Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.177
    Допаѓања:
    156.630
    Детоксицирај се, рекоа.
    Ќе биде добро за твоето тело, рекоа.
    Се лошо ќе ти извади од цела зима, плус маглата, рекоа.
    Малку кожата ќе ти се исфрла, ама да знаеш на добар пат си и прави го тоа додека скроз не ти се исчисти, рекоа.
    Еве ме со цело лице крокодили, како водна жаба, препиена со чаеви (си купив дури и термос од 1 л) и вода. А мајка ми ме теши, абе мирисаш на билки, што се секираш до пролет ќе бидеш како цвет од јапонска цреша убава. :?:
    Иронијата е, ме чека акупунктура. Рекоа, боли, а може и да шприца крвови... рекоа!

    Си се фатил за орото, ова тело што не истрпело, игли му се стари пријатели. Пих!

    Јас сум си немал ѓаволот работа, па си ги исекол јајцата, ЕТЕ ТОА СУМ!!!
     
    На thinkerbell, Doozy, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Денес сватив дека ми треба временска машина да ме однеси малку назад, не назад во неговите прегратки подмолни но сепак за мене толку прости како 2+2. Да ме врати во времето кога машките биле вистински господини, џентлмени а притоа не губеле од својата ''машкост'' , кога жените биле дами а притоа не губеле од својата женственост.Тој во смешно одело а притоа толку силен и јак..таа нежна и мила а толку привлечна.Разговарајќи со пристојни зборови, добро размислувани а потајно едни на други му се удварале....
    Доста мие веќе од ова фејк шит од кое станав и јас дел...изгледа...
     
  3. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Ги знаете оние денови кога иако сте помеѓу луѓе се чувствувате осамени?
    Ете таков ми е денов мене.
    Ептен ми е глупав денов, така и се чувствувам. Незнам зошто ама ко нешто да ми фали и покрај толку луѓе околу мене, пак нешто не ми е како шо треба, се чувствувам осамено. Можеби е од времево, можеби од луѓето, а можеби е и од мене. Во мене моментално има многу измешани емоции истовремено и така и среќа, ми иди да си заплачам, а одма во истио момент и да се смеам, ах ме фати ПМС пред време. Или е тоа или се скренувам :!: :D
    Ми иди да си појдам дома, да си сварам чај, да се замоткам во ќебе и или да си читам некоја книга или па да гледам некој "срце паратален" филм.
     
    На kala21, mili4ka123, Umbrella22 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    4.068
    Пол:
    Женски
    Како може би сите да ги сакате ?!
    Како може бе со сите бе да се дружите ??
    Сите ви одговараат ??
    Пу бе, лижогзци. Да не бидете еден ден дома и сами, на сите нозете ќе им ги бакнете |(
    Гадни ,глупи створења.
     
  5. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Најгрдиот ден во мојот живот...можам денеска да го прогласам. :(
    Чувтсво кога сте опкужени со луѓе, а се мразат и сакаат истовремено. Како е можно тоа бре луѓе, Како?
    Ова грдо чувство не можам ни да го опишам со зборови. Како некоја грутка во градиве да ми стое...колку и да се обидувам да ја решам ситуацијава..НЕ МОЖАМ. И ме вади од такт, тоа што не можам да ја ублажам барем малку ситуацијата. Си викам, барем 1 ден да бидам како нив, да видам како размислуваат, како можат свесно да ги изговорат тие зборови....зборови кои ги кршат едноставно нивните најсакани.
    Полека, но сигурно почнувам да губам доверба ВО СИТЕ, а тогаш се чувствувам најосамено.
    И да, опкружена со многу луѓе, а да се чувствуваш најосамено, епа тоа е најгадно нешто.
    Незнам колку време би траел периодов, ама неможам повеќе да издржам. Прв пат едвај чекам да заучиме, да се оттргнам од ситуацијава и мисливе. Едноставно ми се гади од луѓево кој до вчера беа моите најсакани! ;( :puke:
     
  6. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Во последно време добивам по неколку ЛП.И едноставно ми го разубавуваат денот,сите форумџики и форумџии се прекрасни на свој начин.Прекрасно е кога ке се види дека некој бил тука долго време и кога ги читаш мислењата има некои за свадба,за семејство,за своите малечки....Сакав да ве пофалам сите бидејки гледам во СП колку пријателства се создале..Здружувањето да форумов беше многу добра идеја и се надевам дека ке пишувам долго време и ке се чувствува созрелувањето на многу форумџики и секако на мене :$ ....
    БРАВО за форумов и за сите што пишуваат :clap: :clap: :clap:
     
