Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.926
    Допаѓања:
    15.882
    Пол:
    Женски
    СДК добро бре,кога ќе се научите дека имаме 20 и кусур години и дека треба малце од малце...не знам јас нависитна разбирам дека се нема пари,ама па цело време да изигравам секретарка оти имам бесплатни,дојде крај на тоа....здосадено ми е од муабетот да имав кредит јас ќе ти се јавев...добро ај некако за бесплатните,јас па во претплатата нема бесплатни кон ONE шо прајме сеа? :D Божеее

    Нејзин краен одговор : aj vaka ko ce ti titnam ako mi vratis znaci ce dojdis


    НЕ СЕ БРУКАЈ АМАН ВЕЌЕ за 100 ден...а секој ден одиме во различни алишта се облекуваме госпоѓоо :fubar:
     
    На SparkyAngel и poenta им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Денес ги повлеков сите пари што ги имав на сметката на која примав плата и си купив нови чизми па здравје боже - нови чевли за нови патишта :)
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    морам да кажам дека многу ми фали дружбата со пријателките од фемина, ама немам воопшто време да застанам на интренет да се дружам :( толку многу совети и помош добивав тука....
    кисченца од мене и алексеј до сите :* :*
     
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.948
    Допаѓања:
    90.116
    Пол:
    Женски
    Најсреќните луѓе го немаат најдоброто од сè. Тие само го прават најдоброто од сè. Живеат едноставно. Љубат великодушно. Се грижат длабоко. Зборуваат љубезно.Се смеат секогаш,уживаат во животот,ги радуваат мали работи ,прават се од срце ... :)
     
    На Elennaa, francais, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Ех, арно си вика Алиса, барем на еден ден да бидам маж. ПМС ме убило :swear: :swear: Менувам расположение од минута во минута, морееее од секунда во секунда... Се ме нервира и имам "страшен" апетит.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    ПМС, никој не те сака-жените :swear:
    [​IMG]
     
    На Barbie20 и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.072
    Можам да се кладам дека ќе се обесам на првото криво крувче дека 90 посто од луѓето кои го гледале The wolf of Wall street се воодушевени во друга смисла, освен онаа на функционирањето на кармата. Pieces of shit!
    Не од Скросезе и Ди Каприо, не од продукцијата, не од фотографијата, не од кармата, туку од бесрамното богатење и начинот!
    Колку е едноставно да се владее целиот концепт, а толку не смее да падне во сечии раце буквално од вакви чудовишта... Впрочем има и цена од една поголема пара на евро...и станувате богови на продавање на лук и вода, на розеви соништа, наместо да го искористите во друга намена...
    Ах уел...премногу ќе зборувам, одам да си легнам.
    Добар филм, но не и фасцинантен.Долгите 3 часа ти предизвикуваат чувство дека е нешто подобро од она кое, а башка и од толку гледање дрога, сериозно се сомневаш дека си под дејство и ти.
    Леонардо добро си ја завршил работата, одлична глума.
     
    На mims-89, Hipster, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Што правам јас? Која ми е поентата на мојот живот? Каде сум? Знам само каде сакам да одам. Ништо друго.

    Да се биде сонувач, да се биде мечтател денес во нашава гетоизирана „wanna-be“ држава, значи намерно да се откажеш од здравиот општествено-прифатениот начин на живот. Значи да не влезеш во општествената машина за калапање на хуманоидни суштества и да отскокнуваш од „нормалните“. T.е. според нив, ти си ненормален/на. Ако!

    Општеството упорно се обидува да ми ги згази амбициите и да ми ги спали соништата. Ако!
    Имам уште милион други!

    Good night :*
     

    Прикачени фајлови:

    • ....jpg
      ....jpg
      Големина на фајлот:
      43,8 KB
      Прегледи:
      356
    На kala21, Someonespecial, Gordana10 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Љубам..
     
