Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Уште едно разочарување во низата...

    Она кога ги откажуваш сите договорени средби за вечерта, само заради една ебена средба со некој кој не заслужува ни милисекунда од твоето време и кога сите активности во текот на денот ти се сопрени поради преголемата возбуда од таа средба, за на крај таа "ценета" личност да те заебе и да те остави на цедило.

    Не џабе се рекло: Човек прво за себе си гледа, па после за другите. Ама јас никако да го сфатам ова и да престанам да ги мешам поимите.
     
    На iloveyou29, Marjan007, Silver.E и 14 други им се допаѓа ова.
  2. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100
    Колку и да се трудиш да помогнеш ако небива,небива!
    Ако си наивен сите ќе те газат.
    Ако имаш маска за многумина ќе бидеш нешто совршено,нешто свето.
    Зар е толку тешко да се биде добар во еден ваков свет??За мене е.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mei

    Mei Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Не ме разочара...само ми ги отвори очите!
     
    На Barbie20, Beauchamp и Dvolicen им се допаѓа ова.
  4. an4ii

    an4ii Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски
    Јас сум жената на неговиот живот.Јас сум таа која му го зеде срцето! Јас сум таа која е подобра од секоја негова бивша.Jас сум таа која го направи него најсреќниот човек на светот и таа после која никоја нема да сака така! Јас го обележав со спомените до крајот на животот! Љубовта која ниту една нема да успее да ја избрише! Јас сум таа, чие име го знаат сите и бивши.Јас сум жената на неговиот живот! Вие кои бевте? :inlove: :*
     
  5. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Мамички кога ќе ви плачат малите пуштете им ја оваа.
    http://www.youtube.com/watch?v=fvxqnQmahTA

    ~Francais ми недостига твоето пеење на песнава.


    Добра ви ноќ! :*
     
    На Dvolicen и francais им се допаѓа ова.
  6. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    После долг период конечно сите заедно.Конечно заедно фамилијарно да се собереме и да гледаме филм во кино.Искрено желна сум за вакви спомени..Ваквите мали работи ме исполнуваат.Па кога му се намерачивме сите да јадеме хамбургери освен мене секако ;( ја земав сладолед од карамела нешто мораше :lol: .
    Како и да е после долго време видов насмевки на нивните лица а,тоа ме направи среќна и мене. ^_^ Без нив не би можела да живеам.А,сега да одам да си легнам бидејќи утре госпожата Мајка ќе ми ја пукне главата. :D
    Лека ноќ и имајте убави сништа! :*
     
    На Someonespecial и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.075
    Знаете она кога ќе се побрукате за глупост, а вие не сте криви?
    Епа тоа...
    Леле леленце...колку ми е срам... :( :x :sweat: :worried:
     
    На prettyliar, LittlePinky, richgirl998 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Сум среќна. Се радувам, не за мене, туку за него!
    Очите му сјаат и исполнета му е душата.
    Сега сум покрај него, го гледам како спие без мака.
    Се гордеам со него, јас сум му најголемата поддршка иако често знам да го критикувам.

    Убаво е да се бориме за она што сакаме да бидеме во животот и убаво е кога ќе имаме некого со кого би го споделиле тоа! :)
     
    На Viktorijaaa5 и Primavera им се допаѓа ова.
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    А можеби пак болните спомени од денес ќе бидат убави потсетници во иднината, онаа која што ми се чини толку далечна а со себе носи излечени рани.
    Да се живее ли сега за времето? За тој најдобар лек. Ќе оставам истото да си го направи своето и работите ќе пробам да ги гледам од друга перспектива, во моја полза!
    Само нека поминува, нека се редат денови и месеци, да дојде заборавот и да престане ова неубаво чувство во стомакот...
     
