Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Чудниот момент кога се фаќаш себеси како се расправаш со 23 годишни разгалени дечишта. Прајслессс.....



    Дал да плачам ил да пеам работава.... :rofl: :D :) ;) |( ;( :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • th.jpg
      th.jpg
      Големина на фајлот:
      16,6 KB
      Прегледи:
      388
  2. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ме нема, ме има па пак ме снема епа сега сум тука :) Не дека на некого фалев :lol:
    Било како било поминав низ доста тежок и стресен период но и тоа помина. Се поминува во животот само смртта не се преболува. Сега разбирам дека здравјето е најважно од се. Сите кавги со пријатели, дечковци,семејство поминуваат но ако го немаш здравјето твојот живот отиде во неповрат. Што се однесува до работа пак ја немам ама ќе ја имам наскоро :rofl: и тоа си оди па си доаѓа и така. Момакот ме слуша сеуште ќе видиме до кога и тоа поминува. Додека има здравје и животот ќе има смисла. Се останато кој колку си заслужил, некому помалку некому повеќе.
     
  3. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Има ситуации кога подобро е да ја затвориш устата, а да ги отвориш очите троа повеќе, мудро да си опсервираш, да си трепкаш и да си се смешкаш :lol: бидејќи секој друг потег е сосема излишен во моментот.
     
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    89.702
    Пол:
    Женски
    Хахахаха ааа ти си имала поголем дијалог со него затоа си дознала повеќе :rofl:
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Тие очи сини
    тој поглед мил
    Купидон со стрелата ме погодил.... :inlove:

    Ета така пеперутките во стомакот си играат индијанци и каубојци,јас збунета и заљубена...пубертет бе брат...Да да...средношколска љубов...Од кога дозна дека го сакам(не дозна од мене,од класот еден Петок 13 шо го викам му кажа-како дозна Господ знај ама нема врска сега)тој молчи...Е луѓенца мои,тоа ти е кога ќе се заљубиш...па што ако тој е мојот Ромео,ама јас да не сум неговата Јулија?Не,не сакам да помислам на тоа...Сепак,го сакам и тоа многу...Ај училишни,кај се појавија и љубовниве маки?
    Eх бре...шо вели оној истражи ја македонија...тоа ти е во мојата чудесна земја,вистината е како шило-кога тогаш ќе излези на виделина!Излезе..ама чекај?Тој буквално го сфати ова или на мајтап...хм... :?: тоа треба да се испита!Веднаш Хорацио од ЦСИ:Мајами ќе го ангажирам! 8) ;)
     
    На LittlePinky и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Воопшто немав дијалог Вики :)
    По повод споделување слика во темата хулахопки,дечкото заинтригиран(најверојатно дека му се допаднале :D ) ми пиша за фетишот.

    Сепак,who cares :D
     
  7. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Сакам зима, сакам снег а не сонце :!:
    Тажно е кога цела година чекаш да дојде зима и да се радуваш на снегот и накрајта никако да дојде тоа.
    Сред зима има сонце. Ужас! |(
    Денеска одам на училиште и надвор почувствува како да е пролет и како да е Март не Јануари.. Размислував за тоа колку би било прекрасно ова временцево да изненади со снег, да се натрупа, па ноќни прошетки со некоја другарка се шеташ и снегот под нозите крца тој звук и тоа чувство сакам да го доживеам повторно и повторно :angel: ама нема за жал сонцето веднаш ме враќа во реалноста и не можам ни малку да си фантазирам.

    Лесно им е на луѓето кој сакаат пролет,лето есен тие уживаа во расцветаните дрва, долгото лето и паднаттите листови од дрвата во есен, но што е со нас што копнееме по зима и кога ќе дојде не гледаме ни малку снег туку сонце! :doh:
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    Моментот кога си седиш по дома мрзоволна, либето ти е илјадници километри далеку од тебе ;( Згора на се', две недели не ти се јавил :(

    И пушташ телевизија и на репортажа на СNN маж ти у позадина :rofl: Ахххх радости :rock: :inlove:
    Сум го љубела телевизорот :* :* :* Ко некоја тинејџерка :$

