Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Скромноста е една од најголемите доблести, ама во последно време искрено ми скурчи од неа. Зошто секогаш кога сакам да „лапнам поголем залак“, веднаш на мојата идеја се прилепува коментарот: „ Абе молчи си и седи сииииии, има и полошо“. Со кое право ми ја сечат амбициозноста во корен? Јас сум свесна дека има полошо, ама зошто секогаш се зема баш тоа лошото за пример, зошто еднаш не се погледне на другата страна, дека има луѓе што живеат подобро? Не сакам да се претопувм во таа маса од која произлегуваат стеротипите.Имам сопствен мозок на кој не му е страв да си ги презентира своите замисли без цензура, без печат во знак на одобрение од општеството. Не сакам никој да ја мери тежината на моите можности според своите аршини, всушност сите имаме различен праг на поднесување на болка и различен степен на толеранција. Не се плашам од неуспех, повеќе страв ми е од покајанието дека никогаш и не сум си ја пробала шансата да направам нешто посебно за себе, па макар и да треснам на земја, без можност за повторно полетување. Утешението го топам во чоколада, уште овие 100 грама да го достигнам врвот на она моментално блажено задоволство кое трае еднакво долго, колку што трае и вкусот на истото в уста.Привремениот ефект прераснува во траен дефект, особено во делот на бутините.Не примам повеќе добронамерни совети, ќе постапувам по сопствениот инстинкт, ќе го предизвикам ризикот за да добијам нешто, па и да загубам се, сепак ќе имам во себе некое посилно чувство, за разлика од моменталново, кое само седи длабоко во мене, ја разнишува мојата самодоверба, ја зголемува вредноста на револтот и немо набљудува како се редат и поминуваат деновите во неповрат.
     
    На slavica999, De-lovely, Purrinn и 12 други им се допаѓа ова.
  2. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Од спремните фрази „сè што ќе посакаш да ти се исполни" и „па да те мажиме годинава", ќе ги замолам сите драги и помалку драги луѓе да се задржат на првата. Пошто, ако ми е желба да се омажам, нели, ќе го покриеме тоа и со првата честитка. Зашто толку сакаат да се мажиме?????? |(
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски

    Ова,ова е ненормално точно.Пореално нешто немам прочитано :clap:
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.192
    Допаѓања:
    139.397
    Ништо не ме регенерира како допир со природата и свежиот воздух.
    После дождот - конечно сонце, не метафорично, туку буквално. Ми ја стопли душата и ми го избистри мозокот.

    И не ги разбирам луѓето кои се напнуваат ако им спомнеш дека се угушивме во смог. Ако нешто е од заеднички интерес, кога веќе не се борат за него, не мора да хејтаат. Не само што не помагаат, туку ги минираат и напорите на другите.

    Барем кај нас има милион работи кои може да се хејтаат, баш и не мора да се тоа благодорни иницијативи.
     
    На lunicka, XMaN, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.921
    Допаѓања:
    89.705
    Пол:
    Женски
    ''Ако човекот кој ќе решам да го држам за рака, треба јас да го чувам од други жени, тогаш воопшто не ми ни треба ... ''

    Довербата е една од најважните работи помеѓу двајца заљубени луѓе.Колку и да има љубов ако нема доверба се е попусто... Ако некогаш се двоумите што понатаму, дали ќе успеете заедно и не сте сигурни за вашата иднина тогаш не ни ја планирајте само ќе си го трошите времето.
    А доколку довербата еден во друг ви е на највисоко ниво и се тешите и охрабрувате дека ќе биде се во ред верувајте дека тоа е онаа вистинското.
    Ви посакувам сите да ја почуствувате и да ја најдете вашата вистинска љубов :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, jovana03, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  6. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Најлошо е кога дел од вашата среќа и вашите чувства зависат од одлуките на другите, а вие тука не можете ништо да направите.
    Го знаете чувството на болка, и како сакате многу да се изнаплачете за да ви биде полесно, а солзите не течат?! Е јас го знам, и тоа многу добро.
    :doh:
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Само стискам заби и си викам дека ќе помине. Се трудам да не избувнам, бројам до три, ма како до три до 10 бројам за да не изнакажам се што ми иде на памет. Работа ко работа, се трудам да не ми влијаат лично луѓето со кои што работам, се трудам да не зимам се при срце, да бидам смирена и да ми биде се онака сеедно во врска со работата, несакам да ми влијае на приватниот живот, ни работата како работа, а ни луѓето кои ги опфаќа. Ама дојдов до некоја критична точка на трпението и нервите, толку критична што веќе доаѓа и до точка на вриење, а уште некој степен и ќе експлодира.
    И пак, стискам заби, се е минливо. Така и оваа работа ќе мине, ме чека нешто подобро, нешто поубаво. За тоа се надеваме, за тоа и живееме, за подобри нешта. Ќе биде...

