Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Уште од првиот учебен ден во оваа година се чувствувам многу изморено, а имам уште четири месеци пред мене :( Дали сум единствена што со душа го чека летото? Не можам веќе, сакам да ставам лесна облека на мене, доста ми е од оваа зима. Барем снег да имаше, да изгледаше на зима. Вака освен студот ништо друго не чувствувам и некои измешани меланхолични чувства. Животот најверојатно нема во план да ми се подобри, макар само чекор напред. Заклучив дека тапкам во место, а немам некои опции. Тоа е. Останува тоа што е, се продолжува по старо. Време е да го загреам столот повторно и со нови сили да продолжам понатаму :D
     
    На SparkyAngel, sweet-cherry и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ееее, имаше еден. Го основавме со уште неколку девојки преку една невладина, пред пет-шест години ама за жал после неколку месеци прекинавме. Ако откриеш некој обазевно споделувај. :D
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    И јас да се приклучам во клубот на ненаспиените. :D

    Неколку пати се обидов, да заспијам, ама не можев. Иако реално гледано, повеќе мака ми ствoра јорганот и ќебето, него ли кога ќе заспијам. :wasntme: Ова горе, ова долу, ова лево, ова десно. Па вертикално сум го поставила, па голи нозете, па гола половината... ма носи се! :D

    [​IMG]
    И така, решив да се налакирам. 90 минути потрошив за ццкање на ноктите. И уште никој не ми ги пофалил. ;( Само 24 часа сум будна, ама не мога да издржва појќе. :D Не ми е за огромните подочњаци, туку немам таква некоја маичка, да ми иде у тон. :D

    Добив и комплимент од сестра ми. Ако ми дадела 8 овци да и` ги чувам, 9 ќе сум ги изгубела. Дали тоа она мене индиректно ми насочува дека сум овца и дека сама ќе се изгубам? :wasntme: Добро додуша, нема да биде првпат. Чим во своја населба се имам изгубено... јасно е. :D

    И така, отидов јас да спијам. Ма баш ме боли мене десно уво, дали било 5 саат поручек. Мене ми се спие. :rofl:
     
    На iloveyou29, sweet-cherry, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  4. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.305
    Пол:
    Женски
    I feel something so right, by doing the wrong thing.
    And I feel something so wrong, by doing the right thing.
     
    На sweet-star и DigY им се допаѓа ова.
  5. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    everything that kills me make me feel alive...
     
    На BlackAndWhiteSwan, LittlePinky и sweet-star им се допаѓа ова.
  6. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Многу лош почеток на второ полугодие.Цела ненаспана одам мислам ќе се струполам таму и ќе си поспијам.Сите лигавешки,шмизлици мислиш дошле на модна ревија а,не на обичен училишен ден.Едвај чекав да си одам тие 6 часа ми личеа на вечност :D а,пак утре 7 часа сите можни предмети.Па таа Урсула(ликовно) ќе почне да крека да вришти ми иде да слетам до дома и како заспаната убавица да си легнам и да се разбудам на 10 јуни.Мене ова школо ме уби најсеризоно ;(
     
  7. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Црвена танга за амајлија.
    -Васка Јанковска
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    СДК одам денес на школо прв ден и одам тестојте ни ги на лупаа Физика и Математик.Мак. лектираа Црни овци за другата недела,сега ни кажва а цел распуст незнаевме за лектитра.
    Ух бе господе :@ :@ :@
     
  9. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Ме нервираат патетичните љубовни изјави на фејсбук. Една недела им трае врската, а тие 100 слики во 1 ден направиле. Па после идат срцињата, бакнежите, песните, колку тие се љубат, па тоа не се опишува.

    Не ми смета толку тој начин на изразување ЉУБОВ, повеќе ми смета тоа што до пред некое време беа во врска, па се изневеруваа, се скараа, па муабети кои самите тие си ги вадат, па после ќе се смират и пак почнува нивната прекрасна љубов и фејсбукот.

