Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Не се обидувајте да ги сменете чувставата и мислењата на луѓето за вас.
    Живејте безгрижно и бидете среќни. :)
     
    На Barbie20, Gordana10, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Колку било убаво, да се разбудиш рано. Наутро, за некоја промена.
    Толку прекрасно се чувствувам, исполнето, наспано. Конечно се вратив во колосек. Милина ми е. Си испеков лепчиња со зачини на тостер и две топлички чаши чај, покрај телевизорот. Слатко си се најадов. Какви буреци, какви бакрачи. Плус тоа, имам некое килце минус, така што се чувствувам overjoyed. Секако, не напоменувајќи ги претходно милионите накачени. Ама не се рачунаат тие, они се минато. :wasntme:
    Инаку сонував како сум и` ги миела забите на некоја верверичка. Свашта. :D

    А Вие, смејте се без причина, колку и да ви се чудат другите. :rofl:
    [​IMG]
     
    На ludoto19, Barbie20, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    89.702
    Пол:
    Женски
    Денеска 21.01.2014 е Денот на гушкањето прославете си го овој ден најубаво што можете затоа што една прегратка може да значи голема убавина за вашата душа :lol:

    Гушкање-кога затворените раце значат отворени срца

    Нема ништо подобро од искрена прегратка на домашните, пријателите, а и самите знаеме дека најубаво е гушкањето со саканата личност :$ Но верувајте дека и доколку прегрнете некој непознат на ваков ден ќе се чуствувате прекрасно :)

    Ви посакувам убав ден на сите гушкајте се и уживајте во денешниот ден .
    А јас на сите ви праќам по една искрена прегратка :lol:
    [​IMG]
     
    На Kaylie, LaraSolare, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.
  4. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Модерниве луѓе лаат повеќе и од домашните миленици,кучињата.Иако се животни имаат навики и граници и се хранат од тоа што ќе им го принесете.А луѓето немаат ниту чувства,ниту кочница да застанат и да речат доста е...Посегаат во порцијата на другиот како тие да учествувале во подготвувањето на аперитивот и бесмилосно копаат до дното.
    Не,бреееее...Каде и да одат баботат за се и секој што им создава немир и завидливост божем тие се безгрешни :?: Види,види ]:)
    И додека таа група малограѓани душевно се храни со нечија благосостојба,другите комотно уживаат во животот.Го живеат на начин како тие посакуваат.Па,зарем треба да се завртат назад и да се занимаваат со бедни муабети од типот реков-кажав :call:
    Караванот отсекогаш постои,па затоа и кучињата лаат по него.
    Но,ниедно куче не успеало да касне некој :D
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  5. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Уште од првиот ден на училиште ..се чувствувам како утепана..Запаление на мускули,главата пуца,ненаспиена :@ .Плус вчера ги пробувавме униформите..ТОТАЛНО НЕЗАДОВОЛНА.Цела школа (и машки и женски) пробуваат 5 блузона.. :o на што личи тоа?Па блузониве се усмрделе бљак :puke: .Инаку кога ја облеков униформата незнам зошто,но личев на машко :D си велам уште коса да ишишам ...

    Лееле многу негативна сум станала :^) ..инаку времето ми е супер надвор како пролет,ветрот пирка помалку кокичиња насекаде..убаина :$ Во недела го правев цртежот за конкурс..сечев цевчиња во секакви бои и лепев,убаво испадна..посакајте ми среќа :wasntme:
    Ве сака вашата Summer..
     
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.822
    Допаѓања:
    23.447
    Пол:
    Женски
    Секоја вечер си велам дека утре ке биде подобро ... ке се однесувам полошо,нема да бидам наивна,нема никој да ми пречи да имам насмевка на лицето,нема никој да бе сруши ... и другиот ден се од почеток како од предходниот.Што се случува во светот ? Мојата најдобра пријателка е фемина,бидејќи само овде можам да си ја отворам душичкава.
    Ај,феминки со здравје ми останате :) :*
     
    На Barbie20 и Moschino им се допаѓа ова.
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ќе треба да пишуваме говор...за училиште.
    Јас вака би почнала:
    „Дами, господа и будали, овде сум да ве заспијам со мојот досаден говор. Па, перниците пред вас!...“
    Мразам говори.
     
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.579
    Не можам значи колку се нервирам колку глупави луѓе се наметнуваат и се продаваат, а за жал мнозинството е уште повеќе глупаво, па го купува сето тоа.
    А ти му викаш, абе читај човече, науката вика тоа и тоа, еве ти факт, еве ти статистички доказ, еве ти како законот ти регулира... Ама не... со глава во ѕид ќе си го истера, етички ќе заебе многу луѓе,а времето ќе заташка, тој ќе ги земе парите и ќе си свирка.
    Денес штом не убив човек, никогаш нема!!!!

