[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сад ме видиш, сад ме не видиш сум. Односно не јас, туку мојот интернет |(
    Се надевам дека ќе се оправи набрзо. Ви праќам виртуелни гушки и бацки :*
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    398
    Хепи суум, конечно си откачив еден проблем, психички се пореметив веќе...
    Бај Бај мил мој Драге...ќе те сакам уште додека не си земам оценка ;) ;) ;) ;)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    многу ме боли кога ме омаловажуваат,особено некој близок кога го прави тоа :(
    дозволувам шеги на моја сметка,но до одредена мера :@
    денес повторно се осетив многу тажно,секогаш за истите работи...
     
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    2.474
    ми се јаде сончоглед !
     
  5. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сестра ми уште ја нема да дојде :?: . Аман овој штрков што направи... :?:
    Сфаќам дека е ладно и се тоа, ама кога веќе се нафатил на таа работа треба да ми ја донесе ко што е ред и време :o: :!: .
    Ако касни уште малце ќе имам време уште еднаш ќе ги исперам, испружам, соберам и здиплам алиштенцата за џенцката :wasntme: .

    Покрај нејзиното доаѓање ќе има и уште една прекрасна работа која ќе се случи истиот ден.
    Едвај чекам...едвај :wasntme:
     
    На Look, zhap4e, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Затоа што видов дека повеќе феминки имавме ист аватар јас решив да го сменам видете убав ми е? :rofl:

    Инаку не можам и не можам да ги разберам луѓево зборат едно, прават друго, па зарем не стојат малку барем зад она што го рекле? Абре јас кога ке кажам ке дојдам и ке дојдам а не денес ова ми искочи, утре гости незнам што.. па што збориш воопшто.. Знаев дека е таква ама до волку мислам ги помина сите граници :x

    А да, и сакав да кажам дека незнаете колку пати сум стиснала да пишам одговор, па се премислувам некако поинтересно ми е само да ве читам aма да знаете тука сум нон стоп. Да не се секирате :D
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.636
    Допаѓања:
    23.870
    Пол:
    Женски
    Колку пати откако го вклучив компјутерот во новава година, си помислив да пишам овде за да тргне годината со убав и весел пост, со искрени желби и честитки за сите вас, и се премислував..
    Не знам зошто, ама како да немам што да кажам. За дочекот беше онака фино, во домашна атмосфера, ништо посебно и претерано. А не ни очекував најискрено. Втората вечер си поминав многу поубаво и поинтересно, цело време игравме друштвени игри, се изнасмеав :)
    Дома сум, со моите, денес се видов и со другарка ми, добар ден беше ова.
    Ама некако, ми фали нешто. А не знам што. Имам некоја празнина во мене.
    Се надевам дека нема да ми биде празна новава 2012, пу пу ;) Можеби е само период..
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Кога седам вака до касно, кога никој не пишува на форумот, читам и теми што не ме интересираат или што воопшто не сум ни знаела дека постојат :D Досадата ме тера на чудни работи :D
     
  9. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека многу очекувам од Новава Година. незнам зошто ама решив оваа година да си земам се што ми се нуди. Нема да бидам пасивна, нема да бидам глупа, нема да се нервирам за непотребни работи и ќе си ставам еден долг(предолг) список на приоритети.
    ќе бидам весела, насмеана и ќе си зграпчам се ама буквално се. Е не го тупам веќе со тоа зошто, како? Ќе си правам како мене ми одговара. :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    не знам зашто али оваа година ке биде некако посебна и мнооогууу убаваа,имам такво убаво предчуство,што сум сигурна дека оваа година ке ми го промени животот засекогаш на мннноогуу поубаво :)
     
    На babaDara му/ѝ се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Епа џабе збориш кога никој ништо не сфаќа сериозно.
    И ќе земе ќе ти се изнасмее на крај, а ти си бил толку искрен и со добри намери.
    Колку и да било паметно, и колку и да си мислел дека ќе смениш нешто, после неговиот одговор се чувствуваш awkward. Зашто ли воопшто се мачев да објаснувам?

    Епа.. Go-to-hell !

    Не планирам повеќе да ве поправам ни тебе, ниту некоја од твоите глупи грешки.
    Само мојата.
    А мојата грешка е тоа што се грижам премногу.

