Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.573
    Ич не сакам да слушам никако несредени луѓе помеѓу 30 и 40 години кои ми викаат дека - НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЖИВЕЕ ВО ЗОНА НА КОМФОРОТ, еве они не живееле никогаш.
    И? Што добивте? Што имате? Среќни сте? Да, ако сте помирени, а тоа не е зона на комфор?
    Немаат ни сопствен дом, ни семејство, а ни работа како што треба, немаат ни сериозен партнер со години, промискуитетно влегуваат од ситуација во ситуација.

    Душо, тоа не е неживеење во зона на комфор, туку не знаење што сакаш од животот и кон што го тераш.
    Се молат непронајдените да не солат памет.
     
    На anggell, SparkyAngel, najubava2010 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Сите се замараат со туѓите животи, а не си го гледаат својот, зборуваат работи кои како прво не знаат ништо за тоа, туку сами си измислуваат приказни, ги кажуваат тие приказни насекаде, а не знаат ништо во врска со нив, затоа сакам да ги поздравам оние кои се замараат во туѓите животи и да престанат да го прават тоа и да почнат да се замараат со својот, затоа што и вашиот живот не е идеален, гледајте вие што правите па после зборете за другите, прво вие погледнете се во огледало, па после плукајте по другите...
     
    На poenta, Gordana10 и vitomir им се допаѓа ова.
  3. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    17.824
    Пол:
    Женски
    лелеее бе луѓе носовв ме изедеее :rofl: :@ Го разранив од чешање :devil:
     
  4. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    13 годишно девојче со колку, толку нормален ментален развој да не знае да чита... :headbang: |(
    Се уби, пола час и требаше и пак не прочита точно. :o
    Добро бе девојче...во кој век живееш?

    Инаку...денес имавме во класот една „интересна“ случка. :D
    Онака, имавме информатика. Може да се каже дека беше премногу досадно и тешко си ги држев очите отворени.
    Наставничката прегледуваше презентации. Стигна до Ж, Б и Б2 (нема да им кажувам имињата сега). Тие ја започнаа презентацијата. И, на првиот слајд „Може ли училиштето да изгори“...На вториот „This iс Sparta“. На следниот „наставничката рече дека училиштето, а јас реков дека има добар задник“(сето тоа напишано со погрешен англиски). Па под тектот слика со натпис „dat (That) ass“ |(
    Потоа неколку „ситни“ шеги со изгледот на одреден/а ученик/чка...
    И потоа, единица. :x
    Не се точни. :lol:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Бидејќи нема каде ,ќе прашам тука. :!: Има ли некоја феминка да ми каже каде се продава волница во Кичево.Мислам на продавница со повеќе избор на волница за плетење.
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Сите полуделе!!!!!! :@
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.573
    Радувајте се дека времево е како пролет. Ќе ве видам кога ќе фати суша и кога се за што се трудат земјоделцине и покрај влоговите ќе им пропадне, па кога ќе рипне цената на храната... Ептен убаво, ќе се радувате тогаш. |(
    Глупи луѓе!
    Сакам снег до колена да падне!!!
     
    На Mama25, baby-star, ph.orhideja и 15 други им се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    И додека пред некој ден ме мачеше физичка болка,сега чувствувам психички немир ]:)
    Нормално на денешницава,но ненормално за малкумина од нас.Не сум ни прва,ни последна,ниту пак единствена што се соочува со моменти на шиканирање на професионален план.Реалноста е сурова.Без борба нема опстанок.Но,што ако повторно сум победникот како сега,а друг да ми го земе столчето,па да треба да стојам.Знам дека ништо не е фер,ама секој треба да го добие тоа што го заслужува.
    И до кога некои ќе ја јадат погачата,за некои и ронките се недостижни :@
    Имале право тие што велеа дека психичката болка е поголема.
    Физичката можеш да ја контролираш во зависност од тоа колку си издржлив на болка,но кога мислите ни ги опседнуваат непријатни изненадувања ретки се тие кои остануваат присебни :?:
    Се прашувам каде да го барам излезот од овој тунел :?: Зошто сонцето подеднакво не не грее сите :)
    Некои ги затоплува дури и од север,ама мене ми студи и на југ...
     
    На Barbie20, julie77, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    целосно те разбирам ,си велам трпение....па се прашувам до кога трпение...
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Луѓето се создадени за да се сакаат.Предметите се создадени за да се користат.Светот е во хаос затоа што,предметите се сакаат а луѓето се користат.. ггг мисла на месецот :|
     
    На Mama25, hermosa и poenta им се допаѓа ова.
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ај нека се поарни овоа времево, не го можам дождов веќе. И земјата не го може. Веќе се ново што капне не упива, лежи и чека, да се закачи малку од земјата за капката и за да се закачи за нечии кондури или панталони за да си ја однесе дома, таму да испари.
    И друго ми е, ме чеша едно парче хартија со рецепт за адреналин, кое да го искористам зависи од времето. Сонце треба, сонце само, без облак, без дожд и без ветар. Кој ќе чека до летото? Трпение смирение, како да не! |(
    Викаат риболов учи на трпение. Оу кеј, од прозор да ја фрлам јадицата ќе уловам риба гарант, до толку се излила таа пуштина денеска од синоќашната доза на Н2О. Ем да не си испуштам програмите на ТВ, ем на топло, ем на суво. Ако фатам нешто, мерам и ставам слика :)

    Ај да разлистам некое списание со палми и плажи, сум ги собрала од агенциите, се лигавам над нив како машки над списанија од највисокиот рафт :$
     
    На ilipili, tessie, Trnche и 6 други им се допаѓа ова.
  12. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Сабајле добив СМС од мајка ми дека многу ме сака и ми пишува бидејќи знае колку ми е важно постојано да го слушам тоа. Се разбудив. Зошто би се молела со тебе да ми го дадеш тоа што го заслужувам. Ти секогаш си добредојден кај мене, но ако сакаш да заминеш, лично ќе ти ја придржам вратата.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    А бе, јас сум ти како полно шише Кока Кола, оставена со денови без капачка :^) Изветреано, невкусно, те тера да го накренеш зашто гориш од жед ама шо фајде кога нема ни едно меурче да ти изгребе грло и да предизвика ниеден ждриг :geek: ...

