Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Студена вода,кога навечер ќе си го измиеме лицето од сите емоции што ни ги нанел денот,во огледалото како соголена пред себе стоиш, се гледаш себе си,навлегуваш во неговите длабочини си тонеш во одразот,црташ насмевка или она другото.

    Јас уморно ја чекам зимата а таа упорно доцни.
    Јануари ми ги краде мислите,а јас упорно се трудам да си направам дом во себе.
    Понекогаш ја носам пуштена косата,му дозволувам на ветерот да ја направи немирна,понекогаш си дозволувам да ме боли минатото.Понекогаш си цртам слики во умот,така умешно насликани со боите на животот ги сместувам по важност,големина и силината на желбите.И стојат некаде во ќошето од мојата соба,така подредени чекаат.

    Судири со реалноста,ти и таа оддалечени со милји.
    Во внатрешноста на срцето искра,
    некогаш бурата стивнува,за момент се бараш себе си.
    Има пат до срцето.

    Понекогаш ти треба одмор од себе или од она кое продолжуваш да бидеш.
     
    На lana.del-rey, crazylady, kala21 и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    http://lider.mk/2014/01/24/covek-od-sko ... la-kuseto/
    Е,ако ова не се казни,ќе треба секој закон да го сфатам како шала,што кога не се спроведува,шутни си бутни си,плукни си и на крај свиркај с,зошто никој ништо нема да ти направи.Цццц,17 години да го чуваш тоа е исто како дете да ти отепале пред очи,а во таков момент да зачуваш здрав разум...На повеќе луѓе,што би им паднало на памет е да ја удават на лице место! Ненормална!!
     
    На Jagoda123, eliesaab, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.162
    Допаѓања:
    156.500
    На крајот си најде иста како мајка му, само мераклика тако звана опајдура, која живее под плаштот на слободоумноста, демек 21ви век, демек независноста, а ја издржуваат нејзините :puke: . Верзија каква што повеќе му одговара за да не му суди.
    Ме ежат мажи заљубени во своите мајки.
    Какви бљувотини се изнаслушав сабајлево. А стварно немав намера да дојдам во контакт со оваа личност... Ми се исправија неколку мозични вијуги. ;(
    Колешкава вика, едвај чекам да почне драмата, ова е само почеток. И уште три колеги околу неа радосно испоклимаа со главите. Во човечката природа е сеирот, а не оговарањето. Сеирот на секој простотилак.
    Е такви ја држат македонската виртуелна сцена.

    Најжал ми е за себе си. Не се самосожалувам ,туку се жалам пошо требаше здравствено да си решам некои работи неделава, а распоредот ми удри клоца в задник. Како сакаш организирај се, кога пред 4 немаш шанси да си некаде. Ако рикнам да знаете од што сум рикнала.
     
    На anuskaNESTLE, Dvolicen, Gea и 7 други им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Денес е спасовден многу убав ден,многу му се радувам,како мало дете за лижавче :D ,би сакал ова да трае трае трае трае трае трае трае.......................................................
    Не ми е јасно која е потребата луѓето да се претставуваат тоа што не се,да живеат во некој свет кој нема врска со ралноста,дајте бе симнете ги розевите наочари,и почуствувајте ја реалноста,што фајде имам јас ако некој мене константно ми дава лажни комплименти,да ми ја зголеми самодоверба ли,или да се чуствувам убаво во своја кожа,извинете но мене не ми треба тоа,ниту имам потреба од лажни комплименти,затоа што јас веке сум свесен за себе.
     
    На richgirl998, Mama25 и Avenged им се допаѓа ова.
  5. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.354
    Допаѓања:
    3.627
    Пол:
    Женски
    Среќен ден за сестра ми.. Се радувам за неа.. И посакувам само успеси да ниже.. Кога веќе не може во нашава држава барем на друг континент..
    Иако јас сакав да остане тука од себични причини, сепак знам дека подобро ќе и биде таму.. Сестричке мила, најмила, многу те сакам да знаеш.. Се радувам што ти се оствари сонот, што ќе си бидеш свој човек па макар и таму некаде, преку океан..
    Ќе ми недостигаш глупа една моја :inlove:
     
    На Gea, Kaylie и EMoonlight им се допаѓа ова.
  6. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Чекам ред на каса во маркет. Обесена цела, намуртена, преморена...мислиш црно облаче со дожд си носам над себе. :D
    Една трудница се упатува накај фрижидерите. Толку беше позитивна и насмеана, блескаше. Не сте свесни која среќа беше кога си бираше слатки. Подрипнуваше дури лево десно - -“Ваква сакам со вишна...ммм... и ваква со чоколадо, и еклер, аааа го ја заборавив оваа, и бомбица стави ми, леле обландите...ммм...“.

