Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Добро утро!

    Колку е убаво кога ќе станеш рано наутро, без аларм, без обврски, одморен, и спремен за нови предизвици! Приказнава би била совршена кога би имало сонце надвор, но и вака е добро. Колоквиумската заврши, од резултатите сум презадоволна. Ме очекува мини-распуст исполнет со учење, но подобро таков, отколку никаков.

    Се изненадувам од себеси годинава. Колку сум мотивирана и оптимистички настроена, ништо не може да ме онерасположи. Веќе луѓето не ме изненадуваат со своето однесување, спремна сум на се`. Веќе ни случувањата не ме изненадуваат, научив дека има само едно правило - нема правила. И - ќе биде подобро :)

    Сабајлечки си грувам со песничкава :mm: И се прашувам, зошто не играме вака во дискотеки? И дали може еден ваков разигран дечко за мене? :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=S_874GjbUII
     
    На SparkyAngel, Elennaa, Barbie20 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    Девојки темата СДП е заклучена, морам овде, со оглед на тоа дека се брзам
    Ќе одам да вадам нова лична карта, мажена сум, дали можам да поминам без венчалниот лист? Ве молам побрзо...
     
  3. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Се чудам.. Дали е до ПМС-ОВ што ми се сите криви, или стварно се криви... |( :?:
     
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Добро утро! :)
    Феминки ми дадоа леќи,кога ги ставив јас се препородив,прекрасно нешто. :D
    Џабе беше стравот,се пројде добро,само диоптерот многу ми рипнал се исплашив дури. :|
    Ми рекоа дека со леќите ќе ми се стопирало растењето на диоптерот,се надевам. :)
    Која разлика неверојатно нешто!
    Фала ви што ми држевте среќа,многу ми беше важно,пресреќна сум сега. :) :*
     
    На cheetah.girl, Elena69221, Golden и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    На лист си запишав што се’ треба да остварам годинава. Малку цик цак патешествија и многу идеи, кои ете, можеби се бесполезни, ама вреди да си ги имам. И реализирам.
    Времево врви.
    Луѓево немаат толеранција кон себе, а камоли кон светот.
    Мене ми треба одмор и дишење вода, како терапија и информациско прочистување. Викендов ќе биде крај вода, наше море и збирштина од одбрани луѓе со кои сакам да пијам кафе и да зборувам за животот.
    Татко ми подоздраве и се фрли на правење дебарски комат со праз и сирење.
    Мајка ми трепне и се секира, јас пробувам да балансирам и да не ги нервирам. Родител на сопствените родители, нели. Мед и портокали, ѓумбир и два вида јаболка, супи и бибер. Дома мириса на грижа, болница и секирации. Сакам да ја имам цела сила на светот за да ги насмеам. Па им купувам глупости. Сестра ми ме радува со секоја нова фотографија и проект што го работи со познати наши дизајнери. Нема никој како неа. Сакам да ја частам карта за Аеросмит и да прослави роденден пеејќи ја Jaded, во име на сите наши музички патешествија што живот значат. Сум станала орле кое кружи и го чува своето мало семејство. Ме нервира кога гледам себични дечишта (а возрасни) што мислат само на својот газ и не помагаат дома, никако и никогаш. Се надевам ќе имаат исти такви деца.
    Меѓу другото, си се себепоздравив периодов, колку лежам во прокрастинација наместо да дејствувам. Си се разочарува, така некогаш човек од себе, па си вели дека можеби е до немањето снег, волја, далечината со либето, мноштво сништа кои лебдат како чад од цигари наоколу и оставаат само мирис. Непријатен, нели, зошто не можеш да го претвориш во парфем. Ама не се откажувам. Res, non verba треба да се запишува на секоја страна од светот. Планирам да ми биде следна тетоважа. Во сета иронија на моето постоење. Со зборови сум стигнала до дела, но што се зборовите, ако не остварат дела? Празна воденица што прави само бука.

    Не ми е до нагли растови. Вчера отворивме тема брак, деца, планови за иднина. И двајцата сме со бушави мисли и многу надеж. Ме чува и од далеку, иако утрово сакав да знам зошто мораше да се разделиме за да се засакаме повеќе. Што не си имавме обична врска, без перипетии и чекања, авионски карти, празнини меѓу аеродроми и неба полни солзи?
    Многу барам од животов, ми рече мајка ми. Што барам, бре жено... Барам раат.
    Ни тоа не ми даваат. Или сама не си давам. Не знам.
    Може ли човек да не знае? Може. И така ќе си се сретне со сите поети во Калдрма и ќе се расприкаже. Убави вести, малку трач, бохемија и договор за наредна средба, штом пркне првото кокиче. Оставам да се родат нови сонца за да ја промовирам Љубовта. Периодов е како фалш виолина. Знаеш дека може и подобро.
    Не знам ни што сакав да кажам. Дека треба полека, дел по дел од плановите или барем идеите да ги остварувам. Со минимален напор, максимална посветеност.
    Или можеби само сакам да запишам, за да не потонам во заборав. Којзнае.
     
