[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Пишувам од многукатната па и најубавата библиотека во Европа :D Ете, ме гризеше совеста да си гледам сериички дома, во сред колоквиумска недела, па дојдов рано сабајле за да си гледам серии тука, а тоа што треба да го научам најверојатно само ќе ми влезе од книгите околу мене. Се чудам како може да е толку раздвижено во сабота наутро ? Како го немам и јас тој карактер да речам станувам и одам во библиотека денес. Да поминував по неколку часа секој ден тука, ехее кујзнае колку ќе имав прочитано и научено и немаше да ги имам овие стресови пред испит .. Што се нема тука, посебно катче за деца, со книги и разни играчки, секакви списанија, милион книги и речници на сите јазици.. А што да правам кога сериичките ме прогонуваат, ете вчера гледајќи една цел ден, решив да излезам и додека чекав еден другар, на телевизорот во кафичот одеше истата серија :D
     
    На 1209, anuskaNESTLE, Mishela и 7 други им се допаѓа ова.
  2. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    СДК некогаш кој талент сум :rofl:
    подобро да си се скријам :tmi:
     
  3. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    СДК дека сега разбрав колку е убаво да си дете ! :)
    Се навративме наназад со брат ми, се присетивме како се каравме кој е поголем, дали тој со неговите 9 или јас со моите 5 години. Се сетивме колку се радувавме кога нашите родители ќе ни оставеа пакетчиња под елката верувајќи дека тоа бил Дедо Мраз, и колку плачевме кога дедо ни кажа дека не постоел Дедо Мраз. Се сетивме како ќе се соберевме поголемо друштво кај нас дома, и игравме секакви игри, брканица, криенка, дама.. Кога ќе направевме некоја беља, и кажувавме на мајка ни, и потоа таа не бркаше да не фати да ни ги истегне ушите, а ние бегавме :D Тоа беше нешто најинтересно :D
    И сношти, телевизорот беше пуштен на Мтв1, и играше цртанот „Дора истражува“. И Дора вика „Кажете ранец“, и брат ми: РАНЕЦ :rofl: И оваа „погласно“, а брат ми : „РАНЕЕЕЕЕЕЕЕЦ“ :rofl:
    Тој е сеуште мало детенце во срцето :)
    Знам дури и кога врнеше снег, јас, тој и братучедките излеговме по маици и се тркалавме, а потоа завршивме на инфузии. :| Кој ум. Секој ден бевме кај баба ни, за да ни раскажува што се случувало во минатото, каков бил животот тогаш. Не се грижевме дали дечкото/девојката те сака, дали доби 1 на училиште, дали имаш 30 или 300 лајкови на ФБ, во кој кафич да излезеш вечер итн. туку се грижевме само како да ја убедиме мама да не пушти надвор, кај кое другарче ќе одиме денес, каде да се скриеме кога игравме криенка, дали мама ќе не натепа кога ќе не види извалкани и со крв на колениците.
    Сега сме големи, тој 17, јас 13. Уствари, тој е ОК, кога беше колку мене сеуште играше по ливадите.
    А јас ? Ако не сум на ФБ 24/7, ако немам Ајфон и ако учам на училиште сум глупава, бубалица, не сум во тек со времето. Многу ми е криво што живеам во вакво време, сакам пак да играм надвор, сакам пак да играм со кукли, да трчам по ливадите, по ридовите, да фаќам пеперутки, да се шлапам во реката, да крадам цреши и јагоди. Ама јбг, мора да се трудам да бидам како останатите, тоа е што е. :|
     