    На kala21, cinderella5 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Јас, како и секогаш...некомплетна, осамена, со триста мисли низ глава и плус на сево ова и некој психички немир ме јаде веќе неколку дена и не паметам од кога не сум заспала мирно и без болки во слепоочниците кои додатно ми влијаат на несоницата и расположението.
    Мора да си купам апчиња за смирување. :lol:

    Се` ми е монотоно, глупаво и не знам до кога ќе тера вака. Ако потрае ќе полудам. Овој пат сигурно.
    Не ми се случува ништо, а уствари се случуваат многу работи, кои патем, ги сметам за не толку значајни.
    Сакам промени. Нагли промени. На подобро, се разбира.
    Сакам да се случи нешто што од корен ќе ми го промени животот и ќе ме однесе чекор понапред, бидејќи веќе долго време стојам во едно место и никако да се помрднам.
    Досега бев скромна. Не барав многу и се задоволував со ситници.
    Но сфатив дека заслужувам многу повеќе. Многу повеќе од она што го имам и многу повеќе од она што животот ми го нуди.
    Не дека сега ситници не ме радуваат, само очекувам и се надевам на нешто повеќе од животов.

    Ме нервираат луѓето. Не сите, да се разбереме. :)
    Ме нервираат оние напорните; досадните; оние кои те убедуваат во нешто што и сама знаеш дека не е вистина; оние кои те прават будала и глупа, а не се свесни дека самите се такви; оние кои ти ветуваат нешто, а не го исполнуваат ветеното; оние кои те бараат само кога им требаш, а после очи не сакаат да ти видат; оние кои те лажат и ти солат памет.....
    И најмногу ме нервираат девојки кои немаат доверба во своите сакани дечковци и уште се осмелуваат да ти пишат и да те прашаат што имаш ти со нивниот сакан, само поради тоа што си ставила лајк на некоја песна или статус или тој тебе. :x
    Ќумрам.

    Се` ме нервира. И тој ме нервира. Ќе видиш што ќе ти направам...МУФЉУЗ еден ( што би рекла срцекршачка). :devil: :devil: :devil:
     
    На anggell, poenta, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    100.487
    Пол:
    Женски
    Замислете дека сте на плажа,а на неа има куп камења,со различна величина...камењата можете да ги собирате на куп и да изградите куќа на пример,тешко е,ќе потрае,ама може да се исплати;можете без врска да ги џиткате во вода,нема ништо да постигнете,никого нема да повредите,или можете да гаѓате било кого,на шала,од невнимание или со намера некого да повредите,најчесто сериозно...исто така треба да внимавате да не се сопнете од некој камен,кој некаде сте го испуштиле...
    е така ви е и со зборовите...
     
    На anuskaNESTLE, Gea, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  11. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Зелен чај и позитивност зрачи од мене денес. :)
     
  12. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Се прашувам што ке се случи до крајот на годинава,оваа година се што не се случи...Сега моментално ја игнорирам реалноста,сите пробуваат да ме вратат ,но јас се заглавив.Досега бев доста реална.не видов ништо добро.Не сакам истото да се случи..од тоа се плашам.

    Со погледи зборуваме,а никако да се разбереме.Страв ни е си кажеме "Здраво"..бидејки последен пат кога го оправив да застане и да не биде наивен со девојките негови,тој кажа "Не сум таков како што мислиш дека сум"и замина.А сега сака да каже нешто друго ,ама чека...а јас уште повеќе... :sweat:
    Незнам дали ме разбравте многу,но сакав да си ја олеснам душичката
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    СДК...
    Ретко кој би кажал убави зборови за девојка која направила грешка во изборот на брачниот партнер.
    Ако не се омажи,епитетот стара мома ќе биде основен во секое нејзино претставување од околината.
    Ако се омажи,па се разведе,станува распуштеница во очите на другите.
    Ако е самохрана мајка,не е достојна за стапување во нов брак.
    И таа што останува верна сопруга и одговорна мајка не е поштедена од лупата на јавноста.Секоја нејзина постапка будно се набљудува,секој чекор во милиметри се следи...
    Само не ми е јасно,од каде правото на малограѓанскиот свет да коментира нечиј, за нив, нетипичен избор на одлука.И додека тие опседнато копаат низ животот,пишуваат,препишуваат биографија, другите рамнодушно чекорат по патот што го избрале...
    Сето тоа од едното уво влегува,а од другото излегува ;)
     
