[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    [​IMG]
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Дефинитивно, поволното време влијае поволно и на моето расположение!!!!!!

    Надвор има сонцееее!!!!!!!!!! :sun: :sun: :sun: :rofl:
     
    На LittlePinky и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.754
    Неможам да верувам какво пречувство сум имала.Ги читам моите постови од вчера и не ми се верува. Цел ден имав некое лошо чувство знаев дека нешто лошо ке се случи знаеввв. Но господ е голем и навистина постои. Неможам да ви опишам колку е болно тешко и неописиво чувството кога знаете дека за малку ке сте можеле да го изгубите засекогаш саканиот. САКАЈТЕ ГО СВОЈОТ ПАРТНЕР ЧУВАЈТЕ ГО И НЕ КАРАЈТЕ СЕ ЗА ГЛУПОСТИ БИДЕЈКИ ЖИВОТОТ Е СУРОВ И НИКОГАШ НЕ ЗНАЕТЕ ШТО МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ. ГОСПОДЕ БЛАГОДАРАМ УШТЕ ЕДЕН ПАТ ШТО ПОМИНА СО ДОБРО ШТО МИ ГО СПАСИ АМИН
     
    На smiley22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Има ли нешто поубаво од тоа :inlove: :inlove:
    Епа ајде повелете
     

    Прикачени фајлови:

    На Desert.Rose, Barbie20, kala21 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Не сакам да станам од кревет. Сакам да се излежувам цел ден. Преку глава ми е и од факултет и од обврски и од се. А капак на се ми се Лајла Грејс и тринаесетгодишните кокошки на кои им се допаѓа |(
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Деновите си поминуваат,веќе 15 страници од 365 се испишани. :D Искрено верувам дека оваа година навистина ќе ми биде среќна во споредба со минатата.Мама за Василица купила пита со сирење со паричка.Нас ништо не ни кажа и не тераше сите да си одбереме парче :lol: .Мене ми падна чудно бидејќи она едвај чека да не отараси да не јадеме а,сега не тераше сите да одбереме парче.Си одбрав јас и јадам што јадам ми останаа уште два дела. :D Не можев и викам дека сум готова и она оп тука ми вика,провери да не е паричето кај тебе. :!: .Мене чудно ми падна викам какво париче мамо за Бадник правевме.Ми вика дека има и во оваа пита за Василица.И баба ми чепка во првиот дел нема.И оп туп во второто делче паричето кај мене. :wasntme: Абе како мало дете почнав да се радувам :D ,паричето и за Бадник и за Василица ми се падна има нешто тука.Се надевам дека оваа книга ќе биде пополнета со среќни моменти.Само такви да ги има. ^_^
    Уживајте во малите нешта,бидејќи тие го прават животот прекрасен. :*
     
  7. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Овај зелениов чај, ужас бил...блајк :puke:
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Сега најважно во животот ми е Надежта. Со неа ќе има и љубов, мир и вера! :$
     
    На kala21 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Милион ствари за завршување,а јас незнам од кај да почнам.За разлика од вчера денес сум права мрзливка.
    Туку,изгледа од ручекот ќе познам. :wasntme:

    Деновиве многу сум среќна поради семејството,а истовремено и несреќна.Ја почуствував конечно вистински магијата.Почнав вистински,многу повеќе да ги сакам сите.
    Што ти значат 4 дена поминати во комплетно семејно спокојство и мир.Сите заедно.Бескрекорно.
    Но сега пак сме 3ца.И чудно ама,убаво ми е.Многу.Многу.

    СДК и дека вчера за првпат во живот во наплив на љубов ја бакнав тетка ми,онака вистински.Не како у шпанските серии,у воздух. :geek:
    Ги сакам,ги сакам. :inlove:

    Понесена од чувствата се заборавив.Што е тука е,ќе се сработи.
    А утре?
    Утре пак ќе бидеме заедно.
     
