[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Се гледаме тука сигурно :devil: хухух
     

    Прикачени фајлови:

  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.572
    Допаѓања:
    3.319
    Открив оти уствари јас сум можела книга од 350 стр. да прочитам за 7-8 саати :o. Тоа не би било чудно, освен фактот што во овие 2 години имам прочитано се на се ... 3 книги :tmi:.
    Еј, не сум јас крива, мора да се учи! :!: Така да, освен факултетски книги, друго не ми паѓа на памет. Добро ... Е сега, овие 3 книги ми го задржаа вниманието бре! Ни јадам, ни можам да спијам додека не ги прочитам. И тоа е чудно, оти во средно само гледав уште колку страници ми остануваат до крајот на главата, а сега тоа воопшто не ме занима. Само вртам, вртам, вртам ... Па добро, во средно стварно не ми беа интересни многу книгиштата што не тераа да ги читаме и да мислам јас што сакал со книгата писателот да каже, а ова е различно :!:

    Тематиката е нормално она на што ние девојките паѓаме - and they lived happily ever after ... :angel: :wasntme:

    Да, да, романтика бре! Што има поарно од тоа да заборавиш некој саат на твоите глупости и проблеми и да си читаш за некои такви огрооооомни љубовни приказни? Нема ништо!
    Убаво ми е кога ги читам, али јбг, после тоа ме фаќа тоа неизбежното - депресија!
    Оти јас не можам да го видам сјајот во неговите очи и да знам дали е тој вистинскиот или не? Оти јас не можам на таков фасцинантен начин да ги превртам работите во моја корист и за мое добро? Оти јас не сум Пепелашка!
    Оти ваквиве лимонатки се нереалност голема, најголема! А сепак ги гледаме и можно е и да заплачеме на крај, кога јунакот ја зема типката на коњ и летаат кон зајдисонцето :tmi: |(
    Јбг, мора да се задоволиме со таква нереалност и на некој начин да ја нахраниме нашава фантазија, оти ако чекаме такво нешто во реалност ..... :yawn:

    Фала му на писателот на мојата последно прочитана книга уште еднаш што ме потсети на тоа колку мојот живот е заникаде! Чирс фор дет! :d:

    И жими се, отсега, ветувам, само крими ќе читам!
     
  3. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    СДК си ветив самата на себе...готово на диета...па мора тој задник и бутови да ги смалиш...и како баксуз морало да ми купат пирошка со тартар сос ..... :(


    Почнува да ми станува досадно во Скопјево...ми се бега некаде наоколу...ех да можев :?:
     
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски




    Хахаххааха е појако нешто немам прочитано ! Женска секоја чест иначе и јас имам лузна ама над левата веѓа и баш кога беше актуелен Хари на почеток сакав да дојде лузната до израз хахаха :*
     
    На Magnolija и Beauchamp им се допаѓа ова.
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Тукушто сватив дека последно излегување од дома ми е на 29/12/2011 :x
     
    На angel92 и sanjaeva им се допаѓа ова.
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Оваа година ќе полнам четириесет... На пола пат. Доволно млада да можам да уживам во животот, но и доволно стара, поискусна и помудра, се надевам.
    А што научив...

    -повеќе да се сакам себе си и да бидам задоволна со она што го гледам во огледалото
    -научив да не се оптеретувам со безвезни ситници кои во моментот ми се гледаат како голем проблем, бидејќи по некое време и онака нема да се сеќавам на нив
    -научив дека молчењето не е секогаш злато
    -научив да ја кажувам вистината гледајќи ги луѓето во очи. Така сите ќе ве ценат повеќе, почнувајќи од свекрвата па се до шефот
    -научив дека куќата никогаш нема да биде доволно чиста. Викендите, наместо со манјачно чистење на домот, да ги поминувам во дружба со најблиските, бидејќи тоа останува...
    -да уживам повеќе во онаааа работа, да готвам најдобро што може, научив како со помалку шминка да изгледам подобро, вешто да ги кријам недостатоците.....

    Не знам, некои велат - животот почнува тек од четириесетата, па да видиме
     
    На Chocoholic, Hopeful, Miss-Independent и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Koга се сака да ти крене во љубовта е навистина ке ти крене.Секој ден љубовни воздишки и насмевки благодарение на него па и понуда за брак :rofl: чекај бе срце прво факс па после ке зборуваме...
    Денот супер,доага братучетка ми со мажот и,типот е океј ке биде и од него човек се надевам.
    И така шо да кажам друго освен идам да одморам зошто денот беше напорен. :!:
     
    На Miss-Independent, Serafima и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  8. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    СДК во Четврток одам во Кратово. Таму си имаме куќа, а повеќето другарки ми се таму. Едвај чекам! Ќе си се изнадружам. А се надевам и дека ќе врне снег, па малце да поуживкам и да му се нарадувам и јас.
     