    На anggell, Barbie20, ana-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Денот кога ќе го укинат она фејсбукот или кога Цукерберг ќе сфати дека се обезбедил за 9 животи па постоењето на оној идиотизам не му е веќе потребно и јас ќе станам подобар човек, ветувам :D Вака не можам да се воздржам да не им го реметам суптилно алтер-егото од профил, паа сега... нека ме мразат колку сакаат.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.075
    Ок, ми помина срамот, малце. :D
    Еден сопартиец на срцекршачка, без срам и перде му давам син (не син ко дете бре) на фб веќе не знам колку време,ама онака со сласт и задоволство, оти е досаден ко стеница, а башка што не знае колку ми е безрезервно одвратен тоа што е гнида која чека партиско вработување или не дај боже тој амебистичен ум да се докопа до некоја политичка функција еден ден.

    Ама кажете ми колку треба да си сељак да пишеш на девојка после победа во ракомет - честито победа? како кршач на мраз за муабет . :D Тоа некоја ВМРО-овска финта/поздрав е, не ми е познато. Она како еј Среќна Нова година, демек секој успех на било што Македонско се честита како наш заеднички празник? Или нешто промашувам? :D
    И не ќе беше така трагично ако не навалуваше едно 5000 пати, па да дојдам во стадиум да му го речам она - абе имам дечко, долга врска (и деца и све! :D се зезам,ама клише заебанција). И он на тоа ми вика - ако бе, не јас онака, ако сакаш некад сепак да искочиме на кафе ко другари? (а ова тек, на кафе ко другари, која година средно е бре? :lol: )
    Абе типично ВМРО-овски, нема ти што да сакаш и што да не сакаш, јас ќе ти кажам што ти треба и толку сум швркнат што ќе те убедувам до последно ако треба! А за пратените виртуелни букети, чаеви, кафиња и слатки животни (мислам фотошопирана мачка на која и светкаат очите, не сум сигурна колку може да е слатка), муабет да не праам, а па уште и што не реагирам на истите, а он е упорен... сериозно партиска карактеристика им е. Ти им викаш не сакаме споменици, они и споменици и мост со споменици и барок и бродови и врби и се!

    Е не можам ќе си починам! Како не разбираат дека секое членување во некоја партија им прави инстантен кок блок! Кои жени сакаат рурални умови кои членуваат во партии, да ми је да знам??? А знам, тие што го читаат Робин Шарма кој ги учи никад да не се откажуваат, еее за таквите овој тип дечко е тамам!!!

    Еве сега ќе го бришам и блокирам, ама морам да признаам дека секогаш кога ќе го тагнат на тоа партиските слики од партиските настани не се прашувам која од тие цуци таму е срцекршачка чисто од забавни причини. :D

    Драги гледачи, тоа беше мојот Срцекршачка пост и стварно го разбирам девојчето како му е со духче и сите тие ликови кои ги има повеќе од книга на Толстој. Сериозно се упорни и напорни ВМРО-овците. :D

    И од другите теми и бон тон за жени.
    Девојки, знам дека модата и вашиот ооо див дух викаат да не следите никакви модни правила, ама тоа не ве прави ништо друго освен сељанки без осет и манири. Сериозно... токму заради она - за вкусови не се дискутира, има одредени правила кои би било добро да се следат.
    Не сум лудак по мода и не ми е опсесија ( и не можам да разберам како може да ви е и како при тоа да се идентификувате себе си низ нешто материјално, ама веќе кога го правите тоа, барем бидете подковани со некои основи), ама нешто од нешто, па знам ете, скромно. Мислам... реално, не глумам кралица на модата, не па нешто особено ме фасцинира како начин на иразување на себе си, па за да се земе нешто за зло, додека некои спротивни кои мислат дека го носат врвот на модата или уличната мода, а паѓаат на едноставни трикови и правила, не можам да не заклучам дека само се глумат...