    И само да ви кажам дека сте досадни со тие крнените елеци, шеширите у сред зима и се тоа у комбинација со бајкерски чизми. Не, не изгледа убаво. Незнам која му е намената на шеширот за во зима, ако дувне ветер ќе лета со километри, плус ушите не ги заштитува пак ќе ви се ладни и ќе ви дува ветер во нив. Од естетска гледна точка, високите девојки со шешир и бунда изгледаат како плашила за во нива, а ниските ... незнам на што ми личеа ама шеширот уште толку ги прави по ниски. Бајкерските чизми не може со се и свашта да ги комбинирате, на пример не идат со шешир бе, кој патем би требало да е елегантен моден додаток. А крзната се посебна категорија во модата која ме наежува, имам само еден збор - кич. Наидов на некои слики поставени во темата „Идеална комбинација„ и комбинацијава пази, хеланки, чизми, маичка по кратки и крзно! WTF??? Ако можеш да носиш нагоре по кратки значи времето е топличко, ондак зашто ти е крзното? Која е улогата на крзното тука??? :^) Ај да не ги спомнувам и пердувестите елеци :D
    Нема везе, модата станува се по ужасна и по ужасна, а вие само следете ја ако немате друга работа. :^) :hai:
     
    На anuskaNESTLE, Sexybaby86, richgirl998 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.304
    Допаѓања:
    5.952
    Пол:
    Женски
    Значи се шекнав веќе! Главата незнам кај ми е. :drunk:
    Дали го знаете тој момент кога ќе учите, без да гледате часовник, и од 18ч станува 23ч? Така како во 5 минути. :|
    Па не е фер..
     
  9. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    http://www.independent.co.uk/voices/com ... 54433.html

    Конечно добра статија,и доволно свесен човек кој се труди да ги разјасни работите.Може ли сега да престанам да учам и да продолжам со играњето? Смачено ми е од тестови и испити,ми доаѓа да оставам се и да се посветам на нешта кои навистина ги сакам..

    Затоа што секоја година се чувствувам празно,како да немам научено НИШТО.
    Затоа што сме толку усмерени кон тестирања,а не кон животни учења.
    Не ни треба уште повеќе млади луѓе кои се однесуваат како роботи,кои следат рутински калкулации и кои одговараат прашања кои веќе се одговорени.
    АМАН !
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.433
    Допаѓања:
    91.607
    Пол:
    Женски
    Цел ден се смешкам. Ме направи среќна само со едно - Ало, а потоа со купените блокче и боички. Знае како да ме израдува и усреќи, знае да ме слуша, знае да ми ги исполни желбите.
    И на крајот после сите проблеми, кога по цели денови се смееш заради него, сфаќаш дека едното со другото не може да се измери.

    И да, се доаѓа во свое време. Правевме илјадници планови кои не се исполнија, а сега работите си се редат една по една. Понекогаш треба да се препуштиме, некако полесно е.
     