    На perlaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Не бил само Тарзан од џунглата. Денеска запознав вистински дивјаци :tmi:
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.190
    Допаѓања:
    81.717
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, дека ова ми е прв пост во темава од двеилјадиидванаесетката.
    И да, добар почеток, за разлика од минатогодишниот - за прв пат официјално кажувам дека сакам почетоци, сакaм нови работи, уф, само колку многу.
    Се чувствувам сакано, безбедно, заљубено ем изгубено и убаво ми е , баш тука на почетокот од јануари, кој обично ми беше антипатичен од х причини. Сепак, годинава со тешко срце го одминувам Балашевиќ и неговата ''не волим јануар'', жал ми е, морам. :!:
    Ме фати некаква си празнична еуфорија и топло ми е во душава.
    Си ждерам чајни колачиња, пијам топли напитоци, кои за чудо ги засакав некако. Си уживам гушната со парното и стокмена во бушавите термо чорапчиња, уште да имав и добра книга, ќе беше добитна, убитачна комбинација, иако не се жалам и вака - чекам да се среди видеото и пуцам ол најт лонг со Биг Бенг.

    Него, сакав да кажам дека се чувствувам безгрижно, баш ко бебињава во доле наведената реклама - ми се ѕенѕа и пее само, друго нејќум.
    Смејте се, играјте и пејте додека можете, а богами и додека траат празнициве и благодетната состојба која патем ја носат.

    http://www.youtube.com/watch?v=VLPAT3DLtSI
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Денес сакам да ви кажам за две исклучителни личности, личности кои иако не ги познавам многу и не ги познавам долго време, можам да учам од нив. Личности, кои кога ќе ги видите, нема ни да претпоставите каква приказна носат со себе и низ што не се поминуваат. Но и покрај тоа, не ја губат човечноста, умешноста да се заблагодарат и да те испочитуваат за тоа што си направил за нив. Затоа што на многу луѓе сум помогнала и ќе помогнам, но ретко кога некој ми возвраќа на тоа, барем колку да ме испочитува.

    Да не должам, ќе почнам.

    Едната личност е моја хм, ајде да речеме познаничка, која заради сплет на околности, ја запознав неодамна. Тука некаде сме со возраста, но поради одредени ИКС причини, годинава заедно започнавме на факултет. Искрено, кога ќе го видите девојчето, ќе си речете, таа ужива во животот, нема проблеми, се и е рамно. Постојано насмеана, весела, расположена... Всушност, девојчето во многу мал период, кој требаше да и биде најубав, доби растурено семејство низ светот, изгубени години на факултет, преселба во нова земја и буквално водеше борба за живот. Сега оди на факултет заедно со мене, потоа продолжува на една работа со целосно работно време, за на крај да продолжи на третата работа. Си доаѓа дома во ситните часови и седнува да учи, за да може да ги положи испитите навреме. Штеди пари за да може да си купи компјутер, затоа што интернетот ни треба за на факултет. Мајка и секој ден пешачи од дома до работа, некои добри 40тина минути, за да заштедат пари. Оди со една јакна и едни чизми, но верувајте дека и стојат на посебен начин, начин на кој мене ниедни чизми нит па јакна не ми стои. Во ниеден, ама апсолутно во ниеден момент не ја видов да потклекне и да рече НЕ МОЖАМ, НЕ САКАМ, НЕМАМ ВРЕМЕ....! Просто зрачи со живот и енергија, и јас и симнувам капа.

    Да се разбереме, не дека јас се жалам и кукам цело време, ама има моменти кога не ми е се рамно и кога ми се смачува, впрочем како и секој човек. Но, кога ќе ми текне дека зад мене стојат моите дома, дека седам во топла соба и дека кога ќе си дојдам од факултет имам време само за учење, па и да прошетам, да седам на интернет, имам лаптоп и храна.... а не треба сама да си го вадам лебот, ми иде да си мавнам шамар.

    Летс гоу он.

    Другата личност, исто така ја познавам од неодамна. Имав можност да комуницирам со дечково уште во првите денови на факултет и навистина имав предрасуди, од типот, како овој стигнал до овде. Кога дечкото на факултет ја отвори устата и почна да зборува, кога видов колку знаење носи во него а истовремено колку е скромен, дојде време за вториот мој шамар. Затоа што некогаш претерувам во желбата за самодокажување и амбициозност, што немам обѕири спрема другите. Што ги проценувам само и само по некои небитни фактори. Го запознав малку подобро, му се најдов неколку пати, а да не споменувам колку пати само тој мене ми се најде. Знаете, кога ќе почнеш да даваш, не ни приметуваш дека никој околу тебе не ти дава ништо за возврат, и кога ќе видиш колку некој те цени затоа што си му помогнал еднаш, двапати или трипати, ми иде некоја таква топлина на душичката.... неописливо.

