Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    И после се жалат дека им се мешале во нивниот живот,и тие што треба и тие што не треба...
    А кога тие се истите,кои на фб објавуваат се и сешто,и што треба и што не треба.
    Едноставно ги нудат на тацна сите интимни моменти на непознати,познати или помалку познати индивидуи.
    Аман веќе,од тоа колку сериозно го сфаќате фејзбукот.
    Не би ме изненадило ако почнете и да објавувате слика од чаршавот со крв,по повод губење на невиност!
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.552
    Пол:
    Женски
    Како ми свират цревава во стомаков цел ден , мислам дека ако уште малце беа помузикални комотно ке беа достојна замена на Македонската филхармонија и ќе можев да заработам некој денар од нив во МОБ. :envy: :envy: :envy:
     
  3. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Понекогаш посакувам да сум професор само за да можам да им помогнам на испит на оние кои ќе прочитам на форум дека се пожалиле од мојот предмет.
     
  4. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Добро сум.
    Само сум разочарана од сите вас.
     
  5. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Цела среќа што измислиле шминка. Така барем однадвор почнавте да личите на нешто колку-толку.
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Вечер е Богојавление.Точно на полноќ ,со поглед во небото,замислете си желба,една јасна и конкретна.Кога ќе се отвори небото,можно е да ви се исполни желбата.Чудата се можни. :)
     
    На crazylady, Marjan007, richgirl998 и 26 други им се допаѓа ова.
  7. Anonymous996

    Anonymous996 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    755
    А шо неам постено денес, има везе? :^)
    љољ :lol:
     
  8. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Ја следев мојата мачка и видов какво е нејзиното секојдневие... па еве ќе споделам со вас како поминува деновиве, во нејзно лице. :D

    „Уште едно смрзнувачко утро надвор... си имам среќа што се греам покрај печката додека другите колеги се смрзнуваат! :devil: Ај, поважен ми е доручекот од нив... хмм... ако не излезе баба од соба, ќе морам да ја будам јас самата... ах, добро! Еве ја! :D Да видиме што спремила денес за доручек... мх мх мх!
    Попара ми зготвила! Ууф! Дури и млекото е топло! :wasntme: ... Епа, сега кога сум сита, ќе можам да чувам стража во дворот... да не дојде таа комшивката, ќе почне да ми досаѓа! :@
    ...

    Чекај... тој звук... познат ми е! Дојдоа! Дојдоа, дојдоа, дојдоа!!! Леле, пак галење без прекин ќе имааа!!! Ајде, можеби ми носат и ручек. :clap: Ехеј! Вие, од колата, излезете!!! Ајде... неможам веќе да чекам! Е, добро ме послушавте... ајде сега галете ме! Мила! Ива! ... Е, таму! Пррррррр... Чек, да те исчистам малку! *ми ја лиже раката*

    ... *По долго галење, оди да спие крај нејзината печка*

    ~Крај

    Епа, тоа е царскиот живот на мојата мачка. :lol:
    [​IMG]
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Цел ден јадам малиџано, и сабајле и пред два саати, со таа разлика што вториот пат изедов и кришка со домашен мармалад од сливи. Значи кога треба да се пости немам идеја што да јадам, цел ден би била на малиџано. Заслужив вечерва да ми бидат исполнети дури две желби ;)
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Прво, се сеќавам дека пред некоја ден ми доаѓаше од задникот да си каснам од среќа за нешто, а сега не можам да се сетам што е тоа нешто. :D

    Второ, американските детски и тинејџерски емисии се опасни по живот...Даваат толку погрешна слика за пријателство, љубов, себичност, праведност, „добрина“, „зло“...
    Дали е пријателство заради „твојот пријател“ да се нафрлиш на личност која е во лоши односи со „пријателот“, но тебе ништо ти нема згрешено? Дали тогаш си...пријател или идиот? Ќе се сметаш за вистински пријател кој го заштитил својот пријател...но што со оној на кого си се нафрлил? Дали ќе си пријател за него?

    Што е тоа себичност? Да сакаш се за себе? Да мислиш само на себе?
    А, не е нормално да мислиш на себе?

    По ѓаволите...
    Луѓето во име на љубовта уништуваат нечија среќа...и се сметаат за добри...
    Доброто и злото се релативни работи...
    Се зависи од „референтното тело“. За некого си добар, за друг, не си. Не си пријател. Не си добар.