    Бело сако во зима, особено од тенок материјал е огромно НЕ и воопшто светли сакоа од тенки материјали, како што е огромно не за крем и било какви светли салонки (ма било какви салонки во зима не се носат освен ако не е коктел настан или некаква свеченост!!!). Зарем малку е летото? Значи вашето височество опасен фешниста не знае да си игра со други типови на материјали и бои? Пу, штета, тамам ве мислев за гуруа.
    И тие ваши ОГРОМНИ прстени што ги редите и при тоа можеби и садови миете со нив, не знам дали сте чуле за изразот КОКТЕЛ ПРСТЕН! Не? Епа постои! Се носат огромни впечатливи прстени на такви настани, погодувате зошто? Зошто е коктел, и чашата се држи постојано во рака, можете да ги истакнете и да ја украсите дланката. Ок? Не се носи огромен прстен за до факс,на работа или на денско кафе. Можете во дискотека, можете на коктел, можете можеби и на свадба, ама на вообичаен ден? Кич!

    И секогаш што ме смее е комбинацијата на храна и пијалоци. Од секогаш ме смеело она глуматање, ама знаеш јас вакво и вакво вино уз такво сирење и пршута обожавам, е од истата таа снобовска причина и потреба ме смее и потребата од очајно прикажување на улогата - јас сум дама со стил, а поим нема како да искомбинира пијалок со јадење... Ја гледаш сета неизживеаност и очај. Е овие две се најдалечни точки на смеја. Тој што така се храни, никад нема да ти го нагласи истото дека мези сортно вино уз сортно сирење, нему му доаѓа природно сето тоа,а и секогаш правилно ги комбинира јадењата со пијалокот и нема дискусија. Манири и изживеаност, молим лепо. Тоа што можеби јас сум сељанка и поштувам пржени компири со сирење уз пиво, тоа е мој проблем зошто сакам да пробам се и да јадам се (ама никад нема да измешам неспоиви комбинации на храна и пијалок и нема да се преправам дека во други услови мезам исклучиво вина и зрели сирења и јадам само десерти со тартуфи!!!), ама тој што сака фини работи, нема на нос да ми го стави неговото вино и сирење, а ни па со компирите со сирење ќе порача водка или виски или паста и пиво (о да, и ова го имам видено... во стомакот си замислив како и се создава огромна макарона која добива своја личност и свои потреби и свои емоции и е бре ентитет сам за себе!!!). Мислам...

    Е така прееска, во 4, во Тренд во Сити мол, си седат две другарки на РУЧЕК (е од тој ручек кога се тагнуваат на фб и пишуваат, ручече со мојата најмила) и порачуваат Мохито (да, во сред зима, може за некој нема правила,ама мохито е летен пијалак, кој заради составот и покрај алкохолот, освежува и разладува), другата порачува Мартини (што е пијалок кој ретко се комбинира со јадење, ако не и воопшто,освен со маслинката во него) и стигнуваат ПИЛЕШКИ ПРСТИ И ПОХОВАН КРОМИД. Епа не можам... се послав!

    И последен наслов од водичот како да познаете сељанка - Последен хинт е чекирање во Венето!О БА ВЕ ЗНО! Не знам кој врв на последен приказ - јас сум очајна за внимание, сакам да сум висока класа и патам од комплекс на нижа вредност, ама мама ми вика дека сум попаметна и подобра од другите и заслужувам многу повеќе, епа еве ви бичез го достигнав врвот- седнав во Венето, зошто другите не можат, зошто немаат пари за една просечна паста за просечна цена. Ок... смири се сега, ја постигна целта, на врвот си и можеш да ја ставиш својата невидлива тијара, избриши ги солзите радосници,напиј се вино и опиј ги демоните во себе, мислам тешко ти е со тие комплекси, заслужуваш.
    Кој се не се чекираше во ресторанчево напатено кое само по себе е само еден обичен локал и може да оди кој сака, ама вниманието и почестеноста за тој чек ин е просто смешен. И што ако седнеш? Душата ти порасна? Срцето? Љубовта? Оу...само егото? :(

