тоа тортата, а школото како оди, а дечко имаш, лелеее од што фамилија е |( Ајде чао, поздрави ги мајка ти, баба ти, комшиката и тетка ти. Аха,да!

    А таа низ цел град зборува лошо за тебе, за фамилијата и пошироко. :fubar:

    И така денес излегов да купам нешто, кажав дека ќе бидам дома за пола час а се вратив за 1 и пол час. Во еден ден сретнав околу 5-6 такви личности, главата ме боли сега.

    Инаку јас сум фино девојче, ама тие таквите личности ме нервираат, искрено!
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Не можеш да судиш за моите зборови без да ги знаеш моите причини! :!: Не ја барај вината секогаш во мене,барај ја кај тебе,провери се,анализирај се па тогаш коментирај. :!:
     
    На Umbrella22, Anouk, Mama25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Не знам дали се сеќавате,порано имаше едно списание Таа. Леле колку го обожавав! Прв пат го видов кај братучедка ми,знам беше 2 број од списанието и на насловна ги имаше ххl,некое интервју околу Евросонг,нели тогаш беа актуелни,а јас ги обожавав.

    Од тогаш па натаму,го купував секој број и фанатично ги скалдирав. Прва бев пред трафика кога се купуваше.Буквално израснав со списанието. Имаше многу интересни и поучни текстови,за тинејџери. Секој збор од списанието го впивав како сунѓер и го читав и листав одново и одново секој број.

    А,особено ми беше интересно да ги разгледувам старите броеви.

    После не знам што се случи,дали јас пораснав и ги иживеав темите што беа актуелни во списанието или списанието навистина изгуби од квалитет и постепено престанав да го читам ,а старите броеви ги фрлив.

    Вчера скроз случајно го видов во трафика и со истата возбуда го купив. Иако стар број ,ноемвриски. Ама нема врска. Списанието ги има истите позадини на страниците,обработува слични теми и има ист мирис на печатена хартија,според мене специфичен за секое списание или книга.
    Содржините не ме привлекоа за да го купам пак,ама многу пријатно ми дојде потсетувањето на тоа време. :)
     
    На iloveyou29, Elennaa, SparkyAngel и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Колку е поубаво чувството кога наместо да седиш до доцна навечер на компјутер, ти седиш и читаш книга. Наутро си стануваш освежен и сфаќаш дека можеш да живееш и без компјутер! (освен ако не правиш нешто паметно на него) :D
    [​IMG]
     
    На Ketrin.Moon, kala21 и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  11. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Кој и да рекол дека дијамантите се најдобар пријател на женатата.....никогаш немал прочитано книга. ;)
     
    На Someonespecial, Desert.Rose, LilBaby и 5 други им се допаѓа ова.
  12. anabel-aa

    anabel-aa Нов член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    4
    Добар ден, моето име е Дијана долго време го читам овој сајт и еве денес се зачленив се надевам дека ќе се дружиме :*
     
    На sweet-star и hermosa им се допаѓа ова.
  13. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Мирисот на кафе и вкусот на цигарите. Утрото допира со својот мирис на зима а студот се притајува во ветерот.
    Сеќавање на добрите бабини рибанчиња мед и млеко. После секој појадок поради мојата чиста среќа баба ги собираше ронките од остатокот и ги оставаше надвор од прозорот за да се хранат врапчињата. Нежните детски очи полни со соништа и радост ги гледаат птиците како јадат од нивното лебче.
    Колекцијата на баба ми,копчиња. Ги редев секогаш по големина. Баба ми ќе седнеше пред телевизорот и ќе ми пуштеше Нинџа желки да гледам. А и таа среќна што се смеев на секое нивно паѓање и се плашев на секоја изведена акција. Секогаш имаше скриено благо во фиоките. Знаеше да извади и да подели со мене. Една кутија чоколадни бонбони јадевме една недела.
    Секое утро,лажичка мед за здравје. Секоја вечер чаша млеко и Пинк Пантер за добар сон.
    Баба ми беше најдобра.

    Ми недостига.
     
    На iloveyou29, Hipster, Cherry03 и 12 други им се допаѓа ова.
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    173.810
    Ако некој ме праша дали имам желба да запознам некој ,да седнам да се напијам кафе и ред -два муабет да преклопам со него,верувајте ,тоа не би бил ниту некој актер,ниту пеач....туку,замислете си....еден и единствен Витомир...да,да нашиот Витомир-фемина бој.

    Е сега,не ме чеша г.зот ниту како изгледа,ниту какви очи има(пу-пу,скраја било,мажена сум ,со две деца),туку едноставно ,секој негов пост кај мене поттикнува дежа ву,како да сум го доживеала истото,како јас да му диктирам што да напише,мои мисли,мои зборови....
    Хороскоп ли е ,што ли е...не знам,ама...Витомире единствен си...
    Поздрав.
     
    На richgirl998, vitomir, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  15. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    а сакам и да прашам, луѓево во оваа наша држава, такви се или такви се прават?

    Те гледа у очи, сака да те прави будала!
    Прашуваш, не ти одговара , се прави на мутава пошто така и чини?!
    Ти зборува , пробува да те врти со 300 муабети, ко демек вака ...така...а знае дека не веруваш во приказната?!

    Па што луѓе ќе бевме :o
     
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    сдк се фарбав...ваква :D Лав ит !!!
    [​IMG]
     
    На sweet-star, Purrinn, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Значи просто сум запрепастена што може времето да му направи на човек.. и тоа за две години.

    Случајно на фб видов познаник(читај бивша љубов) и просто неможам да поверувам колку пропаднал. Па има само 23 години, а сега изгледа како 40 годишен минимум. :o
    Што ти се десило кутра душо, колку само беше убав и згоден.. Стварно жално, ама дрогата и алкохолот изгледа си го направиле своето. :worried:

    Незнам зошто.. ама ова ме погоди повеќе од што би требало.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Денес луѓето се ќе направат за да си ја постигнат замислената цел. Не дека е лошо но, но оваа ситуација јас сум таа што губи.
    Да имаш пријател значи да имаш личност која што е со тебе во добро и во зло, која ќе ти помогне да ги решиш сите проблеми, која ќе ти го покаже вистинскиот пат, која ќе ти ги каже работите кои ти неможеш да ги видиш. Тоа не сме јас и ти. Не сега. Можеби за неколку години, но сега не.
    На умот ми доаѓа мисла дека со овие твои постапки и строго однесување само сакаш да ми ја доловиш вредноста на нашето пријателство.
    А вреди ли да ги трпам тие работи, да газам по игли, да ја ризикувам гордоста, не знаејќи дали на крај ќе останеме пријатели? Постои ли вистинско пријателство денес? Да знам дали да си се тешам дека се ќе биде добро, дека тој пак ќе биде покрај мене во тешките моменти...
     
    На Someonespecial и vitomir им се допаѓа ова.
  19. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Една од желбите ми е да го запознаам Давид Гарет. Да отидам на негов концерт во Берлин или било каде, јас во прв ред и да му се изнагледам и изнаслушам. :inlove:
    Не сакам машки со долга коса, но прекрасен ми е. :)

    С О В Р Ш Е Н ! :inlove:

    Едвај чекам да го гледам неговиот филм: The Devil's Violinist.

    Не знам колку пати ми е гледан концертов, се замислувам дека сум таму, покрај него. :$
    http://www.youtube.com/watch?v=XsfLre6VQ28
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.180
    Допаѓања:
    156.662
    Кога некој се менува од внатре, му се менува дури и ликот.
    Најс.
     
    На glosipgirl, Trnche, DigY и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.