Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Опкружена со исти луѓе секој ден...лажни насмевки насекаде.Полека и полека сваќам дека ми треба некој нов во животот,чуствувам желба да се спријателам со некој нов.Сакам да се тргнам малку од лажните насмевки,од луѓе кои се кријат под маски.Сакам да се смејам по цел ден,а не да решавам проблеми од минатото и да се каам.Едноставно ,да уживам со луѓе кои се како мене,да зборувам на иста тема,а не да се плашам дека пак ке ме осудуваат на моите одлуки.Многу необични работи се случуваат,едноставно изненадена од другите ,а пак и од себе......
     
    На eliesaab, LittlePinky и poenta им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Денеска сосема случајно сретнав девојка не толку убава да не кажам ружна,се шетав низ град се загледав во излог на една продавница и таа девојка до мене се насмевна и ми кажа ве гледам веке неколку минути гледате во излогот,дали нешто ви се допадна?
    Толку смирено и на некој шармантен начин ми го кажа тоа,што почнавме да си разговараме на разни теми,иако девојката не беше убава физички,но таа ја имаше онаа другата убавина душевната од која зрачеше од нејзините очи,имаше некоја топлина која јас одамна не сум ја видел кај другите убави девојки,просто ме воодушеви со нејзината доброта,шармантност,таа зрачеше со позитивна енергија.
    Девојка со добро срце и многу љубов во неа.
     
    На Anouk, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, eliesaab и 15 други им се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Колку ние жените сме конфузни суштества :?: :?: :?:
     
  4. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    Во потрага сум по внатрешен мир, потребно ми е некое самопрочистување,бегство од работите што ме прават кревка, сакам да си го сменам карактерот иако е невозможно знам но ете барем дел од него, да ја откорнам таа добрината од мене, таа навиката да се давам сто проценти.
    Не знам по кој пат се разочарав, премногу верувам премногу допуштам да ми влезат под кожа луѓе што не се вредни за тоа, премногу давам - малку добивам, премногу сум искрена.Немам вистински пријатели, лажни еден куп, тежина во мене еден тон.
    Но ќе помине .. Мора да помине .. ]:)
     
  5. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Имам многу работи да кажам, но не можам.
    Некогаш е подобро да се премолчи.... :x
     
    На eliesaab, Dvolicen и mili4ka123 им се допаѓа ова.
  6. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    И додека цел свет не верува во вистинско другарство , дека не треба никому да се верува , дека сите лажат , јас стојам настрана до еден зид од 5 плочки , кои секогаш се до мене и секогаш ме подржуват , додека сите останати војуваат дека светот е една обична лага.

    И само се прашувам , зошто луѓето се толку не борбени и не се трудат да променат нешто , туку се задлабочени во нивната вообичаеност дека сите луѓе се со маски на лицето и глумат некои “љубезни“ луѓе а не се здогледуваат тие самите дека и тие наличуваат или се се сосема исти како оние , маскираните.

    Но , луѓе тоа се случуваод вашата преголема гордост да ја наречеме , која ве тапка главата да ви се држи горе , како некој со гранче да ви ја потпира , но додека не го тргнето тоа гранче никогаш нема да видите што има на земјата .

    Тргнете го и видете дека на земјата постојат исклчоци и ако само малку се потрудите ќе бидете дел од исклучокот на среќно другарство.

    И , да јас живеам со тој исклучок . Затоа што , знам и никакво стереотипно или временско искажување или нечија повреда нема да ме предомисли во неа.

    И , ќе се запрашате како ? Како , јас сум толку врзана за мојот исказ и го тврдам спротивното од овој чудесен свет?

    Знаете луѓето велат дека зборовите се само , а делата се тие што можат да ги потврдат зборовите дека се точни.

    Ете еден таков исказ вели Пријателите се познаваат во тешките моменти .
    И јас овој став го бранам , додека многумина на социјлните мрежи како нивни исповедалници , го пишуваат во вид на разочарување .
    Се докажа тоа кај мене пред неколку месеци , пред неколку дена , а сега објаснете ми како после сево ова да не верувам во другартво .