    Сериозно колку глупави луѓе со самодоверба има, просто... без зборови сум.
    А да, глупави сте и вие кои други ве учат и на истите после им забивате нож во грб и им се правите јаки муда. Нека, нека... не сте вруток, туку случајно дупче во кое наврнало дожд и станало вирче, ама со текот на времето или ќе испарите или ќе станете жабурњак. Прости бре!
    Патем и фемина не е исклучок од такви. Некои тука се изградија како личности, а сега слушам ова и она, како неблагодарно плукаат каде што не треба. Карма бичез, карма!
     
    На Trnche, Sexybaby86 и manja666 им се допаѓа ова.
  9. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    СДК многу работи и не знам од кај да почнам.
    Пред се сакам да ви ги честитам празниците на сите феминки, се надевам сите убаво си поминавте за празнициве. Мене ме немаше некое време поради обрврски.
    Сакав да и ја честитам и на Трендафилка, продолжи да пишуваш така убави мислења како до сега :)
    И сакав да ви кажам дека паричката се падна кај ќерками. :)

    Деновиве се осеќам многу енергично, почнав пак со диетата и се надевам дека овој пат нема да се откажам, во исто време сум и тажна бидејќи уште многу денови ќе бидам далеку од мм.
    Но, така мора да биде, еден ден се надевам и ние ќе бидеме среќни во нашиот дом.

    Имајте убав ден :)
     
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Читам денес е Денот на гушкањето . Уште од сега имам испланирано дека единствено нешто што ќе го гушкам денес е книгава за испит.

    Нема излегување цел ден. Чај, ќебе, кафе, многу храна и подготвена сум за 500 страниве што ме чекаат.

    Имајте убав, најубав ден :hug:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Ако успееш да го контролираш моментот на бес,ќе знаеш да одбегнеш стотина денови исполнети со тага.
     
    На iloveyou29, crazylady, HoneyBun и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    836
    Допаѓања:
    9.395
    Понекогаш си велам дај ќе ги избришам сите контакти со некои луѓе ...ама неможам бре,понекогаш ми го разубавуват денот со нивните глупости :rofl:
     
    На iloveyou29, crazylady, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.
  13. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    сдк не се луѓе ова се животни, толку бесчувствителност како камен во кој филм се влезени жити се толку се за жалење и нема кој да ги жали кукавициве не личат на 20 30 години да имаат туку по 2 3 годинки жив срам и после би комуницирала ли со такви, би нашла ли заеднички јазик со таквите, апсолутно НЕ, значи од просто има и попросто!!!!!!!!!!!!!!! за жал
     
  14. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Колку е прекрасен денов,преубаво ми е.Колку е убаво чувството кога ќе се разбудиш и ќе видиш сонце надвор,сонце што топли и тоа во јануари,многу ме исполни тоа.Кога има сонце чувствувам дека се можам да постигнам,го сакааам,го сакам :sun: :sun: :sun: ...само жално е што кратко трае.
    Како и да е,расположена сум,си седам си пијам кафе,си читам ваши мислења тука и одлично ми е.
    Одвај чекам да дојде утрешниот ден,одвај чекам бидејќи со љубениот,со мојот супермен ќе прославиме точно 4 години заедно :D :D :D .
    Пресреќна сум,сакам сите да бидете вака среќни како мене.

    Убав ден имајте сите :) :)
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  15. M.Alan

    M.Alan Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    163
    СДК Се осеќам како инвалид и тешко ми е.. Ова ми е 10ти ден откако ме оперираа, сеуште не можам да станувам нормално и да се движам исправено. :(
    Но секоја чест на мојот прекрасен доктор кој се сработи перфектно добро и со најмал можен рез.
     
  16. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Едни хулахопки облекував 30 минути и пак успеав да ги скинам.

    Немам идеја како да ја соберам елкава, лампионите ги стокмив ама за елкава е работата.

    И не ми е јасно како може луѓето да пијат апчиња за се. Ете не ми е јасно. Подобро да легнат на тепихот и да гледаат во некоја замислена точка отколку да пијат апчиња. А уште подобро да се напијат неколку чаши узо.

    Деновиве мислев дека некој ми ја зема целата енергија. ОК и јас се напив два три аналгина, ама ништо друго. :D


    Идам да го шетам кучето.
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Немој да дозволиш тешкотиите во животот да те променат и да те насочат на погрешен пат...верувај во себе и верувај дека ке успееш...само така ќе ги оствариш твоите соништа можеби не сите но оние најважните за тебе..♥
     
    На Handy, something.nice, love93 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    И јас се пријавувам хахаха :D
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    И јас кревам два прста.
    И дознав дека дечкото имал фетиш,онака понекогаш из чиста мира да си облекува хулахопки :!:

    :rofl:
     
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    сдк Моментот кога саканиот ке го испратиш на кафе за да можеш дома да ја направиш неговата роденденска торта :inlove: премногу сум среќна со многу љубов ја правам и се надевам ке изгледа убаво. Кога ке биде готова може и слика ке ставам. Фондан е во прашање и само знам дека низ целата торта ке има сладки срценца :inlove: :inlove: :inlove:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.