Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Понеделнички ако тргне убаво важи за цела недела ? :wasntme: ,уживање во вистинска смисла на зборот и чудно после долго време не ги слушнав денес муабетите ЕЈ ПОНЕДЕЛНИК,среќни празници итн :talk: :
    Кафе и релаксирање ....... :emo: убаво понеделник-чки исполнето
    http://www.youtube.com/watch?v=E8AMqHn0-LI
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ако човек не сака да сфати некои работи и да му ги туриш со инка во мозокот, од ушите ќе му истече и нема да се задржи. И сите ти велат, не така, не е убаво, грешка е, и си продолжуваш мотајќи си филм Е ДА ДЕ, ТИ ЌЕ МИ КАЖЕШ. Е тие се тие недораснати работи, правиш грешка еднаш, излегува на крај дека те предупредиле дека е грешка ама не признаваш јер его. И ќе се изгориш еднаш, два пати, три пати и ќе продолжиш да се гориш се додека еден ден не ти текне дека можеби треба да голтнеш гордост и да прифатиш сугестија од околината, одвреме навреме.

    Остај ти постов, и јас сум таква многу многу често. Впрочем, има некој кој разбира од НЕ? Јас би рекла, своеглавоста килд д кет.
     
    На sweet-star, julie77, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК вчера гледајќи го филмот She's the man се заљубив. :D
    Ама платонска љубов е нажалост. :(
    Добро јас битно сум заљубена не во било кој туку во Channing Tatum. :rofl:
    Мрдната сум знам ама тоа е љубов луѓе. :D
    Нели е најубав хм? :inlove: :D

    Абе будала сум не ми замерувајте. :!: :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Elennaa, LittlePinky и mili4ka123 им се допаѓа ова.
  4. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Тортата е направена,грицки и пиење купено..
    Јас си се избањав и сеа си слушам The Cure,па да се излакирам ако не.
    Обично не чекаме Стара Нова,ама и онака одамна планиравме некоја забава,па денес искористуваме прилика :lol:
    ..Ќе си се облечам комотно у мој стил(и ќе се сликам за критики ако не заборавам :rofl:),и би требало да е убава вечер.
    Уживајте и вие. ^_^
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Здраво Физиологија, how have you been, did you miss me? :wasntme:
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ако држи некој курс за упикување на професори прва ќе се пријавам оти очигледно знаење никој не ми оценува. Не ми се мене трагични тие што се фрцкаат, прцкаат, лигават и смешкаат, трагични ми се самите професори што паѓаат на тоа. Абе свесен си дека некој те прави будала во фаца и ти му правиш услуга. Која, која е логиката во тоа?

    Намерно ми дава помалку поени, намерно ме малтретира и ми измислува посебно правила. Зошто? Затоа што знае дека сакам нешто повеќе од работа во државна служба и утре нема да му завршам за стрината од машката тетка услуга, затоа што имам два грама мозок и сакам при прва прилика да си ги соберам парталите и да си отидам од оваа не-држава. Не сонувам за виножита во странство, сонувам за прилика да научам, за шанса да истражувам, да творам.

    Јас на мајка ми и се лутам, зошто паметна ме родила. Глупава да бев полесно ќе си поминев, ќе ми текнеше минич да опнам и завршена работа. А не вака, го молам за семинарска затоа што не сакам просек да ми расипе. Затоа што тој проклет просек ми е една од 50-те визи да си отидам.

    Ех бре, пу бре да ти се плукнам во луѓето скапани и покварени.
     