    Ете тие 5 плочки го претставуваат мојот живот и имаат еден огромен дел во моето срце , ете тие се тие кои секогаш се зад мене , како вечна секна ме пратат , но ме штитат од лоши и непријатни моменти , апо сенките секогаш грее сонце кое ме топли , доста е ироничнода се каже дека под сенка постои сонце , но ете живеам со исклучоци луѓе , со исклучоци ?

    А , има ли нешто поубаво од тоа да бидеш поразличен овој чудесен и негативен свет ?
    Можно ли е ?
    Можно е да , можно е верувам во тоа и сигуна сум дека ќе се фрлат во оган за мене , без да размислат , ќе го направам истото затоа што живеам надвор од тие предрасуди и стереотипи дека НИКОМУ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ВЕРУВА , ако не веруваш значи залудно жиеееш на земјата , значи си сам , а јас не сум имам 5 плочки кои живот ми значат

    Ете за тие , живеам и творам , пријатели
    За моите најмили , за моите срцки.
    За мојата претстава за љубов.
     
    На naughtygirl и sweet-star им се допаѓа ова.
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Неподносливо ми е кога при некоја моја акција не сум успеала да ги опфатам сите можни опции. Изгледа дека не очекував некој да биде попаметен од мене. Иако знаев дека е паметен - само паметни перцепирам. Ама навистина не очекував до толку се да открие :tmi:.

    Признавам дека постојат поитри од мене. Иако несакам, ама ОК е, ќе признаам.

    Ама само на сестра ми и дозволувам да е баајги попаметна од мене.
    На дечко ми исто му дозволувам ама само онака неговиот памет да е за нијанса пооштар од мојот. Бидејќи нели женско сум и пак премногу емотивна па потребен ми е тој тука до мене за да ме освестува постојано каква е всушност реалноста.

    Ги испуштив конците и дозволив несмасно некој друг да испадне попаметен од мене. (Зборувам за во реалниот живот, а не за девојкава која виртуелно ме прогонува :D)

    Значи кога некој успева да ми стане толку интересен јас сакам да е насмеан. А, нели разбираш како ќе бидеш насмеан? Само доколку одиш и се ебеш со некоја. Но биди внимателен, знаеш СПБ. :rofl:

    Мислам глупо е да се нервираш за недораснати преубави личности. Нели?

    ;) Би напишала уште, ама нема да биде интересно.
     
    На Trnche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Јас не сум принцеза, а животот не е бајка! Барем не е таква бајка која ми ја читаа постојано и постојано кога бев мала. Е затоа јас имав такви очекувања за животот, ама знаете како велат „колку поголеми очекувања - поголеми разочарувања“

    Мислев дека се е смеа и игра, без проблеми, без тешкотии.
    Сакав да пораснам, а сега сакам да сум мала, да се преродам.

    Лека ноќ, соништата се убави!
     
  9. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Немој да го правиш тоа драги, мислам дека нема да ти се исплати, знам дека е тешко но издржи некако, еве јас сум со тебе. И мене не ми е лесно. Всушност ми е тешко...Кога ќе подразмислам поубаво претешко ми е. Знам дека тебе ти е уште полошо од тоа дека си во незавидна позиција но те молам размисли дали вреди. Јас се обидувам да те предомислам ама не можам да одам против тебе. Те молам размисли. Не е крај на свет.
     