  10. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    За сите добро,само јас да страдам.Сега и врската ни е разнишана.Утре нема да се видиме.Ке чекаме дури за еден месец,а последен пат се видовме пред две недели.Сите се ненормални.Порано секој пат се радував кога ке се видевме после долго време,а сега сеедно ми стана.Не знам до кога вака.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    СДК....до лани на вчерашниот ден се радував како луда, и одбројував секунди до полноќ. Но оваа година не гледав на часовникот дали доаѓа 00:00 туку колку е часот за да го нарам малиот. Неговиот плач го гледав како Среќен роденден мамо, и тогаш сватив дека всушност јас сега имам 2 родендена, мојата душа и срце сега одбројуваат нестрпливо повторно, но не за 15 Јан. туку за 27 Дек.
    Нормално мајка ми прва ми се јави...а јас сватив зошто она секоја година имаше солзи радосници во очите на мојот и роденденот на сестра ми.
    Животот е чудо, а уште поголемо чудо е оваа сила што лежи во креветчево, која ти дава и мотив и храброст....се што ти е потребно. :inlove: ;( :inlove:
    Роденден = ден кога мама го споделува животот со своето чедо. :l:
     
    На Lella, cinderella5, Marjan007 и 20 други им се допаѓа ова.
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Што народ ке бевме бе за све сме ексеперти,многу сме паметни бе за солење памет,за совети,нико нам ништа неможе јачи сме од судбине е работава |( ,ауу ми се гади од некои личности.
     
    На Elennaa, Hipster, Antoninaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.576
    Допаѓања:
    175.050
    Могу само да ме мрзе они што ме не волеееееееееееееееееееееееееее......
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.576
    Допаѓања:
    175.050
    Денот го започнав со крпи,средста за чистење,кирби,џогер,четки.....се спремно,јас спремна....ама неа ја немааааааааааа,....ашшшш....
    И нема врска,си почнав јас ,лека -полека,одвреме-навреме фрлав поглед низ прозорецот,си викам ,ај ќе дојде,немора точно до минутка да и гледам на часовник.....
    Арно,ама .не дојде,се успала....жената што требаше да дојде да ми помогне во чистење,и за мене помош и за неа финансиска подршка....
    И сега додека сум тука на форумов ,(цела сум скапана,а допрва на половина работа сум)си мислам така,дали јас сум наивна или пак она е глупа.
    За 4-5 саата ќе си заработеше 1000 ден,ама не ,она решила да спие....(ми се јави во 12 саат )
    И што сега,утре да дошла ?Па утре нема да ми ја треба,решив денеска да завршам се,утре планирам во кујната да си бидам-колачи,ручек....домаќински да си терам...
    Така,да еднаш во животот ако се испушти нешто,не значи дека нема да има втора прилика-само женава кај мене нема да ја добие таа прилика...
    Редно е да бидам малку построга во критериумите.
    П.С.Подобро да ми ,,кажеше,, дека ја боли глава,нога,кичма....ама ова-се успала.... :?:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Детоксикација на мислите...
    Вложуваме во телото,поготово ние жените. Се изгладнуваме.Народски каѓано се гланцаме од секој можен аспект. Ставаме на него нова облека.
    Вложуваме и во домот.
    Најчесто и во образованието.
    Вложуваме во сето она надворешно, во која вежто се крие една душа.
    А колку вистински вложуваме во својата душа?
    Некои души се заробени во своето его. Стегнати во катанци,плачат...
    Наместо да ги нахранат,луѓети ги оставаат гладни и жедни,да венеат,труејќи ги секојдневно со некои лажни стереотипи.
    Наметнување на некои сваќања,многумина се несреќни.
    Несакани моменти на кои што не сме можеле да влијаеме.
    Луѓе кои не изневериле.
    Болести.
    Пропуштени шанси.
    Разочарувања.
    раскинувања.
    И сето тоа се таложи во казанот на незадоволството кој ја нагризува душата.
    А сите денеска разговараат за детоксикација на телото
    Искрено мислам дека на сите нас добро би ни дошла детоксикација на мислите.
    Да се сетиме само колку има луѓе кои би сакале да бидат на наше место,а немаат можност. И колку треба само да бидеме благодарни за се што имаме.
    Дај му на човекот-ќе бара уште... И уште и се така во недоглед.
    А ние уште се бориме за уште.
    Најголема човечка мана е што не знаеме од време на време да се свртиме, да погледнеме, на она што го имаме и да успееме да го сочуваме.

    Никој нема да не научи да уживаме во животот ако сами не се потрудиме.
    Да барем сите имаме волја на нештата да гледаме со други очи.
    Да бидеме скромни во нештата кои ги посакуваме.
    Да ги прифаќаме луѓето,онакви какви се без предрасуди.
    Да нашчиме да се цениме себе си.
    Од ова последното почнува се
    Затоа што кој се цени и сака себе со доза на умереност, знае да ги цени и сака и другите луѓе.
    Нашите мисли се нашата душа
    Нашата душа е нашиот живот.
    Нашиот живот е целиот свет.
    Никој од нас не е надлежен нити пак повикан да суди!
    Секој е должен да се грижи само за сопствените постапки.
    Многумина од нас се прачуваат зошто да станам човечен во ова време?!
    Во овој свет кој кружат сурови лаги?

