Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Сериозно, моево тело не може да научи да функвионира како што треба затоа што моите гадни навики не го дозволуваат тоа. Денот ми е ноќ, а ноќта ден. Во најбуквална можна смисла.
    Пореметено ми е спиењето, јадењето, легнувањето, станувањето, не можам ниту една обврска од изутрина да завршам зошто тогаш ме фаќа сон и не можам да се освестам и одделам од креветов, а времето си поминува, животот си тече. Сигурно нема мене да ме чека некој да пораснам и станам одговорна.
    Ме дочекаа четири казни за задоцнето пријавување на испити зошто го пропуштив рокот, не знам како да соопштам дома, еве и тоа ме мачи ли мачи сега и не дава да се спуштам глава на перница, затворам очи и мирно заспијам. Казнава по 1000ка од испит.
    Не знам дали има надеж за мене реално. Да се продаваа некои апчиња што ќе ја поттикнуваа одговорноста кај луѓето јас ќе бев редовен конзуматор. Ма ќе се дрогирав со нив.
    Ама добредојде во реалноста, на 18 години пробај смени си го карактерот. Мхм, да.
    Како и да е вреди да се проба, си поставувам нова задача за идниов ми период, сместување гз исто во читална зошто црно ми се пишува.

    Останете ми добри!
     
    На iloveyou29, Barbie20, Marossa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Еве сум и јас. :D
    Изгледа не се само на В. :rofl:
    Абе ќе си умрам. :lol:
     
  3. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Директен пренос од дневната соба дома кај мене. :lol:


    http://www.youtube.com/watch?v=y6Sxv-sUYtM

    Новата химна дома, би требало после милионите пат на слушање на песнава да не можам да ја поднесам ама поради тоа што им прави на синовите би ја слушала да крајот на векот и би барала уште.

    Малиот дури бараше и шешир да биде како чичкото во спотот, прво не го разбиравме што сака, после од кога разбравме додека најдовме поминаа неколку дена ама сето тоа вредеше, имам сниман материјал за два живота. :inlove:

    Е сега а го стави шеширот морам одма да му ја пуштам песната, само вика:
    Мама, гласно, мама гласно, маамаааааааааа ГЛАСНООООООООООООООО и што да кажам пуштам најгласно, куќава се треси ама малиов е среќен, нели тоа е најбитно. :wasntme:
    Другото го оставам доле на земја на ќебенце и брат му го влече низ цела дневна во такт со музиката и кога ќе дојде до овој дел:

    Because I’m happy
    Clap along if you feel like a room without a roof
    Because I’m happy
    Clap along if you feel like happiness is the truth
    Because I’m happy
    Clap along if you know what happiness is to you
    Because I’m happy
    Clap along if you feel like that’s what you wanna do


    застанува и му пее на братчето и шлапка со рачињата :clap: , вртејќи круг околу него. :inlove:
    Малово пак додека го влече брат му низ дневна се врти на стомак ама кога ќе застане брат му да му пее веднаш се врти на грб и буквално В-Р-И-Ш-Т-И од радости, се засркнува од смеење, малово дефинитивно ќе биде батина маза. :D

    Неколку пати се фатив кај што ги гледам и човече солзи ми течеа од среќа, се чудам што толку добро имам направено за да заслужам ваква среќа и пред да почнам да се вовлекувам во некои црни мисли само ми треба едно викање од малиот ајде мама, ајде играј и се е повторно во ред, веднаш сум до малиот и си пејам:

    ^_^
    bring me down
    can't nothing bring me down
    your love is too high
    bring me down
    can't nothing bring me down
    i said (let me tell you now)
    bring me down
    can't nothing bring me down
    your love is too high
    bring me down
    can't nothing bring me down
    i said


    Иако малиов има добар музички вкус, тоа на мајка му е :rofl: сепак ќе се потрудам да го научам некоја строфа од Stairway to heaven, да му отпее на татко му место среќен роденден, сигурна сум дека ќе се подмоча од среќа мм, бест пресент евер ќе му биде. :rock:

    Леле не сум се уклучила воопшто оваа година, гости, одмори итн, аууу имам преку 120 страни само од СДК :sweat: ај до утре ваљда ќе успеам се да прочитам.
     
    На Foreveryoungiwannabe, sweet-star, MaggieTatum и 40 други им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сакам да и кажам на една девојка , не е важна далечината помеѓу нас, важно е дека ти си во моите мисли, ти си онаму каде што треба да бидеш а тоа е во моето срце :l:

    Драги Феминки ви посакувам убав работен ден.
     