    За никој. За никој и ништо.
    Демек тој напраи нешто за мене.
    Другар. Ха,ха,ха. Ofcourse.
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    СДК пак окапав :fubar: :fubar: :fubar:
     
  13. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    сдк ,дека конечно да видам што се случува на фемина,и општо на нет,она за што се двоумев :^) го решив па сега Господ нека ми е на помош,сдк не двоумете се никогаш ризикувајте ако не пробаш нема да знајш
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    СДК колку убав ден среда, од секогаш ми е бил омилен ден... И така денес алармот ме разбуди во 8 за да одам на совет во училиштето, станав и си викам ај уште 5мин и така 3пати, ама последниот пат сум заспала и повторно ми звони телефонот во 9 (советот од 9). Размислив дали да одам викам ајде блиску е ќе претрчам. Стигнав во 9 и 15ч. ама училиштето има две згради каде што се учи и јас во згрдата што е подалеку. Влегов и само 2 професорки си викам супер е не сум задоцнила. :D Професорките ми кажаа дека треба да одам во библиотеката која е одвоена од школото ајде отидов влегов сите седат поправат оцени, ја најдов класната и ми вика „Сара до долната ли зграда беше, оди си сега за нашиот клас завршивме“ и јас„ да професорке додека да се снајдам вие сте ппрочитале бев до долната зграда“. :D
    [​IMG]
     
  15. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Ама рано сум станала денес, сама на себе си се чудам. Не можев да заспијам вчера, мислите ми летаа некаде далеку, не можев да извадам неколку моменти од главата и цело време си правев replay на истите. Сонот пак ме измачуваше, пак не можев убаво да спијам. Цело време се превртував и будев. На крај еве ме, рано станата со истите мисли во главата. Најверојатно е подобро што е вака, не за друго туку можам да се смирам, да си ги расчистам мислите од сите работи кои ме измачуваат. А една личност се надевам дека подолго ќе остане во мојот живот, вчера како добар човек се покажа. На арно нека е.
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Aко ми е ваква цела година, ве молам вратете ме во претходната :doh: или фрлете ме во наредната.
    Толку многу чувства, а зборовите сепак остануваат празни.
    Is this sh*t real? :doh:
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    СДК дека открив како можам да пишувам на кирилица не фемина, иако сум на лаптоп што нема македонска поддршка. :D
    Можеби сте знаеле, но за тие што незннаат: Кога ќе почнете да пишувате пост, горе десно под тоа Одјави се [вашиот ник] има знаменце и до него ЕN-латиница или МК-кирилица. Само треба да изберете МК-кирилица.
    Се надевам дека ме разбравте и на тие што незнеа им помогнав. :$
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум потполно разочарана.
    Се плашев од ваков исход на настаните и очекувано не очекував ваков развој на ситуацијава.
    Сега не ми преостанува многу, освен да се молам на Господ да ги слушне моите молитви и на останативе неколкумина. Знам дека е грев да му мислиш на човек лошо, но ако јас се најдам во тешка ситуација посакувам истото да ја снајде и нејзе, таа која со сите сили настојува да уништи се, кучка.
    Страшно, во каква држава живеам, полна неписмени од кои ти зависи лебот.
    Страв ми е да помислам неколку години да ми пропаднат во вода само заради некој кој нема врска ниту од својата работа, зашто нема соодветно образование за истата.
    Ако ова е почеток на една нова година за која имав толку надежи и очекувања, тогаш сакам да застане сега и тука, се додека не се реши се но позитивно.
    Во спротивно сакам да заврши годинава за мене.
     
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Антиталент сум за поднесување кујнски миризби. Од мирисот на зачинот, до мирисот на манџата. Од голем револт, некогаш и мирисот на тостерот не го трпам, а секогаш од фрижидерот и сите мастрафи внатре што ги содржи.

    Особено ми е критичен денот наречен домашна слава, терминот именден, општото веселење наречено државен, односно верски празник.
    И не само што во тој ден пливање во када е задолжително, туку истовреме и мирисот на варена кисела зелка-расол, пржен кромид, запршка, месеста смеса за мусака, сите адитиви, додатоци и самостојни јадења, да се испозалепат по миената ми коса, алишта за излегување, чантата за во школо... бре кожата сама да ти корне на аздисано народно јадење.
    И не, не е вкусно. Колкава мака ми придонесло, воедно и пад на рејтингот, па уште да го вкусувам со сласт.
    Исто како мене да ме зготвиле во гравот, а не пастрмата од овца со која се чувствувам како таква. :|

    Помогни им Боже, не знаат што јадат. :|
    Едноставно не се мирисам со мирисите. :puke:
     
    На eli25, blond, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Време е во кое никој никому не може да верува.
    Искреноста се губи, се’ помалку се луѓето кои ја негуваат, а со тоа си бега и довербата.
    Не сакам да звучам песимистички на почеток на година, ама не примеќате дека од се’ повеќе личности се разочарувате?
    Се’ е веќе гола вода, се’ е џитнато во неа.
    Нема веќе ни пријател, ни другарка, ни никој...

    На секоја твоја радосна вест - се мрштат и завидуват, на секоја твоја тажна - се радуваат.
    Е сега, тоа е тоа?
    Кратко и јасно - не.

    Ама, времето се’ ќе покаже на крај. Само се прашувам...кој ќе биде тој ден? :?:
    Секоја чест на вистинските пријатели, оние кои се подршка, љубов...


    [​IMG]
     
    На mims-89 и Monroe им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.