    На kate21, marama, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Не знаете колку ми се направи мерак кога прочитав дека `Let it go` од Frozen е номинирана за Оскар!!! :inlove: Супер е кога ти почнува денот со кафе и одлична вест!
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    СДК за оние кои ги мрзи да излезат на кино, а сепак сакаат:
    [​IMG] :lol:
     
    На SparkyAngel, Elennaa, Dvolicen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    сдк некои луѓе немаат ни грам мозок бидејќи се прави психопати и кукавици и од таквите светот пропаѓа
    тие немаат сопствен живот и се мешаат во животот на другите бидејќи нивниот живот е многу досаден и здодевен, па мислат само како да нанесат зло на другите, да исмејуваат и разни други лошотии да направат,а и самите не се свесни дека тие се на врвот за потсмев
    Господ верувам дека таквите луѓе ќе ги казни, порано или подоцна, а можеби веќе и ги казнил :) мило за драго :) :rofl: и така ќе си страдаат и патат во животот ЗАСЛУЖЕНО :rofl:
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува, што дочекав :o

    Од кој најмалку чекаш од тој ќе дочекаш, да си знаете, ако ми е, за сите куцања додека пие “кафе“ во кафуле, за сите покривања, за се, фала ми.... Ц,ц,ц,ц,ц,ц.....
     
  10. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Можеби годинава не ми почна баш нај нај, ама затоа денов ми е бомбона. :*
    Уште од посабајле сум окекераена, разборувана, позитивна, шта да ти причам кад све знаш... :rock:
    И доаѓаш на посао и тапа ти е досадно, а надвор пролет, прекрасно. И само си мислам како да ја летнам некако мајката, врти-сучи, не се седи овде повеќе. :)
    Ај ќе биде уште некој саат, не се многу.

    Сега друго: потребен ми е одмор, да се тргнам настрана некаде. Многу негативни и прости луѓе ме опкружуваат, чинам затупувам. Ама стварно... :?:

    А и башка тоа татко ми ме носеше утрово, а кутриот како е за очила стигнат тоа страшно нешто. ЦЕЛ знак на сред улица погоди, ми се чини цела продавница да се испречеше немаше да ја види... Да те фати страв кога се возиш со него, ама оди кажи му дека ќор е. :^)
    Само за таксист го бива... :D И само трета смена да вози :D
     
  11. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    СДК годината ми започна ептен убаво, нормално како и секој жив човек на моменти ке почувствува тага болка итн али тоа во ретки случаеви сепак луге сме не камења
    и живото би бил позабавен и поубав без некои луѓе НАВИСТИНА :)
     
  12. vampiregirl5

    vampiregirl5 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    сдк дека само шо се вратив од goody's во vero и храната не им е лоша ја земав чизбургер и помфрит и платив околу 180 а мајка ми зема некој клуб оброк или као и да се вика тое е помфрит и сендвича 2 ладни и негде до 200 денари е :) мене не дека ми е слично на мц али ај..овдека убави се работите али скапи се во мц за 100 денари цел оброк а тука само сендвич :D
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Некои денови се едноставно створени за да ги поминеш читајќи убави реченици на Pinterest, сонувајќи за далечни земји и правејќи планови за замислената куќа или градина. Некои денови се створени за да не облечеш градник, да си ставиш бушави чорапчиња на ладните ноџиња, да се удавиш во литри чај и да припечеш некое колаченце.

    Некои денови како овој. Вчера во автобус си размислував за Господ. Јас си имам своја теорија за религија и она над нас, ама баш се замислив зошто веруваме во нешто. И заклучив, за утеха. Кога се ни е подредено, се тапшаме по рамо и си велиме еј, браво за мене, види, види што се постигнав, види ме колку сум добар. Па ќе се сврти тркалото и бродовите ќе почнат да ни тонат. И не иде во тој момент да кажеме, види се ова е заради мене. Тогаш играме карта 'некој' и размислуваме како тој некој за нешто ни враќа, за нешто не подготвува, за нешто сака суптилно да ни каже. И после ќе ни дојдат сите бродови на место, па иде првата карта и се' така во круг.

    Автобуски муабети, тоа е.

    На нешто скромно се надевав денес. Не ми излезе така како што сакав. Еден брод помалку. Ќе плива капетанот, тоа е.

    http://www.youtube.com/watch?v=50Qo62s8QNg
     
    На sparklie, Doozy, L-enna и 12 други им се допаѓа ова.
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Знаат проблемиве да се тука,и да ги нема за кратко пак се тука.
     