    Абе помирете си се какви сте си, и доста се глумите, више аман, да не може човек да ве научи еднаш засекогаш какви сте. Денес сте лудички, утре сте префинети, задутре кој знае какви веќе... ама увек сте нали, нешто више од сите останати во однос на мода и избор на локали и тоа е едниствениот критериум кои сте вие како личност и какви сте по душа...
    Може јас сум неважна, ама утре на некој важен за вас ќе му закачите на око и многу ќе ве кошта углед. Мислете си на се. ;) Добро е да се знаат ситници и основни работи. Овие ситници некако по дифолт врескаат со очај и изглуменост. Баш е удобно да живееш како што си ти вистински, што знам, можеби така конечно ќе ја пронајдете личната среќа. Не знам, дали сте посреќни и повеќе од онаа личност која сте ако седнете и при тоа се чекирате во Венето (или кај и да ви е предизвик во животот и го сметате за врвот на угледноста) или се трудите да се истакнете низ некоја си мода ( и при тоа ја утнувате на ситници). Дали после тие глупости вие сте повредни како личност и мислите дека другите тоа го мислат за вас? Би рекла дека ви требаат малку поголеми критериуми и предизвици во животот и баш ми е жал што е тоа така.

    П.С. И коментарите - сијаш, сјаеш, блескаш, газиш, грмиш, прекрасна...ко коментари на слики, сакам да знам кога ќе им помине модата и ќе се премине на нешто посуптилно, евентуално подуховито, зошто претпоставувам сакате да сте духовити. :?:
     
    На Mama25, mims-89, poenta и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Fridas

    Fridas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    205
    Толку многу битки добив, а војната ја изгубив. Што сега?
     
    На julie77 и mili4ka123 им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Љубовта е како благосостојба што ги обзема телото и душата и која јакне кога можам да го видам другиот без да сакам да го променам.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    уште сум под импресии од вчера :inlove:
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mizarka

    Mizarka Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Се чувствувам прекрасно денеска...роденден ми е :D
     
    На Elennaa, Barbie20, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.673
    Пол:
    Женски
    Новогодишните пакетчиња - изедени (додуша троа поодамна :lol: ), eлката откитена, сите украси тргнати, книгите пак извадени на биро и - може да се рече дека се` е подготвено за крај на сите зимски празници, на распустот и враќање во работна, школска атмосфера. :geek: Секако, освен мене и мојот превртен биоритам. Прв проблем, се знае - како утре да се стане едно 6-7 саата порано отколку до денеска. Нема да ми треба алкохол за да бидам мамурна утре сабајле, исто како да сум лумпувала вечерва. :D

    Туку, јас сум си задолжена за откитувањето на елката и останатите украси, и секогаш тоа си го одложувам до крајот на распустот. Не дека ме мрзи, туку кога веќе е спласната целата зимска еуфорија, сакам да си ја пролонгирам празничната атмосфера, барем до тргнување на школо да ни биде малце џингрлака џикица дома. :D Дури и сега, како кога бев мала, пак ми е мерак да китам елка, а после раскитувањето ми е некако празно. Тапа е овој период кога после сите весели празници, треба да се вратиш на обичното секојдневие, посебно на школските стресови. :worried:

    И така, кога веќе се развреднив денес, сега ќе си се наградам со некое филмче и некоја книга со којашто ќе си уживам се` додека школските обврски ми остават време за слободна литература. :D
    Ај ариведерчи, ве поздравувам со една весела песничка. :sun:

    http://www.youtube.com/watch?v=y6Sxv-sUYtM
     
    На iloveyou29, Hipster, Antoninaaa и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.948
    Допаѓања:
    90.116
    Пол:
    Женски
    Сите имаме лоши денови ама баш сите ,но да не дозволиме таквите лоши денови да влијаат на нашиот живот. Во секое лошо секогаш има по нешто дорбо ,некоја светла страна која што ни помага да научиме нешто повеќе !
    Имајте убав ден :)
    [​IMG]
     
    На Elennaa, Barbie20, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  19. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    СДК
    Само уште малку :inlove: :tmi: :( :angel: :geek: :talk: :worried: :) :$
     
    На Someonespecial и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Денес ми е убав ден,Водици прекрасен празник богојавление,денес сум исполнет со многу позитивна енергија,незнам која е причината но се чуствувам исполнето и со многу љубов ја имам и да ја споделам со вас.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.