    Луѓе милина беше да се гледа, како што бев целата клапната толку се развеселив, не сте свесни. :D
    Толку беше златна жената, младичка во тренерчиња и розовки патичиња... па и насмеана, душичка беше. :inlove:

    И така она со цела кутија слатки, а јас со кесињата си се упативме накај автомобилите. Ми го разубави тмурниот ден, дефинитивно.
     
    На Butterfly-Girl, anggell, anuskaNESTLE и 31 други им се допаѓа ова.
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Mи се гади од алчноста на луѓето , која стана секојдневие .На моменти ми се чини како да сум родена во друга-грешна доба.
     
    На kala21, eliesaab, richgirl998 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Знам дека животот е тежок,а реалноста сурова.
    Растргнати меѓу приватноста и професионалноста,стресот не демне во секој потег.
    Стрессс...Најупотребуваниот збор на денешницава.Дијагноза на модерното време...Психичка состојба која ни создава притисок и напнатост.Ги конфронтира разумот и емоциите,не доведува до хаотична состојба да не можеме да се препознаеме себе си.
    Ако чувствуваме главоболка,причина е стресот.Ако сме нервозни,причина е стресот.
    За секоја дијагноза има терапија проследена со лекови.Но,за оваа дијагноза потребна ни е автотерапија.Овде не ни помагаат никакви антибиотици.Сами треба да бидеме свои исцелители.
    А тоа значи, за да успееме да го контролираме разумот,треба да ги потиснеме чувствата.Звучи егоистично кон другите, но корисно за нас.Зошто :?:
    Затоа што ќе создадеме свој одбранбен механизам со кој ќе покажеме до каде е границата за другите во нашиот живот.Ако не ја научиме лекцијата, емотивноста ќе не совлада и ќе бидеме предмет за манипулирање во остварувањето на туѓите интереси.
    Имаме избор или да го зачуваме своето јас или да се претвориме во монструми ]:)
    Потегот е на ваша страна ;)
     
    На Ema.Sk, anuskaNESTLE, eliesaab и 12 други им се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Колку убаво кажано поента,баш убаво го опиша секојдневието. :)
    Ти Благодарам :bow:
     
  10. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    СДК многу тапа ден,ќе си пукнам :|
     
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Знам дека многумина ќе се пронјдете во постот,па би сакала мојот совет да ви послужи како терапија за реакција во македонското-демократско секојдневие.
     
    На EMoonlight и vitomir им се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    89.698
    Пол:
    Женски
    По скоро 2 месеци напори,солзи,муабети, трчање по болница и секојдневно одење на терапија мојата најубава тетичка се враќа домааа ...колку сум среќна не сте свесни. ^_^
    Добрите луѓе како неа не заслужуваат во никој случај да патат а она не е добара она е најдобра ,не дека е моја татка но верувајте во нејзините 50години не се скарала со никој,секогаш е насмеана,зборлеста,си го гледа семејството и што е најважно јас сум и омилена ама и она мене :D :lol:

    Сакаше да не изненади амаа неможее бее се јави да се пофали. Леле колку беше среќна душата ми ја исполни,насмеана ,раскажува како се спрема,како едвај чека да стигне дома ... и викам : тето добра си,сега се ли е во ред ? -Ајде ајде се е супер ќе ви ракажувам кога ќе се видиме -ми кажа :)
    А јааас скокам од радост :)
    Бев до кај нив татин сам дома ,машко колку може да одржава куќа ... исчистив ,проветрив ,променив постелнина , (се знам каде стои нивната куќа е мојот 2-ор дом ) и за да се изненади на масата оставив од нејзините омилени чоколатца :lol:
    За 2 часа ќе биде дома но неодам вечерва ,нека се одмори,нека си легне на нејзиниот омилен кревет,нека почуствува дека е дома без никаква гужва ... а јас до утре ќе издржам ...
    А кога ќе ја видам ќе ја изгушкам најсилно што можам ,верувам дека ќе муабетиме цела ден имам многу да и раскажувам и кажувам како било додека неа ја немаше :lol:

    Посакувам никогаш повеќе да не се мачи и оди по болници, господ нека ми ја чува и само нека биде здрава ,додека сум јас до неа нема да дозволам ништо да и недостига ! :)
     
    На Sexybaby86, Doozy, eliesaab и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    'Долго време немајќи храброст за говорење на темата „љубов“ се затворив во себе. Почнав сама со себе да разговарам на многу работи поврзани со таа тема. Почнав сама да барам излез. Изгубив доверба во сите, верував само во неговите зборови. Емоциите, чувствата, мислите, ги кажував само нему.
    Пред да го започнам текстов размислив, размислив за љубовта. За мојата љубов. Во моите мисли се вртеа многу работи, умот ми се блокираше. Немав што да направам, па како и секогаш барам спас во напишаните зборови, во моите текстови.