    Себичноста...е исто така релативна работа...
    Сите би рекле дека себичност е да се мисли само на себе.
    Исто така, сите би рекле дека љубовта е несебичност. А...токму спротивното е. Да сакаш некого (за себе) е...себичност.

    Велите...не треба да има дискриминации и одржувате манифестации за одредена група луѓе...Не е тоа дискриминација?
    Со тоа што велиш дека ромите, инвалидите, whatever се луѓе како и сите останати, ти дискриминираш. Кога би ги сметал за такви, не би го кажувал тоа. Се би течело нормално.

    И, заедно можеме повеќе кога се работи за сила изразена во њутни или избори... за креативна или умствена работа, не.
    Да напишеш добро сценарио или книга во група е...утопија.
    Всушност, групата може добро да функционира само ако еден член работи се...
    Но, кога во група има двајца или повеќе кои имаат идеи...не бидува ништо. Идејата составена од повеќе различни идеи не е подобра, туку е...каша-чорба.

    Трето, проклетиот распуст завршува... Само уште еден цел ден до крајот. ;( :@
    Тажно е што ние, учениците живееме од распуст за распуст...
    Епа, ајде, до следниот распуст. :D Само уште четири месеци.
     
    На Anonymous996 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  11. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Девојко разбуди се!

    Се' уште мислиш дека тој е единствениот кој може да те направи среќна, да ти даде љубов како никој друг?! Грешка си девојко! Да му значеше барем малку, зарем немаше да се јави? Едноставно прифати ја реалноста! Доста е веќе од зборови лажни и само празни ветувања. Симнатите ѕвезди веќе ги нема, ниту пак долгите телефонски разговори.Заборави на се' и откажи се! Пред тебе е нов почеток. Нов лист! Тој е само спомен од минатото. Порано, или подоцна сите мораме да заборавиме на минатото... ;) 8)
    Преземено.
     
    На iloveyou29 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.948
    Допаѓања:
    81.259
    Пол:
    Женски
    Ми требаше вака да се насмеам од срце, иако не знам, можеби не е смешно и можеби навистина почнав да скренувам од паметот. :drunk:
    Прозорот од собата ми гледа кон балконот, а видикот од таму ми е кон соседната зграда.
    Ми се уморија очите од зјапањето во книгата и по навика си погледнав натаму... се отвори прозорот од терасата од станот на соседната зграда и девојче си излезе надвор, си ги потпре лактите на прозорот и си се замисли загледана некаде таму, којзнае каде. :?:
    Додека да се освестам, си го затвори прозорот и ја снема.
    И ми светна - нејсе, пак пропуштив да замислам желба и годинава. :|

    Не ми беше тоа муабетот, ами уживав додека гледав како девојката си се соживеа со ова, сигурно со мерак си ја посакала желбата.
    А јас и не сум пропуштила нешто многу, дури не знам ниту што сакам моментално.
    Имам само една желба, ама истава не зависи од никаква виша сила, ами од мене и само од мене - за среќа или за жал.
    Отидов да стегнам дупе и со последни сили да стигнам ... овој пат до содржината на крајот од скриптата. :hai:
     
    На kate21, prettyliar, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Ми се згрозува живот, кога ќе одам на гости и ќе ми дадат недомиена чаша. Па уште нешто залепено внатре или надвор од неа. Еднаш дури ми дадоа изгризана цефка. Па поарно не ми ја давај. Ми се згрози нес кафето, не го ни испив. Не бе, не. Не ми се пие, уживај си.

    А, да. Уште една случка. Кај другарка седевме и нешто и` се истури на тепихот. И зема, со сунѓерчето за садови почна да трие. Ми се згади животот. Доле може влакна да има, може сешто да има! Да можев, цревата ќе си ги истурев.

    Леле, ај да прекинам. Може некој јаде. Ама не ми е јасно како можат така? :puke:
     