  15. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.986
    Пол:
    Женски
    1. Кога случајно или намерно ќе откриеш колку е некој човек всушност НЕчовек, правопропорционално со тоа сопственото его и достоинство ти се искачуваат на едно многу повисоко ниво. :wasntme:



    2. Прееска, додека одев на факултет со поглед сконцентриран право пред мене, слушам некој вика: Девојче, девојче... (ласкање бр. 1 :D ), се вртам и гледам група од повеќе деца мин. 7-8 години помлади од мене, ме гледаат подзинато и еден од нив дури и ми вика: Леле, многу си убава ! (ласкање бр. 2) :rofl:
    Се пресмеав, еј. А, грам шминка немав на себе, само косата пеглана нежно ми се вееше. :wasntme: :rofl:
    Збунета им викам: Фала многу... и си продолжив. :wasntme:
    Нив не ги слушнав да се смеат зад мене, ама јас не можам да се соберам кога ќе ми текне на фацичките нивни. :rofl:
     
    На Hipster, Mama25, anuskaNESTLE и 6 други им се допаѓа ова.
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Црн фустан, вишна чизми со прекрасна црвена штикла....рибина коска...и КАРМИНА БУРАНА....хир ај кам. :lol:
     
  17. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Пак почнувам да се чувствувам жива,на професионален план.
    Не се откажувам,и мноогу ми значи подршката.А ја имам. :)
    Едвај чекам,едвај чекам.Само да е добро.
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  18. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Имам чувство како ништо од рака да не ми поаѓа,колку и да се трудам да успеам во тоа што сакам едноставно се ми оди во спротивна насока........Ама тоа е ЖИВОТ :worried: .....
     
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    10.210
    Денов ми почна ептен килаво па си го барам мирот во музика од филмови на Тарантино. Спас за било каква состојба ми е.
    Плус се испонастинав по втор пат зимава. Се ме боли и ми тежи, очите ме печат, а главата ми зуи од кивање. Нормално се тоа се должи на моментот што се уште не сум научила да се облечам според временските услови. Капут и џемпер ми е с'клет комбинација 90% од времето почнува да ми се лоши, само по кошула не бива, тенко џемперче поминува некако ама ни со тоа не се знае. Кој знае што ќе ми се случува во климактериум, гарант од кожа ќе си излезам поради прекраснава ми терморегулација.

    Друга работа што ме мачи во последно време ми е степенот на самокритичност и за тоа до каде треба да се оди. Безвезен пример ќе дадам ама така мислам дека функционира се во секојдневието. Ждереш секој ден за ручек шарски со кајмак, две-три ракиичиња и и некое пивце, ама затоа после кафето го пиеш со кафеав шекер затоа што било поздраво и диетално. Од друга страна па ги имаш оние што држат строги диети со израчунати калории и се кудат ако изедат едно мало парче торта во денот кога не требало.
    Колку само би било полесно кога би си го програмирал човек мозокот, да не очекува премногу од себе, најмалата добра работа што ќе се направи да се става на пиедестал и за се' така да се функционира.
    Колку мистериозен и манипулативен орган е мозокот. Мала работа може да те испровоцира и вознемири, мала работа може да те утеши. Можеш да си живееш во некоја своја реалност и ништо друго да не допира до тебе.
    Не велам дека тоа е правилно, но би сакала да можам на моменти да успеам да се изолирам, би сакала да си легнам мирно навечер и да речам „денеска се заврши работата најдобро што можеше“, а не упорно да мислам што би можело да се подобри и додаде. Премногу често си задавам голем притисок за некои работи што сериозно мислам дека почнувам да стареам пред време. Тенот ми е сив, во очиве имам магла, главата ми чури. Од друга старана па, кога не го правам тоа, одам до некое дно.
    Ужасно балансирам...
     
    На Mama25, Barbie20 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Кутија од спомени.
    Детство.

    Спомени од кои не можам да се откажам,ниту пак повторно да ги живеам,заглавени во вечноста ,тлеат во мене.Слики заробени во рамки,а тие во мене.
    Далеку од градската бучава и звукот на автомобилите,далеку од загадениот воздух и мирисот на безброј јадења кои се разалеал низ Скопските улици.Некаде на падините на Скопска Црна Гора,седната на ливадата пред бачилото со кучињата.Талкајќи дури и пред да дојде есента,седејќи покрај изворите на ледената вода,можев така долго ,да пијам свежо млеко,да уживам во сирењето со домашен вкус подготвено од рацете на баба ми,печени костени,овошје и зеленчук.Дедо ми беше човек на планината,знаеше како со неа,дишеше со неа и ги знаеше патеките, дрвјата и нејзиниот здив.Моето рано детство го поминав токму таму собијаќи спомени и костени.
    На село.

    Денес е поинаку немам веќе десет години,и ретко одам онаку каде што си ги оствавив трагите.И ме боли признавам.Можеби понекогаш сонувам дека повторно ги имам оние десет,седната под сенката на дрвјата.

    И не може,спомените се создаваат за да траат.
     
    На girlx3, Mama25, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 15 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.