    На Libera, ludoto19, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 10 други им се допаѓа ова.
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Единствен период за нијанса полош од ПМС е оној кога ќе добиеш, барем во мојот случај навистина прераснува во вистинска борба за некоја калорија помалку. И не ми се јаде ништо друго освен благо па така ја собираш другарка ти и идете во најблискиот супермаркет за да се спремиш за долгата ноќ. Си купив секаков вид на чоколадца, готови пудинзи, гумени бомбони и што уште не. Едно 600 денари ми отидоа за вакви глупости ама тоа не е страшното. :!: Навистина е загрижувачки што успеав да смелам се во рок од неколку часа и еве почнувам да кризирам, па бидејќи имаме дефицит од благо почнав да пијам млеко со енормна количина на шеќер и се прашувам што побогу ми се случува, ова не е нормално. И да напоменам дека незнам колку сок испив, колку какао и еве сега и млеко. Претчувствувам, ќе биде ова долга ноќ! И за некој ден очекувајте ме во темата Диети затоа што само овој ден качив неколку килограми плус а несакам ни да мислам за останатите.
    Ама сепак бе, колку и да не се лесни овие денови, сакам што сум жена. Можеби понекогаш имам жолта минута па плукам по женскиот род ама навистина никогаш не сум посакала да бидам машко.
    Колку ли само им е досадно на мажите, не се шминкаат, не се депилираат, не уживаат во задоволството кога си купуваш декоративна и препаративна козметика, па ќе се тушираш со какви не масла а потоа следува мачкање со триста чуда и најубави мириси. Кај нас жените и една обична работа како бањањето е долг процес, дури и само коса да измиеш, тука пак има триста процедури. Не се замараат со банални работи како нас жените, не трачарат во таква количина, немаат другари кои би им биле како психијатри,ама не ја ни знаат убавината во тоа. Можеби животот на мажите е поедноставен ама дефинитивно и многу подосаден.
     
    На iloveyou29, sweet-star, Purrinn и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ме нервираат неодговорни луѓе. Луѓе кои немаат свое јас и потклекнуваат на туѓите барања само после едно убедување.
    Луѓе кои можеш лесно да ги купиш, и уште полесно да ги продадеш.

    Од друга страна, ме фасцинираат луѓе кои си стојат на зборот и се упорни во остварување на својата цел, и никој и ништо не може да ги натера да се откажат или да го променат своето однесување. Луѓе кои и покрај сите препреки и разочарувања сеуште веруваат во себе.
    Всушност, тоа е единствениот пат до успехот.
    Да веруваш во себе, а не во другите.
     
    На iloveyou29, sweet-star, Purrinn и 10 други им се допаѓа ова.
  13. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    После скоро година и пол.
    Се сретнавме случајно во град. Поради Х причини престана нашата роднинска врска. А и всушност не е баш роднинска ама за мене е и секогаш ќе остане. Не можев да се разминам со неа како ништо да не е. Ќе изгледаше премногу арогантрно и некултурно. А можеби и потајно не сакав да ја избегнам.
    Долга прегратка полна со емоции бар за мене. 2-3 реда муабет ... и повторно се по старо. За жал..
    Некои работи стварно им штетат на луѓето,но тоа е само нивни личен избор.
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  14. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Понекогаш на малите и сосем неважни работи им оддавам значење, се нервирам, а големите како да не ги приметувам. Сепак, зависи кој како декларира голема и мала работа :)
    И, патем...зошто принцовите и кралските синчиња на секоја слика мора да бидат до мамичка на 40 години или до женичките, кои секогаш ги вараат со некој пониска класа од нивниот, а со поголема машкост?
    Ни принцовите не се тоа што беа ми личат на замрзната риба.
    [​IMG]
     
  15. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Кога бев средно,гледајќи ги студентите размислував како учат од денес за утре. Како ли во една недела ке полагаат повеќе предмети а имаат толку многу за учење.
    Најголемо размислување ми беше како е можно од 300 страни баш еден дел мал ќе им дадат за пишување. Тоа влеваше во мене страв. Но еве денес,студент сум и јас и почнувам да сваќам како било можно тоа. Дојде време да учиме од денес за утре. Сега за сега интересни ми се студентските денови(зборам за факултет а не за излегување)! Со секое учење на нов предмет се надоградуваш себеси,се качуваш едно скалило погоре,ќе бидеш горд на себе. Летото пред да започнам со факултет ми беше ужасно.
    Неможев да дишам,ме гушеше самата околина,домашни и финансиски проблеми. Но откако заминав на фак. животот ми се смени за 360 степени.
    Сите ние имаме падови и успеси. До сега немав пад,сеуште немам осетено како е. Секој мој успех во првиот семестар ми даваше волја за подобро следно. Се надевам дека ќе дадам максимум од себе,дека ќе успеам.

