Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ми се чини бев осмо одделение кога по математика учевме плоштина и волумен на геометриски фигури. Формули еден куп, основни, изведени, пресметки со дигитрони, децимални броеви и што ли уште не. Пред да правиме тест, наставничкава кажала на час дека можеме да ги носиме формулите напишани на лист и да се служиме со нив, затоа што е скоро невозможно сите да ги научиме на памет. Ама нели, јас морам секогаш да ја искомплицирам ситуацијата, па не сум слушнала кога го кажала тоа и си ги научив сите формули. Сите формули луѓе! Во сон некој да ме станеше ќе знаев да ја кажам формулата за пресметување волумен на топка или конус!

    До ден денешен, јас си додавам непотребни материјали за учење.
    На додипломски студии си го учев и оној материјал од книгите наменет за мастер, а сега на мастер учам закони за изборни предмети што ги немам. Како да ми се исклучуваат ушиве кога професорите ќе кажат што не треба да се учи, па ајде навали народе! Мене малку ми е задолжителниот материјал, сакам уште да учам! :geek:

    Барем да беа оние работи кои еднаш се учат, а цел живот се памтат - што би рекол татко ми. Денес ништо од тоа не памтам, само беспотребно сум ги измачила мозочниве клетки и сум зафатила по некој терабајт од мојава меморија.
    И не знам веќе што да додадам на мојов очаен пост за мојата уште поочајна ситуација.
    Peace! [​IMG]
     
    На eliesaab, ludoto19, L-enna и 10 други им се допаѓа ова.
  2. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Колку е тешко да го запрам срцето да сака?
    Толку тешко колку што можам да го запрам окото да трепка.
    Колку повеќе се контролирам,толку повеќе боли.
     
    На eliesaab, girl-miri и stojanovskata им се допаѓа ова.
  3. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    СДК многу досадно денескааааа |( |(
     
  4. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    11
    сдк... фајнали ја изглеав цела прва сезона од вемпаар дајариз :inlove:
    сеа си запоЧнав со втората :) :)
     
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Имате среќа.

    Оние што сакаа лето,добија премногу добри жештини и ги уживаа.
    Оние кои сакаа пролет, го добија секое цутење на дрвата секој звук на птица и зеленилото околу нас.
    Оние кои сакаа есен... Добија многу повеќе од тоа. Жолти лисја,студен ветар и чај покрај прозорец...

    Што е со нас? Оние души на зимата оставени на пат со еден беден снег кој траеше само една волшебна ноќ? Каква е таа зима во која јас само на блузон излегувам на прошетка?

    Каде се оние мразулци?
    Каде е мојата зима?
    Каде е мојот Јануари?
     
    На ludoto19, Hipster, Oxymoron и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    PMS + pre-exam stress .. Абе убавини ! :@
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Добро бе по милионити пат слушам како воздухот е загаден,океј е знам дека е немора да мрчите секој ден како Скопје е најзагаден град |( ,не ме интересира повеке,ах кога би можел барем 1 месец да отидам некаде надвор или на некоја планина се угушив тука.
     
  8. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Се чудам...како една песна може да врати толку случки...Како може да ја врати истато..чувство?Ах..ми текна во тоа време ја слушав истата песна 100 пати,ете тоа ке е?Или..премногу се внесов во моментот...ама се помина џабе ми е и песната и се.Незнам зошто и ја слушам...кога слушајки ја се враќам во минатото :^)
    Глупости...
     
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Не ни оди лошо ракометот денес... :D
     
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Во духот на христијанството и православниот празник кој се празнува денес...
    Сакам да кажам дека се изолирам од фб кога има вакви настани чисто да се куртулам од фалбаџии кои сметаат дека среќата најчесто се споделува на фб.

    Неодлучноста на луѓето кај мене предизвикува револт. Голем !
    Нивното инсистирање да го одложат процесот за пронаоѓање на самиот себеси со експериментирање, пролонгирано, ме нервира. Ме ужаснува.

    Цело нивно постоење на фб се заснова на фази низ кои минуваат, а најпостојана е да бидат "поразлични" и со тоа неправедно прогонувани од општеството. Интригантни ! :!:

    Пропаганда основана на неинформираност, дотични поединци себеси се декларираа следбеници на антихристот, илуминати, масони, атеисти и уште незнам што. Не знаејќи го вистинското значење на превртениот крст, го користат како нивен симбол.
    Ако тие луѓе малку од малку се информирани ( читањето Библија, Евангелие, запознавање со проблематиката со која се занимаваат ), обожувањето и признавањето за постоење на Ѓаволот, подразбира и признавање за постоењето на Бога, а не негирање. Наградно прашање, чиј син беше Ѕверот, и кој каде го протера ?? Истиот што би било пожелно да му се помолиме за милост, затоа што голема е веројатноста и ние таму да завршиме. Пологично, разумно е негирањето на постоењето на двајцата. Меѓу останатото, се поголем е бројот на луѓето кој не го разбираат значењето на терминот "атеист". Го поистоветуваат со обожувањето на ѓаволот, за жал.

