Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Каде сега најде :^) ,ако нема проблем ке издржам,ке ги пребродам овие тешки моменти.
     
  2. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Она чуство кога добиваш нешто што не заслужуваш.Се чуствувам ужасно бидејќи знам дека не го заслужувам истото...
     
    На Kaylie, Elennaa, EMoonlight и 2 други им се допаѓа ова.
  3. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Незнам што ви е со цитатите во темава...
    Секој пат кога сакам нешто да напишам наидувам на мислење кое се состои само со една веќе одамна кажана и досадна реченица,и одбивам да напишам било што.
     
    На anuskaNESTLE, Hipster, stetoskop и 11 други им се допаѓа ова.
  4. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    23.985
    Пол:
    Женски
    Me нервираат луѓе кои ги одржуваат своите алишта водени од некоја своја идеја како тоа треба да изгледа и после мрчат оти не било нештото квалитетно.
    Ставаат на 40 степени во машина, алишта за кои етикетата наложува да се перат на рака со вода до макс. 30 степени. Абе, не можеш ти како ти текне и после немало ништо квалитетно.
    Производителот со производот ти упатува и упатство како тоа треба да се користи.
    Ако ве мрзи да перете на рака или сте го извалкале нештото повеќе од потребното, машината не е решение за денешниве синтетики. :fubar:
     
    На Lepaaa, anuskaNESTLE, hermosa и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.565
    Мене на пример шефицата за сериозно ми праќа срценца на фб. Ме прашува до кај е нешто и одговарам и она мене срценце,на другите им праќа лајк. Јас неа ни и се улизнувам, ни па имав намерни, ни па ми е интересно, другите сакаат да ме убијат. Толку многу напори вложија да го добијат проклетото срценце, мед без пари, работа која не е нивна, цинкарење, шпионирање, оговарање, правење на кафе, трчање по бурек, тенденциозни комплименти и ето... :( :D
    Е така, ќе направам упатство како да ве сакаат претпоставените. Ќе биде на 500 страни, празни, бели, и на последната ќе пише, не биди мекотел морон, биди човек, биди ти и не се пикај во задник,терај го својот филм, биди добар со своите колеги. Така планирам првиот милион да го заработам. Зошто луѓето се мизерија!
    Што е тешко да бидеш на здрав-чао, да си позборуваш за работа, да прашаш куртоазни како си, како го помина празникот/викендот и да не навлагаш во дубини? Просто ко грав!!! Што ми е мене гајле дали на шефицата и испаднале сармите или како и се децата по дома? И што има бре да излегуваш на доручек и на никого ништо не му викаш, само со колешката (со која се дружиш како да си во средно), ташничињата под рака и кај шефицата - или ја викаат за на доручек или ја прашуваат да не треба нешто да и купат? А оваа нема ни да ја крене главата, само ќе им рече не... Што е толку тешко да се прашаат сите - колеги јас излегувам, кој е за нека повели, на кој му треба нешто нека каже? Камо ви бре колегијалност, јебала вам колегијалност???
    Јас на тие на пример, освен по мејл, ако нештото е преголемо да се испрати,на колегите им давам на усб. Ама не било какво, СПЕЦИЈАЛНО за нив набавено, во форма на Тојфорд ќенеф! Да, да... :D Нека го мислат за смешна шега, мене ми вријат и ме гуши атмосферава веќе. Размислувам за бегство...
    И така. :D
     
    На mims-89, Trnche, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  6. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК другарка ми се мажи, среќна сум поради неа. :D
    Многу се радувам како за сопствена сестра.
    Со задоволство и помагам, трчам со неа ваму, таму додека ги завршува последните ситници...

    Колку е убаво вака кога се сите насмеани, расположени и среќни... а посебно ми е драго тоа што после толку време ќе се собереме сите заедно , како некогаш кога бевме деца...
    Времето лета и тоа многу,многу брзо. :(

    Ни остана само уште да смислиме некое изненадување, сакаме да ја изненадиме со нешто, таа го заслужува тоа. :)
     
    На Buttterfly, Elennaa, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Сепак не ги сакам тмурните приквечерини...
    Тажни се и мрачни.

    Сакам сонце...сакам да дојде пролет. Не го сакам дождот.
    Снег или сонце. Ништо помеѓу нив.

    Времево ми наликува на есен. А есента ја мразам.
     