    Е ова за мене е ПРЕПРАВАЊЕ, да глупав е зборов ама такви се бе. Глумење за пред народот, колку им е совршено, а одвнатре е толку валкано што кизнеј дали некогаш ќе се исчисти.

    Велат не верувај на она што ќе го слушнеш, туку на она што со свои очи ќе го видеш....
    Да, вистина е така, но понекогаш јас не можам да им поверувам ни на очиве. :!:
     
    На Elennaa, Dennings и LittlePinky им се допаѓа ова.
  10. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Вчера ненадејно зaминав со село. ^_^ (сега си дојдов.) Посреќна од мене немаше, цел пат во кола си потпевнував, стигнавме таман за вечерата на Водици, убаво беше, весело, сите играа, се веселеа. ^_^ и другарките ги израдував кога отидов, не очекувале дека ќе појдам. :D Чист воздух-мераци. Почнав да трчам по ливадите најбрзо што можев и ич не сe уморив, до воздухот ќе да беше. :D Дојде време да си одиме, таман кога стигнавме во Ѓорче, во истата минута почна да ми фали селото. :(
    Ама ете тоа е, неможев да останам повеќе, сега со душа чекам лето да дојде. :)
    Бидете ми поздравени, одам јас дa прилегнам малце, уморна сум од патот. :hai:
    Имајте уабва вечер. :* :*
     
    На Golden, Elennaa, Ketrin.Moon и 4 други им се допаѓа ова.
  11. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК ако не ги намалам килава што ги добив за време на празнициве (знам: клише изговор :) ) и ако продолжам со исто темпо ќе треба да ме цедат како Вајолет од Чарли и фабриката за чоколади. За месец-два ми се чини толку нараснав. |( |( Стрвливо суштество... :swear: .
     

    Прикачени фајлови:

    • violet.jpeg
      violet.jpeg
      Големина на фајлот:
      7 KB
      Прегледи:
      563
  12. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Имам кокичиња во дворот, ех ова времево ми ги растура плановите... Уште од мала на мајка ми и правам букет од кокичиња за 8ми март, но изгледа оваа година ќе морам да ги наберам и да ги замрзнам оти далеку е март... :^)
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.174
    Допаѓања:
    156.598
    Отвараш фемина и секој втор пост - ДЕНЕС ВО ШКОЛО....
    [​IMG]
     
    На Mama25, sparklie, sweet-star и 21 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.638
    Пол:
    Женски
    Една навидум обична, секојдневна случка ми го разубави расположението денеска, во овој прв училишен ден. :sun:

    Со една другарка се враќавме накај дома, во полупразниот автобус седнавме на првите места што ги фативме. За кратко време влезе една бабичка, која бараше место за да одмори. Неколку ученици што седнаа пред нас, изморени од првиот училишен ден мирно си седеа и муабетеа, не помислувајќи да станат. Се слушнаа дури и некои невкусни коментари.
    Ми падна жал и не чекав да дојде до нашите места и да ме замоли... бидејќи седев од надворешната страна, веднаш станав, ѝ се доближив и тивко ја повикав да седне.
    Таа ми упати еден мил поглед и зборови на благодарност, дури и направи неколку реда топол муабет со мене и другарка ми за денешниот наш прв училишен ден. :D

    И така... колку и да се чудни културните манири за многумина во денешново време, никогаш не можеш да добиеш нешто лошо од нив. Само еден мал, навидум неважен гест, може да биде доволен не само да го докажеш своето воспитување, туку и да стоплиш нечие срце и воедно самиот да се почувстуваш исполнето. :f:
     
    На richgirl998, Glossy-girl, Elennaa и 12 други им се допаѓа ова.
  15. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДк уживам кога попладнето го поминувам дома. :)
    Ги направив омилените мафини, се потрудив малку да бидам креативна и да ја покажам својата умешност , па ги декорирав. :P

    Туку да преминам на другата страна, не толку розова.
    Деновиве се прашувам сама со себе и не можам да најдам одговор.
    Зарем само мене ми се случуваат вакви непредвидливи работи? :?:
    Наеднаш некои трошкови и неизбежни обврски, таман ќе си речам можам да здивнам и да заштедам некоја пара плус ете ти нешто испаднало.
    Како и да е сепак ќе гледам оптимистички и реалистички на работите :lol:
    Единствено тоа ми преостанува. ;)
     
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека мојата среќа сум ја загубила некаде по патот!