    „Што да правам сега? Да продолжам со зголемување на ситнава надеж или пак да си се откажам? Еден дел од мене вели „ Aвенџд, мала си. Авенџд! Тие зборови нон стоп ги слушаш. Зар не ти се смачи. Нели ти се смачи да бидеш само насмеана, а не и среќна? Нели ти се смачи?“, но другиот дел вели „Кога и да си мислела дека нема надеж, си добивала. Продолжи ќе успееш.“ Веќе немам ни сили ни желба! Веќе немам ни ум кој навистина ќе ми каже што и како да правам. ....
     
    На Elennaa, kala21, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Конечно викенд,повторно многу за учење,но си ветив дека ова полугодие ќе учам повеќе од минатото.
    И за сега стојам на ветеното.
    Повеќе заљубена не сум(а не ни бев,се беше само моја глупост),мала сум за такви работи има време за се.И искрено одма полесно ми оди учењето,тој не беше вреден за него да размислувам!
    Кога ќе ми каже мама како во нејзино време било детството,се каам што сум родена во ова време.
    Многу се чудам на стари луѓе во години,како неиживеани купиле компјутер,ај мобилни,ама компјутери,па и фејзбук профил направиле,бркаат дечковци,се договаараат со другарките во кој кафич ќе излезат упс на која клупа ќе седнат.За среќа баба ми и дедо ми не се дел од тие побудалени стари луѓе.
    Исто не сфаќам како уште во основно доаѓаат со вештачки,заоблени нокти со триста светки и чуда на нив.Па срамота е бе деца сте или возрасни девојки.
    Не знам што се случува со сите,светот полудел,ама знам што се случува со мене од учење глава не можам да дигнам,едвај на форумов да се пуштам да видам нешто 15мин.
    Ни имам време за ананас пунџи,ни за нокти,ама знам дека учењето сега ми е најважно од се.
    Немам време за ништо,едвај наоѓам време за бањање и тоа преку сила го наоѓам.
    На лева нога сум станата изгледа,јас,хм? :?: :geek:
    А да исто така тие што бараат совети да се муваат на 13 години.Не ми чини бе,не и не!Не ги сфаќам,ич.Или сум така старомодно воспитана,или да,трето нема.Старомодни сфаќања тоа е. :x
    Требаше постов во испукајте се да иде ама ајде...
    (Чудно,многу малку смајлиња сум ставила,до левата нога ќе да е).
     
    На eliesaab, Seashell31 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Се класифицирам како тип што не може да учи
    20 до 12.
    Јас сум тип,што може да се сконцентрира само
    5 до 12.
    Чао.
     
    На kolache.99, Flower27, richgirl998 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Фрижидер замрзнал,лустер се обесил.
    А шпоретот изгоре од температура.
     
    На kala21, sweet-star, EMoonlight и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Заклучок бр. 1:
    Колку и да си позитивна, ќе има ден кога и ќе бидеш негативно расположена... не ден... денови... тие денови се... “менструални“ кошмари на вас и на луѓето околу вас... :worried: Затоа, јас се обидувам да бидам по затворена во тие денови, инаку којзнае што ќе се случи...

    Заклучок бр. 2:
    Денес не треба да се биде културен кон спротивниот пол, инаку ќе биде замешано со заведување! :fubar: Во влез кај мене, сумер си е... сите деца од влезот си се културни, т.е џентлмени. :lol: Добро, и јас ги почитувам нив, им држам отворена врата... но ако ме види некоја од соученичките, ќе мисли дека детето што само држело врата, ме свиѓало! :fubar: :fubar: :fubar:

    Заклучок бр. 3:
    90% од тинејџерите гледаат да имаат девојка со убав надворешен изглед просто да се фалат со неа пред друштвото... ништо друго... :| Верувале или не, сум го искусила тоа... минатата нова година, славевме во приватното школо на мајка ми... со другарките излеговме надвор и видов дека и братот на другарка ми од комшии славел дома. (ама со едно „фраерско“ друштво) Имаше еден дебел, еден ковче, еден краток и еден... жирафа! И да се направат фраери, почнаа петарди по нас да фрлаат... ние не им се плашевме многу, но сепак си влеговме внатре. