Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Јас не прочитав нешто не е во ред или е погрешен линк.
    Ви кажувам дезинформација е,татко ми е професор го прашав,дезинформација било!
    И не верувајте во се што пишуваат по интернет,не е секогаш се точно.
     
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ^Се израдував па и јас. :tmi:
     
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Јас се извинувам за дезинформацијата ама така прочитав така кажав жал ми е што не е вистина.
     
  5. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Убаво е чувството кога можеш со некој да го споделуваш истото мислење,убаво е кога некој ќе те разбере додека за сите други ти си лудак или шизофреничар или пак дете...
    Убаво е кога со некој можеш да направиш муабет за кого си милсел дека само со себе можеш да го правиш.Се чувствувам исполнето. :)
     
    На girlonfire му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    [​IMG]
     
    На SweetChild му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Се отидено по ѓаволите а и самите некогаш не знаеме каде сме и што бараме .Многу илузии ,
    приказни животни,филмови .. а никаде ниту едно сценарио како што треба .Невозможно да е до сите нас тоа кога со лаги манипулации се обидуваме да се истакнеме и докажеме на себеси кој сме ...
    Човек да се запраша што е вистината ,што е реалност, како излгеда .. зошто сите баш неа ја сакаме и бараме а на крајот се изненадувме и разочаруваме (кој ке ја најде кој ке мисли дека ја нашол ) и каде да се побара :?: .Дали можеби вреди да се бара и најде? Понекогаш таа е со грдото лице и
    косата -суровост во рацете па не плаши и ни е предизвик да се соочиме за да успееме и дојдеме до победата .Тешко е кога некој се гледа и препознава во сите ,се обидува да се пронајде на различни начини, кога се труди да се пронајде секаде но не како личноста што го прави тоа на начинот чуден .Е баш таа е измилсената личност полна со горчина, лутина,бес и се она што знае да разочара во животот.
    Правилата постојат за да се прекршат НЕЛИ :geek:
     
    На iloveyou29, lunicka и Anonymous996 им се допаѓа ова.
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.926
    Допаѓања:
    89.750
    Пол:
    Женски
    Се плашам ... размислувам ли правилно ,дали навистина сакам сеуште слобода или стравот не ми дозволува да се врзам засекогаш со него ... Како ќе биде, што ќе се случува, дали ќе биде се исто... Милиони прашања ми се маткаат во главата НЕ НЕ оваа не сум јас јас секогаш бев решителна личност што е оваа двоумење :( Знам дека сакам но неможам да кажам ДА неможам да се одлучам и да продложиме заедно да ја креираме иднината ,неможам да мислам ... Што ми е ? Што ли ме спречува ?

    Најдобрите работи во животот поминуваат бидејќи прво велиме ’уште е рано’, а потоа ’премногу е доцна’.
    Го прочитав оваа и се исплашив уште толку дали моето уште е рано ќе биде само моментално мислење или ... Се надевам дека наскоро ќе се согласам без никакви двоумења :|
     
    На iloveyou29, Someonespecial, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Владее нервоза во мене. Еден куп незавршени работи. Почнувам едно нешто, а се префрлам на друго.
    До кога ?
    Немам желба за учење, немам мотивација, во главава ми е хаос....
    Збркана сум.
    Боже дај ми концентрација, зашто не можам повеќе да го издржам ова темпо.

    Еднаш веќе нека заврши се, па да уживам и јас. :worried:
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Hello me,meet the real me.
    Сама,затворена во една соба,се гледам во огледало,и друга,иста ко мене,Свит,ме врти и моментално се освестувам.Па малку се разбирам самата со себе,се убедувам за нешто,па се вмешува трета Свит.И баш онака,срамежливо се крие од другите две,дали да се слуша и тој,нејзиниот глас или пак не...И решава да се вмеша..
    И после еден поглед во огледало,ги гледам недостатоците.Се вртам назад и наоѓам уште исти Свит.Не доволно добри.
    Седнувам и се замислувам,во раката држам една малечка,гадна направа што уништува многу работи.Па дури и живот.

    Hello me,it's me again.
    Седам,молчам и гледам во тоа.И повторно,баш истата ситуација: два гласа,едниот вели: направи го тоа,веднаш! а другиот вели: немој,не го прави тоа!.Послушувам еден од тие два,и после буквално ми доаѓа сама себе да си се удирам...што и да сум направила.И пак во огледало.Црно-бела рефлексија.Едно ново плус или едно потенцијално минус?
    И повторно,препреки,врати...И јас,една иста личност,прави милион различни работи.И размислувам.Но во секоја мисла нешто ме спречува...На момент се појавуваат познати,блиски личности,со позитивна и светла перспектива кон иднината.И тука..баш исто.Рацете на лице и мислите лутаат некаде далеку.Што ли направив?

    Hello me,it's nice talking to myself.
    Седам сама и уживам во тоа,а всушност....оп! Повторно исти личности.Сите се исти,но само физички.Психички не.Сите со различни размислувања.Но сепак,со иста цел.И една,секако,доминира.
    Нејзиното размислување се соочува со тоа на другата.И другата ја освестува!

    Sweating bullets!
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Факт:Кафето е послатко кога друг ти го прави :coffee: :smirk: :*:
     
    На Lepaaa, senza.parole, kikav и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Постои само една личност која ја спомнувам секогаш кога сум пијана... Мојата најголема болка и истовремено најголема животна радост. Да би била со него планини би скокала и мориња би препривала...
    Ама кога не е пишано, не е. И на Марс да се качам, неговата гордост не би дозволила да сме заедно. А знаам, чуствува нешто кон мене.
    Без оглед со кој сум и каде сум, секогаш ќе го има тоа посебно место кај мене...
    Ама живот шта чеш. Иако ја имам личноста за која пола од девојките вби убиле, јас сепак плачам за него.
    Не можам да останам во иста просторија со него, ме боли секој поглед негов.Сега кога сфати дека не може да ме има кога сака го боли и него, не знае како да ме врати.
    А не е свесен дека може да ме има само со еден збор.
    Ти е*ам животот, ти е*ам
     
    На crazylady, Trnche, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Денеска неочекувано во едно кафуле го почувствував мирисот на неговиот парфем. Еден пар седеше во моја близина и јас така манијачки бев навалена кон момчето, просто уживајќи во мирисот, човек да ме забележал сто посто ќе си помислел дека ми фали нешто!
    Е, ми фали да, тој ми фали!
    После толку време го осетив парфемот на човекот до чија душа не успеав да допрам. Никогаш не успеав да го запознаам ликот што се криеше под ладниот оклоп.

    Острите мирисни ноти ми ја распараа душата, а јас уште еднаш си ветив дека ќе го заборавам.
    А, парфемот не ми ни текнува како се вика, еднаш го барав, па се откажав...
    Ама ќе го најдам!
    И ќе го купам!

    И дури тогаш ќе го заборавам! Нели? :worried:ilent:
     
    На kate21, marama, Barbie20 и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Викицее кажи ДА :D совладај го ти стравот, а не тој тебе :wasntme:
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Денвиве панично ме фаќа страв дека животот ми изминува а мене ми останува премалку време а уште помалку волја за да остварам барем дел од моите желби. За едни исти работи се зарекувам веќе со години а тие си тапкаат во место затоа што или премногу сум мрзелива за да ги решам или пак воопшто несакам ни да размислувам за нив за да не станат реални проблеми кои што и покрај фактот дека некогаш ќе мора да се соочам со нив, одбирам да ги тргнам на страна и попрво ќе се замарам со безвезни дилеми отколку да пресечам нешто во корен па можеби после таа одлука животот драстично ќе ми се промени.
    Јас сум човек како овие нашиве репрезентативци кои што решаваат се во последен момент проследено со многу премислување и драматичност. Наместо да се решат некои проблеми со лесно и без последици јас секогаш го одбирам потешкиот пат во кој ќе мора прво добро да се измачам за да кога се конечно се заврши следува период во кој ќе ми е уште потешко.
    Зошто едноставно кога може комплицирано? Мислам дека цел живот ова е мое мото!
    Понекогаш се чувствуваам како голем мазохист, потајно можеби и уживам во својата болка и агонија, но во онаа душевна а не физичката. Како само тогаш да се чувствувам жива и продуктивна по самата себе. Мора многу работи да пресечам во корен и драстично да ги променам.
     
