Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ноќниот дожд го изми лицето на новиот ден и со себе го одвлече сивилото што толку ме гушеше. Повторно ненаспиена, а сепак одморена. Осамнуваше додека седев и го гледав лицето на главниот виновник за мојата инсомнија. Топченце во форма на носе, се шири и собира при секое вдишување и издишување, очички со силно стиснати капаци под густите трепки и подотворено усте од кое се надзираше розевото непце без забчиња. И кога лиценцето го огреа првиот зрак сончевина, устенцата се развлекоа во краткотрајна насмевка, а моето срце трепереше пред тој невин лик, додека му шепотев колку го сакам, прашувајќи се дали ме разбира, дали ја чувствува мојата бескрајна љубов кон него? И почнаа да ми се редат слики, првото забче, првиот збор, првите чекори, се она што за него ќе биде прво, за мене ќе е второ, бидејќи веќе еднаш го поминав со ќерка ми...,а таа, таа расте, со онаа детска наивност и одушевеност на лиценцето, кога ми кажува дека на училиште, другарот и рекол дека му се допаѓа, а потоа срамежливо го спушта погледот во прстите на ноџињата...и јас гледам во тие ноџиња што до вчера беа како крофнички со насадени прстиња, денеска радосно трчкаат околу мене, а утре ќе носат штикли...и тука настанува грч, кнедла во грлото што не можам да ја голтнам при помислата дека годините натаму се нижат без престан и ќе дојде денот кога црешата од корен се корнеше...и тогаш она мајчиното, она заштитничко чувство станува уште поинтензивно и толку силно што може камен да здроби. Мислите ми ги прекина ѕвончето на врата и еден весел утрински кафе-муабет.
    Излегов со четиримесечниот син. И двајцата не можевме да му се насладиме на воздухот, после долгиот зимски карантин. Среќавав познати луѓе, некои се исчудуваа колку пораснал, некои допрва ми честитаа за бебето, другите го штипкаа за округлите обравчиња, па дури и по некој непознат се вртеше по малото човече, го заплукуваа, додека тоа несебично делеше насмевки и по некоја лигичка. :)
    И јас поделив насмевка,голема, широка, од шестка до шестка, кога од една ептен блиска пријателка добив порака „ Со здравје да си ја носиш“ и под пораката оваа фотографија:
     

    Прикачени фајлови:

    На anuskaNESTLE, kala21, poenta и 28 други им се допаѓа ова.
  2. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    Дали постои приватност? А да секако постои и тоа ''максимална'' |( !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
  3. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Каде и да одам во светот јас се чувствувам како дома. Не знам дали тоа е добра или лоша работа...
     
  4. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    Deactivate fb, exellent option. :) FREE FREE :rofl: soon!
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
    Најдобра! :)
     
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Дали само јас се радувам на посета на стоматолог? :rofl:
    Многу сакам да одам. Не само за да се отерасам од болките, туку едноставно убаво се чувствувам. Стоматолошката (како и да се вика лекарката), постојано ќе ме прашува прашања, како во средно, како учењето, а јас само онака, со расчепена уста: - Аха, аха. Уз пат, ќе имам конечно решени проблеми, ќе можам да јадам што ми душа сака, без притоа да внимавам дали да јадам на средина, на десно или на лево. :D

    Ви кажав дека се вратив во колосек? Е па Ве излажав. :D
    Навидум сè тргна како што треба, ама еве денес... Заспав во 7 ипол вечерта и сега се разбудив. Значи кај мене нема нормално заспивање и будење. Кај мене има има или прекасно или прерано, трето-никако! :D

    Многу е тешко, кога ќе ти влезе некоја песна во глава. :D
    Вчера исто така станав дури порано и од кокошките и постојано ми се врткаше песната Све моје зоре. Кога стана сестра ми од спиење, ми рече: - Елена, од тебе не можев убаво да се наспијам, со онаа твојана песна. И покрај тоа што беше од сосема спротивната страна на станот, сè те слушав. А поготово како завиваш, кога ќе дојдеш до она делчено: Све моје ЗОРЕЕЕЕ, за тебе ГОРЕЕЕЕ. Кој гледал Х фактор, ја знае. :wasntme:

