Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Најсреќна :)
    Новиот возач низ Скопје ќе дојде наскоро...
    ја чекам мојата нова кола..во петоккот ја порачавме па се чека месец дена :) 8)
    eте и слика 8)
     

    Прикачени фајлови:

    На iloveyou29, Elennaa, EMoonlight и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.073
    Не можеше вака убава ВЧЕРА ДА БИДАМ ко сега :wasntme: ? :rofl: А јас се побрукав бре... уште сум како удрена, истрауматизирана. Оно можеби никој не забележал, ама доволно е јас што си знам!!! :D :$ :sweat: :D
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Поминаа пролет,лето есен,зима поминаа испити.
    Досадно нема што да се прави, ајде повторно ќе се дружиме на фемина :)
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.772
    Пол:
    Женски
    Pustatjte Kanal 5, Snezana Lupeska vo Kod zbori za vakcinite, bravo Snezana!
     
    На poenta и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  5. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Налетав на нешто многу интересно во врска со денешниов празник, денешните ритуали и денешната брука по базените и реките низ Македонија.

    Реки народ денес се упатија кон водите каде беше извршен еден ритуал- фрлањето на крстот. Тоа е начинот на кој доминантната религија во нашата земја го празнува празникот Богојавление. За жал, како и сите други празници, така и овој минувајќи низ вековите на себе акумулирал толку многу традиции. Толку многу празниците сме ги накитиле со несуштински белези, што веќе и сме заборавиле на она што е најважно. Па така, на Бадник ни е најважно во кого се паднала паричката, на Велигден- чие јајце ќе биде најтврдо и ќе успее да ги искрши туѓите јајца, на Богојавление, пак, наградата е многу повеќе комерцијална отколку кај другите празници- оној кој ќе успее да го фати крстот ќе се стекне и со материјална корист. Или подобро речено- само со материјална корист. Да, ќе повторам: САМО материјална корист. Затоа што начинот на кој ги славиме христијанските празници не носат ни малку духовна корист.

    Би сакал да знам што ли им се врткаше во глава на сите оние луѓе кои отидоа денес на фрлањето на
    крстот. Зошто ли одеа таму? Што очекуваа да видат и да добијат? Од друга страна, се прашувам како ли оние кои требаше духовно да го збогатат народот (а тоа се верските лидери) гледаа на овој настан? Тие денес ја имаа уникатната можност да го работат она за кое се определиле. За оние кои скокаа по крстот веќе ми е јасно. ,,Светиот лап-топ’’ беше во нивните умови и срца. Затоа за нив не се ни прашувам што размислуваа. Но, ме интересира како народов се задоволува со толкава површност. Зар воопшто не сакаме да ѕирнеме малку под површината, да научиме нешто повеќе? Зашто знаете… без разлика на тоа кој ќе го фати крстот сепак оној немиот посматрач освен што ќе земе во шишенце од ткн. света вода, друга добивка и нема да има. Сепак, и покрај духовната празнотија кој година по година народот ја ,,добива’’ сепак празнувањето на Богојавление станува хит. Дури веќе почна да се прикажува на телевизија. Во Охрид, градот кој сакаме да го претставиме како ,,Балканскиот Ерусалим’’, сакаат да постават некаков Гинисов рекорд. Што друго да кажам освен: ,,Ех, оваа моја чудесна земја!’’
    Би сакал секој од нас пред да продолжи со читањето на овој текст, да се обиде да одговори на следниве прашања.

    1. Што празнуваме на овој ден?
    2. Дали Исус Христос го фатил крстот во реката Јордан?
    3. Од кого бил крстен Исус Христос и на која возраст?
    4. Зошто бил крстен Исус Христос?
    5. И зошто Христовото крштевање е важно за нас?