  8. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    сдк... за 4 години врска,љубениот ме изненади со ноќевање во Аурора Ресорт и Спа во Берово,си поминавме преубавооо :D ,собата ни беше преубава,со мала терасичка која имаше поглед кон се . Чист воздух,прекрасен поглед кон прекрасната шума и прекрасната Аурора,љубениот до мене,ништо повеќе не ми требаше.Прекрасно беше,не сакавме да си одиме,ама рековме ќе одиме пак.Морам да ги пофалам и за храната,не знаете колку вкусна храна,ах,преубаво нешто. :D
    Кога ќе имате можност,обавезно посетете го тоа место,вреди верувајте. :)

    Пријатна вечер :)
     
    На iloveyou29, Barbie20, Gea и 15 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.565
    На овие години го почнав она - еее да ми е овој памет пред 7-8 години... :^)
    Ама сериозно да ми ееееее...
    Стигнав до стадиум - што сакате правете. Мисијата наречена - не сакам за ништо да се секирам, односно со неважни луѓе кои сметаат дека нивните проблеми треба да се сечии.
    Ох што е лесна живеачката вака...
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Денес видов нешто што ми го промени мислењето.

    До пред еден месец сакав да купувам Самсунг ноте 2, па х периа.Денес со татко ми бевме до една продавница за поправка на мобилни телефони,футроли за тел. и телефони на старо.
    Еден родител така пристар дојде со дете кое сигурно е било 6-7 одделение.Детенцето беше премногу мирно,молчаливо,а и се гледаше дека луѓето се посиромашни.Родителот сакаше да му купе на синчето мобилен телефон.Гледаа од оние старите нокии дебели, и еден самсунг мислам дека на лизгање беше тој. Детето требаше да одлучи кој телефон го сака од тие два.Тоа се одлучи за тој за лизгање и беше премногу среќен за телефонот.Телефонот го платија 1000ден. Детето беше премногу среќно но таа среќа премногу ја пренесе искрено. Срцето ми се стегна кога видов дека едвај му купи телефон од 1000ден.Толку многу ми падна тешко што во еден момент посакав мојот телефон да му го дадам.
    Јас сакав да купувам телефон од 20 000 па и више а таткото едвај успеа на синчето да му купе телефон од 1000. Од денес реков мобилен телефон само за ало ало нека ми биде. Сватив дека ептен е немаштија времево и не вреде да се даде толку многу пари за еден апарат.

    Оваа приказна/случка нека биде причина за вашите размислувања...
     
    На Mishela, Buttterfly, Barbie20 и 23 други им се допаѓа ова.
  11. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Добровечер женски. :D Денов беше многу убав,така сончево,спокојно и среќно.. Иако сум болна и бев по амбуланти сепак сум си среќна,скоро се си дојде на свое место,веќе никој нема да дозволам да ми го наруши овој спокој и оваа среќа колку и да се трудат залудно ќе им биде,само време ќе си потрошат,нема да успеат. Пријатна вечер девојкиии.. :) :*
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.169
    Допаѓања:
    156.565
    ^^
    [​IMG]

    Сериозно...
     
    На Trnche, Gea и XstrongerX им се допаѓа ова.
  13. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.494
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Комплетно разочарана од животот.
    Некој најблизок што ти е што си правел буквално се за него во животот си бил покрај него , влагаш во оган за него, си правел еден куп работи може да ти каже дека не си бил човек и дека си гледал само за твој кеиф и за никој друг е срамота.
    Уште не можам да сфатам како можеше такво нешто да ми каже .
    Со ова денес што ми го кажа имам само нешто да кажам : Фала што ми ги отвори очите и што сфатив каков човек сум имала покрај мене овие години и ништо повеќе . Само за едно ми е жал .. зошто толку години бев покрај тебе и те подржував во се и се правев за тебе за вака да ми биде вратено :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Не смеам ова, не смеам она. Оваа не е во ред, за онаа си голема, за тоа таму си мала....
    За едно нешто ќе се влечеш три години...
    Ако еднаш во годината не ти се оди на некоја активност (спорт, музика, што и да е), ти веднаш си незаинтересиран и те прашуваат дали сакаш да прекинеш со таа активност. |(
    Нема потреба од мобилен, имаш еден. Подобро ќе купеле компјутер...
    Прво, имам мобилен, но стар е пет години и не е неупотреблив. Нели сакавте да ви се јавувам на секои пет минути...Епа не можам, ми се исклучува на секои пет минути. Па не ви барам Самсунг Галакси С4...по ѓаволите. Ви барам само еден употреблив телефон... кој не е пет години стар!
    А компјутери...имаме три дома. Нема потреба од четврт. :@
    Добро мамо, тато, не мислите дека малку претерувате...?
    Па сега, згора на се, и форумот размислувале да ми го забранат... :@
    Да напоменам дека немав интернет до мои 8-9 години дома. |( :^)

    Ако кажам дека сум се скарала со некого, еве ја веднаш мајка ми, ќе одела таа кај класната. :x

    Ако навистина ми го забранат форумот, има да се фрлам низ прозорец.
     
