Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Ал ночас далеко си далеко си .
    амаааааааан :devil: :envy: :@ :@ :@ :@ :@
     
  2. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    СДК денес добив Жолто цвеќенце! Позз до сите! :D :D
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ти благодарам од срце. :)
     
    На SparkyAngel и stetoskop им се допаѓа ова.
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    173.810
    Да бееее,се уплаши,ааа?
    Не можам да ти вратам на пораката,зош?
    Мокрото кимоно прави проблем со вајрлесот изгледа ;) ?
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Каква уживанција си удрив денеска... Дека надвор врнеше, такво мрачно, со другарките не се видовме. Си станав сабајле, уствари еден часот беше, нема врска. Со мајка си напраивме муабет, ми летна времето. Со кученцето малце си поиграв.
    И еве ме, само лежам, јадам, спијам. И интензивно се дружиме, лудуваме. Убавини ми е распустов. Сега се свестив дека баш ништо немам сработено. Ама ако, не ми е мака. Преубаво си го поминав.
    Сега си слушам музиче на тв, моментално Кетка Перка Тигрестерка ми се мотка по екранот. Си направив топло чоколадо и едноставно уживам.
    Убавини ми се овие денови. И ич не ми фалеше снегот. Сонце по цели денови, на блузиче човек да си излезе надвор. Преполна сум позитивна, мрзлива енергија. :D
     
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Убавите мисли и зборови привлекуваат убави и позитивни луѓе...... ;)
     
    На Mama25, EMoonlight, Antoninaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Обожавам кога сум во куња и кога готвам, едноставно обожавам.
    Денеска со првото отварање на очиве добив голема желба за готвење, преголема. Едно станување, само се измив и одма се зафатив со него.
    Се чувствував ко Адријана Алачки, само мх, мх, мх цело време викав за шо и да пробав :lol:
    Сум направила еден одличен ручек со десерт за фамилијава. Не беа нешто изненадени, навикнати се, вака им правам уште од ко бев 12 години :D Ама сепак беа премногу задоволно што кога си дојдоа од работа на масата ги пречека топла, домашна храна и плус десерт. Ме испофалија, а јас осмех од шеска до шеска, море уште малку и умниците ќе ми се видеа(пораснатите).

    Обожавам вакви денови. Дефинитивно денов го искористив максимално и имав време за се. Почнав да си го организирам времево и вака ми е многу полесно. Можеби за некои работи доцнам со по некои 20 минути, но затоа пак некои ги завршувам побрзо од предвиденото.

    Сега се чувствувам корисно, среќно, исполнето и време е да си седнам и да изгледам некое филмче/серија и некој меч од Австралија Опен во доцните часови.

    Поздрав девојки и имајте прекрасна вечер :*
     
    На anuskaNESTLE, Elennaa, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Значи неможам и несакам да бидам како некои луѓе ДВОЛИЧНА,неможам и несакам на таков начин да ги постигнам своите цели...НЕКОИ ЕДНОСТАВНО УСПЕВААТ АЛАЛ ДА ИМ Е.Јас со мојава добрина уште многу ќе си пропатам,ама ќе дојде денот кога и моите 5 минути ке дојдат,е тогаш колку и да им биде тешко колку и да пропаѓаат нема со прст да мрднам,како велат ВО ЖИВОТОТ СЕ ТИ СЕ ВРАЌА И СЕ ТИ СЕ НАПЛАЌА :!:
     
    На poenta, Purrinn и vitomir им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш сте застанале во сопствените мисли и во сопствената субреалост, да застанете и да се свртите наназад, хипотетички?
    Вртејќи се наназад, се замислувам, море се премзамислив за се она што сум пропуштила да го направам, секој мој промашен момент, неостварени желби, неисполнети обрски, се она што сум можела и што веројатно требала да направам а не сум го. Ужасна витртуелна снимка во 8Д пролетнува пред очи.
    Се осетив за секунда престара, како животот да ми поминал и со тоа сите можности, сите шанси како да ми пропаднале во вода, а јас стојам покрај нив и ги гледам како тонат. Буквално така, колку и поетски/патетично да звучи ова.
    Полошо и поисплашено во живот не сум се чувствувала, иаку беше навистина само секунди- тренутак слабости или глупости, проклето ме застршува повеќе и од хорор филм. Има ли поголем хорор филм од тоа да ги гледаш сопствените неуспеси пред очи?