    А еве ги и одговорите на овие прашања. На овој ден се слави празникот Богојавление. Денес си спомнуваме за моментот кога Бог го прекина четиривековниот молк и повторно му се објави на човештвото. Богочовекот Исус Христос беше крстен во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстителот, на Негови триесетина години. И не, Исус не го фати крстот на овој ден. Тој го понесе Сопствениот крст неколку години подоцна. Но, за Него крстот не значеше лаптоп, телевизор и парична награда. За Него крстот не значеше честитки од народните водачи. За Него крстот не значеше никаква добивка. Баш напротив, за Него крстот значеше загуба. За Исус крстот значеше смрт. За Исус крстот значеше откажување од оние кои Му беа најблиски. Таму, на крстот Голготски Синот Божји го даде Својот живот за ние преку вера во Него да живееме. На тој крст, Јагнето Божјо беше принесено како жртва со која се платени нашите гревови. ,,Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја’’ одекнуваат моќно зборовите на апостолот Павле запишани во Второто Послание до Коринтјаните. Но, ниту Јован Крстителот, ниту Исус, ниту кој било друг не скокна по крстот во реката Јордан. Што се случи тој ден на реката Јордан? Јован Крстителот проповедаше покајание и приближување на Царството Небесно. Кај него доаѓаше народ од Јудеја, Ерусалим и од целиот Јордански крај за да бидат крстени.

    Внимавајте, во тоа време крштевањето е невообичаена работа! Евреите го имаа својот ритуал на обрежување кој се случуваше во 8миот ден од животот на новороденчето. Сепак, Јован Крстителот по Божји налог започна да крштева луѓе дури и од Божјиот народ. Евреите сметаа дека со самото тоа што тие се синови Авраамови тие немаат потреба од нешто друго. Заборавија дека многу поважно е обрежувањето на срцето, а не простото обрежување на телото. Јован Крстителот им проповедаше покајание и спроведуваше крштевање токму меѓу Божјиот народ. И народот доаѓаше да биде крстен- што значи дека и Евреите ја согледуваа потребата од нановораѓање. Тие разбираа дека не е доволно само да бидеш Евреин по потекло и да ги имаш извршено сите церемонии. Службата на Јован Крстителот е едно сведоштво дека и Евреите признаваа дека треба нешто повеќе од празните форми, дека е потребн а трансформација на содржината, промена на срцето и умот. Всушност, самиот збор ,,Покајание’’ или ,,Метаноја’’ значи промена на умот! Евреите доаѓаа и признаваа: ,,Не можеме вака, потребна ни е промена!’’ Крштевањето никако не смее да се сфати како еден религиски ритуал, како уште една форма која треба да биде извршена. Крштевањето е многу повеќе од тоа- тоа е завет кој го склучуваме со Бога! Дека крштевањето на Јован Крстителот не беше само празен ритуал, зборува и фактот дека тој побара од самите верски водачи на Израелскиот народ (фарисеите и садукеите) да создадат плод достоен за покајание. Колку револуционерно, зар не? На народот кој практично беше потопен во ритуали и разноразни начини како да се исполнат законите и традициите, Јован Крстителот им проповедаше покајание!