    На Dog-lover, Dennings, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
    Кој може да ти го разубави денот,и да внесе мирис на темјанушки во ваков ден кој корне на пивтии и на лук,ако не комшијата.При тоа не мислам на лудиот комшија,внимавајте.Овој ,остана млад вдовец со ситни деца кои сега се веќе потпораснати.И како таков животот го научил да готви и пере,да менува пелени и пегла.Се разбира со помош на неговите но...главниот товар е негов.И сега направил посна торта ја донесе,сварив кафе,менуваме мислења за варењето пивтии...и се прашувам боже,јас живеам во некој друг свет.Зашто познавам многу примери кога комшиите не сакаат да се видат со очи.Еве во нашава улица нон стоп се тркалаат тањири,се виорат салфетките како знаменца, кој направил посна торта како комшијава,кој славски колачи ,кој топли мекици.Кога син ми како мал падна во шахта,тој беше прв кој ме турна настрана дури јас виев и не знаев што да правам,рипна и го извади малиот,само изгребан.На истиот комшија сум му се нашла при рака за менување на пелени да му го причувам детето,да му го однесам детето на лекар...
    Сакам да кажам дека е убаво кога луѓето се почитуваат и помагаат.Иако понекогаш музичкиот вкус не ни се вклопува на сите,некој е тих, некој бучен...
    Ма, зарем сите сме сјајни и совршени?Најважно е да се живее во слога,без карање и викање.И тогаш и посната торта и аромата на кафето ,ја прават поднослива мрсната арома на пивтијата.Со лукче афкорс.
     
    На iloveyou29, Markusa2, 1209 и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Најубаво нешто е кога сета негативна енегрија ќе се претвори во нешто продуктивно. Така вчера,ме фати склет,не знаев што да правам со себе. Земав и го препеглав и прередив цел плакар. Сега бар имам милион мотивации зошто да се држам до диетата. :D

    После две серии и камилица со медче,заспивам како бебе. :D
     
    На Doozy и LittlePinky им се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Лесно е да ги лажете тие што ви веруваат,но тоа кажува за вас какви луѓе сте,колку сте нечовечни. :!:
     
    На sweet-star и LittlePinky им се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Имам 22 години, за една година здравје ќе завршам со петгодишните студии, на факултет за кој уште не знам дали е тоа тоа што сакав, и се уште не знам што сакам од животов, што понатаму и што сакам да бидам кога ќе пораснам.
    Фино, нели?

    :hai:
     
    На eliesaab, Elena69221, anuskaNESTLE и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Женски
    Краток период откако сум на форумов фемина имам забележано дека многу мислења ми имаат избришано и мене а и на други членки.
    Само да ве потсетам, со тоа што ке го избришите/пријавите мислењето нема вистината да ја избришете. ;)
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.872
    Допаѓања:
    163.522
    Ако бивши со задоцнети реакции не ти укака ден, нема кој друг. Во нормални услови треба да ми ласка...ама не ми, туку ме иритира.
    |(
    Како да ти кажам дечко, порасни и продолжи, можеме да другаруваме ако сакаш. А да, уште чекам извинување. Окпозз
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    11.804
    Денес конечно по овој тапа период сватив дека ќе бидам подобро.И онака секогаш сама сум се изборувала за се што имам постигнато во животот,па и овој пат не очекувам да ми падне така од небото.
    По не знам кој пат се уверувам дека кога некогаш нешто многу го посакувам,за инет на судбината или околностите тоа или бега како гавол од мене или едноставо се разминуваме.
    И така после долги очекувања, ќе биде... нема да биде... едноставно оставам се ладам и не се замарам дали ќе биде или нема.
    И тогаш сум забележила дека ко за среќа или несреќа,абе бидува за инает бидува :D Значи сум се трудила сум мозгала како да биде,што да правам а не успеало,а откако повеќе нама да се замарам тоа успева.Е тогаш ми се иде коси да искубам. :D
    Затоа и ви велам дека сватив колку и да се трудиме работите да ги правиме во сопствена полза едноставно ако е така пишано(зарем јас верувам во судбина?)Ама изгледа така ќе,од искуство де!
    Затоа знам дека ќе бидам подобро, едноставно знам колку сега безнадежно да изгледа.Затоа и во последно време се смеам како идиот, бидејќи никој не е должен да ги трпи напнати денови.Лепам насмевка и убаво ми едноставо тие моменти заборавам на грижите.
    Па и дожд ни дојде згора на се! :D
     
    На poenta, Someonespecial и vitomir им се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Кој ѓавол ме тераше да ги отворам темите за храна? :sweat: Лиги ми течат, сега морам да си направам нешто вкусно за јадење, само од толку идеи стварно не знам што да одберам. Што вкусно ќе јадеме денес? :D

    Него, кај е Срцекршачка бе? Ми фалат авантурите со нејзиното духче, нестрплива сум да знам што следно се случило ;( Апелирам да се врати во темата Што би му кажале, дневна разонода ми е да и' ги читам постовите, иако неретко не сум сигурна дали зборува за истиот човек, или пак во прашање се двајца, тројца или петорица дечковци :talk: А и за И. одамна не сум прочитала новости, колку што знам тој беше последниот во комбинација освен духче. Срце, кам бек, плиз!
     