    Така сега јас сабајлечки, се обидувам некако да си потрошам времето. Филм не ми се гледа, таа варијанта уште од одма ја тргам. А да фатам книга, тоа па вака уште од одма, прва недела, не бива. Не е убаво. :D

    Ps. СТОМАТОЛОГОТ, мори, шутрачке! :rofl: Каква стоматолошка? :fubar: :D
     
    На ilipili, ceca-1, eliesaab и 15 други им се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.061
    Пол:
    Женски
    Mе пресмеа Eлена :rofl: .Cе вика заболекарка 8) ,а песнaта Lукијан ја пееше но преубав текст ме изгоре кхм кхм :P .
    Kога веќе почнав да си се искажам :D .Cум скренала од умот,сите што прават јас се обратно :lol: .Aко и тоа е добро,ќе сум уникално момиче :emo: .Bи посакувам убава и лека ноќ,и знајте мирно спијат оние кои се сакани :*
     
    На eliesaab, Kaylie, LittlePinky и 2 други им се допаѓа ова.
  8. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    животов е превртлив .... да!!! Денес имаш , утре немаш ! :swear:
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Значи морам еднаш да прекинам со ова мое јадење во 3 саат по полноќ.. упс, тоа 5 без нешто да ти дошло. |(
    И додека го пишувам ова, јадам. :|

    И нешто што многу ми е глупаво и неоригинално е коа ке видам феминка да копира стил на пишување од друга. Мислам за ѕвездички ли е работава? Смешно.. стварно. :wasntme:
     
  10. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    http://www.youtube.com/watch?v=JwKEszjk53Y


    Имајте убав ден феминки. :)

    Се надевам дека ќе имаме :rain: попладне. :hai:



    Го сакам денот кога станувам рано.Кога со моите го пиеме првото утринско кафе.Кога баба ми ќе ги направи убавите,вкусни варени кори кои својот мирис ќе го развијат низ целата ќуќа.
    Го сакам утрото кога се смееме бидејќи нема многу такви моменти...
    Денешниов испит го посветувам на мајка ми!
     
    На ceca-1, eliesaab, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    СДК утре ми е роденден за една година постара, позрела, попаметна со повеќе искуство, дај Боже со повеќе среќа оваа година. Минатата година ми беше најсреќна, а оваа сакам уште посреќна да ми биде. Си викам 25 и не е толку лоша бројка убава бројка е. Родена на 25 јануари ќе правам 25 убавина мила. :inlove:
    Се смеат другарките остаре беее, бреее остарев како не. :^) :lol: Баш си имам убави годинки да уживкам еве и оваа година со бебушко ќе си уживкаме. Се смее мм млада мајка ќе бидеш е тоа ми одговара млада уф уф се топам како лед и се подувам како квасец на муабетов :$
    Утре моите ќе ми дојдат на гости што убаво ќе си ги видам после два месеца откако не сме се виделе. Ќе ми поседат на гости овој викенд. Супер. Утре ќе ми биде убав денот и исполнет. :* :inlove: :hai:
    Имајте вие денес убав ден и убав викенд. Искористете го максимално и бидете со вашите сакани. :inlove:
     
    На anggell, kala21, Jagoda123 и 27 други им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК, на синко моj eat и play му се на repeat....aма ова sleep тешко некако :lol:
    [​IMG]
     
    На kala21, eliesaab, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се сеќавам на нешто од минатиот месец...

    Се чудам на некои мои пријатели со кои се дружам со години, и во добро и во лошо, и кои и ден денес знаат да ги покажат нивните лоши лица. :o
    Ме боли кога за некој сум тука секогаш, спремна да помогнам, да сослушам, да жртвувам...а, истиот тој за мојот проблем ќе се изнасмее така слатко, како да му е мило што страдам за нешто. :^)
    Не можам да си поверувам кога ќе го видам тоа лице, на некој кој го сметам за пријател.