    На Tiki-lolipop, Monna.Monna, richgirl998 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Тешка работа се денес ова луѓето.
    Дури бев мала сите беа добри кој од кој за да ти поможат, но сега се кој поќе да ти забие нож в грб. :x
    Ме гуши овај градот скапан, ме гушат овие луѓето шо се прат паметни, сакам да сум на некое друго место, кај шо никој не ме знај и да си почнам живот одново и да заборам на се оттука.
    И после постарите ќе се прашват зошто младите си го барат чарето да си одат оттука?
    За кој јас да градам тука иднина? за да завршам факултет со просек и да работам во фабрика за 10.000 денари и шо фамилија јас да гледам јас за тие пари? Ич не ми се седи тука, ама ич.
    Само посакувам многу подобра иднина за мене, ама многу подобра од ова денес.
    Не дека немам ништо, имам и благодарна сум на то шо го имам пошто има некој ни ова го нема јас шо го имам, ама пак секој од нас си посакува за негово добро за понатаму.
    Тоа е тоа феминки, имајте среќен празник. Утре ќе си го вртиме мазникот дома, и со друштво.
    Убави денови беа овие, секој со своја приказна, секој со причина за да се разбудиш сабајлето.
    Ете така женички мои некоја депресија ме има фатено во последно, ама од дома не ми се излегва.
    Ќе ја пребродам си викам.
    Убава вечер имајте воедно и убава недела и среќни празници. :*
     
    На richgirl998, Kaley, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  8. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    дојдов да се пожалам за ненаспаност од синот кога читам СТАРА НОВА било |(
    Е сине куре мамино тоа ко склероза си ми 8)
     
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Уфф, грдо! И реков на мајка ми да ми направи Corn Flakes со јогурт, а таа по грешка направила со матеница... Вкусот е како житарици измиени со вода... :puke: :D

    П.С Гладна сум до степен што не ми се јаде повеќе...го знаете тоа чувство сигурно. :)
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.075
    Жал ми е за сите оние во долги врски, а не си го сакаат дечкото, се надеваат за некој во кој ќе се заљубат и ќе му ја здуваат во првиот момент со новиот.
    Неспособни да бидат сами, нивната сиромашна личност не може да го поднесе тоа, да нема некој кого ќе замараат со себе си и своите глупости, проблеми, па да измислуваат проблеми каде ги нема, па да манипулираат со него.
    Победно од вас не постои... Како би ви било вас да биде со вас од немајкаде, во случај да не може да си најде друга, а ако најде без око да му трепне да ве напушти?
    Разбирате ли колку сте патетични?
    А колку пак вакви знам кои на крај ќе завршат со брак, па тек тогаш се убедуваат дека се заљубени, дека го сакаат, а не можат да поднесат како дише. Абе ајде...
    Хух... колку не сакам вакви себични манипулаторки, не знам дали се свесни дека кармата е многу гадна работа.

    Ау да... не сакам да научам од искуство, туку сакам да разберам што е интересното во гледање на предизвик во туѓи бивши дечковци. Да знаат дека не ја повредуваат кутрата на која и го ловат бившиот, туку се ловат себе си да си докажат дека вредат или се поведни во однос на некој.

    Ах и уште ова. Ми се занесува една и цело време јас и мојата работа, тој таму ваков, тој она работи за 5 пари, дрн дрн дрн. И на крај ми здосади и и викам,а ВИЕ што работите (а генерација ми е), ми вика БАНКАРКА СУМ ЈАС. И викам во која банка, ми кажува, и сега очекувам некоја во бек офис нели на висока позиција, ми вика на благајна на шалтер, сега ќе бидам на кредити... Ти девојко не си банкарка, ти си шалтерка! Банкар е газдата на банката, а ти си никоја за да се исмеваш со некој дечко што работи во ВИП со клиенти, ок? Зошто тоа му доаѓа исто. Ти Б немаш од банкарка, твојата работа се учи за две недели по шаблон. Се разбира учтиво и реков, па добро, не ви се и на вас големи платите. :P Па добро...да. :D Така де, за 5 пари работел, со секакви се расправал,а она... |(

    Леле денес само тажнотии и патетики од жени...
     
    На bittersweet, angel92, DeepBlue и 14 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.163
    Кога симпатијата те кани на џогинг :^) :rofl:


    Он стварно на вечерно трчање у паркот да те канел :D

    Кучето напред, он по него...а ти едвај душа вртиш.
     