    Но, не проповедаше само покајание! Јован Крстителот имаше и една друга задача- тој беше оној кој го најави Месијата! И тогаш доаѓа Исус Христос, Месијата, да биде крстен. Си велите: ,,Но, зошто Исус да биде крстен со Јовановото крштевање, кое беше крштевање за покајание? Зар Исус имаше сторено некаков грев, та сега е потребно да се покае и да бара прошка?’’ Доколку си го поставувате ова прашање, честитам! Одлично размислувате! На ист начин размислуваше и Јован Крстителот додека го одвраќаше Исуса од крштевањето! Еве ги повторно неговите зборови кои Му ги упати на Исус: ,,Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти кај мене ли доаѓаш!?” (Евангелие по Матеј 3:14). Безгрешниот дојде да се крсти кај Јован, а Неговиот одговор беше: ,,Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.’’ Се сеќавате на стихот од апостолот Павле кој веќе го цитирав погоре? ,,Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја’’ Оној Кој не знаеше грев, Безгрешниот Исус стана грев. Синот Божји стана Син Човечки, за да можат чедата човечки да станат чеда Божји. Во Божјите очи ние, иако грешници, преку Христовата жртва сме оправдани. Христос стана нашата правда! Оној кој преку вера во Христа е облечен во Божјите очи е оправдан. Исус живееше праведен живот наместо нас грешниците и кога умре- Тој не умре поради некој Свој грев. Тој умре поради нашите гревови и ја задоволи правдата која велеше дека ,,платата, што ја дава гревот, е смрт’’ но, милостивиот Бог преку Христос ни даде подарок: ,,а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ.’’ (Послание до Римјаните 6:23). Христос се роди поради нас, Христос страдаше поради нас, Христос умре поради нас. А денес го славиме Христовото крштевање, кое се случи поради нас. Во Христовото крштевање гледаме пример на послушност: Христос беше послушен во се’, послушен во отелотворувањето во ваков свет полн со грев, послушен во крштевањето, послушен во службата, послушен дури до самата смрт! И во сево ова, Христос е нашиот пример.

    Но, централното случување на Богојавление беше моментот кога Бог се објави. Во многу ситуации на многу начини Бог му се објави на човекот иако воопшто не е должен да го прави тоа. По Падот во грев, човекот заслужува вечно да биде одвоен од Небесниот Отец. Но, сепак, поради Неговата огромна милост, Бог ни се објавува. Додека народот стоеше на брегот на Јордан чекајќи да биде крстен од Јован, народот го немаше слушнато Божјиот глас со векови! Се чинеше како Бог да го напуштил Својот народ. Но, кога Исус беше крстен и кога излезе од водата, се отворија небесата и Духот Божји слезе над Него како гулаб. Глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!” Бог се јави! Бог се јави да го објави Својот Единороден Син Кој е во потполност според Божјата волја! Бог се јави да му даде на човекот повторно нова шанса. Бог се јави да го спаси човекот од гревот! Бог се јави да го спаси човекот од смртта! Ете, драги мои, тоа е пораката која ја носи Богојавление.

    Но, наместо да ја славиме оваа порака, кај нас празникот Богојавление е некаква традиција која се накалемила и која гледаме дека денес се прилагодува на новите трендови па така си наоѓа свое оправдание и причина за постоење. Наместо овој ден и сите тие собири да се искористат за да се проповеда оваа Радосна Вест дека Бог се објави и дека Бог е Бог на милост и благодат, дека Бог преку крстот на Својот Син сака да создаде мир меѓу тебе и Него… вниманието на стотици илјадници Македонци денес беше насочено кон тоа кој ќе го фати крстот. Наместо да се прашаме што добивме од Оној Кој пред речиси 2.000 години го понесе Својот крст, ние се прашуваме кој го фати крстот во Вардар оваа година. Наместо да се прашуваме и да благодариме за се’ што ни даде Бог преку крстот Христов, ние се прашуваме што ќе добие денес оној кој во Вардар го фати крстот. Нека не биде така повеќе! Нека отсега, не само на празници туку и во секојдневието, наш фокус биде Оној за Кој Бог Отецот кога се јави рече: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!”
    Извор Христијански портал

    Бог се јави, за многу години празникот.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Жаре и неговиот хумор и талент за стенд ап.
    [​IMG]
    Зошто мисли дека има смисла за хумор...зошто..
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Најубаво ми е кога сама ќе си напраам некој долго посакуван специјалитет и онака со уживање и полека ќе си се прејадам на мира.
    Така и вечерва ми се пријаде нешто благо, нешто палачинкасто и си напраив превкусни американски палачинки. Ама таман искористувам ситуација што мајка ми е на работа, зашто во спротивно ќе треба устата со селотејп да и ја залепам. Пази брашното да не го истуриш, пази јајцето да не ти падне, леле зејтинот ти прегоре и на крај од кога ќе напраиш веќе и апетитот сум го изгубила. :^)
    За задоволството да е уште поголемо, си напраив и чоколаден сос на мој начин и за вечера калории еден куп. :D

