Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    89.698
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво кога знаеш дека си причина за нечија искрена насмевка ... :angel:
    Ах само нека се среќни и задоволни друго не е важно :)
     
    На Elennaa, Gea, Gordana10 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Некои луѓе постојат на планетата Земја,само за да те нервираат!И најдобри се у тоа! :@
     
  3. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Цел ден офкам и сум ко старица. Зошто? Затоа што секогаш сум утка со времево јас. Кога ќе е ладно се покривам со малку, кога ќе се затопли се покривам со премногу. Никогаш не можам да погодам.
    Така сношти си се изнапокријав и си легнав да спијам. Станав на сред спиење жива вода испотена и целата отскријана и пишамата крената нагоре т.е. целиот грб гол. Резултатот од тоа е премрзната половина која ме боли и како шо кажав цел ден само си офкам, едвај станувам, едвај седнувам, за лежење да не ни правиме муабет. Дечко ми ме зафркава, ми вика ко трудна си, на секое станување оф, на секое седнување пак оф. Мајка ми ми вика ко баба ми сум била, а татко ми најцарче ме теши и ми вика не ги слушај ти нив, ко двете си :D
    И така си се мачам јас, се мачкам со крема, ставам шише со топла вода позади мене. Епа така ќе ми е кога не размислувам.
    Едит: Поука од ова, никогаш не им се смејте на вашите баби и дедовци ако се жалат од половина, не знаете кога ќе ве снајди и вас 8)
    Ајде поздрав :D
     
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.782
    Се е под контрола-на работа,дома.....
    Да заврши работниот дел утре и посетата на забарот (ги носам децата,тешам,по пат купуваме нешто за да се смират од стресот) и после тоа сум фриииии....се до 20 ч.кога имаме проба за свирка....
    Добро де....јас само им носам кафе,(никој мене нема да ми го даде инструментот во рака) и на нивно молење ќе испеам 4-5 песни (колку да ми олесни на душата,а тоа се некои песни од Him,evansences,Green day....абе толку убаво ми доаѓа на душата,сета енергија ја испукувам...они весели,ајде уште некоја и така до доцна во ноќта.
    По стари години си најдов активност која ме исполнува.... се чудам самата на себе,се чуди синот-вели ај што слушаш,ама да пееш такви песни...а јас уште толку...Диго квасец... :lol:
    Абе добро е,се си е добро...
     
    На Sexybaby86, lunicka, Gea и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК животов ми лупа една за друга шлаканица секојдневно. А баш си мислев дека со почетоков на новава година дека ќе ми се промени нешто. Дека крајот на 2013 ќе стави крај на баксузот. Ама не. Марфи-ако нешто може да тргне наопаку, ќе тргне.

    Туку нека е само до јануариво. Знам дека многу луѓе го мразат Јануари како што го мразат понеделник. Најдолг месец, најмногу трошоци, луѓе едвај крај со крај врзуваат.

    Во последно време се чувствувам депресивно, меланхолично, очајно, бескорисно. Во потрага по работа веќе 2 месеца, се трошат резервите, се трупаат сметките, а крај не се гледа. Решение ич.

    Туку, убаво сонце имаше денес. Некако ме поткрена. Ај белки и утре барем од сабајле ќе има. Поинаку е кога има сонце. Некако посветло ми е. Не буквално. Посветло ми е во животов, во главава моја тврдоглава.

    Ми требаат прегратки. Ми требаат насмевки и искрена смеа, смеа до солзи, што дури ќе си помислиш дека си се подмочал. Е тоа ми треба.



    Ве гушка Џоунси :* :hug: :hug: :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    • images (1).jpg
      images (1).jpg
      Големина на фајлот:
      10,5 KB
      Прегледи:
      471
    На richgirl998, Sexybaby86, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Многу ми е досадно па решив да земам да си ги читам старите мислења на форумот, оние првите што се некаде.
    Читав, се засрамував, читав повторно :$

    Си мислам колку сум била недозреана, искрено. И тоа пред една година, не ми се верува! :D

    СДК дека форумот ме промени. Ме промени и како личност, ми ја промени перспективата како гледам на некои работи, многу научив, созреав..

