Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Знаете ли што е најдрагоценото нешто кое можете да го дадете некому? (Освен невиноста де.)
    Довербата. Бидете страшно внимателни кому ја давате и за каква работа. Да не ви се врати и ве гризне за задникот. Довербата е нешто кое некој треба да ја заслужи и да ја цени откако ќе ја добие.
     
    На Lepaaa, hermosa, iloveyou29 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Последно ме трогна The Master class, со Сузан Сарандон, која го рече следново: "Немам ништо против луѓето кои прават нешта за да се чувствуваат подобро во врска со себеси. Но, некогаш треба да се пренасочите кон размислување за тоа каква личност сте… Сметам дека емпатијата и дарежливоста се особини кои привлекуваат други луѓе и кои ве прават убава личност.”

    “Ќе ја изгубите битката ако постојано се обидувате да изгледате како да имате 22 години. Ќе бидете толку многу разочарани.” Наспроти тоа, ги охрабрува жените да се осврнат на внатрешната убавина, отколку на надворешниот изглед.

    “Вашите несовршености се оние кои ве прават тоа што сте. Ако се ослободите од се` што не е симетрично, ќе изгледате исто како било кој друг.”

    Карактеристиките како искреност, емпатија и уникатност ве прават убави. Луѓето кои се здрави, среќни и весели се прекрасни, па поработете на тоа.

    Суштината на нејзината порака е да се пронајде убавината внатре, а не да се користи надворешноста како средство за напредување во животот.Ако се водите според срцето и вашите најсилни квалитети, ќе постигнете нешто долгорочно, на кое ќе можете постојано да работите и да се усовршувате, без оглед на тоа како изгледате.


    Освен тоа, ми се погоди и една емисија, за две тотално различни жени, со потполно поинаков поглед на убавината. Едната е зависник од пластични операции и никогаш не е целосно задоволна од својот изглед. Другата е родена со ужасен деформитет поради рак на кожата. Постојано е изложена на потсмев и покажувања со прст. Вели дека од неа се очекува да се затвори дома, но напротив, често се движи меѓу луѓе, бидејќи е борец и сака да ги мотивира и другите, со сличен случај како нејзиниот, да не се плашат од осудите на општеството, да живеат како тие сакаат и да не се чувствуваат помалку вредни. И погоди која од нив две изјави дека е вистински среќна со себеси? Втората. Решила да живее како секој нормален човек, да се бори против притисокот да се изгледа привлечно и дури изјави дека е пресреќна што се родила таква каква што е.

    Во суштина, се` произлегува од нашиот ментален став и колку ќе дозволиме туѓите мислења да не повредуваат. И во однос на ставот на Сузан за тоа што е привлечно, морам да истакнам дека секогаш кога помагам несебично, советувам, давам поддршка, се чувствувам посреќно, а во тој момент и баш не ми е гајле како изгледам физички, бидејќи сфаќам дека има поголеми цели во животот. Човекот е поголем од својот најлош чин, или пак, човекот е повеќе од својот надворешен изглед. :)
     
    На Barbie20, ludoto19, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Се чувствувам толку празно и неисполнето. А знаеш дека треба да провлечеш една насмевка и да се правиш како демек не ти е гајле. И се колку да се забошоти работата, па потоа ајмо Јово наново истото. Како во маѓепсан круг да се вртам, тука па тука и не знам да излезам. Излез можеби има, ама јас не знам како, каде, што. Како некоја флегма неспособна се чувствувам.

    И тешко ми е, ама кој ќе те сослуша.
    Или ќе ти мрчне, или душата ќе им се наполни, ќе се сити, нема да те разбере или пак ќе те сожалува.
    Последното ми е најтешко. Затоа јас вака само да си ја отворам душичката, да си воздивнам и да си легнам.

    Оти тоа е. Утре нов ден ѓомити. |(
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ги знаете оние периоди кога не контактирате со скоро никој од спротивниот пол? Океј, освен со вашите татковци, поблиски роднини, и неколку другари и колеги. Но зборував за контактирање во романтична смисла на зборот, контактирање во смисла дека тој некој ви се допаѓа и со нетрпение го очекувате неговиот следен повик или порака. Епа јас сега минувам низ еден дијаметрално спротивен од овој период.