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Кога помислам всушност никогаш во животот не сум била опкружена со скапи работи.Кога мислам скапи,не мислам на работи од домакинството,туку едноставно работи кои се на некој начин луксуз.Бунди од вистинско крзно,некој наследен накит,слики од познати автори.Целиот мој живот го одбележувале некои обични работи.Не сакам ни да добивам такви работи зашто едноставно ниту знам да се заблагорадарам,ниту можам да возвратам.Имам неколку работи кои грижливо ги чувам на пример кутијата на баба за накит,кукла индијанка,розево маче на батерии,кое и денес совршено мјаука.Ги чував тие работи од себе и за себе.Особено ја сакам кутијата за накит,во која баба и сама не знам што чувала,можеби конци и игли.Кутијата излитена од стоење на места и без боја,сепак ми е многу драга.Има еден специфичен мирис кој не можам да го објаснам.Што и да чувам во неа сепак ќе е поважна од било која содржина во неа.На нејзиното дно е гравирана годината најверојатно кога е направена,1923 г.Колку е тоа далеку,и којзнае на што се била сведок кутијата.Како и да е ги сочував и до мене и од децата,можеби утре некое внуче ќе и го најде крајот.
    Си ги сакам овие работи,зашто ме поврзуваат со детството,нераскинливо.И за младост.За живот каков што сонував да имам,а сега го немам.
    И кои ме врзуваат за она што веќе го немам.Да не заборавам.
     
    На thinkerbell, Someonespecial, Mishela и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    СДК денска хипер сум! :rofl: :rofl: :rofl: аххахах :P
     
  9. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да ви кажам за моите кујнарски способности :D
    Ми се јадеше палачинки, па ајде веќе сум голема, па сама ќе си правам :D Направив се тоа што треба и сега на тавата ставам малку зејтин, и ставам од смесата не ми биднува како што треба :o Се вртам 10 минути што да правам, и на крај ја викнав мама, а првата палачинка подобро ќе биде да не ви ја опишувам каква испадна :D Ама тавата не ми беше загреана, затоа таква ми испадна, ај ум за друг пат :D Ама затоа после палачинките која од која поубави 8)
    И сите сме се собрале во кујната, тато става смеса, јас ги вртам палачинките, мама мачка, а брат ми, тој си јадеше само :D Како и да е, сите собрани на едно место, па има ли нешто поубаво од ова? 8) :D
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Она кога денот ти започнал убаво и гледаш 1 пропуштен повик на телефон, па си викаш дај да ѕвонам да видам што ме барале.. и коа оп ти се јавува исфрустрирана будала да ти го расипи. Браво бе. Кај се јавив, кај се запустив.. :swear:
     
    На mili4ka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.610
    Пол:
    Женски
    Кога сме мали не сонуваме и мечтаеме само за нашите принцови. Тука се желбите за она што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме, што сакаме да работиме, па според тоа понекогаш и како сакаме да се облекуваме.
    Моите желби за тоа што сакам да бидам кога ќе пораснам се менуваа низ годините, но не премногу. Сакав нормални две, три професии кои се менуваа на неколку години и се вртеа во круг. И неколку нереални за кои најверојатно не ги гледав тогаш како хоби туку за мене беа професии. :lol:
    Како поминуваа годините се трудев да ги елиминирам оние професии за кои навистина не бев сигурна дали ќе ме бива. Но, за една секогаш ама секогаш бев сигурна дека сум родена, дека можам да бидам успешна во тоа, дека тоа е тоа.
    Таа е онаа желба кој ретко кој ја знае, а и тие што ја знаат не ме подржуваат, не ме гледаат во неа.
    Понекогаш желбите не се доволни, потребна е и решителност.
    Дали ја имам? Ќе видам за многу кратко...
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Sexybaby86, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  12. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Од денес не се жалам,можеби звучи смешно или само како израз кој си го кажуваме пред спиење ама одлучнеа сум и крај.Благодарна сум за се што имам во животот и благодарна сум за се што ми се случи и лошо и добро,бидејќи да го немаше лошото и да ги немаше сите тие животни лекции и денес ке бев една празна и глупа плавуша.Се се случува со причина.Им благодарам на сите што што ми го направија животот потежок затоа што сега сум за еден степен пред нив и си ја знам лекцијата.
     