    И многу сум благодарна...

    Овде се зачленив зошто ми го препорачаа форумот како лек против досада, признавам и тоа ми и беше!
    Запознав секакви личности. Сфатив и дека не сите се мед и млеко. Многу недоразбирања, кавги, плачки и што се не видов.
    Ама добро е, океј е. Секоја чест што сте ме трпеле таква.

    Поттик да го напишам ова искрено ми беа личните пораки што ги добивам за тоа како размислувам како возрасна личност на мои години. Некои ми кажаа дека ме читаат многу често, редовно ми ги листат мислењата.. а јас искрено се трогнав. Не мислев дека сум оставила таков впечаток на форумот.
    Си мислев ќе си бидам невидлива, како и во реалниот живот. Ама не било така, и баш ми е мило. :l:


    :bow:
     
    На iloveyou29, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, sweet-cherry и 10 други им се допаѓа ова.
  7. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Зошто ја минуваме целата недела во правење 300 планови за викендот, а на крај целиот викенд го поминуваме пред компјутер? :lol:

    Некако, добро се чувствувам, :D Само уште утре да ме размести класната. Ех, колку би сакала да седам до некои позабавни деца...а не до... |(
    Ајде бе, ме нема разместено неколку месеци, крајно време е. ;)
    А колку беше интересно на последната клупа, со слабите ученици. Требаше да „влијаам позитивно на нив, како одлична ученичка“, но наместо тоа, јас почнав со нив да си зборувам. :lol:

    За онаа со Џастин Бибер останав онака, во loading положба. Не можев да одлучам како да реагирам. :geek: А потоа, server not found или error 404. :lol:
     
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Да ви се пофалам, ќе идам на конкурс за писмен состав по француски. 8)
    Па време беше еднаш и во средно да го покажам натпреварувачкиот дух, од основно не сум учествувала на некоја ваква активност. :D Како помала ептен бев ентузијаст за конкурси и натпревари, и еве сега кога пустата мрза на кратко ме остави, решив дел од слободното време да го посветам на нешто вакво и малце да се активирам. :D
    И еве сега завршив со есејот, мислам дека ќе беше добра идеја и некоја француска музика да си пуштам за инспирација. :D Со речникот до мене, па барај зборови, па проверувај по 100 пати се да е точно... :D А иначе, како и секогаш кога пишувам есеј, најсмешна сум кога ќе напишам нешто и ќе продолжам со друг пасус, па ќе ми текне нешто за претходниот дел и - пак ќе се навратам на тоа. И така го тинтрав едно 2-3 саата и испадна добро. :D
    И така... au revoir & wish me luck! :wasntme:
     
    На iloveyou29, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, sweet-cherry и 12 други им се допаѓа ова.
  9. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    На Ketrin.Moon и francais им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.822
    Допаѓања:
    23.438
    Пол:
    Женски
    Се плашам дека немам доволно време да си ги остварам своите соништа-затоа се решив!Се менувам!Од корен!Се!Друга личност!Ма каков карактер,какви навики и изглед ке менувам!Се.Нема веќе да сум Srckata28,барем не старата! Неможете да замислите какво е чувството да сте на пат да бидете друга,многу подобра личност чија цел е да успее!Отсега ке го сватам живеењето за поозбилно стварче,но не велам дека треба да бидам озбилна,далеку од тоа! Ве сака вашата (нова) Srckata28. :D
     
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Потресната прказна од оној, заради кој целиот балкан отупе. Најгледана во последните 10 години. Освои награда од пристрасните гледачи за најкретенско дело на малограѓанштвото. Оние заради кои турските серии станаа секојдневие. Таа заради која мајка ти не направила вечера. Оној, заради кој мустаќите се повторно во тренд.
    Истите глумци во друга потресната приказна за глувонемата ќерка која плаче без звук, несреќно, во мерцедесот на нејзиниот татко мафијаш сопственик на холдинг, заради дечкото од работничка класа.