    На Trnche, Barbie20, Sexybaby86 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Божеееее, колку се пронајдов во ова :x
     
  17. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Колку ми е само тешко. Во друштвото сме девет девојчиња и сега едната ке оди во Германија и сите кога почнавме реферати да си пишуваме на чат претешко ни е. Толку време сме заедно делевме се и сешто секогаш си помагавме, секогаш се поддржувавме, најлудите сеќавања ми се со нив и сега кога таа ќе замине претешко ке ни биде, премногу. Цела ноќ ја минавме плачејки, утре ке се сретнеме сите девет ке разговараме и ке се знаплачеме во заедничка прегратка. Тие ми се се, сестри незнам како да ги наречам многу ѓи сакам, премногу... Едната си оди сите плачеме, нема да бидеме она што бевме за жал, секоја од нас си имаше посебно место секоја правеше свои глупости ухх тага...А јас одсекогаш сум ги мразела разделбите, скеогаш кога некој си оди јас сум најосетливата и најплачка што цел ден цел ноќ ке плачам се додека не го наплачам, таква сум емотивна. Незнам што да кажам претешко ми е, а и понатака на сите ќе ни е не само на мене. Сега имаме уште малку време да сме сите деветтмина заедно, да го минуваме најубаото време заедни и после незнам што и како ќе биде, времето ќе покаже. Таман ќе се навикнеш на нешто и тоа нешто те напушта без разлика дали е човек, било какво суштество или некои чувства...
    Времето ќе покаже се, јас веќе немам солзи во очите од плачење неможам да го издржам ова ;( ;( ;( ....
     
  18. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Која мизерија е кога се будиш во 5 саат насабајле и неможеш да презаспиеш, па се вртиш де лево де десно, па на стомак.. па одлучуваш во вц да одиш на цигара, па си викаш ке ми дојде дремка.. не бе. |( Не иде и не иде. Па посебно ако се рабудиш изнервиран од глупостите што си ги сонувал.. :@ ии така еве си седнав на фемина и чекам да помине некое време па да најдам жртви да замарам од сабајле оти времево не ми врви. :worried:


    Пс. Како би му врзала сега една на дечко ми. :^)

    Плус упаљачот ми цркна, па за секоја цигара трчам в кујна од греалка да си запалам. Perfect morning, шта да ти причам. |(
     
    На Flower27 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Шминка и чај. И денот ќе е поубав...
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    На овие денешни генерации тешко им е и да живеат.
    Кога посетам некои теми,сфаќам дека на клупата за тужење седи интернетот.Започнат е процес која трае повеќе години ,лесен и без мака.
    Пресудата е донесена.
    Се отфрли книгата од пиедесталот на вистинските вредности,интернетот победи,и онака победнички ги шири своите мрежести хоризонти се повеќе и повеќе.
    Се изгуби потребата за блискост,за неделно кафе,за заеднички прошетки,за книга која знае да ги стопли дланките.Нема оплеменување,нема разговор.На пример ќерка ми еве неколку дена,доведува другарки дома,секогаш различни а сепак исти.Наместо да се смеат и разговараат,да шетаат,да прават палачинки,да разменуваат мислења за книги, тие се закопале на фб,типкаат на телефоните секоја во својот свет.Најголем успех е ако некој им удрил лајк,лажен колку и нивното пријателство.
    И така,тешко им е да читаат долг пост зашто не се навикнати на книга.
    Тешко им е да напишат пост зашто не се навикнати на книга.Кога пишуваат пишуваат неповрзано.Како се викаше тоа...а да „laconica brevitas“!Се што прочителе се неколку копипастирани фејсбук статуси на писатели за кои не ни слушнале од книги кои не ги ни пипнале.
    Ги гледам вчера расфрлале книги од мојата скромна библиотека си велам ,можеби нешто ќе ги заинтересира да прочитаат.Ама не,тие ги сликале за да ги постават на инстаграм,и се заради тие пусти лајкови.
    А страшно ме нервираат кога мудруваат,и кога го употребуваат зборот дефинитивно секогаш и секаде.
    Книгата во раце деца ! [​IMG]
     
    На sweet-star, Katerinceee, kate21 и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.