    Пред некој ден добив повик од еден човек од моето далечно минато. Човек кој малку сум го подзаборавила. Човек кој се` уште го сметам за добар другар поради работите кои сме ги поминале заедно, а и поради тоа што до пред некое време и беше дечко на една моја другарка. Но ете, без некоја посебна причина, сме се одалечиле. Тој човек многу ме изненади со она што го кажа. Ми кажа убави работи, но и неколку многу тажни. Ми кажа дека секогаш го импресионирам на некој посебен начин и дека многу се кае што ова ми го кажува сега. Ми кажа дека дури и една тетоважа делумно посветил на мене, и дека семинарот на кој јас сум го упатила подоцна му помогнал да ја добие работата која ја има денес. Ми кажа дека јас ќе бидам онаа за која секогаш ќе жали затоа што никогаш не излегло ништо. Се почувствував ужасно. И да ми го кажеше ова пред 2 години, тоа немаше да смени ништо затоа што јас него отсекогаш го гледав како другар, така и се имаше поставено, а уште повеќе подоцна, кога стана дечко на една моја другарка. Откако му го кажав ова, се почувствував уште поужасно. Немав што повеќе да му кажам, но нешто си посакав: си посакав јас никогаш да не се најдам во ваква ситуација. Во ситуација кога е прекасно и кога се каам за некоја испуштена шанса од минатото.

    Покрај овој човек од моето далечно минато, се врати и еден од моето релативно блиско. Да, осогласениот недораснат бивши кој се` уште се пронаоѓа себеси, кој неколкупати веќе ме побара, но го одбив, и кој сега е необично упорен и мисли дека овојпат ќе ни успее. Навистина не ми се почнува нешто на кое однапред му го знам крајот, затоа што знам дека ниеден од нас двајца не би се сменил било како за другиот. Ние сме два тврдоглави карактери кои делат многу заеднички работи, но не се согласуваат во уште толку. Оф топик, нели е многу интересно да си муабетиш со бивш? :rofl: Картите се отворени, немаш што да изгубиш, и слободно можеш да му дадеш коментари од типот: „Мајка ти беше прилично здодевна жена и не уживав во муабетите со неа“ или „Она нешто што го правевме во кревет не ми се допаѓаше баш, но све за љубав, зарем не“ :angel: Попатно и ќе си размените некое линкче уз муабетот, ќе слушнете некоја нова песна која ви се допаѓа, затоа што барем на тоа поле, музичкото, сте се согласувале без проблем. Тоа е кул. Повторно да градите нешто веќе срушено врз истите темели - не баш.

    Третиот маж за кој ќе зборувам денес е една особено среќна коинциденција. Го запознав сосем случајно, и се поврзавме многу лесно за многу кратко време. Ги сака истите бендови и сака да отиде на истите места како и јас, висок е и слаб, има перфектна насмевка, и муабетот ни течеше брзо и без особен труд. Тоа е она што го барам, врска која ќе ми се провлекува низ животов едноставно, а убаво, не нешто кое ќе треба да го градам со мака и фрустрации. Велат дека за да успее една работа треба труд, но јас сум силно убедена дека најдобрите врски се оние кои така, спонтано се случуваат, спонтано течат, и спонтано кулминираат. И покрај сета организираност, мојата спонтаност овде доаѓа до израз. Со овој тип би можеле да го имаме сето тоа, но засега се` оставам на спонтаноста. Уште неколку спонтани муабети и средби, па може спонтано да отидеме на кафе или филм, сеедно :)

    The moral of the story? Ги преферирам моите „сушни“ периоди, ова премногу ме исцрпува. Мислам дека следува таков, никогаш сум немала дечко на Валентајн. Освен ако, нели, нешто спонтано не излезе...:wasntme:
     