    На Gea, eliesaab, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Секој ден кога сум сама дома пеам на цел глас, можам да замислам комшиите што си мислат за мене, којзнае како ме оговараат, ама баш ми е гајле :rofl:
    Си викам ај на работа се повеќето, ама тие што не се имаат гратис солистички концерт моментално. Жал ми е, како што вие бушите по цел ден и реновирате, јас мора психата да си ја реновирам :angel:

    Ако имате некоја комшивка што цел ден пее, ден-ноќ поточно, јас сум таа да знаете :D
     
    На eliesaab, Ketrin.Moon, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  15. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Моментот кога сфакаш дека нема никогаш да бидете заедно и дека све било само заебанција... :( :x :worried: :swear: :swear: :swear:

    http://www.youtube.com/watch?v=Bag1gUxuU0g
     
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Вчера ми дојдоа некои мисли за тоа колку е краткотраен животот. И почнав да се запрашувам дали јас го давам својот максимум во него? Дали го исполнувам целосно моето секојдневие и дали кога ќе поминат неколку години нема да се каам за некои работи што не сум ги направила. Од страв,срам,од немање време,волја,желба.

    Верувам дека секој човек има своја цел и мисија што мора да ја пронајде и ја остварува за тоа да му донесе состојба на подолготрајно задоволство т.е среќа. Се помалку од тоа ни создава негативни чувства.

    Не знам почувствував дека се плашам од стареење,од минување на времето,наместо да ги засукам ракавите и да бидам продуктивна. Ама во крајна линија,сигурно не сум задоволна само затоа што постојам. Среќна сум за тоа,ама мислам дека треба многу повеќе да живеам во моментот,место да планирам за да сум целосно задоволна.

    Освен тоа пренапорно ми е да се чувствувам повредено од некои луѓе. Да ми е жал што нешто така испаднало или да се јадам одвнатре што некој ме навредил. Се трудам ,колку мутаво ,клише и излитено да звучи ,да им простам на сите. И да пробам да поодам во нивни чевли и да ги разберам нивните постапки и да пуштам сите мои негативни чувства да си отидат заедно со моите негативни мисли за тие личности. Простувањето е многу потценето денес за жал.Ама,непростувањето создава огромен товар. Непростувањето разболува,те мачи и притиска.
     
    На Gea, eliesaab, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Многу ми е убаво во моментов - си пијам кафе, си пушам цигара, си читкам интересни работи на интернет, сонцево што убаво ме грее преку отворен прозорец, ептен, ептен ми е убаво ама јас и Марфи сме другари стари, одамна се знаеме и само чекам да заѕвони телефонот и убавиот ден да отиде во к*рац, секогаш е така! Секогаш кога сум опуштена, кога уживам, секогаш кога ќе помислам дека ова ќе биде мирен, релаксиран ден заѕвонува телефонот и следи хаос и лудница, затоа телефонот сега ќе си го ставам на сајлент и ќе го однесам во друга соба, да не го видам кога ќе ѕвони ;)
    Навистина ми е убаво во моментов, не би сакала ништо да ми го наруши спокојството што го чувствувам...
     
    На Hipster, BlackAndWhiteSwan, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Кога им е најтешко им даваш совети, а кога тебе ти е најтешко ќе ти кажат само "ај ќе помине" :|
     
    На Dennings, Someonespecial, eliesaab и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК...Исто како мојот потпис.
     
    На Agrona и Avenged им се допаѓа ова.
  20. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Ова е еден од оние моменти во животот кога сфаќам дека требаше да се запишам на ФОН или на некој од таквите плати-положи универзитети. Наместо на предавања да седам во кафичи, а на испит да добивам 150 страни за учење со 20/20 сигурни прашања кои се паѓаат.
    Ех требаше на ФОН...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.