  10. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Имам некоја тежина на душата.
    Лош ден беше ова за мене, се надевам дека е само ден, а не повеќе од тоа. Утре ќе е подобро, верувам.
    Вчера легнав радосна дека можам да се изнаспијам колку сакам денес, но ни тоа не ми испадна како што треба. Мајка ми ме разбуди околу 10 часот, и целата таа замисла ми се сруши. Јас се вратив потоа на спиење, но не беше истото. Потоа сум изгубила осет за време, повик од дечко ми ме разбуди околу 1 и нешто, мислев дека е 11 :| Но како и да е, станав тогаш од спиење.
    Денот ми помина многу брзо. Се чувствувам како ништо паметно да не сум направила цел ден, како.... незнам како да ви опишам, но се чувствувам лошо! Како да е 6/7 часот, и како да имам време сеуште за да го искористам денот. :worried:
    Се јавив кај еден пријател, кој ми се налути пред 3/4 дена. Требаше во неделата да ми се јави за да се договориме кафе да пиеме, а пред тоа САМО спомнавме дека тоа ќе е понеделник. Тој не ме побара за да се договориме за сигурно. Јас си го испланирав денот за нешто друго, тој ме бараше во понеделникот, но тогаш веќе беше касно. И замислете, се налути поради тоа. А не сум јас само крива, и двајцата сме. Колку што ми е тој лут, треба и јас на нему да му бидам! И да се вратам на муабетот, му се јавив пред малку да го прашам што прави и како е бидејќи и покрај се го мислев деновиве. :fubar: И знаете што добив за возврат? Дрско однесување од негова страна, ладни одговори... Како си? -Добар. Тишина...Најлошото нешто! Сакаш ли нешто да ми кажеш? -Не. Ладно и отсечно. Ете, тоа ме убива. Му реков дека само сакав да го поздравам и да видам како е. Тој ми рече добро. Толку од нашиот муабет. Сакам да го мразам, а неможам. Ме повредува и ме мачи многу, а сеуште го ценам и почитувам.
    Толку од мене, јас се повлекувам. Сега е негов ред да ми се јави или да ми пише. Ако не, до тука требало да биде. Целата вина да се префрла на мене секогаш? И згора на тоа јас да бидам таа што секогаш ќе се обидува да го сочува пријателството? Епа извини другар....
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Арни жени? Светот дише со боца кислород, кратко вдиши, кратко издиши. Се стесни некако или...?
    Мал си, па кога ќе пораснеш сфаќаш за што се има потреба да се плашиш. Луѓето едноставно овие години... умираат. Се разболуваат, имаат сообраќајки, пожари, срцеви удари, па и несреќи при скијање. Се стесни ли светот? Ми трепери срцето понекогаш, и здивот ми е краток, и земам воздух... па се стопирам, што дишам? И се анализираш, во твојот круг на блиски, да се добри, да не им се случи, кој тоа најмногу стрес трпи? Зошто не подзастанува кога се разминува со друго возило на тесен пат? Дали гледа добро кога поминува улица? А се храни ли здраво? Да не го боли нешто, да не ја стегаат гради, да не се повреди... Проклето време кога постојано на ум имаш... да е добро, дали е добро, да е добро...

    Се чувствувам како мрачнава и маглива зима, па толку ми е глупаво кога ќе прочитам колку сивило пишувам. :|

    Мецана ми е сонце, се мазиме и газиме... Рамбо е, силна шепа, и тој момент... тој момент кога во таа заиграност кратко ќе се сврти и ќе ме погледне во очи, и среќна е, и насмеана... вдиши длабоко и за момент заборави на се.

    Пуштете некоја позитивна плејлиста, некое фино хепи музиче |-)
     
    На ilipili, Trnche, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 15 други им се допаѓа ова.
  12. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Мразазам лицемериеееееееееееееееееее :@
     
    На curlygirl и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Моментот кога секојдневно како нарачани ти се лепат се некои нутриционисти, спиритуалисти, јога учители, од секти ти делат летоци на врата и се запрашуваш што побогу се случува со тебе и со каква тоа аура ги привлекувам баш ваквите ?! :^)
    И веднаш почнуваат предавања за тоа како правилно да го живеам животот, во што да верувам и како да се хранам. Информации еден куп, се чини дека секој човек денеска своеволно решава да си стави некаква титула и притоа да се чувствува повикан да ми соли памет и на мои 22 години допрва да ми објаснува дека сум ја утнала смислата на животот и они биле пратени од виша сила за да ми помогнат.
    Ма, мавнете ми се бре!
     
    На naughtygirl и ines.h им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Само што ја откитив елката. Аху. :whew:

    Дури сега приметив колку лампиони, машнички, ленти и сијалички сме имале. [​IMG] Интересно е да китиш... ама оди откити да те видам. [​IMG] Дома никој не сакаше да ме поддржи. Касно било. Е па баш дека е касно, баш затоа ми се чисти мене. Тогаш имам најголема инспирација. [​IMG] И за чистење и за диети и трчање во место во веце. [​IMG] Па дури и кога учам, секогаш учам навечер.