    п.с. одам сега по крпа да го бришам телевизорот
     
    На iloveyou29, anggell, Daydream и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Има такви убави денови кога насмевката едноставно сама доаѓа, без конкретна причина. ^_^
    Денови во кои воопшто не ти пречи да станеш порано, напротив, наместо со поспан намуртен израз на лицето стануваш наутро со широка насмевка, со мерак си уживаш во малите утрински ритуали и почнуваш да го дишеш денот со полни гради. Кога цело време си спремна за некоја ситна смешка за да ти го надополни убавото, откачено расположение. :D
    Некако, ни часовите овие денови не ми се толку здодевни, дури ни задачите по математика не изгледаат толку напорни. :lol: Таква сум, кога ќе ме фати позитивна енергија и обврските за кои обично сум мрзлива, не ми претставуваат никаков проблем. :D
    Се смешкам цело време овие денови, онака се осеќам исполнето, сончево како времето. :sun:
    Иначе, јас си ја сакам пролетта, па макар и ако дошла во јануари. Баш порано ме израдува времето овојпат, може и малце пеперутки во стомак да ми донесе, осеќам... :angel:
    И така ви викам... ако видите некој откачен, насмеан без причина како мене :lol: , не му се чудете, туку придружете му се и вие. :dance:
     
    На simonna.a, ludoto19, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.822
    Допаѓања:
    23.447
    Пол:
    Женски
    Приметив колку брзо минува времето :o Само што забележав дека минала една година на 6 јануари откако сум член на најдобриот женски форум во Македонија!Епа феминки мислам дека имав доволно време за да ве запознаам!Ми беше мило да бидам година дена во тек со вашите животи,и да секако дека ке продолжам!Ве обожувам бидејќи со вас си ги споделив и најскриените тајни,со вас се дружев иако си немам врска кој стои зад убавите аватари!И мило ми е што некогаш си помислувам дека сум стоби флипс( :lol: ) бидејќи бев тука кога (на некои феминки)ви се родија најмилите чеда,кога (некои феминки)го кажавте субдоносното ДА,кога за прв пат се банавте,и кога првпат вкусивте уште многу работи.Ви благодарам и зза советите кои ми ги даваавте целата година,што ми помогнавте во многу ситуации,ви благодарам што многупати ме изнасмеавте...ви благодарам што ми бевте друштвото со само тапкање по тастатурата,друштвото што никогаш не го запознав и ваљда нема да го запознаам ! Можеби една година е малку,но за мене е доволна ! Се надевам дека ке продолжиме вака феминки.Благодарам,бе сака вашата Srcka28 :* :inlove: :hug:
     
  11. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    И јас се пријавувам хахаха :D

    хахахах и зашто не прашуваше сите ?Да му донираме по еден пар , може си е колекционер :D
     
  12. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Арогантно и саркастично. Затоа што не е возможен поинаков начин на комуникација со некои личности.
     
    На Lepaaa, Trnche, LittlePinky и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Oдам да гледам Х фактор :D
     
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Знаете зошто во темата за X Factor има толку гости кои ја следат? Изгледа администраторите се ќе направат за посети на страната,ама за нас ништо ;)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Како да останете присебни кога претрпувате последователни порази во рок од 1 месец и тоа од иста личност :@ И ако ова е крајот,доста е...Навистина е доста...
    Се прашувам зошто токму јас од толку многу луѓе?!Со што го заслужив ова :?: До кога животов ќе ми приредува крајно непријатни изненадувања :devil:
    Зарем професионалната подготвеност и работното искуство не се доволни???
    Која е таа добитна формула што другите ја научиле и ја применуваат,а јас сум толку далеку од успехот.
    Иако сум многу цврста не сум создадена од титаниум за да останам рамнодушна.Очекувам лицево да ми го преплават солзи.Но,не...Е ова е таа личност кога некој ви објаснува дека е интровертен тип.Се свое во себе си чува.И во моментот на тешка издишка чувствувам како една кнедла ми се превртува во грлото.Топлина ме облева низ телото,а мислите непрекинато се редат како алки на синџир.Стомакот го чувствувам стегнат во обрач...Душевната болка е за луѓето,нели...
    Едни се создадени да страдаат,а други да уживаат во задоволството :envy: Од очите ми се чита тага.Можеби подоцна ќе ме совлада сонот,но не би сакала да си го скратам задоволството да сонувам и оваа ноќ.
    Ама нема да се повлечам :) Не застанувам тука...Јас не би била јас ако дозволам поразот да ме победи.
    Морам да продолжам храбро и достоинствено да чекорам,иако егото ми е повредено...
    Секој има падови во животот,особено во ова лудо време-невреме,но не секој е подготвен да се соочи со нив,а уште потешко да се справи.
     