    Една другарка се истакнува од сите. Си има мизерен живот за кој нималку не се труди да си го среди, па се радува на сите туѓи несреќи.
    Примерот од минатиот месец е следен, ми ја чукнаа колата на паркинг и ми направија штета.
    Таа се изнасмеа, колку внимателен возач сум била, а сум имала среќа колата да ми ја чукнат на паркинг.
    И болката ми беше поголема кога го гледав нејзиниот потсмев под мустаќ. :sweat:
    И за два дена нејзниот татко доживеа сообраќајка во која се повреди, па легна в постела околу месец ипол, а за малку и работата ќе ја изгубеше (ги знаете нашите шефови). :!:
    Жал ми беше за човекот, навистина.
    Но, во мене иако не сакав се појави едно чувство на она: ете ти се врати на твој близок, види како е, радувај се сега да те видам. :tmi:

    И најжално во се, ми е што истата другарка не се промени ни малку. А, животот сите работи како бумеранг и ги враќа назад. И си заслужува, нека пати.
    Кога нема срце и душа, кога нема сочувствителност и човечност, кога толку многу се радува на туѓата несреќа, заслужува да и се враќа со лошо.
    И, не, никој не и е крив.
    И на сличните, никој не им е крив. :^)
     
    На eliesaab, SparkyAngel, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Имајте убав ден феминки...Излезете,прошетајте и уживајте во петокот :D ...
     
    На EMoonlight и Agrona им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Еве јас добра,вие?
    Денес петок.Само 4 часа и после домче.Шетање изгледа вечер нема да има(од оправдана причина де,позитивна :wasntme: ),само декорирање торта.
    Вчера родителска,среден успех многу добра,една оцена ми фали за одлична.Реков,ќе го направам тоа до крај.
    Него,за 3 дена ми е роденден бе.Ко мало детенце си се радувам.15 ќе полнам.А дали ќе бидат убави,слатки,луди,горчливи,среќни,тажни...тоа ќе видиме.Малку порано ќе го прославам роденденов годинава,оти ептен понеделник се паѓа,ден за никаде,па ќе биде викендов.Фино друштво покането,се надевам и на најубав помин,нели.Торта направена,само уште да тркнам после да докупам нешто...
    Него ај да не должам многу,одам да си се подновам со некоја сукњичка или фармерки,па после накај школо.
    Уживајте. :hai:
     
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.888
    Допаѓања:
    15.783
    Пол:
    Женски
    I :l: my SISTER !!!

    Една е сестра хехе

    ТЕ САКАМ ДАДИЧКЕ НАЈМНОГУ НА СВЕТ!

    Ти благодарам Господе што ми даде сестра ! :) :*
     
    На eliesaab, Barbie20, EMoonlight и 2 други им се допаѓа ова.
  17. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Денес мислев нема шанси да издржам,а примив толку позитивно вести што скокам од среќа.
    Едвај го чекам фестивалов,да земам некој денар. :D :D
     
    На hermosa и Agrona им се допаѓа ова.
  18. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Кога ќе те пукне оптимизам од ништо мислам дека е најубаво!!!
    Како окезена сум од сабајле а мајстори ми градат хотел пред зграда и ми чукаат со " боздоган" уште од зори... :D
    Ама си реков дека ако се нервирам нема да престанат така? Исто ми се фаќа,така што решив ете да се ослободам од тие навидум мали нервози и мисли што тежат...
    Како да сум симнала камен од мене се чувствувам...
    И одма се е пошарено некако! :)
     
    На EMoonlight, Viktorijaaa5 и Agrona им се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Не можам да опишам колку ме нервира присутноста на алкохолот во нашево општество.Не можам да сфатам кога некој со сласт ќе почне да опишува колку и како се испило,и како превеле слонови од себе.Не можам да замислам девојки и жени кои трујат на алкохол.Бидејќи маж ми сака да потегне одвреме навреме и него не можам да го смислам.Не можам да ги смислам ни мајките кои го одобруваат наковувањето на своите синови,или сопруги кои го тапкаат мажот по грбот,во стил -па ако се напил ,машко е.Да ми простите за мене тоа е немање контрола над себе.И баш ми е гајле за Чесите,Германците ,Русите.Гајле ми е што тие ,и сличните за нив не се „затупавени“.Јас,вака затупавена не сакам ни маж ми ни син ми да пие.Причини има милион.Не сакам да доаѓа дома пијан,не сакам децава да го паметат пијан.Не сакам секој убав момент во животот да ми биде замаглен од алкохолот.Дури ме држи здравиов памет ,ќе се борам против него,ќе дрндам,ќе отекувам.Нека биде и папучар заради тоа,само да не пие.
     
    На Camellie, la-chicka, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Сдк дека многу ме нервираат несериозни и неодговорни луѓе |(
     
    На eliesaab и EMoonlight им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.