    И истите тие кои се прашуваат...
    Се мрднуваат со мозокот...
    Подобар човек се станува најпрвин поради сопствената душа.
    Таа е СЕ
    И рај и пекол.
    Самите ја поставуваме во едното од нив.
    Исклучиво со нашите постапки.
    Да си дозволиме на себе си да го осетиме Бог и тогаш кога сме среќни а не само кога сме тажни и немоќни!
    Можеби денеска е прилика да почнеме да повеќе да ја надградуваме верата во нас.
    Да не е таа не би биле ни ние!
     
    На SparkyAngel, Ketrin.Moon, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.878
    Допаѓања:
    163.579
    Леле ќумрам, ќе протестираат со - И јас сум Сител?
    Жити се, немојте уште една телевизија, ќе нема народ каде серии да гледа и бајки да слуша.
    Немисеверува штовидов!
    Почнале од заебанција, ама вмровчињата од УМС малце сериозно си ја сфатиле работата... Еден цреп има иницијатива по фб...ваљда фан е на Фатмаѓул, што знам? :D
    Ахахахахахахаха!!!!
     
    На la-chicka и Hipster им се допаѓа ова.
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    СДК Дека ми се сите 5 во евидентен лист и на 1 тромесечие и на полугодие, пакога ќе почне школскава год ќе бидам помалку активна на форумов бидејќи ќе се трудам да ги задржам сите 5 . Не е баш лесна работа.

    Ама едно не чактисвам како можи оваа год да ги редам сите 5,само на 3 писмени има 4. А најмалку учам повеќе на компјутер седам отколку на книга :wasntme: .
    А минатите години повеќе седев над книги, па ќе си имав и некој 4 на евиденте,па пред-минатата год(во 6то) на 1 торомесечие имав 11-5 една-4 и две 3(по физичко и по биологија) :D
    Машала 8мо сум д‘ бест ин авр клас :lol:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Ако према човек другите луѓе бидат добри и тој ќе биде дупло подобар према нив.Џабе не е речено „ ако некој оди со тебе еден километар, ти оди со него три километри“.Барем, ако не друго, за човек да види дали вреди или не, за да знае дали би го поминувал истиот пат, повторно.
    Мирот кој што може човек да го има е драгоцено нешто, нешто што би требало да го негува, доколку го поседува, особено кога умот ќе е на пауза :lol:

    А сонцево, надвор, убаини :angel:
     
    На kala21, Someonespecial, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 3 други им се допаѓа ова.
  19. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Леси се врати дома (смајлиштолае) :D :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Се прашувам зошто некои луѓе се полнат со отрови и ги анализираат постапките на другите, потхрануваат омраза во себе и се понашаат дупло помладо од годините. Се` си сфаќаат лично ко да се центар на универзумот. Во реалниот свет има „сврти глава на друга страна кога ќе ја видиш особата“ опција, на фејсбук има „блокче бр.5“ , па дури и тука има „Додади во непријатели“ и оп, не читаш ниту едно мислење освен ако самиот не си го бараш.

    Луѓе се замараат со други луѓе, дал' во реален дал' во виртуелен свет. Бараат да им се правдаш за секој твој земен здив. И после се чудат зашто некои работи не им одат од рака во емотивниот живот. Толку се полни со горчина што мора да им се излева од телото. Па тоа некој го гледа бре и непријатно му е во такво друштво, вери нечрали.

    Или пак озборување. Ама не она, незлонамерно, сите што го практикуваме, туку она болно, полно со горчина. И најинтересен момент ти е кога истата личност пред која некоj те оговарал, ти го кажува целиот говор на другиот (не и својот нормално), користејќи се со уште погорчливи зборови за оговарачот. И ти си се смееш. И одеднаш престанува да те боли секоја запирка од исказот на озборувачите. Дури и потајно, злобничко си се надеваш дека пак ќе се случи тоа и пак ќе се смееш на глупоста на некои. :D

    Ах размазени и огорчени луѓе, ах... Да не даде Господ да имате вистинска причина за огорченост. Пораснете додека ви е време.
     
    На Trnche, Hipster, Mama25 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.