    Колку навистина сме постигнале и дали сме ги исполниле своите вистински капацитети и можности?
    Не знам за вас, јас не сметам дека ни цели 50 проценти не сум исполнила. Имаше доста тоа желби и таленти кои останаа потиснати, недоостварени, недоречени. Доста битки изгубени, или предадени, ама сепак и тоа е пораз, дури и уште полош од оној која fair and square ќе одиш до крај и ќе изгубиш. И разочарувањата, неизбежните разочарувања.

    Нема ништо полошо од каењето за нешто што не било, прашањата во кондиционал, what if муабети, одсекогаш ме влечеле надоле и ми ја црпеле сета енергија. Јасно, па прејасно ми е дека се безпотребни и безкорисни, зашто нит ќе имам пак 12 или 18 години па да можам да се вратам назад и да ги исправам работите, невозможни со тапија, ама сепак и покрај се уште ми ги зачкрипуваат мозочните виуги и зачуруваат по малку. Добра причина да преземам малку повеќе ризици за да утре не се каам за работите.
    Додуша добра бев оваа година, многу решителна и одлучна, воопшто не бев зихерашка одев на се или ништо. Уште сум во исчекување на резутати, работам на тоа да биде тоа СЕ, барем во границите а реалноста и возможноста.
    Али некои детски неисполнети желби уште ме јадат како црвчиња, тивко и споро, мислам дека никогаш нема да ми заминат од глава. Ситни ама сепак толку многу значајни и скапоцени.
    Ама на крајот на денот никогаш не е доцна за некои работи,колку и да звучи реченицата како тапшање по рамо и утеша, понакогаш треба да се има голема желба и упорност без разлика на времето за да се успее. Подобро подоцна него никогаш!
    И што би рекол Тим Ган- Make it work, епа така тврда, мрзлива главо, make it work, зашто од запаѓање у мини депресии нема аир, а од работењето има, богами има.

    Многу депресивен перидот од годината ми е овој, фекерски, лош, сиромашен, емотивно шуплив.
    Мразам кога емотивно сум шуплива и кога нема што да ја пополни таа празнина, најмногу од се го мразам тоа.
     
    На mamma-mia, Antoninaaa, tessie и 23 други им се допаѓа ова.
  10. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Се чудев коа ми рече-си омекнала, не те знам ваква. ако светот се менува не значи и ние. знаеш дека те поштуем....-и саднли ај фелт самтинг !!! д олд ми! почнав да се прашувам кога поточно скривнав и цел ден му ја мозгав. потоа ич не ми беше гајле. не се навраќам на тоа....битно ај фелт....ај ем ми нау.
    патем и се смеам на ДРУГАРКА МИ (ептен другарки шта да ти причам кад све знаш)-29.12 по незз кој пат ми вика нејќу мушко да видам, 14.01-ин а рилејшншип вит....другар на бивши мувач. се прашувам каде оди светот!?!?!!?!?! ништо...пуштам пак филм за да не биде повторно-пеинт а форест енд лост јорселф само зашто све ми е пародично околу мене...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Денови исполнети со смеа, музика, многу пиење и прекрасни луѓе.
    Наспроти ова, мало разочарување и нервози, кои покрај сите убави работи беа небитни.
    На 22 години се чувствувам како штотуку да сум влегла во пубертет. :lol:
    Очигледно е така затоа што многу време изгубив размислувајќи и однесувајќи се сериозно и сфатив дека без разлика на годините секој човек има право барем еднаш да откачи и да не му е гајле што ќе мислат другите.

    За прв пат се чувствувам одлично и не ме интересира мислењето на другите.
    Одлучив да си го живеам животов по свое и максимално да го искористам секој момент.
    Не ми треба никој. Доволни ми се луѓето кои ги имам покрај мене и ништо друго не ми треба.

    Годинава, паричката повторно се падна кај мене.
    Посакувам ова да ми биде поуспешна година и да ми донесе многу здравје, љубов, среќа и работа.
    :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Antoninaaa, Marjan007 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Деновиве мрзата никако да ме пушти. По цели денови вегетирам. До времето ке да е :D . Јас пак викам ај додека сум на одмор ке учам па ке тренирам ама ништо. Кога имам повеке слободно време баш тогаш ништо не ми се прави и никаде не ми се оди ама ајде ке помине и тоа :)
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Тешко е кога,некој ќе ти подаде рака,а потоа самиот ќе си ја повлече..
    Тешко е кога некој ќе те натера да сонуваш,а потоа тој некој ќе те разбуди од убавиот сон..
    А најтешко?
    Најтешко е кога тој некој ќе ти го допре срцето,а потоа ќе исчезне..
    Посакувам ни да не се појавеше..
     
