Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Некој слободен за лп?
     
    На Oleeenka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Се извинувам за мојот пост што ќе биде напишан на дијалект!

    Не знам за Вас колку ви значит св.Васиља, но мене како горда Вевчанска премногу ми е битна. Не за џабе велет стариве кај и да си за св.Васиља дома да си. Одма можа да ви реча дек понапорни деној во животов нема да имам.

    Станвиш од спиење и гледаш низ пенџере и знајш што те чекат,немат спиење едно 72часа! Мајка ти и татко ти од сабајле ги гледаш цело време како терчет наваму на таму, едниот зел да прајт јадење, другиот да смукат, а пак ти цело време си обесен на телефон и не мојш гла да крениш од гости. Ам аку де, не ми е тва мене тешко, таков е денот и најголемиот душман да ти тропнит на врата морат да го примиш.

    Ама знајте што е најубо,ко че почнет топанине и зурлине да звирет,а тебе и нозе и серце ти играт...Ама уште поубав дел е ручекот.Си викаш љуѓиња на ручек,и цело време те препитвет, а ова што е, а пак ега ова што е и ти почвиш да кажвиш:Луканци,кашаник,макало,туршја, ама тие пустинските никако да те разберет, ама ти е гајле битно забавно им е демек така требит. А то што василичарите пред тва ги извалкале не е ич битно и тва е дел од традицијата, море и локањето на вино било традиција,така велет стариве,демек дозволено е тој дан да се пиет колку сакаш...

    ...А да сакав да ви прикажа уште нешто, можит не спиев 72часа ама затва пак си поминав најубо и да не само ја туку и суте што бее на Карневалот...Пусти Ван Гог душата ни ја истаде, ама аку и тва е дел од обичајот...Ама како велет се што е убо кратко трајт,дојде и замина, ама пак ќе дојт евеја идет тука е до албанија била,по малце идет зош стара е таја не мојт многу да ојт ама ќе дојт битно...

    Парата ми се падна мене! Мајка ми сигурно ми ја местит! :^) :D
     
    На Hipster, Lov3 и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  3. Femmince3

    Femmince3 Нов член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    фејсбуков завидлива работа, кога еден нешто ке направи- сите по него...
     
    На Purrinn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    ' Живееме во 21 век. Во време кое ако немаш луксузна куќа, облека во најнова мода, најскап телефон…со еден збор ако немаш луксузен живот си никој и ништо. Каде се времињата кога секој со секого се дружеше,кога играа сите жмурка, ластик, народна, плочка…без оглед на годините.? Кога не постоеше омраза, кога децата го живееја својот живот убаво без тепачки и несакани незгоди? Кога се слушаше детската смеа? Каде се времињата кога децата незнаеа што е љубов? Тие времиња веќе ги нема. Исчезнаа за миг. Живееме во време каде што сега секој со секого се дели според материјалното богатство. Во време кога те фаќа страв и паника да не ти се случи нешто кога се враќаш доцна дома. Во време кога се мразат без никаква причина. Време кога се поминуваат по цели денови на facebook затворени во четири ѕида. Во време кое е ненормално !! И после се чудиме зошто денешните генерации се вакви. Па ќе бидат кога незнаат ништо да ценат…Бараат причина да се среќни божем не се,а зошто? Имаат се и пак нешто не им чини. Наместо да пробаме да ги вратиме старите добри времиња во времето на нашите родители и нашето краткотрајно убаво детство, ниеправиме уште полошо. Тоа е реалноста денес...
     
    На SnowWhite8 и Purrinn им се допаѓа ова.
  5. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Не можам да раберам како секогаш на тие што лажат им веруваат, а на тие што кажуваат вистина - никој не им верува?! :^) Значи што повеќе си искрен толку полошо... :x
     
  6. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    http://interesno.com.mk/zdravjeubavina/ ... rniot-drob
    Уживај Теси :)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Значи ептен сакам сите што ги љубам да се среќни!

    Значи тоа што јас неможам да си го објаснам функционирањето на овој свет не треба да ве секира. ;(
    Поима немам зашто толку ме боли секогаш срцето! Но ме боли. А најмалку сакам и вас да ве боли.