    Сакам да кажам, дека иако моментално и двајцата можеби немаат повеќе од 20 денари во џебот, иако немаат пари да си купат ни нова јакна, иако некогаш пијат вода од чешма додека другите пиеме кафе и иако гордоста не им дава да ги прифатат парите кои сакам да им ги позајмам, знаат да ценат. Знаат да се трудат и знам дека некој ден им се припишуваат големи успеси, затоа што се трудат. За мене, тие вредат повеќе од многу други, и јас од нив можам само да учам позитивни работи. Можеби мене животов не ми е најсјаен, кој ме познава подобро знае низ што се само сум поминала и како станав тоа што сум денес, и со какви проблеми се расправав, но сега е многу подобро. И јас само го чекам моментот кога и за нив животот ќе биде добар, подобар, најдобар, за со нив да се радувам. Тие таквите ја заслужуваат сета среќа на овој свет, и да знаете, некој ден, среќата ќе ги најде нив, а тие ќе го најдат местото под ова сонце. :hai:

    п.с. Ова одамна сакав да ви го кажам, само ете, немав време за некој ваков пост. :)
     
    На Bright, eli25, kate21 и 37 други им се допаѓа ова.
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    25.762
    Пол:
    Женски
    Ме расплака другар ми со само една реченица.

    Ми праша Каде сум се изгубила старата јас,која уживаше во ситници,која го уживаше животот максимум,која имаше слободен дух...

    Каде,каде...
     
    На eli25, Nymeria, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк дека зборовите или излегуваат или не излегуваат од мене.

    Сега ми се зборува,зборува а нема кој да ме ислуша.
    Ја нема таа личност што треба да ме ислуша, а кога ја имаше тогаш немав зборови имав страв.

    Нека се таложат зборовите,нека бегаат само моменталните чувствата.

    Сакам да милувам.
    Сакам да љубам.
    Сакам да делам прегратки.
    Сакам да сонувам.
    Сакам да бидам чувана.
    Сакам да бидам љубена.

    Сакам ДА СУМ ПОЧЕСТО СО НАСМЕВКА НА ЛИЦЕТО... .


    Да внимавам што посакувам.





    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=Dvli4GXo ... re=related
     
    На anabel-a и Bright им се допаѓа ова.
  14. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    120
    СДК со душа го чекам хороскопот за јануарии :)
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  15. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Колку и да се трудам не можам да те избришам од моето сеќавање,па добога бевме најверни другарки толку многу години,се сакаваме како сестри во чии вени течи иста крв.
    Колку и да се правам силна и дека веќе не ми значиш ништо знам дека се лажам себе си,секогаш кога ќе те видам на улица сакам да ти се фрлам во прегратка и да почнам да ти кажувам за се што ми се случувало изминатиов период,за мојот нов симпатија/дечко, за новото парче облека што си го купив, за последниот филм што го гледав,за се што имаме пропуштено а богами е многу-Премногу,но ние не се прегнуваме туку ладно ја вртиме главата на другата страна демек сме некој непознати а на очите ни навираат солзи,па не е лесно да се избриши 8 годишно пријателство нели?
    Ти ги гледам сликите на ФБ,те гледам низ град,ми кажувааат други колку си се променила и не можам да поверувам,и не сакам бидејќи дел од мене се уште се грижи за тебе,и знам дека и ти не ме заборави ми кажуваат другите дека си прашувала за мене но зошто ?нели и двете го сакавме тој крај?
    Од секогаш сме биле два различни света,едната смирена а другата бунтовна,па велевме различностите се привлекуваат нели? но не излезе така на крајот,за жал ;(
    Сега јас на една страна а ти на друга ќе го продолжиме животот,една без друга,но во нас и околу нас ќе останат трагите од нашето пријателство :|

    Once...
    [​IMG]
     