    На Monna.Monna, crazylady, Jenniffer и 8 други им се допаѓа ова.
  14. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.990
    Пол:
    Женски
    Мојот сакан iPhone 5 денес беше украден. ;(
    Сфаќаш колку си немоќен дури позајмиш телефон да си викнеш такси да одиш дома да се одлогираш од Facebook, Instagram, три мејл акаунти и притоа да се обидуваш да ги добиеш Т-Мobile на телефон, оти нАли на пост-пејд си.
    Барем среќникот бил доволно културен да не ми чепка никаде низ социјалниве мрежи. :worried:
     
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ГОСПОД ПОСТОИИИИИИИИИИИИИИИ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!


    ФАЛА ТИ БОЖЕ ШТО МИ ГО ВРАТИ ЖИВ И ЗДРАВ ФАЛА ТИ ФАЛА ТИ ФАЛА ТИ ...


    иако прееска напишав дека ми отиде во тугина господ веднаш ми го врати назад незнам дали да се радувам или не но како и да е мене ме радува што ке го видам пак па потоа нека оди.

    Солзи радосници неможат да се сопрат фала многу господе
     
  16. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Човек мисли дека е подготвен за нова разделба. Привремена да, ама не и помалку болна. Да не знае човек дали да се радува дека разделбата овојпат ќе трае само 6 месеци, кога тие 6 месеци ќе ги поминеш во пеколот на земјава. Подобро нека се 12 или 18 месеци, само да си безбедно некаде на море. Ама крвта не е вода. Разбирам што ти лежи во срцето. Чест и должност. И не би те љубела доколку си поинаков :inlove:

    Semper fi (секогаш верна на нашата љубов). Твоето мото стана и мое мото.
     

    Прикачени фајлови:

    На Domino, artemidis, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Некогаш се чуствувам слаба,беспомошна и ранлива.Без воопшто сила да го вдишам секој нареден воздух,без сила да возвратам на повикот од останатите.
    Како од време на време да влегува во мене некоја друга Јас.Поинаква.
    Посурова,која незнае да разбере ништо.За која не постои никакво оправдување доколку некој и ` погреши.Личност која се вознемирува ако некој и се извини за нешто,зошто го мрази извинувањето.Се прашувам:зошто дозволиле да ми се извинуваат?Зарем е толку тешко да бидеш безгрешен и да не повредуваш?
    Порано беше лесно,но сега не.
    Се радувам што ова се само мигови,ретки.
    Жалам,што толку влијаат.
    Ќе можам ли некогаш да дадам отпор на личноста која прави трансформација во мене.
    Заслужувам,знам.
    Животот не беше фер,кога најмногу требаше да биде.
    Ќе се смени ли нешто?!
    Да,јас треба да реагирам.Знам и како.
    Но,секогаш го добивам истиот резултат.
    Добро е да бидеш сам,но не и осамен.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Jenniffer, Viktorijaaa5 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    сдк дефинитивно blondy guy with green eyes and sweet smile :rofl: ufff in my heart :rofl: :inlove:
     
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ја сакам да кажам дека се осеќам ко бездомник.
    У 2ипол излегов од дома и сега се враќам.Со банданата,кожната јакна,мартинките и со добро друштво мерам улици,и се смеам.
    Секакви муабети паднаа,што добри што лоши.
    Со еден збор: живеење на последните денови од распуст... со полна пареа! :lol:

    Дома цел ден не сум се свртела.Моиве дошле од работа,па и гости си чекале..и братучедка ми на спиење ми останала..Доаѓаш дома онака изненаѓен и нели,помало увреѓен,али тоа е.
    Ајт поздрав. :talk:
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.926
    Допаѓања:
    89.754
    Пол:
    Женски
    На среќата и убавината нека им нема крај никогаааш !
    Душата ми е исполнета срцето насмеано ... очите полни со сјај,насмевки и убави муабети имам за сите :)

    Негативните работи нека стојат секогаш подалеку од сите нас,мислите нека ви бидат насочени позитивно, од секоја ситуација извлекувајте го најкорисното најубавото,нека ситници не ве вадат од кожа ,и не се нервирајте за онаа кој што кажал за вас . Секој си е свој секој има право да ужива да се смее и радува, никој нема право да ја грабне нашата среќа или да ја уништи.Лошите луѓе нека стојат подалеку или потрудете се да им го омекнете срцето + и вие самите ќе бидете повеќе исполнети :lol:
    Јас веќе работам на тоа и убаво ми е :lol:
    Ви посакувам убава вечер на сите :*
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Jenniffer, Barbie20 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.