Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Srekichka

    Srekichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    39
    Па како што не планирав, продуктивен денов ми излезе :D
    Мислам дека веќе конечноооооо си ја научив лекцијата, ако вака терам убаво ќе ми биде. :)
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    А оние приказни кои почнуваат со некогаш,или еднаш одамна...
    тие...
    врежани во умот
    украдени од срцата
    а вечно таму
    оставени да спијат,
    по некое време
    да се издигнат од правот
    колку да не потсетат
    дека никогаш нема да
    заминат од срцевите длабочини.

    Сите ги имаме,нели.....
     
    На girlx3, iloveyou29, kala21 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Ова сега што ќе го кажам не го сфаќајте како навреда или слично, не е за вас наменето девојкии :) толкуу небитни луѓе имаа :rofl: идетеее лечеетее се брееее, ненормални еднии :fubar: :swear:
     

    Прикачени фајлови:

    На Forever18 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Јас сум ти... електронски уназадена личност. [​IMG]

    Денес дознав, а којзнае од кога ми бил рикнат мобилниот. [​IMG] Ако верувате, од лани го немам уклучено. :!: Едноставно ме мрзи и немам живци да се расправам со мобилни телефони, а камо ли со нивните батерии, полначи, слушалки. :wasntme: Додека сум на распуст, телефонот си стои... чекај, ниту јас не знам каде стои, го наоѓам ден пред да почнам во школо. И од тогаш, уште си стои на сајлент. [​IMG] На мене ми се несфатливи личностите што постојано разговараат на мобилен. :wasntme: Никако не можам да се замислам, да го ставам мобилниот на кревет, да чекам некој да ми пише порака. :wasntme: До мене е, очигледно. Баш ме заболе, одоздола, па нагоре. [​IMG] Имам неколку другарки, значи чим ти се јават, нема спуштање. Не можеш да ги откачиш, еј. [​IMG] - А бе види сега, мајка ми ја пратив по улошки, оние зеленине. Оние плавине не впиваат толку. |( Леле, фала ти за многу битната информација, што ја сподели со мене. [​IMG]

    Јас мобилен користам... чекај да ми текне за што. [​IMG] А да, на почетокот кога го имав гомцето Pou. И сега, за да видам кога имам автобус. Евентуално, да се договорам за нешто. [​IMG] Се договараме во толку и толку, нема доцнење, не ме интересира. [​IMG] А за полнење, сестра ми ми го полни, јас заборавам. :wasntme: Сите пораки на мобилен ми се: - Козо, кога ќе си дојдеш? - Имаш пари за такси? Е па ај купи ми затворена пица. [​IMG] Или: - Кравоооо, дај ма крени, веќе. [​IMG]

    Едно време си реков... ај ќе си симнам 500 песни, за во автобус да си слушам музика. Ахм, да. :up: Додека да ги најдам слушалките низ ташната, додека ги отплеткам, додека си најдам асална песна, сум стигнала дома. [​IMG]

    Ако некој ме бара, има шанса да ме добие, само додека сум во школо. [​IMG] Имам петнаесетина контакти во именик, не го давам на секого бројот и повторно се залепуваат некои скриени броеви. [​IMG]

    Не го малтретирам воопшто и ете го, цркнал. Единствено што одвреме навреме, му ја испробувам издржливоста, колку е физички подготвен. [​IMG] Сите мобилни ги користам, до крај. Така сега земав едно солидно телефонче, без камера, дома го најдов. 8) Има часовник, календар, именик, калкулатор, штоперица. Што ќе ми е повеќе? [​IMG]
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Daydream, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  5. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Не ми е јасно како останувате рамнодушни на зимскава трпеза, на манџите бабини и на колачињата направени од мајчините раце. Јас не можам. Па и уште фурнаџиско лепче што ти доаѓа да го јадеш додека го снема.
    Ќе влезам кај баба ми и секој ден ми е ново откритие, мирисам и погодувам што направила денес, ќе се сврти со насмевка зашто сум ја намирисала сета љубов и ги гледам тие очи што ме чекале целo утрo.
    Слабост ми е баба ми.
    А и нејзините манџи.

    *

    Не знам зошто, ама луѓето што ја имаат виолетовата за омилена, не излегуваат баш позитивни ликови во мојов живот. Треба да додадам нов критериум при ширење познанства, сигурно ќе си го олеснам животот.
    Реформи, тешки реформи ми доживува животецов.
    За вас не знам, ама кај мене се се врти околу едно - мелодијата. Судам луѓе според вкус за музика, првослушнатата песна суптилно ми го диктира денот, па ме прави да бидам ваква или онаква уште повеќе, ми ја грее душата, ми ја лути дополнително кога треба, ми поместува од кревет и ме тера да ја разбушавам косата.
    Реформа #1 избриши ги сите тажни песни од мобилен. - checked. :mm:

    Смешно нели? :tmi:
    Тежок чекор за мене. :!:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, fatamorgana123, ariela09 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Моментот кога непознат ќе те праша дали имаш чорапи над колена, до бутини, самодржачки.
    [​IMG]
    Прајслес :rock:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    СДК до сите што не ви се спие,но мора да легнете зошто утре треба рано да станете тука е решението. :D
    Слушнете го ова и ќе ви се приспие. http://www.youtube.com/watch?v=tYk0F4O-zck
    100% делува-проверено е.
    Сега добра ноќ,одам да си легнам. :yawn: |-)
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ферски, 50-50!