    На gothchick и butterfly.93 им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Несакам пак да ја почнувам годинава со празните муабети, сакам да направам многу промени, сакам да си го променам животот вистински.
    Ќе започнам со тоа што ќе си се ставам на прво место ЈАС.
    Ќе можам ли да издржам се што ме очекува? Ми треба многу сила и храброст, доаѓа бурно време, доаѓа море од промени, ќе ја издржи ли мојот брод олујата?
    Доста беа лаги и измами, време е да поправам се, време е да ги тргнам на страна лошите работи коа ме следеа долго време, време е да го симнам тој товар од душава.
    Направив големи планови, веќе нема премногу да размислувам ќе дејствувам спонтано и ќе го слушам срцето. Да, сфатив дека најголемите проблеми си ги направив од тоа што премногу размислував за секоја ситница и премногу ја анализирав секоја работа што ќе ми се случеше.
    Секогаш пазев да не повредам некого ненамерно, да не направам некој погрешен чекор, секогаш внимавав што оставам зад себе, несакав нерасчистени сметки, пред да направам потег размислував кои би биле позитивните, а кои негативните последици... побогу колку време потрошив залудно за на крај повторно да се најдам in the same shit! :x
    Епа веќе нема да биде така, спонтаност, следејќи ја интиуцијата ќе ги правам потезите без да мислам дали ќе бидат правилни или погрешни, без да мислам дали ќе ми донесат среќа или несреќа во иднина, што е битно anyway ако во моментот ме прават среќна ќе го направам тоа што го сакам, за тие моменти се живее нели...
    Да не биде како што до сега беше, тоа е најбитно. Да не остане само овде напишано туку да се примени.
     
    На Bright, julie77, angel92 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Почнав да ја запоставувам оваа тема некако, ма не е до мене, не замерувајте. :lol:
    Не знам што се случува со мене. Дечко ми колку и да се труди со ништо не може да ме задоволи, жалниот он. Ах, каква сум никаква. Секогаш ми треба уште и уште и уште. Ама ако.. Затоа е тука он, за да дава. :lol:
    Помина Нова година, поминаа сите глупости околу неа, сега следуваат моите омилени празници, Божиќ и Бадник. И тикар, тикар, коледее.. за малку ќе заборавев. :lol: Моите омилени колачиња.. Затоа го сакам коледе, поради колачињата не друго. :D
    Убаво е чувството кога се збираме цело семејство на вечера. Па едвај чекаме да видиме во кого ќе е паричката. Па јадеме од на мама од убавиот зелник и пиеме црвено вино, абе убавини. :)
    А и да ви се пофалам вчера бев на Пониква, поскијав малку. Абе па тоа било многу тешко. Јас кога бев пред неколку години на Маврово, кога бев помала поубаво скиев. А сега таква кобила голема, не бива бе. :lol:

    Сега држете среќа да си најдам некој филм за гледање. Ако не си најдам ќе ве замарам овде на Фемина. :lol: Чаооо. :hai:
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    23.255
    Пол:
    Женски
    Ја занемарив темата тотално, не ми замервајте не можам никако да станам од длабокиот зимски сон, :yawn:, мислев дека овај распуст ќе се пукнам во шетање, не сум станата од кревет.
    Денес конечно се собравме да раскажиме еуфорите за денојте шо ни поминаја, ќе кажам само едно, НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАМ ДОЧЕКОТ НА 2012,буквално вакви бевме
    [​IMG] само уште понакезени.
    Имав преубав почеток на 2012, и преубај 1 и 2 вечер вит мај фемилии.
    Убо ми почна се опарив и на почетокот, се надевам дека цела година нема да имам финансиски проблеми 8) , како шо ми беше и 2011.
    На љубовен план хмм, па добро е се надевам дека ова ќе биди супер. :$
    2012, од тебе имам убави очекувања немој да ме разочараш
    Те молам. :P
    Убав е бе животот, супер е.

    Имајте добра ноќ. :hug:
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Just because I don't care it doesn't mean that I don't understand!
    Homer J. Simpson

    Ете така. ;)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Тргнал побожен човек на пат со брод, меѓутоа се случила несреќа и бродот почнал да тоне. Човекот се молел цело време на Бога да го спаси. Не се удавил туку пловел на сред море, на парче дрво од бродот и понатака молејки се на Бога. Дошле спасувачи но тој несакал да оди со нив велејки дека Господ ке го спаси. Починал од глад на море, и кога отишол пред Бога, луто го прашал: Дедо Боже, зошто не ме спаси? Господ му одговорил: Јас ти пратив спасувачи, ти не сакаше да појдеш со нив.

    Муабетот ми е дека во животот ни се пружаат шанси но ние не секогаш ги распознаваме бидејки имаме некаква наша претстава за работите во главата, а дури да се свестиме, бродот потонал. Верувам дека треба да ги следиме знаците кои се појавуваат на патот по кој чекориме. Ми се случи нешто незначајно, но јас го протолкував како знак, the знак бидејки ми дојде убаво на душата. Јас ли си умислувам или тоа е тоа незнам, ама ке се потрудам да го извлечам најдоброто од себе :?:
     
    На slavica999, Bright, kate21 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.