    На Barbie20, senza.parole, richgirl998 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Сакам и сакана сум од еден маж, има ли нешто поубаво од тоа :inlove:.
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, richgirl998, Izaabella и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    По долгочасовна мактрпна дискусија, пресековме, дека совршена работа за мене ќе била платен личен аситент по купување.

    Имам испит во понеделник, последен испит во мојов живот(претпоследен е, ама овој е позахтевен, за да навистина се нарече испит), а јас се бавтам со секакви битни и небитини луѓе да им асиситирам при избор на облека, што каде има и по која цена. |(
    На другарка ми вчера и цртав "мапа" како да се снајде во Солун, цел ден ја мислам да не се изгуби, додека учам не можам да се сконцентирам на ништо него на крпчиња.

    Туку малерот и дисктракцијат да биде поголема, 5 до 12 имаме ненајавени роднини од друг град, а тамн денес планирав да се опуштам и да учам на мира.

    Светот е против мене и книгата викендов, ај барем шуќур на работа не сум у понеделник, ден за испит следувало задолжително слободен. У целата несреќа, една позитива си најдов, аирлија нека ми е.
     
    На senza.parole, Elennaa, MandyLane и 9 други им се допаѓа ова.
  14. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Зошто се мене ми се комплицира во животов? Зошто не можам среќна да бидам? Сите се срќни само јас не сум.Сама сум си крива.Треба да бидам малку (малку повеќе од малку) злобна па се така во животот да ми биде убаво.Зошто сум толку чувствителна? Зошто толку сакам? Посакувам наместо срце камен да имам. ;(
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    36.100
    Пол:
    Женски
    Неизмерно пријатно е чувството кога нечие мислење ќе ви се допадне,некој ќе ве поздрави,некој ќе ви посака пријатен ден,друг ќе побара совет,ќе сподели искуство,па ќе ве насмее....
    И се восхитувате на група анонимни можеби повеќе отколку на некој познаник што ќе го сретнете на улица.Чудно,нели :?: Чувствувам некоја опсесивна приврзаност кон форумот.Секако дека емоциите не се временски.За некои работи да ги сфатите сериозно и да верувате дека и вие може да бидете дел од толпата потребно е да ги доживеете.
    Прелистувајќи ги online страниците на оваа животна енциклопедија секој ќе научи нешто ново.Можеби не е доволно за да му помогне во животот,но пожелно е да го прифати како совет.
    Кога многумина делат исто или слично мислење шансите да погрешите се мали :)
     
    На Marossa, Westlife и vitomir им се допаѓа ова.
  16. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.629
    Пол:
    Женски
    Во врска со ракометов: Арно шо ми е расипан телевизоро. :P :P :rofl:
     
  17. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Македонија се сака и кога губи и кога победува!
    :l:
     
    На tinka-mace и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.576
    Допаѓања:
    175.050
    Оф мори мајко,некој да ми кажеше мината година дека толку ќе се радувам што ми излегле пивтиите толку убави(прозирни,бели,без маст на нив)ќе го направев ненормален.
    За овие мои триесет и некоја година(да не речам скоро 40)прв пат правам пивтии.
    И тоа колку студиозно пристапив,се чудам самата на себе-прашувај колешки,золва,мајка,кума,соседка,па како да не ми беа доволно инструкциите,па и на нет барав :?: .
    Да се разбереме,не ги јадам ниту јас ниту пак децата,само сопругот.Досега шверцував 2 чинии од мајка ми,две од золва ми и чиста работа.
    Арно ама,ме фати жал минатата година.Имавме гости и тој сиротиот ни 5 ни 6 вели-абе јас сакам да јадам пивтии,ама не и барам на стетоскоп да прави,да не се мачи,мака и е од мирисот.
    Не можам да ви опишам како се почувствував.Си реков-догодина му правам пивтии,па ако треба душа нека испуштам над лонец со свински нозе,буткици исл.зајриња.
    Два дена правев генералка-во случај да ми се слоша,да се собира народ (да не гледаат нечисто :lol: ).Вчера и денес над лонецот и биднаааа....
    А јас сум сеуште ок.
    Абе кога се сака нешто-се се може.
    А да,да не заборавам-не верувам дека ќе јадам од нив,иако се супер-на око. 8)
     