    На Hipster, SparkyAngel, Sexybaby86 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Ако вчера бев падната денес сум на колена [​IMG] .
    Причина нема,се е исто ко и вчера,јас сум еден ден постара и добив на подарок кесичка со сушени Гоџа плодови.Е сега она што го јадам го проценувам само на основа дали ми е вкусно или не.Колку и некои работи да се вкусни,нема да поминат во мојата кујна.Неславно заврши прокељот,ниту келерабата се прослави.И зелениот чај ми е тежок,претежок.Овие не би ги ни купила мислам дека ми се прескапи,но ете комшивката ги добила на подарок па ги подели со мене.Маж ми одби да ги проба со специфично движење на устата,слично на неговиот покоен татко.И со тоа движење открива колку сме ние врзани за оние кои не створиле,колку сме вкоренети во земјата на навиките,на познати мириси,вкусови ,облици.
    Колку всушност не плаши новото.Туку сакав друго да кажам.Јас не знам кој ги произведува овие чуда и што всушност има во нив.Па јас ни чоколадата не ја вкусувам заради магнезиумот и железото,туку заради моментот на бесмртноста кога се топи,и нејзината смирувачка убавина.
    И некако сум сигурна дека телото ни дава знаци што му годи.Што ни дава сила .Е затоа овие гоџа бобинки сум сигурна дека се здрави,иако не се доволно слатки за мој вкус,ама одлично си ја одиграа улогата на демодираното суво грозје.А зошто не се купуваат и во маркетите фаќаат пајажина,замислете суви банани,суво киви,папаја,и ред други за кои мојата баба не ни знаела дека постојат.Причините се цените,страв,одбивност,навика.Затоа ви велам пробајте од се и одлучете што ви годи.Затоа денес ќе побарам од тие чудни производи да пробам уште нешто.Зошто бе да умрам а да не знам каков вкус имаат.[​IMG]
    Се спремам да нурнам во денов и тој да ме голтне.Ме чека дремењето во ЕВН,никако да ја оправам сметката за струја на свекрва ми.Патем гледате колку ја сакам,гинам на шалтери за неа.Па вадење имотни листови да го оправам маж ми,патем да разгледам и некој подарок ,му се наближува роденденот,па во суд,па замена на книги во библиотека,па влечење по продавници со керка ми на која и е потребен 15-от пар фармерки,па ручек и чистење по дома...
    Сношти на родителски ќе се подмочав в гаќи до радост.Син ми поправил дури 8 оцени.Некој да ми кажувал дека толку ќе се радував на 2 двојки,5 тројки,2 четворки и 3 петки и ниту една единица,немаше да му верувам.Успех е тоа кој разбира,еј![​IMG]
    И цел ден така,џабе ми е кога сум невработена а понекогаш со денови немам онака празен ден без обврски.[​IMG]
    Тоа сакав да кажам.
     
    На NoellePage, Markusa2, danichap и 4 други им се допаѓа ова.
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Стискајте ми палци после-ВЕ МОЛАМ !
     
    На LittlePinky, AquaBlue и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    89.698
    Пол:
    Женски
    Ти стискам палци и ти праќам среќа за што и да ти треба :*
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    :* :* :* :*
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    15.806
    Пол:
    Женски
    New day...Starting : MySef as MySelf...

    G'd Morning world !

