Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Victim

    Victim Нов член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Уфф... колку само сакам да те видам пааааааа :devil: :devil: чооовече значи ти си совршенство без мане .. ауч! :$ Бакнуваш перфектно, одличен си и коа си погруб и коа си слаток како бомбонче... палеш ме до небо и назад и иако си 30 а јас 20 .. ма боли ме уво за свееее, ја имам своје снееее .. абе и кинески ќе продумам да знам оти неможам да изразам шо се ми се дешава со тебе!
    - Зборови шо никоаш нема да ги слушнеш изговорени :angel:
     
  2. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Цела ноќ слушав како ситните капки дожд тропкаат на прозорецот..Се разбудив и ми олесна што веќе нема магла.Неможев да заспијам до доцна,имав многу работи за размислување..требав да донесам одлука,но неможам.Незнам веќе на кого да му верувам,во оваа ситуација сите ми велат различно..а ништо од тоа не е точно.Но сепак денот ми започна добро со ЛП од Agrona...Имав многу погрешно мислење за неа..Ви посакувам убаво да си ги поминете последните денови од зимскиот распуст..
    се читкаме :hai:
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    9.399
    Дали во овие студени досадни денови сте помислиле на ова т.е пролета,едвај чекам луѓе едвај
     

    Прикачени фајлови:

    На richgirl998, kala21, Daydream и 7 други им се допаѓа ова.
  4. BadBoysLover

    BadBoysLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    сакаам да кажам дека одбај чекам да дојди 4 саатот да си одам од работа и да се изнаспијам оти глата ми пука :P
     
  5. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Значи многу мразам долги разговори по телефон. Оние кога ќе ти се јават дур правиш нешто, набрзина ќе те прашаат да не си зафатена (као демек од култура), а ти дур отвориш уста они почнале да си раскажуваат разни приказки (пошто и не е нивна работа ако ти имаш нешто работа). Ќе ти се јават да си кажат што имаат, да си се испразнат, а ти после врти се во место не знаејќи кај треба да продолжиш.
    Е баш вчера, се што имав у план си направив и си влегов под туш да се опуштам. Само што излегов од туш, телефонот заѕвоне, а јас кренав како некоја глупача, и цел саат не можев да се откачам. А јас као културна, да не прекинам некого, си слушам, си слушам, си слушам... И сеа ми иде да се шутнам себе. Најтрагично е што и тебе те намамуваат да збориш што сакаш и што не сакаш, како под хипноза да си. Каква е таа моќ што ја поседуваат тие луѓе?
    И така си седев цел саат со мокра коса во пешкир, од хипнозата како да заборавив дека имам мокра глава, и после нормално не ми се сушеше косата. Епа така ти е Purrinn, нека ти поминуваат боцки сега по главата кога си "фина", и седи си сега ко замаена цел ден. Јас мислев си ја научив лекцијата за таквите цицачи, ама изгледа на поправен сум сега. Ма и луѓе, и телефон ке фрлам во канта. Па најдете ме после.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    15.806
    Пол:
    Женски
    OoOoo summer 2014 [​IMG]
    Looking forward to see from you :D http://www.youtube.com/watch?v=0NB7DflGXrg

    Денеска почнувам со вежбање по дома...само што завршив со вежбите...треба да си го подготвиме нашето summer sexy body :) Доста беше со празничново мешање на се и сешто во однос на исхранта..назад на здравите навики :) Вежбање,здрава исхрана и позитивни вибрации
     
    На kala21 и Agrona им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.093
    Пол:
    Женски
    Видов една личност од минатото. По долго време дознав дека оформил семејство, има дете. Бев пресреќна за нив. Искрено среќна. Среќна како за близок, но како за братучед или далечен роднина. Без „што би било кога би било“, без непотребни носталгии. Само среќна поради ситуацијата таква каква што е. Се радувам што конечно се соочив со мојата победа за која одамна знаев дека е извојувана, а сега сум сигурна во тоа.

    Доколку сите ние во животов, успееме да го победиме минатото, се надеваме дека сегашноста нема да не` изневери и дури доколку и не` изневери, веруваме дека иднината ќе донесе нешто уште подобро, ќе не` има повеќе среќни луѓе на овој свет.
     
    На kala21, eliesaab, SparkyAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ми се повраќа од баналност.
    Мислам,стварно премногу банално отидовте да банализирате,баналковци! :talk: :angel:

    Она како сите трубат,во денешницава немало вредности ни искреност,ништо...Каде нема чест,спокој никаде...Каде сите се расипани,човек неможе муабет нормален да си направи.
    Кога гледаш сите што го велиме истото,во тој момент сме ние самите банални.
    Самокритикувањето ми е силна страна,признавам. :clap:
    Ама додека листам да пронајдам некој стварно интересен пост,зашто нели баш таму сум читала нешто добро,гледам и се чудам прво на својата,а после на туѓата баналност.И знаете што? Се мислам која е посилна? :wasntme:
    Мојата,дефинитивно.
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.093
    Пол:
    Женски
  10. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Скд дека денес правам година како имам положено за кола :$ ај со среќа нека ми е ^^
     
    На eliesaab, Marjan007 и sweet-star им се допаѓа ова.
  11. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    Седам така,и правам разлика помеѓу мене и моите другарки или девојчињата од мојата генерација.Океј...
    значи има огромна разлика.На пример,јас се радувам кога ќе излезе некој нов филм или серија,па и цртан :lol: ,а тие се радуваат на нови фустани,излегувања,за дечковци,итн..!