    Вирусот најпрво го напаѓа нуклеолусот! Од хистологијата оваа реченица најмногу ми е прочитана.Кога ја прочитав ја протолкував на многу начини,од различни сфери.

    За време на мојот престој дома често ја прегрнувам мајка ми. Таа прегратка не е како секоја друга.Таа прегратка е толку топла,толку заштитна што посакувам никогаш да не се отргнам од неа.

    Феминки имајте добра ноќ, утре посреќни,повесели,посакани.

    П.С Направете некоја добрина, ќе ве усреќи вас и некого!
     
    На eliesaab, richgirl998 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  16. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ги разгледува мајка ми онака рандом сликите од моето патување.
    Во земја каде што е светлосни години понапредна од нашата.
    И завршија веќе сликите,и доаѓа една на ред
    Филџан со кафе,покрај елка,онака ја сликав дома пред да заминам,ми се виде интересна.
    И само ја слушам женичкава целата возбудена
    "Леле мама не ми се верува,па и тие таму имаат филџани како нашите"
    Полека мајка полека...
     
    На Buttterfly, eliesaab, LittlePinky и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Можеби сум старомодна,па што... :geek: Барем знам да ценам сеуште некои работи.
    Не, не е љубов кога ќе ме побара после неверство, не е љубов кога за еден секс отфрла се што сте граделе со години, а потоа се покае (каде била таа љубов во тие моменти, каде сме биле ние? Или било само ТОЈ? ), не е љубов да се прави некој фраер и да ме освојува за да добие една ноќ со мене, не е љубов да ме части едно кафе или пијачка и да очекува да одам со него, не е љубов да ти се приближува некој само заради една работа, особено кога веќе е зафатен, колку и да е фин и културен и не знам уште што... не е љубов кога некој ти посветува внимание кога е сам, а иначе се прави мирен ко бубаче, дружељубив со сите и човек на место...не е љубов кога те задушува и не ти дава да мрдниш и да живееш во стаклено ѕвоно,само за него, не е љубов кога со постапките ќе те тера да се оддалечиш, место да се приближувате повеќе... Колку ли уште примери има... :fubar: :ninja:
    Јас почитувам искреност, вистински манири и човек кој навистина ќе има убави и сериозни намери, а не на толку години да си играат игрички. Некој кој ќе знае да ме освои и направи да се чувствувам убаво, а и ќе ме мотивира и јас да сум среќна и да правам работи за него, некој со кој заедно ќе се грижиме, ќе делиме се, ќе се сакаме и почитуваме. Човек на кој ќе му е важно што сакам и што ќе ме расположи, што ме интересира и што можи да ме насмее, некој што ќе сака да ме гледа насмеана и среќна, што нема да се откажи во даден момент од тоа да прави работи со кои ќе ја одржува врската, секако и јас. :l: Во последно време дури и се чудам кај ќе најдам некој таков, бидејќи ретко ги има, ама верувам дека останале такви старомодни ко мене. И не е ова само за љубовта,туку и за други работи и вредности во животот, но еве денес таа тема ми светна во мозокот.
    Па да,помина ноќта...имајте убав ден :f:
     
    На ilipili, Lepaaa, Adi888 и 14 други им се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Добро утро ви посакувам убав ден,инаку се повеке ме разочаруваат луѓето,никогаш нема да си дозволам да ги разочарам оние кои ме сакаат,ценат и почитуваат тие се мое богатство,и сакам да сум опружен со убави луѓе по душа,карактер едноставно ги обожавам.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Добро утро на сите. :hai: А сега дозволете да го истролам времево да си кажам дека е катастрофа. Вакво време не ни оди во прилог. Се повеќе и повеќе вируси има. Дај Боже да падне еден снег да го расчисти воздухот. Не сум многу по снегот, но овој пат го посакувам како јајце велигденско, навистина !!! :wasntme: Вчера како пролет беше времево, денес дожд па сонце ?! :^) На што ли личи ова?! Страшно нешто. Сите станавме метеопати....
     