    На LittlePinky и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Многу се потрошив со празнициве, имав и некои непланирани трошоци, кесето како да ми се дупна. :sweat:
    Се грижев за работата со новите услови, а на крај добивме отказ, зошто фирмата се затвори од инспекција, па немало да ја отвораат. :worried:
    И два-три дена бев во депресија со помислата како ќе се живее до наредната плата, последна за земање и наредниот период... :whew:
    Ќе ми помогнуваат од дома, брат ми ќе праќа еврички, ама не е тоа тоа.
    Кога ќе се научиш на редовни примања, помалку му се мислиш.
    И сега се чувствувам одлично. Си велам, фала му на Господа и ваква прилика, да научам да живеам и со малку, да научам да им одолеам и на желбите кои се безброј. :ninja:
    Па, ќе дојдат подобри времиња...мора да се надеваме на подобро, за подоброто да дојде. :)
    Битно, си купив нов кармин и едно палтенце на попуст. :makeup: :$
     
    На iloveyou29, hermosa, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Многу се нервирам сто 22 годисни девојки се однесуваат како да имаат 12 годинки, многу! Кои морони леле, кои мајЧини морони...
    Никој нисто не ми направил конкретно ама, секој ден да слусас :puke: не е лесно.
    Арно ми вика мајка ми, "абе со се замарас, пусти ги, свиркај си и терај си работа ајде", ама ја не могу бре, треба усите да си ги дупнам па да не слусам.

    Кои бљувотини им излегуваат од уста, колку се закоравени во тоа сивата маса, јас не знам...
    Ама не мозес никому нисто да му забранис така да ми останува само на мајка ми советот да го послусам.
    Уффффф мисливе ми се попара, збркотина, полудев!

    Одмор, одмор сакааам!!! Литри водка сакаааам!
    Ај за некој ден! ;)
     
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Умор, умор, умор и хумор.
    Те спасуваат мали коали, писменце со Те сакам жено луда во шкафче од колешка, книга навечер наместо несоница, кило крем банани скриени во кујна и откриени демек случајно, па си врви животов.
    Листата на things to to веќе почна да се пречкртува. Одредени нешта ќе си почекам, ќе си почекаат.
    Најдов волонтерска страна за аплицирање преку Млади Инфо, и има една фантастична стипендија за Исланд. Не’ тепаа ракомет, ама ќе им отидам, ако даде животов. :rofl: Фантазија и Фанта во фрижидер. Па секако. Струга како бајка. Сликање по Дримон. Св. Никола и водолии во хороскоп, ракија истурена директ на прслуче, розе вино и теорија на заговор. Не е на арно кога во 18ч снемува алкохол, а низ Струга само на одредени местенца може тоа да се најде, па како манијакални пијандури сме вртеле уздуж и попреку градот убав да си најдеме тоа што си баравме! 8) :rofl:
    Не би ги сменила моиве жени за ништо на светот. Ме нервираат, ама и јас ги нервирам нив. Насукани китови на тросед, недослушани вицови и дремка низ ќебиња. Убав живот, ако имаш кому да му чешлаш коса после мамурлук или да гушнеш додека зева како маче.


    Светот е суров и понатаму.
    Имам насмевка на лицето, па грст солзи. ПМС, кафе со колеги од компаративна, капут на хемиско, нови чорапки и мирис на зрело доба, како пресврт.
    Во меѓувреме му се радувам на Иван, а денес со линков, гледам и тој мене: http://okno.mk/node/34975
    На први март си го чекам либето во прегратки.
    Со Фиши смислуваме некој концепт што не знам дали ќе види бел ден, ама ако.
    И... Така.
    Ми се живее многу, и ми се љуби. Не можам да се доизнаживеам, да се доизнаљубам.
     
    На angelina1, senza.parole, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сурово е да си емотивец денес,сурово е да си искрен,сурово е да си чуствителен,а најсурово е да им веруваш на луѓе кои се себични,манипулатори и бесчуствителни.
    Суровите луѓе на урнатините на твојата среќа ќе изградат спомени на победа...
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Barbie20, hermosa и 4 други им се допаѓа ова.
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Едно гајле помалку.

    Им благодарам на чичковците од комисија што решија да ми ги (си) скратат маките и ми дадоа возачка. Ептен ми е клише да лупнам статус: Пазете се, добив возачка, креативниот мој пристап е: Леле колку места што не сум ги видела ќе можам да ги истражам.

    И така, цел ден си се радувам за тоа пластично картонче што ќе ми го исполни паричникот.

    А дефинитивно ми важи онаа теорија ако не ти е наместен креветот, ќе положиш. Еве, од Нова година па наваму ниту еднаш не сум наместила кревет пред полагање и се положив. Мислам, не може случајност да биде нели :)

    Убава вечер, драги виртуелни другарки, кој не ја изгледа Мерил Стрип кај Елен одма да надокнади. :D
     
    На angelina1, anuskaNESTLE, iloveyou29 и 29 други им се допаѓа ова.
  20. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Чувството кога ке го видиш дека игра кошарка и во тој момент дава кош ... и се врти кон тебе :$ :$ ..
     
    На Kaylie, LittlePinky и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.