    Уживајте во остатокот од вечерва и од утре полни батерии за нови стресови и обврски. :doh:
     
    На iloveyou29, Elennaa, tirkenbal и 2 други им се допаѓа ова.
  8. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    ... "пуштејте деттето бе, еј!" Не, најсериозно. Трагикомедии е случајот со Борислава Славкова. :D

    А јас сум била и понапната во животот ама дека стареам почна притисокот да ме мава.
    Јебеш ли га, некаде мора да избие.
    Алал нека му е на Паров Стелар, инаку како ќе смирував живци.. Електро свинг му е мајката.
     
    На Hipster и LittlePinky им се допаѓа ова.
  9. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Ми се ближи родендееенот ^_^
     
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Така некако.

    [​IMG]
     
    На iloveyou29, Elennaa, Dvolicen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Дали можда и некој друг примети дека И, Александар Македонски го фати крстот денеска... Сител известија! :D :D :D :D
     
    На Elennaa, simonna.a, Gioia и 4 други им се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Понекогаш не знам како ме поднесуваат луѓево, знам да бидам напорна мислам. Или ептен сум срцка, или тие што ме поднесуваат е многу добри.
    И знам, свесна сум дека сама си подготвувам жешка каша, сама си правам стапици, и прашање на време е кога ќе се изгорам и кога ќе почнам сама да си се фаќам во стапиците. Ми иде да си врзам сама шамар и да си речам: Свести се :^) Ама што потоа? Што кога ќе се свестам!? Ова ми е нешто како чоколадо за време на диета. Или хамбургер. Или пилешки прсти.
    И во вакви моменти се прашувам: Треба да се жртвуваме во сегашноста за подобра и сигурна иднина, или да ја живееме сегашноста до максимум по наши желби, без многу да размилуваме за иднината, и онака е непредвидлива!? И доколку стигнеме до таа „иднина“, што би болело повеќе, пропуштените прилики или грижата на совест!?
    Хмм... тешки филозофски мисли ме мачат, јас мислам треба да се опуштам со жежок туш, и да ги пуштам замаглените мисли да ги однесе пареата. И да бидам подобра. Со мене и со сите. Чао.
     
    На Elennaa, Desert.Rose, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    СДК дека не ми се учи |( . Ама ич! Пак си почнав со моето, не одам на испитите, а тоа го одлучувам во 5 до 12, ништо не јадам, цело време ми се плаче... А уште полошо се осеќам и бидејќи ТОЈ не е тука, а секогаш ми беше најголема поддршка во ваквите денови. Се ме нервира и се надавам дека повеќе нема да ги менувам плановите во последен миг и дека ќе имам повеќе среќа, и покрај знаењето малку среќа...
     
  14. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Каква криза ме фати во моментов за топло сонце, пливање, плажа, води, сино небо аууу... Утре обврски и магли ме чекаат, јас си отидов на мозочна екскурзија...
     
  15. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Уште еден распуст заврши...
    Мислам дека знам што да очекувам утре...но ич не ме интересира.
    Сега ќе има и родителска. Петки ми се сите...

    Се сетив и зошто ми доаѓаше од задникот да си каснам од среќа пред некој ден. Беше за писмената по македонски за која наставничката ме пофали... пред неколку месеци. :D

    Следната драматизација по англиски - готова, во главата. Моно-драма како и минатата (неколку дена пред распустот), но како разговор со останатите ученици (и тие имаат право да зборуваат)..Супер ми е вака, бе. :D
    Овој пат нема навреди...ќе треба да бидам „добра“...иако не се каам за минатата, па дури иако последиците беа лоши.
    Темата ако добро се сеќавам е музиката, филмот и познатите личности во англиско говорно подрачје...

    Ќе мора да порабтам на пронаоѓање ново друштво...и по можност без идиоти.