    На ABeautiful, richgirl998, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    СДК има работи кои доколку не ги направиш ќе се каеш,но ако ги направиш можеби и повеќе ќе се каеш...
     
    На Handy, something.nice, love93 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.177
    Допаѓања:
    156.630
    Ќуќичка на крошна од брокула. :lol:
    Кјутнес оврлоуд.
    Најубавиот период од животот е кога комбиниравме широки патики со тексас суќна и интересна блуза, дуксер или џемперче. А тоа беше средно. И за сметка на сите оние штиклишта, ние имавме култ околу ванс и квик силвер патиките. Ех дечишта, што не знаете да си го живеете детството.
     
    На Trnche, mims-89, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    сдк дека на секој од нас ни недостига ЉУБОВ, онаа вистинската љубов на нашиот живот за која копнееме дека еден ден во некоја случајност ќе ја сретнеме :inlove: Искрено прекрасно е кога ќе видиш, поточно кога со дела ќе се види како љубвта царува меѓу двајца едноставно СОВРШЕНСТВО!!!!!!!!!!!!!!!! :inlove: :) :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На vampiregirl5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Денеска во автобус извадив листови да прочитам нешто и приметив дека жената што седна до мене ми ѕиркаше во листовите :lol: . Откако си ги собрав листовите во ташна ми рече: Извинете, ви ги приметив листовите, имате прекрасен ракопис.
    И од таа реченица разврзавме муабет без крај. Ми кажа каде била професорка, какви се ракописи гледала и мојот и бил еден од најубавите што ги видела, па ако одам во поликлиника кај нас, ќерка и да ја побарам да и кажам дека сме се запознале јас и она и ако нешто ми требало да ја барам...Па и јас и се фалев и жалев за факултетот... :D
    Обично во петок со постари во автобус можеш само да се искараш, а не така убав муабет да си направиш.
    Се симнавме на иста станица, се поздравивме ко да се знаеме кој знае колку време и секоја си тргна по свој пат. Кој знае, може пак ќе се сретнеме. Интересна женичка :lol:
     
    На eliesaab, Buttterfly, senza.parole и 8 други им се допаѓа ова.
  17. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Доаѓа момент кога се наоѓаш на раскрсница.. И не знаеш кој пат да го одбереш. Не знаеш по кој пат да тргнеш а тој да е вистинскиот. И за првпат се плашам. Срцето ми кажува едно, разумот друго.. Она што ми го кажува срцето е веројатно она вистинското.. Којзнае, можеби треба да почнам да верувам во судбина.. :|
     
    На martinuska, richgirl998, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Никогаш, ама никогаш не му верувај на маж кој ја изневерува својата жена!
    Многу жени се заљубуваат во погрешни мажи, само затоа што погрешните мажи кажуваат прави работи...
    Жар во очите, а мраз во срцето.
    ...Ти не знаеш што сакаш, а јас знам што не сакам!
     
    На senza.parole, martinuska и kala21 им се допаѓа ова.
  19. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Зошто секогаш кога е најубаво се наоѓа нешто или некој да го расипе тоа? :|
    Незнам... или самите имаме страв од среќа, се плашиме дека нема да потрае, па несвесно самите влијаеме на тоа или пак некои трети личности кои немаат попаметна работа од тоа да се мешаат во туѓи животи... или можеби нешто сосема трето? :^) Никако да си најдам одговор на прашањево... :?:
     
  20. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Сакам да кажам дека денес сум ОК. Денес ми е некако лесно, некако не ме допираат малодушните коментари и ситните души. Денес сум си онака расположена, цел ден со музиче и готвење, петок е, нели? Сеа ќе печеме рипчиња со дечко ми и другари, со винце и добро филмче, совршена вечер.

    После се планира заеднички туш со дечко ми и масажи, чаша винце и романтики :)

    Задоволството е во малите нешта, нели?

    Битно е дека сме здрави и живи. Се' друго ќе си дојде на свое место, само трпение.

    Бидете ми поздравени. :* :* :*

    http://www.youtube.com/watch?v=A3zOHHQSDNs
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.