Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.921
    Допаѓања:
    89.705
    Пол:
    Женски
    Несакам сонцеее во јануарии ]:) Сакаам снеег ,сакам да ја осетам зимата а не да се осеќам како да доаѓа пролеет па :(
     
    На Umbrella22, Ketrin.Moon, Marjan007 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Го сакам искрено.
    Се заљубив.
    Тоа е најлошото нешто кое сум си го направила себеси.
     
    На summer-lover, Barbie20, Umbrella22 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.090
    Пол:
    Женски
    Сеа читам сезонски грип у ек, а јас до вчера се чудам на што се жалиме цела фамилија, само оф, оф и чалмине на глава. Ај со помин да е. :rofl:
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Let's face the truth...
    Не може во исто време да ти тргне на секое поле!

    Пу.
     
    На iloveyou29, Barbie20, la-chicka и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    сдк кога тргнува тргнато е, ама кога не сака :(
    е така ме фатил периодот мене :swear:
     
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Лош ден за првпат годинава,на лошо ми смрди тука. :geek: :D
    Новата наставничка по математика ја видовме,ни одржи час и мене искрено ми е пре антипатична и иритантна,а и денеска ни закажаа 2 теста.Еден по математика,еден по географија.Тешко мене... :( (демек некој го интересира дали правам тест или не,ама добро не е битно)
    Искрено имав желба за да одам на училиште,но кога ја видов новата наставничка и ми текна колку материјал имам сега и дека екстерно тестирање наскоро ќе правам,се молам да ме удри нешто по глава и да се разбудам тек во јуни. :|
    Ама ајде не се откажувам од прв ден јас,не смеам да си ги заборавам моите соништа,треба еден ден да ги отстварам,а ако сакам да ги отстварам морам да учам.
    Ајде Кате можеш ти. :muscle: (се тешам само :| )
    Едит:Замислувам како ми го чита ова наставничката по математика и утре добивам 1ца е тек тогаш скроз нема да ми се иде во школо. :rofl:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    СДК моето синче денес полни дуууури 1 година :inlove: и сме роденденски расположени сите дома :clap:
     
    На iloveyou29, Glossy-girl, Barbie20 и 27 други им се допаѓа ова.
  8. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Тек почело... бар уште 10 дена да беше распустов бе :wasntme:
    Ајде морам озбилно да се заозбилам годинава :geek:
    И времето почна! Имам неколку месеци да си ги поправам кутрите оценки.
    Ах.. жал ми е за нив. Се расипале :(
    Одам да им се посветам на книгите.
    Сигурна сум дека ќе бидат изненадени од мојата смелост. :geek:
     
    На summer-lover и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Не сум пишала од роденденот, изгледа како многу долго време да поминало, па и помина.
    Јас сум моментално во фаза кога не ми се учи, а треба да ги поладам најважните испити мееех... :|
    Секогаш се силам на почеток и сега сила немам за ништо. Така погледнувам накај прозорецот полу-замижано како вампир некој кој не видел светлина цела година. Изгледа како прекрасно да е надвор.
    Ќе си подремам јас малце на нет, па ќе соберам сили да продолжам со учење. Нека помине 29ти да одморам и јас малце :)
    Резулицијата за 2014 ми е помалку да се нервирам и грижам, ама некако слабо ми оди
     
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    сдк ќе направам ли 50 мислења и да го зирнам и чатот :o
     
  11. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Нека е живо и здраво,големо да расте :* :*
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Имам желба да основам еден book club и да организирам средби барем еднаш неделно.
    Во некое тивко кафуле да си ги споделиме импресиите од прочитаната книга, или уште подобро - сите да прочитаме иста книга, а потоа да разговараме за тоа како сме ја доживеале.
    Некогаш некое дело ми остава толку силни импресии, што морам, значи стварно морам со некого да ги споделам! Скапоцени ми се оние моменти кога ќе седнам со некого на кафе и ќе најдеме книга која и на двајцата ни се допаднала, па ќе не можеме да престанеме да зборуваме и ќе се надополнуваме за емоциите кои сме ги доживеале читајќи ја.
    Колку пати ми се случувало сред ноќ да читам некое дело, да дојдам до некој настан што ќе ми предизвика толку силен наплив на емоции, ама немам со кого да ги споделам! Па ќе почнам да си ја гризам устата, ќе ме фати некоја нервоза затоа што сум overwhelmed и ќе не можам да заспијам од возбуда! Не знам дали јас се движам во погрешни кругови, или едноставно немаме исти вкусови, ама ретко наоѓам некој што ја прочитал истата книга како и јас, и пред сé - сака да разговара за неа.

    Патем, ако случајно имате некоја информација за веќе основан book club во Скопје, би ви била многу благодарна да ме известите :)
     
    На iloveyou29, Buttterfly, EmGreen и 31 други им се допаѓа ова.
  13. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Сватив една многу важна работа...во текот на животот луѓето се менуваат,нивните карактери,навики и верувања но само една работа останува непроменета, бојата на очите и нивниот сјај :wasntme: ...
     