    На anuskaNESTLE, bittersweet, marama и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    А јас пак мислев дека утре вечер е стара нова година :tmi:

    И сега така, без планови дома ќе си останам. ;(
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Среќна нека ни е славата и паричката вајда ке ми донесе некое арно годинава :)
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Жал ми е што морам да признаам дека текстов можам да го поврзам со некоја особа која ја познавам, всушност ми е другарка. Од околу дури и сум пробала да разговарам дека не е во ред да држиш некоја особа до себе ако не ја сакаш, да ја залажуваш и да и го трошиш времето. Секако тука доаѓаат разни изговори, па и не е мое да се мешам каде што не ми е местото.
    А ваквите личности секогаш сум ги поврзувала со несигурност и нискост. А сега испадна дека во мојот најблизок круг имам човек која во други околности не би го ни погледнал, а не па да изградам некакво пријателство. Едноставно се гадам од такви луѓе.
    Е сега, јас размислував и од друга страна. Однесувањето зборува за личноста, и доколку она си дозволила да манипулира и користи еден човек, тогаш колку е она искрена и со други луѓе? Па така дојдов до прашањето: колку е нашето пријателство чисто и несебично? А ум да читам не знам. Она што знам е дека и јас се осеќам испрљано, како да сум соучесник во некое злосторство. (иако тоа нема врска со мене) И да, кармата не стигнува, но јас не сакам нечисти луѓе покрај мене, тоа ме мачи, колку и да изгледа безврска.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ретки се ваквите примери иако звучи како виц

    Момчето:
    - Горд сум на мојата девојка.
    Другарот:
    - Зошто?
    Момчето:
    - Затоа што вчера беше толку пијана
    што не беше во можност да ме препознае.
    Другарот:
    - Па зошто си горд поради тоа?
    Момчето:
    - Затоа што кога намислив да ја бакнам,
    ме оттурна и ми кажа:
    - Не, стој, јас имам момче!
     
    На Monna.Monna, Anabelle.Amorette, richgirl998 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Маглата. Мостот. Јас и ти.
    Засекогаш, јас и ти.. Но никогаш НИЕ..
    Пак истата приказна.
    Составив дел со дел од душата, дојде пак и со еден здив ги скрши..

    Барам космичка правда.
    Барам да ми простиш што посакувам да патиш исто како мене.
     
    На kala21, SparkyAngel и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  17. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.829
    Допаѓања:
    39.876
    Пол:
    Женски
    ... Ќе се осмелиш еднаш да опцуеш на мајчин јазик , и ќе се најде некој што ќе те разбере |(


    Благодарам на сите за честитките , имајте убава вечер
    [​IMG]
     
    На bittersweet, richgirl998, Elennaa и 6 други им се допаѓа ова.
  18. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    NEVER say NEVER and NEVER say FOREVER :!: Е то сакам да го кажам...
     
    На LittlePinky и Purrinn им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    СДК...
    Наплив од деца на форумов :devil:
    Малите оддеднаш пораснале,бараат совет и мислење,па и забава и дружење ]:)
    И потоа на младите останува иднината.Ве молам!!!
    Па каква иднина би имале со деца што не го живеат детството...а во периодот на младоста (пубертетот) се соочуваме со малолетничка бременост и деликвенција.
    Наместо учење,во главата им се вртат работи што и ние возрасните не сме ги помислиле...
     
    На richgirl998, SparkyAngel и Glasna им се допаѓа ова.
  20. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Распустот е при крај ;( .Пак ке почнеме со обврски...ова ..она.Едни на работа,други на школо .Сакам уште малку да потрае распустот кога ке ми текне дека во понеделник,среда и петок нема да сум дома од 13:00 до 21:00 се ежам :wasntme: .А пак за училишните обврски аууу...Ама ваажно се ближи и мојот роденден ( не е до толку близу ,но сепак) си мислам каде,кога,што ,како...знаете предроденденска возбуда ке бидам тинејџерка aww :tmi: 13.. многу се :rofl:
     
    На Agrona и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.