    На Adi888, Barbie20, Viktorijaaa5 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Немам пишано на темава од пред Нова година, што значи, годинава како да немам што да кажам, не дека ептен ништо не ми се дешава, иако можно е и да се лажам себе си...само ете што знам, кога си молчам сум помудра.

    Се чувствувам многу убаво, ретко кога такви ми се утрата, ама ете се случува. Не сум спиена повеќе од 40 саати, очите ми маглат, не можам да гледам, глава ме боли.. Работев на два проекта што ми го нарачаа во пет за дванаесет, ги сработив за ден ипол , сега ми ги пратија парите на сметка и многу сум горда на себе. Не дека е нешто посебно, обично истражување и студија на случај кој ќе му послужи на некој што го мрзи да си ја обавува својата примарна должност, па мора да плати да му средат, ама јас битно се чувствувам корисно. Барем на основа на туѓа мрза ние што цел живот се трудиме и вложуваме во себе да добиеме нешто, иако не е тоа тоа, но сепак е нешто и е подобро од ништо..

    И така се си мислам дека во право е мама кога вика дека можат се да ти одземат, ама тоа што го имаш во себе и што го умееш не можат. Тој што верува во себе, што знае дека вложил во себе, пак ќе се снајде вака или онака, ќе извлече некоја корист од секоја сфера, ама оние готованите што мислат дека кога ќе прелажат некој и ќе бидат проценети како повредни од тоа што навистина се, се лажат само себе си, зашто знаат длабоко во себе дека работата е сам се лажам сам си верувам.

    И така идам да си купам еден бурек, гајле ми е и диета и калории и се живо, и успут ако сретнам некое кученце бездомно ќе му купам и него да касне, зашто сама така ми се исполнува душава и се чувствувам многу подобро, тоа ми е единствена инстант терапија. И светлина да видам, зашто главата ќе ми се расцепи. Овој ден ќе ми биде убав, па нека се обиде некој да ми го расипе и ќе види дека нема да му успее. Ќе си се изнаспијам конечно и вечер ќе си отидам на една убава вечера со сакани и блиски луѓе.

    Живот је некад сив, ама денес ми е ептен жут. И убаво ми е онака кога не се осеќам дека сум за украс само, а знам дека не сум за тоа дојдена на планетава дефинитивно.
     
    На Barbie20, Libera, Gea и 8 други им се допаѓа ова.
  6. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    АКО ОВА Е САМО СОН...
    ПОДОБРО НИКОГАШ ДА НЕ СЕ РАЗБУДАМ :l: :inlove:
     
  7. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Eпа драги феминки нашиов Витомир се заљубил ....Треба да се навикнеме на неговите љубовни статуси :$ со богати реченици..
    Ах љубов :D
    Инаку браво за напишаното ...интересно.. :clap:
     
    На poenta и vitomir им се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.552
    Пол:
    Женски


    И јас кревам 2 прста. Морам да признаам на сец ме фати малце со пораките во инбокс. :D :D
     
  9. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    После дожд иде сонце :$
    Не ми се верува. Имав навистина изминативе 4-5 месеци лош период. Единствената работа што не се промени беше факултетот. Бев редовна и успешна. Се друго ми одеше однаопаку. :devil:
    Пред 3-4 недели разговарав со мојте. Почнавме тема од едно до скроз друго дојдовме ( како и секогаш ) потоа одлучија ете да ми порачат кола. Не ми се верува дека го живеам сонот. Кола. Каде сакам ќе одам и со која сакам.Ќе патувам ќе се возам самата себе :inlove:
    Не ми се верува. Нормално на почетокот мајка ми не ми дозволуваше оти Скопје било опасно место па само за мојот град да ја возам но лесно ја убедиме со тато. Тато ме сака, знаеш што сакам. Знае што е потребно за една млада девојка. Му ветив дека мојата заштеда во уни банка ќе ја искористам за бензин на почетокот. Знам дека не е лесно да се студира во друг град дете плус сметки плус стан и на крај да побарам кола :devil: но ако се присетам дека пред некоја ден за јсп плус за такси дадов 500 ден :@ и ми дојде онака идеа. Нормално најпрво мислев дека нема шанси но ете...и не беше така едноставно..мама сакаше цитроен, тато сакаше форд, после размислувавме за алфа ромео и на крај голф плус. Ми се допаѓа. Ја обожавам.Си легнав вчера со каталогот и цел ден ја гледам.Сакам да одам и денес до салон да ја видам. :inlove:
    Најубавото чуство е ова. Да ти се исполни желба кога најмалце се надеваш
    Сега морам да одам.Треба да се спремам за в град.Братучеда ми треба да ја информирам :) потоа ручек па гледање филм во кино :angel:
    Поздрав.Имајте убав ден :*
     