    Да, полна сум со чувства до врв, ми се гледа љубовта низ сите пори, имам кого да напојам, а така изветреано се чувствувам, така некорисно и само благо, целосно неискористено...

    ...шознам шо период беше ова, да те фати да не те пушти, бреј!

    За ќотек плачам, знам, уште пред извесно време си побарав доброволно логор за шамарење, ми треба нешто да ме размрда и освести, мајка ми крена раце, од брат ми добивам само поглед накосо :^) , тато ме гледа навечер, и мисли дека грдно се изморувам денски...а тој па...е баш нему не му текнува дека додека бев газирана и полна со моќ ме остави само да сонувам и сега не знае ни благотата да ми ја искористи. А баш што шеќер би собрааааал :geek:

    Нека, ќе се вратам јас, мене и онака секоја зима ми е се преку орган што го немам, чмеам и вегетирам едвај чекајќи го први Март, тогаш ми се собираат мислите како штрковине во комшии, тогаш ми блика љубовта како кокичиња од под снег, таман тогаш ми се излива сета енергија што ја имам како водана под село. Ако. Имам надеж, и соништа... и фала Богу време да ми станат реалност.
     
    На Elennaa, Moira, curious-doll и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Добро бе Мајли! Сите ли планираш да ги лижеш... барем оди вработи се во поштарница, таму ќе можеш да ги лижеш писмата за да се залепат... :x
     
    На Nausicaa и sweet-star им се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Чудно е како еден парфем може да ни врати стотици спомени!

    Тежок ден, тешко време, тежок живот живееме...
    Одам по улици и среќавам секакви, од тажни, среќни, депресивни, загрижени, мамурни, расплачени.
    За жал оние тажните ни се нај чести. Ги среќавам се почесто и почесто, а и јас спаѓам во нив.
    Со наведната глава целиме кој подобар живот, одеме одеме одеме и одеме... надежта после умира, ама сепак умира!
     
    На Elennaa, anggell, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Што е финтата со некои професори и асистенти што не враќаат на мејловите?Значи човек и редовен и си учи и на време семинарска ќе им прати,они два збора да не вратат,дали е добра,дали и фали нешто.Па не терај да правам ако не планираш да ја прочиташ,мислиш јас само за тоа живеам цк цк

    Кога веќе сме кај факултетите,од каде испаднало она со носењето толку ствари на дипломска.Јас разбирам да се укаже чест,да се наздрави со пијачка,ама ова што се дешава на нашиве универзитети е претеризам.Едни порачале скара,други кетеринг служба,трети ги даруваат професорите со скапи подароци ко демек они презентираат.
    Како недоволно да се трошат студентите за тие 3,4,5 години додека студираат, па ајде за дипломската 100 евронки,парфемче за професорката или шише Џек Даниелс на господинот ментор.Според мене они треба да не даруваат,дека сме завршиле и почнуваме со ново поглавје од животот,а не ние нив.Ама сето тоа произлегува од побогатите,па после нив и другите сакаат да се покажат и ете ти фрлање пари за непотребни работи.Ова никаде го нема,само кај нас :x
     
    На Hipster, Markusa2, LittlePinky и 9 други им се допаѓа ова.
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    На крајот од денот,кога ке ја потпреме главата на перница и ги склопеме очите...
    ...не е важно какви чувства гаеме кон личностите од минатото.Туку важно е да мислиме на личностите кои се присутни во сегашноста и секој нов ден ни го прават поубав и посреќен!
     
    На Elennaa, Lepaaa, Desert.Rose и 4 други им се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк темава со манипулаториве ми стана интересна,зарем некои луѓе сеуште мислат дека неможат да се откријат нивните намери,значи пукнав од смеа :D :D .
    Извинете вака малку ја претерав.
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДвиК, ова маживе се нарекуваат посилен пол :^) Е, ако под тоа посилен подразбираат физичка сила, знајте оти ниедна шлаканица не боли повеќе од добар удар по меѓуножје! Ако се прајте посилни на збор, ај да ве видам расправајте се докрај со мајка е на невестата :lol: . Ако се прајте демек појаки со чувства, е да, ко ќе видам да плачите и да се смеете истовремено крварејќи, а и плус да ви трне едната нога од високите штикли :emo: Аааа, па се правите демек посилни во се, мажи бе, мАААжи.

    Па и пижамите да ви ги оставам на еден час ќе ги изгубите, а не жена бе :fubar:

    Мажулиња. Со мало м.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК гледам во темите и се чудам, последниот месец ме отепа на тие полиња па неам ни шо да кажам :doh:
    за никаде не сум , ни за во Љубов, ни Брак ни Врски ни Дете ни бременост и во знак на протест ни во Сингл не влегувам :fubar: за инает..
    Само во игри ќе си одам, дури не се оправам.
    фала пријатно :hai:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.