    Оваа есен, подгответе се... да ја откажете кабловската :!:

    Од овие причини веќе долго време не гледам телевизија. И жалам што дома имам тв приемник.
    --------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Аха :D хахаха
    Комшиите мислат дека со мажот ми сме монаси металци од Јеховини Сведоци. Шта речи а не заплакати ?!
    Луѓе будали, дежурството ноќна смена е почнато. Комшиката мисли дека ако го изгасне светлото во овој мрак ич не се гледа жарот од цигарата. Завесите се за перење, ефтината е после 10. Одам да шетам гола низ куќа.
     
    На Divinebutterfly, iloveyou29, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Уствари, поштуем контура на лице - се додека изгледа пристојно и убаво на око, али коа ќе видам некоја портокалова у делот кај образите, или евентуално сето тоа изгледа како препечено, ми иде да извадам влажните марамици од ташна, и да ги бришам една по една. Бугарки, али апла ова!

    Тоа е тоа, иам некој нагон моментално за чистење низ дома/правење кифлички/бришење прозори/, или кречење еветуално :D факт е дека најдобро функционирам у секој поглед коа спијат сите у куќава. :bandit:
     
    На Divinebutterfly, anuskaNESTLE, richgirl998 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    На axl-babe и Dog-lover им се допаѓа ова.
  14. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    267
    Мразам површни и незаинтересирани луѓе, тие не се лекоумни и глупави, туку лукави и злонамерни, им недостига самокритичност, интроспекција и простор за анализа да ги сфатат грешките во своите пориви. Делуваат механички и автоматски, биваат заробени во конформизмот и се водат според едни животински инстинкти.
    Завртете се, има многу вакви луѓе околу вас.
     
    На iloveyou29, hermosa, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    СДК дека ова ми е најубав деннн и најсреќенннн!!!!!!! :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  16. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617

    Јооој па шта се десилооо драга ни Натали?
     
  17. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видам како мои врснички па и помали девојчиња, ставаат вакви слики и некои слични како оваа што ја постирав :fubar: ... косата ми се крева.. :swear: :devil:


    Ајт добра ноќ. :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На Girl-50, Lovy1, sweet-star и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Епа плачка сум, што да правам. Реков нема да зборувам за тоа, ќе го пребодрам така, нема да му придавам значење, ама не, неможам да ги оставам работите неразјаснети. А, кога почнаа да се разјаснуваат нормално дека беа придружени со брзоплети реки од очите мои. Некогаш стварно ме нервира тоа што не можам да се контролирам, емоциите владеат над мене. Ах... еве си ветувам дека тоа веќе нема да ме расплаче, значи не вредииии воопшто. Да, покрај плачка испаѓа и ситничарка дека сум... тешко мене со мене.
     
    На EMoonlight, mili4ka123, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Премногу ветуваме кога сме среќни, а премалку (па речиси воопшто) не исполнуваме.
    Среќен си и ти доаѓа да го гушнеш и најголемиот душман и да полеташ заедно со него. Нешто ти фали, ти сметаат дури и најмилите суштества околу тебе кои само гледаат да бидеш среќен или да успееш.

    Како функционира универзумов не знам, ама една девојка денес што седеше позади мене во "градска вожња" така ми го запали нервот со тоа неартикулисано преживање со мастика.
    А балоните пљас-пљус на неколку секунди ми се чини среќа нејзина што не сум толку ниско суштество ама дефинитивно би станала и би ја пљуснала како балон. :swear: Исто како тој што го шлапаше цело време. И си мислам, зошто се нервирам за вакви работи не ми е јасно?! Среќа што слегов на следната постојка. :bow:
     
    На Divinebutterfly, Mrs.Cuper, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.166
    Допаѓања:
    156.548
    Еве татко ми пред малце се врати од кафанче со пајташи од детство.
    Мајка ми го прашува дали си го сака стандардниот чај пред спиење, а он мртов ладен - Само ако е чај од пиво, друг чај не сакам и не смее да постои!
    Еве се послав од смеење! :rofl:

    Здосадено ми е од виртуелни фаци кои мислат дека нивното постоење е толку важно и прави разлика во сечиј живот.
    И ајде,ќе речеш нека ги, им се може,заслужено, ама такви гниди кои се прославија влечејќи се по други познати фаци,просто ми се повраќа... Амеби!
     
    На Hipster, Elennaa и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.