    :D неколку пијачки прават глупости. Нели е смешно. Смешно е, признај си :rofl:! Многу сакам да пијам.

    Престани те молам! Не за џабе гледам криминал мајндс. Се знам кој е и каков е! Многу солидно откривам души. Мала сум. Ама знам се.

    Сакам сите да се среќни! Многу сакам, нели? Нели?
     
  8. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    сега сфатив дека сум изгубена, од кога ми кажа и ме свести...
     
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Секој ден е подарок. Додека ми се отворени очите ќе мислам на новиот ден и на сите среќни сеќавања кои сум ги одложил токму за овој период од животот. Староста е како сметка во банка. Од неа подигнувате толку колку што сте вложиле.
     
  10. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    That awkward moment кога наоѓаш некој забатален фолдер со хип хоп музика нешто што ти било хит пред неколку години, и сега повторно кога ги преслушуваш.... умираш од срам додека го слушаш текстот. Како е можно до толку да не сум обрнувала внимание на текстот и се што има добар beat да постирам на фб и да донлоадирам!? :$ :x
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Кој не ја видел - тој не се родил
    кој ја видел а не ја вкусил - тој умрел
    кој ја вкусил - тој не куртулил,
    оти ќе живее.
    Јас, а можеби и Ти.

    В.А.
     
    На Trnche, Ketrin.Moon, QueenN и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.178
    Допаѓања:
    156.645
    Од сите дискусии најмногу ги сакам оние во живо кога двајца дискутираат за една работа, а потоа почнуваат да се вреѓаат на лично ниво. Инстантно се повлекувам и порачувам пуканки, си викам природава е жива чудесија, како простаци спојува. :lol: Па се надеваш дека природната селекција ќе оди до крај, ќе извадат ножеви и ќе се испоубијат и сите ќе си живееме среќно до крајот на животот. :lol:
    А исто така многу уживам кога некој сакајќи да испадне паметен, напаѓа попаметен за некоја нелична ствар на лично ниво (у стилом глуп си затоа што сакаш црвена боја) и онда сфаќаш првиов уствари колку е глуп и си викаш добро, зарем јас ја поштувам оваа личност? Ич и магла да ме нема. Колку сте бре мизерни. КОЛКУ?

    Денес два тона работа од грб стимната, па и ми направи ручек, ми направи место за сладок пладневен дремеж и со кафе ме награди! И му дувнав во фаца, сонував дека дувам свеќички за роденден и ми се згази од смеење! :D
    Епа сум имала убав ден значи... :!: :lol:
    Денес му ги споив двете најдалечни точки на Скопје во еден центар!
    ПЉУС! Татко ми ми донесе некој камен, како во облик на јајце,а со големина на јајце од ној, тежок, претежок, сепак несоодветно тежок за неговата големина! Ми рече чекај магија! Отиде го исече на пола...и внатре ЦЕЛ КОСМОС! Ќе ви прикачам слика некој нареден пат и да ви ја објаснам религијата низ целиот камен, нешто со господ и науката, енд стаф, просто ко петочен грав, ама со особено внимание кон фанатиците! Не ми се веруваше каков состав има и колку ситни кристали во таа шуплина има! Презаљубена сум во ова, ќе го носам да ми кажат што е по состав, да не е нешто отровно па да го дишам, ама бидете убедени дека ќе се фалам со чудово НАСЕКАДЕ! :D И да се преселам на месечината ќе инсистирам да ја понесам едната половина со мене, а другата да ја оставам дома, да ме чека кај моите до наредното спојување на двете совршени половинки!
     
    На sweet-star, Dvolicen, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 4 други им се допаѓа ова.
  13. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.972
    Допаѓања:
    67.577
    Вреди да се погледне краткото видео.. ќе ве замисли малку барем.. http://peta.vg/1dp4
     
  14. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Пристигнав дома. Уште додека си ги пакував куферите, се ме вракаше назад. Не сакав да си дојдам.
    Конечно бев настрана од се и од сите. Убаво место, се прошетав, запознав нови луѓе.
    Никогаш не сум била толку носталгична. Успеав да се приврзам за тоа место за само неколку дена. Се на се, одлично поминато време :)
    Си изнакупував све и свашта, па и поклони за најблиските.
    Најмногу братчето се израдува за поклонот и ме гушкаше 15 мин :D А додека бев таму ми се јавуваше постојано со истото прашање дали му купив нешто :)
    Одвај си дојдов, јас бев со најмногу куфери :tmi: :D
    А за овој одмор што си го дозволив, ме чекаат доста обврски сега, ама вредеше. :)
     
    На Sawyer, Ketrin.Moon, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Добро утро,имајте најпрекрасен ден! :*
     
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Мачката дома повеќе ме разбира него ли некои луѓе...
     