    Јааас,нее,не се замарам за такви глупости!Дури понекогаш се чудам,и се прашувам дали тоа што сум различна од другите е добра или лоша работа? Но,јас сум таква,и неможам да се променам.Кога мајка ми вели дека има време за се,во право е!Има толку многу работи што сакам да ѓи видам,да ѓи почувствувам.
    Секако,има време мала сум :$ .И пак ќе кажам,тие деца што уште на 16 години излегуваат, имаат дечковци ,што ќе прават кога ќе имаат 20 или 25 години?Ха,јас незнам што ќе прават тие,но јас знам дека ќе си шеткам 8)

    А сега одам да гледам некое филмче :*
     

    Прикачени фајлови:

    • large (3).gif
      large (3).gif
      Големина на фајлот:
      973,8 KB
      Прегледи:
      375
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    На денешницава се користи само математичката операција собирање.
    Заборавивте дека минусот како знак се уште постои на копчето?Или се плашите да го притиснете зашто тоа е нешто што значи помалку.А најмногу се поистоветува со помалку пари :@
    Уф,колку болно...
    И во главата ви се врти мислата дека ќе изгубите нешто што ионака не е ваше.
    Каква иронија! Патетика која секој ја разбира!
    Одземањето како проста математичка операција остана само на хартија во учебниците за основно образование.Наставниците-математичари се тие што треба да ја реализираат како наставна единица дел од наставната програма.Се подготвуваат,објаснуваат,пишуваат 40 мин.низ интерактивна настава за да сфатат учениците и на крај тоа останува само успешно завршена домашна задача во тетратките на малите мозочиња.И кога ќе пораснат и ќе влезат во светот на возрасните ќе се запрашаат:
    Зошто учевме за минус кога плусот секаде и секогаш се употребува :?:
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.093
    Пол:
    Женски
    Најлошите будни 8 часа (велам будни, пошо часовите поминати во спиење не ги рачунам) поминати без кафе во мојот живот. Подзаплакав, скршив чаша додека миев садови, ме боли глава...

    Aбе читав некоја статија, ми се уврте во глава да откажувам кафе. Прочитав дека тегобите кои се резултат на откажување од кафе отприлика траат една недела и после се стабилизираш.

    Ама прочитав и дека е можно и покрај тоа што си свеж, да не се чувствуваш исто како што си се чувствувал кога ќе си се напиел кафе па затоа ако пиеш умерено и си здрав, не ти е итно да се откажуваш (не ми е гајле дали беше вистина, фино звучеше :D ). И си реков what the heck и го спремив ѓезвето. И онака пијам 1-3 шољички дневно (3 многу ретко) што е многу помалку отколку кога студирав (тогаш 3 ми беше просечен внес :lol:).

    А и повкусно е кафето кога го исчекуваш со часови, отколку кога ти е дел од рутина, мора да се признае. ;)

    [​IMG]
     
    На kala21, eliesaab, Umbrella22 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Теси ти да пробаш јас какво кафе правам,право машко убаво кафе за мерак,до сега сите девојки и пријателки ме пофалиле :geek: ,инаку и јас во моментот си пијам кафе па нека ни е наздравје кафето.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.093
    Пол:
    Женски
    Само на другарките, не и на другарите? Или они слабо по кафето. :D

    На здравје нека ти е и на тебе и немој вакви коментари, сешто ќе си помисли народов. :rofl:
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    На другари не правам кафе,а што се однесува до народот што ке помисли ич не му се секирам,не живеам за народот,отрпнав јас на такви малограѓански коментари.

    http://www.youtube.com/watch?v=SuiYuPjDDGk
     
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Сега знам зошто ангелите веќе не доаѓаат на овој свет... го расипавме... :tmi:
     
    На Mama25, eliesaab, Gordana10 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    :!:
     

    Прикачени фајлови:

    На eliesaab, SparkyAngel, Purrinn и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Љубовта е убава, ама убава е кога ти е возвратена.
    Инаку боли, многу боли.
    Сега знам.
    :u:
    Го научив тоа на лошиот начин. Ама јас сум се ваљда на среќата помалку допаднала. Животот и не секогаш е фер.
    Само што нема да се откажам, сега ќе сум посилна.
    Тоа е позитивното кога имаш скршено срце, не дозволуваш повторно да се скрши. Таква грешка се прави само еднаш. Сепак учиме од потешкиот пат...
    А никој не е толку глупав да дозволи срцето да му биде скршено два пати нели?
    Тој беше идиот, ама мој идиот.

    Скршеното срце боли повеќе и од скршена коска, а коската ќе зарасне... На срцето ќе остане белег, а можеби и со тек на време белегот ќе го снема, а можеби белегот ќе стане рана, отворена крвава рана.
    Тоа е љубовта, сега сфатив.

    Ама мене не ми е време да се откажувам, животот е пред мене.
    Ќе ми кажат дека не е единствен, ама за мене беше... повеќе не е.
     
    На richgirl998 и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  20. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Абе време да прошетам со базуката низ град.... :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.