    На sweet-star, LittleFairy, Hipster и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Сдк УЖИВАЈТЕ СО САКАНИТЕ ВО СЕКОЈ МИГ. Животот понекогаш може да биде суров некогаш не знаете што ве чека утре.Добра Ноќ
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Немам свој споменар,бидејќи се плашам некој да не ги дознае моите тајни,поготово која ми е симпатија,секако сигурноста и безбедноста се најбитни! 8)
    Читав лектира и одеднаш ми текна на него,ете не знам зошто,на неговиот авантуристички дух,на неговата снаодливост и итрина,на неговата добрина итн...
    Пред мене видов ножички и бидејќи лектирата за 3 дена ќе ја вратам во библиотека неговата буква со ножички ја обележав на една страна од книгата и ја украсив со срце,не сакав да ја шкртам книгата,затоа го направив тоа со ножички не се забележува многу,а и не пречи.
    Додека ја обележував си реков нека стои тука,па понатаму кога ќе ми текнува на моите детски симпатии ќе ми текне и на оваа случка,таму во таа книга мојата најголема тајна. :D
    Таква сум многу таинствена и мистериозна сите мислат дека немам симпатија,а уствари имам,а да кажам која ми е па кои зафрканции ќе се(знаете детски работи).
    (да тајна само што ја кажав на јавен форум хаха :rofl: )
    Според мене тој го има најубавото машко име,најубавата буква(ама и мојата е убава :D )добро де неговата и мојата.
    Инаку си посакав желба на полноќ.Желбата нема да ви ја кажам,таа ќе остане тајна. :)

    Инаку не знам зошто ни ја многу сум поразлична од моите врснички коишто многу од нив на оваа возраст имаат дечковци,не ги кријат,па и нивните родители знаат. :x
    Не се брзам,се во свое време,ако сега не ги преживеам овие работи со симпатии и слични работи,кога?!
    Зошто брзаат да пораснат и не го живеат детството? :(
    Сигурна сум дека многу од вас го имаат ова правено со пишување и украсување на буквата или името на симпатијата. :D
    Ах овие детски денови,колку е убаво да си безгрижно дете. :)
    Воедно добра ноќ! :*
     
    На Someonespecial, eliesaab, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.924
    Допаѓања:
    89.724
    Пол:
    Женски
    Е значии неможам да си ги објаснам овие што се сликаат сами пред огледало и сликата одма мора да се сподели на фејсбук ... па нормално де сите треба да ја видат . |(
    Се изнашминкала, дотерала, кармин 2прста устата напрчена и си се слика :o Ај женско ај ... нема крај со глупостите ама па машко бее кога ќе видам леле ]:)
    Што прави ќе се дотера и ај ќе си се сликам малку бе што ,ќе си застане пред огледалото и си се слика 100тина слики и ќе објави една и ќе напише СЛУЧАЈНА штоо ? Случајна ??? |(
    Глупаци,оди на некое дете од 5-6 години кажи му случајна а не на твоите пријатели кои те знаат како дишеш !
     
    На poenta, Umbrella22, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  17. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    http://www.youtube.com/watch?v=FDBqs7GOY_w
    Три вечери по ред си заспивам со песнава, буквално ме опушта, и заспивам ко бебенце.

    Лека нок девојки!!!!
     
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Убави жени има насекаде, навистина има преубави жени... ама тој вистинскиот маж на крај ќе сака да заврши со некоја која покрај убавина има и нешто повеќе, оти нели убавина има многу, а ова другово...
     
    На Dvolicen и anggell им се допаѓа ова.
  19. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
    Интернетот не е лоша работа, туку напротив - има толку многу информации за кои порано се плаќало или пак се чекало со месеци. Како медиум за комуникација, за учење, за споделување знаења. Не е интернетот крив што некој не знае како да ги искористи неговите предности.
    Книгите физички, како што ги имаме, испечатени и ги држиме во рака - може да се читаат и на интернет, и на монитор. И да се создаваат работи со помош на софтвер со цел да имаат поголем квалитет или квантитет. Ако се има желба да се научи и да се напредува, ако се има желба да се прочита нешто корисно, интернетот е дефинитивно најевтиниот и најбрзиот начин да се дојде до посакуваната информација. Не е страшно ако денешните книги се заменат со електронски верзии од истите, не е лошо што се ни е на дофат, поблизу, побезбедно - лошо е што ни е пред нос, а некој не знае ни како да го користи.
     
  20. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Абе не ми е јасно како може некои да зборуваат се и сешто, да бараат недостатоци и да осудуваат кога самите се кошмар. За да бараш туѓи недостаоци, да зборуваш глупости, да навредуваш треба прво ти да си совршен. Многу ме нервираат таквите личности бе!
    Она пуштила брк, црн дури и дедо би и завидувал, незнам дали се има видено во огледало и уште зборува секакви глупости. И освен тоа потрагично да е шлапа 5 кила пудра на брковите. :puke: Абе алоо цуроо пудрата не е за бркови. На пудрите треба да пишува НЕ ПОКРИВА БРКОВИ ! Со пудра и со фотошоп не се покрива лошиот карактер.
     
    На Natali.3, LittlePinky и Dream-Girl им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.