    Кон средината или крајот на април ќе има регионален наптревар по физика...добро ми одат подготовките, па се надевам дека ќе продолжам и на републички...

    Нови драматизации, нови писмени по македноски, може и интересно да биде...ако најдам друштво. :D

    Ќе одам сигурно и на ликовно, „Цвеќе 2014“...овој пат се надевам како лидер на групата...(бидејќи од старите осми нема некои многу добри, а поголемите со кои бевме лани се веќе средношколци)...

    Ќе треба да полагам и за нов појас на карате.

    И турнирот на кошарка кој беше одложен ќе се одржи.

    Добро, нема мрзоволни почетоци овој пат. На крај, се има и добра страна...
    Па, само четири месеци и дваесет дена се...

    Само уште друштво ми фали...
    Колку би била среќна кога би пронашла некое забегано друштво... :lol:

    Еве еден поздрав до вас...
    Песната ми е супер:
    https://www.youtube.com/watch?v=BcL---4 ... cBxw1VZ-l_

    Само се обидувам да се тешам...
     
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ако погледнеме објективно, жените ги прават проблемите. Само си поигруваат. Се сеќавате на Елена и Ахил? Елена си остана жива, а Ахил не. Едноставно кажано - Женско ќе ве заебе до крај. А вас нема да ви е јасно дали тоа било вистинската или не. Бидејќи женското ќе ве заебе до крај без разлика дали таа ве љуби или не. Бидејќи таа ќе ве заебе на крајот.

    Абе сите жени ги уништија сите мажи. Со Гетсби беше слично. Мислам - мислам. Ќе помине.
    Не треба да им се верува на жените ама ич. Бидејќи нели тие се змии.
    :D
    Дааах.

    Затоа не би требало да се замарате толку многу со нив.

    Всушност целиот поим љубов е преценет. И недофатлив како совршенство.

    Сега полесно ви е драги мажи?!

    Бидејќи вие сте толку едноставни и божемски секогаш знаете што сакате а ние сме така ебано комплицирани. И како да се најде крајот на таа комплицираност?

    Па веројатно никогаш нема да се најде.

    Затоа и јас викам кој си може да живее и да има секс без чувства ќе си биде ОК. Кој неможе е тој е најзаебаниот. А најчесто жените се тие кои неможат да се ебат со некој за кој немаат чувства.

    И чекај ти се молам сега во сето тоа кој е по идиот - жените или мажите?! Мислам недела е!
     
    На leighton23 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  17. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    ^Парис. Елена и Парис.
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Полека но сигурно работите почнуваат да се средуваат. Фала му на Бога.

    Едноставно, понекогаш треба да заборавиме и избришеме се` што ни се случило, за да почнеме од почеток.
    Не сум човек кој брзо ги заборава грешките на другите, а и уште потешко преминувам преку нив, но сфатив дека прв и основен чекор кој треба да се превземе во случај кога сакаме да почнеме нешто од почеток е всушност тоа.
    Да заборавиш. Или да се преправаш дека си заборавил. Сеедно.

    Краток е животов за да го трошиме на инаетење и расправање. Зошто сето тоа кога се` може да помине подобро?!?
    Едно од најважните нешта во животов е трпението, кое јас, за жал го немам.
    Само со трпение ќе успееме да дојдеме до она што го посакуваме.
    Полека, но сигурно.
    Без брзање и форсирање на работите.
    И храброст, како втора работа, која, за среќа ја имам повеќе од порано.

    На крај краева, она што треба да се случи ќе се случи без разлика на се`.
    Но, понекогаш е добро и ние да замешаме прсти во судбината.
     
    На iloveyou29, Antoninaaa, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Да, изнервирана сум и се побркав со педеров.
     
    На Azriel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Кога би умрел зборот збогум што радост би било меѓу нас...иххх бе еве вака сонце одма би ме огреало и во најтмурен ден! :sun: vs. :rain:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.