    На julie77 и Gea им се допаѓа ова.
  16. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    http://www.youtube.com/watch?v=DpEjQdoZ-vM

    Гледајќи го клипов ме потсети на моето време и користењето на касетите .Незаборавното чувство да премоташ касета со молив ,да ја завртиш на страна Б,и да ја погодиш точно бараната песна ,да чекаш на радио омилената песна за да ја снимиш.. и да ја имаш во колекцијата ..а пак вокменот беше престиж!(посебо ако беше со радио на него :!: ) .Неможам да ги заборавам моите 1ви касети :tmi: :lol: ,од Мајкл Џексон ,Др-ре ,Кулио ,....... касета од Студени Нозе [​IMG] хехе
    Посебно се радував на роднините по имачки немачки кога ке дојдеа во МКД (братучетките ) и да донесат некој нов материјал за слушање :$.Преснимувањето ,разменувањето и бришењето на музика ни беше преокупација преку цело лето :geek: ...Ма каков интернет и youtube oldschool сум си :P
    Моментот кога ми требаше празна касета и по грешка :geek: ја избришав омилента касета на моите (Фолк Фест Валандово 1990 :rofl: ) .... :ninja: :bandit:
    Ај за лепо сечање на касетиве ...

    http://www.youtube.com/watch?v=b04HePqN ... TWtviHWbNw
     
    На Trnche, Gea, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Од кога машките почнаа да бидат толку дирекни во пуштање на девојче? :rofl:

    Навистина некои ме изненадуват!

    А овој нема храброст да ми пише, па и не е баш маж за пример. :!:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Понекогаш ги мразам ноќите,особено кога се топли и пријатни,ја мразам таа магичност што се осеќа во воздухoт.
    Ми асоцира на љубов,ми асоцира на него.
    А тоа ме отепува!
     
    На iloveyou29, crazylady, Ketrin.Moon и 4 други им се допаѓа ова.
  19. xoxo..gossip-girl

    xoxo..gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    642
    Не тепа една монотонија , колку е само никакво..
    Како да сме затворени во еден круг и се вртиме без крај.Страшно.
    Секој ден се исто пак исто.Со задоволство би живеела на друга планета :talk:
     
  20. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ме нагази таков период со огромна жед за самоискажување на своите чувства на анонимен форум, бидејќи во реалниот свет некој ќе ме сослуша од куртоазија, друг од љубопитност, трет од сожалување, некој од завист, некој за да има тема за разговор додека пие кафе, а сите ќе надодаваат и ќе одземаат, ќе филуваат и ќе филмуваат, секој според своите потреби и убедувања. Ќе излажам ако кажам дека се чувствувам убаво, сум имала и подобри денови. Финансиската разнишаност ме нервира, а посебно кога планираните пари по некој Марфиев закон завршат сосема непланирано. Денеска излегов со посебна причина, а залутав непотребно пред излози кои ја нудат истата роба на попусти, во себе прикриено се радував бидејќи новогодишните остатоци не се вклопуваат со мојот вкус и тогаш, кога најмалку се надевав, заглавив да се лигавам пред една плик-чанта. Ја гледав како да ја учам напамет, како да сакав секој детал да го меморирам и кога забележав дека продавачката почна веќе чудно да ме гледа, си ги ставив рачињата во плитките џебови и си заминав нечујно исто како што и влегов. И продолжив да одам по улиците полни со луѓе излезени да украдат парче од убавиот јануарски здив на денот...и продолжив да чекорам и кога нежниот дождец агресивно го истури својот бес над градот, одев полека накај дома, смирувајќи го на тој начин, внатрешниот немир, кој со нетрпение ја чека пролетта.
     
    На slavica999, Sexybaby86, Trnche и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.