    На Izaabella, Barbie20 и richgirl998 им се допаѓа ова.
  10. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.985
    Пол:
    Женски
    Чувството кога се гледаш на список на положени од претежок испит. ^_^
     
    На iloveyou29, sweet-star, Buttterfly и 18 други им се допаѓа ова.
  11. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    4.064
    Пол:
    Женски
    Чувството кога ќе направиш нешто и веќе следната секунда се покајуваш.
    Зошто не размислувам на време... отпосле касно е :(
     
    На iloveyou29, Barbie20, Dvolicen и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    'Koлку пати сте дошле во ситуација да знаете дека некој ве лаже кога ве гледа во очи?!Да ве изневери најдобриот пријател заради безначајни работи?!Да ви каже "те сакам"некој на кој тоа му станало "добар ден",не размислувајќи колку може тоа да го повреди човекот на кого му се обраќа...Немојте да се изненадите ако ве изневери особата која ја сакате,ниту пак кога најдобриот пријател ќе ве издаде или кога ќе ве повреди некој што ви е премногу драг...Немојте да се чудите за ништо,зашто луѓето не се како што биле некогаш...
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    СДК...
    Физичката болка од вчера никако да престане.Чувство на тапо клукање на прстот ми отчкува како часовник :devil: Упорно продолжувам да удирам по тастатурата,но не се окажувам од желбата да се дружам со вас :) Не сакам да добијам еден неопрвдан изостанок од читателската публика.Доколку имам потреба за отсуство,тоа ќе го најавам :D
    Цврста сум и ќе издржам.Па,не е крај на светот што едниот прст го чувствувам како хендикепиран.
    Некои велат дека психичката болка е поголема...Можеби :?:Ако имате можност да изберете меѓу две зла,изберете го тоа што сте го искусиле...А кога се добро ќе заврши,болката се заборава.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Во животот две причини можат да не направат тажни :( , кога не успеваме да го добиеме она што го сакаме :!: и кога тоа конечно ќе го добиеме. Затоа, дозволете му на животот да тече низ вас, чувствувајте, но не врзувајте се на ништо! И што е најважно, кога зацртана цел ќе ја постигнете, веднаш поставете си нова! ;)
     
    На Barbie20, Antoninaaa, richgirl998 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Денеска на училиштеее! :rofl: :rofl:
     
  16. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Очекувано...
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Да остане човек присебен, да си ја зачува главата во ова време е најдоброто нешто што може да го направи за себе.

    Ама ми е мака во стомаков, не знам кој ме тераше толку да јадам :sweat: уште да почнам да се тркалам...

    А времево па, ко што тргнало, ќе имаме секој ден различно време, денес зима, утре лето, следечи ден опет исто и земјава у климакс е...
     
    На Glossy-girl, kala21, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 7 други им се допаѓа ова.
  18. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Преку глава више од тоа да пазим што ќе кажам и што ќе направам за другите да не ги повредам. Ми е гајле за се!! И ми е гајле што некоја другарка си се пронашла у мој (не лош)коментар на форумов па копала по него па ме дознала па сеа глуми бесни глисти на поштена Богородица. И да, и ова прочитај го, за тебе е. Ако сакаш дружи се со мене ако не- не, само не ми попувај од типот "јас ова не сум го заслужилааа ;) " зашто клише е више кога се караат другарки и тапа е. Смисли нешто ново.
    На 16 години не си набивам нервози и да се замарам со твој живот, а ако мислиш дека еден коментар за некој што е во слична ситуација како и ти, дека тоа што ќе му помогне и дека ти е испод части што тоа било дел од твојот приватен живот изнесено, онда брате не се дружи со мене ;) Јас имав само намера да помогнам некому а ако ти е тебе толку трагично, напушти.
    Јас и понатаму ќе продолжам да си пишувам мои мислења од овој профил, а ти драга слободно читај и онака се што е пишано, го знаеш веќе само што иам чувство дека отсега преку форумов ќе дознаваш зза мене пошто доволно те занимаше мојот живот и лично јас за да ми го ископаш профилот од преку 3 000 корисници :fubar: |(
     
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Пролет во градот :) Ама како што сум баксуз, место да излезам и да се прошетам на топлово јас лечам тежок мамурлак... :headbang:
     
  20. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Понекогаш родителите ги третираат своите деца нерамноправно. :|
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.