    На Marossa, tessie и Purrinn им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Излегле нозете на керка ми од под јорганот.Одамна не се како мали тулумби кои и бакнував прсте по прсте,а таа ситно се кикотеше.Ги гледам со воодушевување,како тоа јас таква трапава и смотана ,сум родила такво совршенство.И одамна не се премачкани со 6 слоја различен лак за нокти ,сега се со еден.И тоа креч бел.Ми порасна детево набрзина.Ја покривам.

    Син ми веќе се тегне во својот кревет,а неговите нозе веќе страшно почнуваат да висат од креветот.И не се мали и слатки.Се сеќавам кога беше мал умееше прстите од ногата да ги пикне во уста.Сега ѕиркаат од по јорганот еден пар машки нозе,како скии.Одамна ја изгубиле својата мекост и убавина.

    И кога ги гледаш така сонливи и ранливи се прашувам зошто се груби спрема мене.Знаат да те навредат ,да ти кажат некој збор од кој со денови ти ја пече душата.Ќе рече некој така си ги воспитала.Па колку што се сеќавам никогаш не сум им кажувала дека треба да навредуваат,да бидат груби.

    А јас знам да си ја подзабришам солзата,да си го стиснам срцево во рака,и пак кога ќе седнат до мене и посакаат да се гушкаат да ги бакнувам со трепки.

    Некогаш е многу болно да си мајка.
     
    На anabel-a, GeoDidi, tinka-mace и 53 други им се допаѓа ова.
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Не се радувај на туѓата несреќа,не се знае кога ќе затропа и на твојата врата!

    Имајте пријатен ден!
    И ви посакувам успех во борбата наречена живот! :)
     
    На kala21 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Отворам очи, фрлам поглед низ прозорец и ме обзема чувство дека се наоѓам на облаци.. Ја отворам таа невидлива преграда помеѓу светот и мене, нурнувам со главата во бледилото на денот, вдишувам правилно, вдишувам целосно, не чувствувам морници на кожа, слушам мирен шум на дождец, дождец кој го барав низ соништата.. Чудесна тишина.. Збунето се прашувам дали сум се разбудила на вистинското место...
    Пробувам да го најдам мирот во знаците на природата, знаете, оној кој буричка низ глава со неподнослив студ да размислиш повторно, да се обидеш да најдеш одговор за смислата на твоето постоење, чека како немилосрден убиец што го стега вратот и не знае за доста - додека не го изговориш одговорот што го очекува.. А потоа, животот ви зависи од степенот на задоволство што е причинето од одговорот..

    Вие сакајте сонце, јас сакам дожд..
     
    На Ketrin.Moon, Dream-Girl и Sara123 им се допаѓа ова.
  20. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Лошото време се поправува,но лошиот човек никогаш..
    Имам една другарка која уншти неколку пријателства итн.Некое време водевме војна со неа.Едно време се дури и здруживме,но ете ти пак се врати старата,лоша,љубоморна девојка.Дури и на својот роденден си ја откриваше маската уште повеќе.Не гледаше со еден страшен..очајнички поглед и само чекаше прилика нешто да направи.Главата си ја бутнуваше во нашите разговори ,а после ги прераскажуваше на сите.Па си велам кај ми беше паметот што и отидов на роденден?После се што ми направи па дури и поклон посебно излегував да и купувам...а за кого за таа маска или а неа што се криеше под маската...
    Ама јас сум си крива што отидов на роденденот,само јас..несакав да остане сама на роденденот,си реков ке ја поштедам
    Ах таа глава..каде ли мисли? :@ :@
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.