    И ќе видиш дека таа одлука е најбезбедна. И нема да боли толку долго. И нема лутење.

    Ме создале ептен фина и морам да го кажам ова. Нарцис нели?
     
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.924
    Допаѓања:
    89.716
    Пол:
    Женски
    Истата работа ни се случува сигурно :D Можеби ги сака имињата кои започнуваат на буквата В :D
     
    На srcence1607 и Vikica.cuci им се допаѓа ова.
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Хахаха можно е, не се знај :D
     
  11. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Тој што те вара со бившата, е тој да си го чуваш лепотице :D
     
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Како мала се плашев од темница...некое необјасниво чувство на имагинарен страв, длабоко навлезен во мојата потсвест. Можеби тоа чувство никогаш и не исчезнало, туку било закопано некаде длабоко во мене, потиснато од убедувањето дека возраста надминува некои предрасуди, дава одговор на некои прашања, нуди сигурност и цврстина кога се ставаш во улога на родител кој го легнува детето пред спиење и го убедува дека под креветот нема чудовиште. И во мене тоа потиснато чувство, почна да се буди, да се подига кон површината, да ми ги блокира мислите, да ми создава тахикардија, да ме следи кога станувам навечер за во вц или на малечкиот да му направам млеко,кога одам во подрумот по тегла ајвар го чувствувам во грлото, со мене се вози во лифтот од приземје до петиот кат и назад...со премногу смрт се соочив деновиве и се познати млади ликови тапо гледаат од парчето хартија, залепено по дрвјата низ центарот на градот,парче хартија кое соопштува жална вест. И тогаш сфаќаш, колку всушност сакаш детето во тебе никогаш да не порасне, колку ти треба цврста прегратка која те убедува дека само лошо си сонувал, колку само сакаш ноќта да помине и утре повторно да го собереш друштвото за да ја доиграте недовршената игра од вчера... занемарувајќи го фактот, дека сите ние имаме по некој скелет во нашите плакари...
     
    На Peppermint, kate21, Daydream и 12 други им се допаѓа ова.
  13. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски

    И мене ме прашаа истото |(
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Повеќе сеедно во живот не ми било. А таман си реков живнав троа.
    Ноуп.
    |(

    Полагам за два дена, и тоа неколку денови по ред, немам почнато со учење, само ги префрлам книгите и листовите од едно на друго место. Толку ми е гајле, што ми иде да земам и да се отпишам од факултетот кој ме угуши, ме притиска, ме држи, ми ги држи желбите во кафез и не ми дава да претнам. Сеедно ми е дали ќе положам или ќе паднам, а не треба да ми биде, треба да седам и да учам како ненормална за да отидам со чиста година во Америка. Сепак, мене ми е сеедно. Како ќе ми се смени животот ако завршам факултет, или па ако не завршам? Полошо од моменталнава ситуација не може да биде.

    Дома веќе неколку дена не им правам муабет, оти ми е сеедно за тоа што ме прашуваат. Дали јадеше, спиеше ли ноќеска, кога ќе одиш за Скопје... А, битно ли е? Ни па има нешто што ми е битно и важно во животов. Мене на пример, ништо од тоа не ми е ни битно, ни важно. Јадам кога ми кркорат цревата, спијам кога се разденува, и не знам дали сакам да одам за Скопје. Требаше да одам на ручек кај баба ми, и наместо да отидам, без никаква, ама никаква причина и повод го преспав цел ден, а вчера и сржев на мајка ми да им каже да не ме чекаат. Битно ли е дали ќе отидам на ручек?

    Телефонот ми е на сајлент поголем дел од времето, едноставно не ми се разговара, ни па сакам да ме прекинува некој во целодневните преспивања. Испаѓам ради реда, ме гуши гласна музика, ме гуши гужва, алиштата ми стојат во еден куфер, разџиткани... ни знам што имам за носење, ни па ме интересира како изгледам, едноставно, се облекувам ради реда со првото што ќе ми дојде при рака. И одвај чекам да си дојдам дома. Ми смета косата, редно е да одам и да ја исечам на пола, чим ми иде времето за шишање, збрлавувам. Денеска заклучив дека и бодито сум заборавила да го закопчам, ама повторно, битно ли е дали ми виси пола боди од фармерките?

    И тоа мало светло во тунелот што го имав, што ми викаше јуху, Америка, ми се изгаси тотално, |( да немав уплатено ќе се повлечев, ама нема смисла да пропаднат парите. Мада што, и за тоа ми е искрено сеедно, подобро да пропадне мала сума неголи сите кога ќе стасам таму во пустелија како лани, и нема да можам да си дојдам назад... Сите се преваранти, сите гледаат да те пикнат некаде кај што никој не сака да оди, ми ги потонаа сите желби и за таму... Епа ебате ненормалните, стварно не знам дали е до мене или е до нив, ама секоја чест на системов и на функционирање на сите работи околу мене. Стварно.