    Морам да признаам, дека имавме лош почеток со елката, при нејзиното откитување. :wasntme: Требаше да тргам кревети, за да ја земам од ќошот. Мало сутра тоа. [​IMG] Се направив многу паметна... ја дигнав со една рака, демек силната. :muscle: И само што ја кренав, се врткав низ собата ко пијана, ми се сплеткаа нозете, па легнав врз неа. [​IMG] Некој ќе помисли дека сум... не педофил, не зоофил, туку растениофил. |(

    И така.. сега сум си светљуцава, сос светки. :sun: Оне су свуда око мене. :party: Сакав да ја истуширам елката, има премногу прашина на неа. Ама денес е тежок празник. Само ја збутав во ќесето. :emo:

    А Ви спомнав дека ми се јаде? Е па ми се јаде. Ова де е сега до мене... :^: :pizza: Леле, лелеее, ќе ги смуфтам. Добро, додуша прво пицата, после тортата. [​IMG]

    Од понеделник, пак стара приказна. :u: А слушам најавиле снег за крајот на јануари? Мислам супер! Супер! Пак ќе треба да паѓаааааааам.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Dog-lover, Marossa и 13 други им се допаѓа ова.
  15. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Лелее луѓе како ми се јаде нешто вкусно така мх мх :sweat: :x
    Секогаш ме фаќаат кризи навечер..
    Ај одам да пробуричкам во фрижидер, бидејќи мислам дека ќе цркнам ако не каснам ништо :D
     
    На Dvolicen, Dream-Girl и Elennaa им се допаѓа ова.
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    За се има првпат :drunk:
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    И последен пат. :D
    Добра ноќ феминки. :*
     
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.552
    Пол:
    Женски
    Како што поминува времето и стареам сфакам колку една мајка е спремна да стори за своето дете.Колку е спремна да замижи пред некои работи,колку е спремна да премолчи некои работи.

    Како што поминува времето сфакам дека единствено мајка во права смисла на зборот е спремна безрезервно да го даде животот за детето. Сфакам дека позната изрека на Анјштајн дека Само универзумот и човековата глупост се безконечни е една голема лага.

    Ако мене ме прашувате Само мајчината љубов е безконечна. Се друго се мери.

    Мамо те сакам !

    [​IMG]
     
    На 1209, Daydream, Dog-lover и 22 други им се допаѓа ова.
  19. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    http://www.youtube.com/watch?v=WIVh8Mu1a4Q
    Го глеав видеово,па и филмот.
    Ќе кажам само едно:Ако љубовта била вистинска,таа повторно ќе најде начин да се оствари. и Некои спомени едноставно неможат да се избришат.

    Добра ноќ луѓе!
    :yawn:
     
    На ana-girl, julie77, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Ова утро сетилата ми се разбудија со единствениот мирис на варени макарони потопени во врел растопен маргарин со оригано.
    Од една страна бев среќна што конечно ноќната мора заврши, со недели имам страшна несоница, во 7 сабајле легнувам веќе две недели, и постојано се будам и превраќам, а синоќа после толку време си легнав како човек во 23 часот, и пак цела ноќ сонував кошмари и се будев препотена, ме мачат демоните....
    А од друга страна па сакав да му ја удавам главата на дечко ми во врелите макарони пошто се што смеам да си апнам од кога ќе станам и следните неколку часа е свежо овошје!!! :|
    Како се осмелува да ми го прави ова, да ме провоцира, знае ли он колку сум кревка првата и втората недела од мојот нов режим на исхрана?! |(
    Готово, веќе денот почна с нервози!
    Одам и спремна да го нокаутирам, он ми се смешка и ми вика: Луси ја прошетав од сабајле, се изнатрча на школото, нема да те замара, таман ќе можиш на раат да си учиш..... Ахххххх. :doh:
    Не е он крив шо сум стрвна мечка, едноставно не е...
    Си го цунав со вчерашниот здив и си стоплив вода за едно јако кафе да ме тресне од земја.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Lepaaa, la-chicka и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.