    На Gea, LittlePinky, richgirl998 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Е многу мразам кога родителите на некој деца незнаат што им зборуваат на своите деца и какви се муабети прават пред нив.Па тоа се деца бре луѓе денес ке се скараат утре пак ке играат заедно.Какви се тие ваши расправии одма одите кај родителот и се карате твоето е виновно моево не е ма дај ве молам.Зарем сте толку малоумни да го тешите своето дете со зборовите цитирам:„Сине остави го тој е посвоен затоа му дозволуваат се за да не забележи дека не е нивно дете„!!!Зарем тие не се родители што го гледаат и вие сте толку сигурни дека тие се му дозволуваат.Го зеле детето и ајде ке му допуштат се да прави и од дома го учат да се кара со другарчињата.Ма дај ве молам вие сте ми некој способни родители кои даваат најодвртни мислења и совети за друго дете кое било посвоено.Се срамам што воопшто ве познавам.И не се чудите после зошто децата ваши се нападнати од страна на родителите на др дете и да е посвоено не е без родители тоа е дел од животот сите немаме среќа да израснеме со своите родители.Ве сожалувам што давате толку малоумни совети и утехи на своите деца,а од нив очекувате да бидат префинети и културни.Запрашате се какви сте вие!?! :devil:
     
    На SparkyAngel, LittlePinky, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  15. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Koлку е убава онаа провидна насмевка на непознати луѓе. Знаете,онаа кога се појавува а според околностите знаете за што е.
    Жена држејќи го за рака својот сопатник, заедно чекорат кон патеката очекувајќи го она што веќе почнало да се познава на нејзиниот стомак. Без никаква посебна причина. Само поглед и нежна бледа насмевка.
    Тинејџерка сама по големите улици во градот со мисли одлетани на самошто остварениот прв бакнеж во паркот. Сеуште чувствувајќи ја таа миризба на пролет луѓето околу неа не постојат.
    Заљубени пензионери кои вторник им е ден за авантура. Знаат за сите лоши коментари но еј,уште колку време имаат? Шетајќи го градот ги минат своите последни години заедно со својот сопатник.

    Мојата насмевка на неговиот поглед.
    Неописливо.
     
    На iloveyou29, ilovecupcake, Barbie20 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Си бев среќен со девојката. Се забавувавме околу една година, ни беше супер и на крајот решивме да се венчаме.
    Постоеше само една работа што многу ме вознемируваше: Нејзината помлада сестра. Таа има 20 години, секогаш носи мини сукњи и маици со длабоко деколте. Кога сум во нејзина близина обавезно и ја гледам нејзината долна облека.
    Еден ден сестрата на мојата идна невеста ме викна да одам кај неа за да ги видам поканите за свадбата. Кога стигнав таму, таа беше сама. Ми шепна на уво дека отсекогаш ме посакувала, а јас скоро ќе бидам оженет. Ми рече дека сака да води љубов со мене барем еднаш пред да се оженам со нејзината сестра. Бев во тотален шок, не можев ништо да кажам. Ми рече само: “Јас одам горе во мојата соба, ако сакаш само дојди и земи ме”.
    Јас тотално се укочив од шок и ја гледав како се качува на горниот спрат. Кога се качи горе ги соблече гаќите и ги фрли на мене. Стоев така укочен уште некој миг и тогаш се свртев и почнав да трчам низ излезната врата, накај колата. Во тој момент ги приметив мојата идна сопруга и нејзиниот татко како доаѓаат накај мене. Мојата девојка ме гушна и ми рече: “Мил мој, знаев дека си вистинскиот”, а нејзиниот татко додаде: “Овој мал тест ме увери дека ќе ја дадам ќерка ми во вистинските раце. Честитам младичу. Добредојде во фамлијата”.
    НаравоУчение: Секогаш кондомите чувајте ги во колата!

    Превземено од Е-Книги на Македонски
     
    На poenta и richgirl998 им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.175
    Допаѓања:
    156.609
    Млади дечки заљубени во тазе мажени жени и тазе мажени жени што заведуваат дечки... Не разбирам, ама разбирам дека мажите нивни им недостига калциум и често ги боли глава.
    Ако сте сакале да бидете слободни и лабави, зошто сте се омажиле? Не разбирам...
    Не знам, кој како сака, мене просто одбивни ми се. Особено мажите... свесно заведуваат очигледно зафатена девојка, а оваа се предава, оти исто така и фали во глава... Да не е зафатена ни 2 проценти нема да му биде интересна. :(
     
    На la-chicka, Monna.Monna, Gea и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски

    И ние со тестови ќе почнеме уште првата недела :|
     
  19. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Значи тоа чудо едно колку мразам лажливи луѓе, посебно кога тоа е некој близок што се обидува очи да ти мачка. Пу, да ти е*ам лажливиот! |(
     
    На Viktorijaaa5, richgirl998 и vitomir им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Помина и тој прв ден од второ полугодие 'баго.
    Зборот ми е...многу пуфли и татини мази бе.Многу!
    Успех,ко успех...многу добра за првпат,ама ќе биде и одличен,и тоа уште следната недела.
    Навикната на распуст,дојдов од школо,легнав,и еве,сеа станав.Не можам да се опраам :lol:

    И знам дека не ми се поврзани реченициве во постот,ама си кажав што имав.
    Ајт поздрав.
     
    На the.vampire.girl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.