    Кои обичаи се пагански а кои не ? Зошто, особено младите, неинформирани и очајни луѓе се трудат да се истакнат во општеството со ширење идиотизам ?? Ширењето идиотизам, барем за мене не е начин да се истакнеш, затоа што во денешно време да бидеш идиот значи да си дел од пошироката проста багра, далеку позастапена процентуално од интелектуалците.

    Се сликале со "парето". Оти се "достојни" на своите ставови, но за нешто што е актуелно во моментов, прават исклучок, без разлика што не се поклопува со нивните богохулија.
    Само затоа што се сликаш со книги не значи дека си мудар и начитан човек. Тоа најчесто се пропаднати романи од автори еквивалентни на неуспех, некреативност, неталентираност.
    Само затоа што си академски граѓанин, не значи дека си интелектуалец. Во последно по приватните универзитети не ти даваат по скали да паднеш, а не пак на испит.
    Само затоа што си имаш слика на која ја бакнуваш другаркати не си лезбејка. Тоа ти е имиџ или секусална ориентација ?

    Страсно дебатирање со неаргументирани ставови, непринципиелни, необразовани луѓе се мој проблем. Глупавост е трендот кој се шири и ме тера да се затворам.
     
    На sweet-star, Trnche, Shelea и 3 други им се допаѓа ова.
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Знат да се случат понекогаш некои работи за кои ке се запрашаме дали сме можеле да го спречиме или смениме тоа.
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    100.487
    Пол:
    Женски
    Убави како мама!-коментирала една пријателка на фб на сликата на нејзините ќерки.
    О,боже! |(
     
    На eliesaab, vampiregirl5, sweet-star и 4 други им се допаѓа ова.
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Нема поголема вистина од ова Н-Е-М-А. :D :D :D
    Единствено нешто што ми фали од одењето на одмор во Охридон е токму ова. Намрштените истрипани фаци кои едвај чекаат сезона да дојде да за да ги истурат сите свои фрустрации врз туристите. Муабетот како Скопјаните сакаат преку леб погача,како увек кукаат,како увек се незадоволни ахххх Охрид ај мис ју.

    [​IMG]

    Него сеуште не успеав да ја сфатам поентата на заљубените парови кои менуваат заедничка профилна слика на секои пола саат во денот. Ок се сакате иако сте 3 недели у врска а имате напраено 10 албуми под наслов Ја и љубовчето . Досадни сте и крајно напорни.Сакајте се ама не тероризирајте пошо некој како мене добива инстант желба да ви хејта со коментари на сите слики. :devil: :devil: :devil:
     
  14. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    На t-sweet и XstrongerX им се допаѓа ова.
  15. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Кога сам ќе увидиш каков е системот во оваа наша држава, дека се' е со врски или преку ред, ќе изгубиш желба за многу работи. Џабе се трудиш, кога никој не го цени тоа.

    Јас полека ја губам желбата за живот во оваа земја.
     
    На kala21 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Знаете што преку глава ми е дојдено од фаци кои им е поубаво да живеат во некој розев,нереален свет,свет полн со неискреност,лажни ветувања,фаци кои умеат да манипулираат со зборови и ке те направат совршен без мани,а ти си свесен дека нема никакви допирни точки тоа со тебе,те преставуваат во некое друго светло,дури и некогаш сам се прашувам како бе не сум знаел дека сум јас таков а? :^)
    Не ги сакам таквите во мое друштво,и да не ми треба некој/а за само да ме теши или кажува само најубави работи за мене,не сакам бе такви фаци алоо,сакам реални луѓе кои со најискрени намери ке сакаат да ми помогнат или совет да ми дадат без никакви задни намери,ниту од корист тоа да го прават,тоа да биде чисто од човечки аспект.
    Фала многу чао и пријатно |(
    ПС Подобро сурово сам да сум отколку со много лажни пријатели.
     
  17. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    И тогаш претседатело на Авганистанската ракометна федерација рече...хасан масан ма јек јок дораб шамал гокан хак ма окма Македонија кур ракомет :| !
     
  18. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК The young Victoria мми легна многу повеќе од Elizabeth the golden age... двата се топ,ама овој првиов вајда ради ликовите ... :D
     
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.935
    Допаѓања:
    15.890
    Пол:
    Женски
    Секој втор фејсбук статус:Мене ми се падна паричката...јееее...АМАН ЛУЃЕ немате 5 години ! цццц :x
     
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    ^ Па да. Немам 5 год,имам 26 и сепак се надевам на повеќе среќа следнава година.Проблем? Секој жив човек се надева...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.