    Одамна требаше да ми се запали ламбичето ,чек енџин, кога веќе се презаситив од читање книги и ми стануваа досадни, почна да ме иритира музика и порадо би да седев во тишина неголи со музика, сите филмови станаа срање и не можев да додржам да изгледам ниеден, и кога порадо ќе останев дома сама отколку да одам некаде... Не ме интересираше ни да пробам нов рецепт, ни да си купам нови алишта, ни да се подновам со било што, ни да направам било што корисно, и да го поминам цел ден правејќи... ништо. Е тука требаше да се упали алармот, да пишти и да вришти и да ме тресне од ѕид, да ми рече, да ме стресе дека еланот и желбата ми ги нема, ништо ми нема, ни она време за уживање и сакање на самата себеси го нема. Ама не, напротив, само повеќе и повеќе и повеќе се гасев, за апсолутно веќе ништо да не ме интересира.

    А, ме предупредија, дека ме фаќа огромна апатија и дека морам подитно да си најдам некое хоби. Просто, се' во кое порано уживав стана терет. Го прекопав интернетот за да најдам нешто што би правела, било што, и не ми се прави ништо. И тука е плус проблемот, не ми е гајле дали ме фаќа апатија или не, си дигнав раци и од самата себе на некој начин. Ги преспивам деновите, ми се плаче и собирам горчини,ако испаднам само летам со погледот нагоре, или накај саатот надоле и чекам да дојде време да си одам.

    Најтрагично, не можам ни да се исплачам. И тагата е емоција, добредојдена е во моментов, тоа ќе и кажам, нека дојде и нека ме натера да плачам како мало дете, барем да речам уште има душа во мене, остана некое делче, не сум бездушна. Како некој да ми ги исклучи сите емоции, и ништо не може да ги помрдне, ни во позитивна, ни во негативна насока.

    Е, најжива сум на едно место, во мозокот мој, кога ќе заспијам, таму сум најжива. Трчам, се борам, се буткам, едноставно живеам. Секоја вечер се измачувам со потсвеста и соновите што ми ги праќа, со автобуси што вечно доцнат некаде а јас сум во нив, заби кои се кршат и ронат и паѓаат додека јас немо се гледам во огледало, беззаба, бебиња што вриштат и ме тераат да ги спасам и да ги гушкам и заштитам од нешто, возови преполни со луѓе, иднината ја гледам, со распаднати куќи, со остарени ликови, изнемоштени и болни, а во мене болка, бес, тага.. И на сето тоа, јас трчам, на сите страни, трчам и се борам, не сакам да се разбудам, оти само таму се борам. Мора од некоја страна и тој да пристигне, обавезно, ако ништо друго, само ќе ме гушне, и ќе си отиде. За јас наредниот ден уште повеќе да си ја чукам главата дали постапувам правилно или не, што направив, што ми направи, што му направив, и така натаму до бескрај и назад додека не исчурам и не се вратам на почетниот степен на лудило. |(

    Велат, какви ти се фиоките и регалот, таков ти е животот. Јас немам, ни свои фиоки, ни свој регал за да бидат подредени и наредени, барем не во моментов. Се' е истурено и претурено, во кутии, куфери, ќесиња, на пола и повеќе од алиштата не се ни сеќавам дека ги имам, се мотка низ куќава козметика на сите страни, почната и недовршена, оставена да и помине рокот, оставена на времето. Тетратки и книги, разџиткани во некои кутии, Господ знае кое каде е, ако ми притреба нешто итно ќе се крстам. И сакам да ги наредам, да ги средам и да ми се среди и животот, ама навистина не знам од кај попрво да почнам, и кој куп да го фатам. Впрочем, има ли поента... секако ми е сеедно.
     
    На najubava2010, ilipili, Ariel и 37 други им се допаѓа ова.
  15. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Дали тоа тука се зборува за член со ник Кристијан25? :rofl:

    Ако да, кревам два прсти и јас. :^) :lol:
     
  16. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Денеска и утре ми е слава :) Нека им е среќна на сите што ја слават , останатите повелете на гости :D Највеќе од се што ми се допаѓа овој период е што има се за јадење и во големи количини :lol: И така ова апсолутно ќе одговара на мојата нарушена линија , ама така иде со ова празнициве ... Ај за убаво нека е ! :D
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.924
    Допаѓања:
    89.716
    Пол:
    Женски

    Добредојде во друштвото Хана :D Сигурна сум дека ќе се пријават уште :D
     
    На Westlife и Decapitated.Hanna им се допаѓа ова.
  18. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Го мразам моментот кога ке напишам реферати во СДК мои мислења,мои чувства и само потоа го бришам. Над 20 пати ми се има случено тоа. Повторно имам пишано натаму но пак избришав.

    Сакам свој живот.Имам своја замисла.Живот,среќа.
     
  19. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски

    да да , инче тој е тој член |(
     
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... cdTxiXRI5U
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.