    HaVe A NiCe DaY :) :inlove: :*
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Знаете што ме вади од такт? :) Луѓе што не си го гледаат своето гајле, па дрско ќе те прашуваат за твоето, и апла се трудат да ти покажат дека се им е идеално, значи посебно кога станува за БРАК- Синдром некој си ли е тоа, ама знаеш како е муабетот, нема да причам на Српски ко Снежа, на нашки ќе го кажам- ТЕ ЗНАМ ПУШКО УШТЕ ПИШТОЛ КОГА БЕШЕ :D .
    А тоа вака го доловувам.
    Имаш еден Sид, апла се гледа дека е жолт стар, ама упорно се обидуваш да го нашлакаш со розева боја.
    Ама џабе сестро, џабе што си го обоила розево, кога тоа рѓавото жолтото неубавото пак се приметува.
    Мада мене не ми е грижа за твојот sид, се додека ти не прокоментираш за мојот.
    И, секако јас имам доблест да си ги покажам и сивите бои на мојот, и да, за разлика од тебе јас се обидувам да ГИ ПОКРИЈАМ сивите дамки Со БЕЛА боја, а не да ги прикријам со розе и да си живеам во имагинарен свет.
    Твојот е таков, тажен и имагинарен, спакуван и прикажан пред јавноста :)
    Всушност таа е таа најголема осаменост.
    Да, почитувам луѓе бре, кога нешто не им оди си признаваат, уф ептен почитувам такви.
    Мразам надувани, самобендисани створења, Фалбаџии, што не си ги признаваат недостатоците.
    Тоа исто ќе му дојде ко- Само пример давам-Не бе имам 55 кила, а апла се гледа дека си +10так... Која е поентата бе да си живеете во замислен свет, Која е поентата да сте празни а да глумите пред околината како се' ви е совршено....... Не можам да го разберам е ова Бре лепотице.
     
    На Hipster, manja666, Trnche и 17 други им се допаѓа ова.
  11. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Се обидувам очајно да "побегнам" од нешто и затоа не знам дали ова што сега го мислам го чувствувам или само се залажувам самата себеси.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК ме фати оној периодот кога од се и од сите ти е преку глава :worried:
    Некако ништо не ми е интересно, а обично јас сум најспротивно на ова, и сдк нека поминува побрзо оти не ја бидува вака работата. :doh:
     
  13. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Кое е поголемо задоволство, да станеш човек што посакуваш да бидеш и да си ги оствариш желбите и амбициите или да станеш и да бидеш онаков како што другите сакаат?
    некако досега како да се држев до она: „Ме знаат само оние на кои им дозволувам, а за другите сум само тоа што го гледаат“. Меѓутоа, сепак мојот најголем неуспех го остварив кога си дозволив и ти дозволив да ми го запоседнеш разумот. Од тогаш нижам само неуспеси и ништо друго. А сепак понекогаш се навраќам на тебе, има нешто во тебе што неможам да го одгатнам и постојано ме тера будна да сонувам за тебе. А не заслужуваш бре, не заслужуваш.

    Нема некој што може понекогаш повеќе да те насмее од пензионерите. Понекогаш ми заличуваат на Гилгамеш во вечна потрага по тревката на животот. Таква е и баба ми, сите нејзини друшки се стари само неа да не и спомене тој збор :lol: А сега со повластиците и привилегиите кои ги дава Владата, на секој од нас му останува само да посака да биде пензионер, де на бања де на скијање.

    И да не должам повеќе, уживајте во денот :)
     
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Луѓето кој ке ти бидат пријатели поради вашата убавина и убаво тело тие не ви остануваат пријатели засекогаш тие вие се привремени,но луѓето кои ви се пријатели затоа што имате срце,душа и карактер тие ке останат засекогаш со вас како пријатели.
     
    На Antoninaaa, poenta, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Има жени кои одлучиле дека мажот е тој што треба да им ги обезбеди материјалните задоволства во животот и се одлучиле дека тој може да ги поседува, тоа е нивен избор... но јас едноставно верувам во себе и во својот потенцијал, верував дека можам сама да создавам за да ги исполнам своите желби и никој никогаш нема да може да ме поседува зошто јас не сум предмет и некогаш жал ми е што тие жени немале повеќе верба во себе и СВОЈОТ потенцијал кој можеле да го искористат наместо така лесно да се продадат!
     
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^Kikav напиши извор за кажаново де :D
     
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    нема извор жива вистина е од секојдневно читање на книги,колумни и вакви теми редно е нешто да се кажи кратко ама интересно
     
  18. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Сакам веќе да дојде пролет. Ми здосадија дождовиве,ова сивило надвор,студот...
     
  19. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Хмм го видов вчера на статус кај една девојка која пишува колумни ;) На таков извор мислев.
     
  20. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Не ако имаше одма го праќав
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.