    На Divinebutterfly, richgirl998, summer-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Од секогаш кога сум наидувала на некој ѕид или препрека во животот,пишував.Не,никогаш не се занесував и ден денес не го правам тоа,дека сум некоја писателка со не знам каков стил.Но за стилот не сакам да зборувам,сакам да си кажам за позадината на моето пишување.Имам дневници кои го обележиле моето детство,младост,брачниот живот а сега шкрапам по форумиве.Имало моменти кога сум била среќна и кога сум го опишувала тоа,и тажни кога сум се гушела во солзи и има многу страници со размачкани букви со солзите.Небитно.И така ,некогаш ми дојде некој изненаден бран на тага,само за мене објаснива,а причината може да биде смешна.Некогаш е тоа збор,настан а овој пат фотографија.Вчера бев на прослава кај роднини,и се фотографирав и јас,иако не сум љубител на фотографии во кои ме има мене.Случајно ми дојде до раце фотоапаратот,ги листам сликите и нормално наидувам на оние на кои сум јас.Луѓе ...што да кажам.Се чувствував/м како грдо пајче кое застанало на патот на својот развој.Значи постојат такви луѓе на кои едноставно ништо не им помага да изгледаат убаво.Ни скапа крема,ни убава гардероба...ништо.Јас едноставно сум грда.И многу пати во животов сум се судирала поради тоа.Кога бев девојка сите мои другарки ќе имаа дечковци јас ќе се шлепав позади нив,и дури понекогаш ќе се најдеше некој кој ете од сожалување или едноставно да не им бидам вишок,
    ќе се обидеше да биде со мене.Велам обидеше,зашто нели ќе пробаше да добие се од тебе што може да си земе и да те остави.Сексот постоеше и тогаш,ќе гледаше да те помине,да те има за број.Фала му на Бога што тоа не го дозволував.Па имаше кои те уценуваа кога да излегуваш со нив ,во кои денови од неделата,за да другите бидат слободни за други девојки кои се претставителни.Имаше такви кои вечно го забораваа новчаникот дома,кои не сакаа да ти ја стоплат раката ...кога работев и те како бев свесна колку значи убавината во животот.Ми даваа да ја работам најтешката работа,дури и физичка имаше прослави не бев повикувана од страна на шефовите како претстаник нели,секогаш беше некоја кога е многу поубава.Без причини бев непочитувана,иако беа во глобала задоволни од мојата работа, зашто никој не сакаше да погледне која сум јас всушност,кој се крие позади очилата.Длабоко во себе ги мразев и затоа се одлучив за операција,но ете грдото лице не може лесно да се смени.Сите земаат од мене,иако знам дека е убаво човек да дава,но и мене ми е потребно разбирање,некогаш совет...некогаш прегратка...и јас сум човек.Се ежам кога ќе прочитам статуси на фб на сметка на грдите луѓе,се срамам што децава се срамат од мене,иако неколку пати ме имаат и тие повредено,ама кога видоа дека се потресувам,сега не спомнуваат такво нешто.Имам уште многу да пишувама ама не сакам да гушам.И така вчера скришно избришав свои 3 фотографии,на кои сум очајна,останаа уште десеттина,и замислете само една е објавена,која патем речено е најпристојна .Апаратотот да напоменам не е мој,ги замолив да ми ги испратат зашто сепак има лица на нив кои јас ги сакам и сакам да ги имам.Можеби ќе ги испратат скришно во порака,кој знае,а и чуму ми се на мене.Јас и така им ја нагрдувам секоја слика.
    Не читајте,постот е ужасен,ама реков пишувам за да излезе тоа од мене.
     
    На Trnche, Libera, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.