    Со што го заслуживме ова, со што?

    А се чека порака, порака која никогаш нема да стигне! :mp:
     
    На iloveyou29, richgirl998, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    ... здодевно ми е! Ми треба нешто ново, да ме потсети дека сум жива, да ми ја врати насмевката која оддамна искрено не ми го украсила лицето. Ќе си го запеам Владо:"Боже провери може веќе е време..."
     
    На De-lovely и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.174
    Допаѓања:
    156.598
    Што знам, веќе кога се враќате постојано на базичните потреби, барем вратете се со оној ист жар како нашите претци.
    Ја чека некаде по патот кон кладенецот, ќе ја фати за половина и ќе се 'тркалаат' по доловите со радости, ами не за билдања ега и упражњавања и докажувања инсприрани од некои простачки спотови, евтини фотографии по долна облека, ххх сајтови, некои статии како да станете секс божица. Туку права севда бре! Од почеток до крај, со жарок копнеж и точка. И така се додека не си ја земе.
    Нема тука докажувања и прекажувања, има стискавци и кикотења, а не вашите фригидни тела, а еректирани ега кои ве тераат да се џиткате тука и таму кај ви дојде само за да лажно си помислите дека имате вредност.

    Се почесто слушам како ми викаат - немам возбуда, немам трепет, немам пеперутки, не можам да се заљубам.
    А ти што мислеше? Дека целиот живот си способен да го чувствуваш тоа? Не си зошто се губиш во себе си и својата вредност, секогаш мислиш дека си поразличен од целото, дека отскокнуваш, а се повеќе луѓе така се чувствуваат и на крај, целото ќе премине во нешто друго. Во едно големо ништо! Зошто сте престанале да чувствувате и да сакате искрено, а премногу мислите на себе си. Мислите на ситници, параноично мислите дека секоја нечија постапка е поврзана за вашата личност и сте навредени, повредени и препишувате се на вашите принципи и барања, како кулиси зад кои стои еден огромен инает, а зад него постоите вие, на 7 години, плачливи, мрсулави и вашите родители кои ве одбиле за нешто и не ве прегрнале долго време.
    Јебале вас принципи и барања...и така станувате робот. Ако не знаеш прашај... ако ви објаснуваат и длабоко во себе знаете дека ја кажуваат вистината, но вашиот ПРИНЦИП те инает, не ви дозволува да го прифатите и продолжите, тогаш вие сте тие во криво.
     
    На innablood му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kate1998

    Kate1998 Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ме фрли како ѓубре.До вчера ме сакаше,а денес не му е гајле за мене,ме остави сама така да плачам и си замина.Изгубив толку време со него.За него се направив.А тој вака да ми врати.Ама ако сама сум си крива. ;( ;( ;(
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.822
    Допаѓања:
    23.447
    Пол:
    Женски
    За неколку века,верувам во тоа дека ке престанат во книгите да пишуваат „Човекот е суштество кое има способност да размислува...“ и ке го пишуваат спротивното.Луѓе без мозок бе!Едно зборат(а у ствари незнаат што зборат) а треќо ги прашуваш!А кога ке ги прашаш Дали Трајка е добра другарка,абе цела анализа ке ти дадат дека таа Трајка е онаква и оваква!Но кога ке ти треба помош не те ни слушаат!Изгледа дека единствено нешто од особини на луѓето остана лицемерие,дволичност,безобразноста,искористувањето,оговарањето.Преку глава ми е веќе ! Колку повеќе ги запознавам луѓето толку повеќе ги засакувам животните !!! :@
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.