    На marama, danichap, Vikica.cuci и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе, ви ги читам често тука проблемите со лапсузите, и се тркалам ко топче пред компјутеров од смеење... како демек јас да сум нешто поарна. :D
    А иначе, на сите нормални луѓе им се случуваат лапсузи од типот голтање букви, чат пат погрешно читање на некој збор, а јас во последно време приметувам дека во некакви расеани моменти ми се случуваат најурнебесни бруки со копи - пејст на линкови. :tmi:

    Баш пред некој ден се видовме со една другарка, си се изнасмеавме на една тема и после, киснејќи трета смена на фејсбук, ми текна да ѝ ставам на ѕид еден смешен quote во име на муабетот. :D
    И ја наоѓам сликата, арно ама во меѓувреме ми текна дека ѝ е роденден на братучетка ми, па најдов и за неа една спешл брдеј сликичка, со happy birthday dear cousin, онака со сите салтанати. И фино лепо, онака поспана, линкот од истата слика сум ѝ ја ставила и на другарка ми. :rofl:
    Како за беља па и фејсбукот нешто ме зезна, не дава минијатура од сликата и јас со цел памет сум ѝ ја испратила. Кога глеам наредниот ден што ми пишала другарка ми, онака изненаѓена, збуњена и изнасмеана :lol: ... абе сега кога ми текнува на тоа пак смеа ми иде. :rofl:
    А сум се фатила уште 3-4 пати како за малце не сум пратила некоја слика во погрешна тема тука, или пак некоја слика за на фемина да ја ставам негде на фејсбук. :D

    И така, заклучок: отсега памет у глава и отварање линкови за секој случај пред да ги пратам, особено со мултитаскингот фејсбук - фемина, додека не ми се случило на некого по грешка бременост или пораѓање да му честитам. :rofl: Или пак да ми се случи, во некој школски проект да лупнам некоја залутана песна или слика од торта, како што си имам навика на пауза да наминам тука на чет или за да поздравам некого. :rofl:
    Aj сега откако ви ги кажав моиве глупости, ве поздравувам и оставам во добро расположение. :D
     
    На sweet-star, iloveyou29, Antoninaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Главата ме боли... Ме боли од таков умоболен бескорисен свет. Од очи навртени, од негативна енергија... отпишувам такви луѓе и точка, готово. А всушност, јас сум виновна што им давам повод да се такви со мене, демек добра со сите вака така... а тие подалеку од еден прст не гледаат. Простотилак!!! ОД дома да се нема мрднато, а и ако се мрдне не се впиваат добри особини од тие околу тебе... пошто и не ти фаќа лејката... Господ да им е напомош!

    Друго...
    Ми недостига таа.
    Ми недостига да ме прашува што сакам за појадок,
    Ми фали нејзината упорност и кога не ми се јаде да ми направи помфритче,
    Да ме праша дали сум добра, како е тој...
    Да влезе 10 пати во соба кога сум со другарки и да се смее со нив...
    Ми фали нејзината искрена прегратка, нејзината насмевка...
    Ми фали нејзината палавост, иако во години...
    Ми фали да ме пречекува на портата и да ме испраќа...
    Да ми раскажува за нејзината младост...
    Да трачариме заедно...
    Ми недостига да ме изнервира и да и се налутам, за после 10 минути да отидам кај неа и да се прегрнеме...
    Ми недостигаат нејзините раце со кои ме чешкаше, јас уживкав и лежев во нејзиниот скут, а таа се смееше и раскажуваше се што ќе и падне на памет...
    Ах колку ми недостига!
    Да можев барем уште еднаш да и кажев дека ја сакам, да ја гушнам и да се насмеевме како што знаевме само јас и таа..... :(

    Сеуште не сум свесна за се.... го кријам она што ме боли... го кријам низ насмевка колку само ми фали таа.... ја кријам љубовта што ја имав кон неа... затоа што беше толку силна и сакам да остане во мене, сакам да се сеќавам на неа, со почит и гордост!
     
    На 1209, Elennaa, Izaabella и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.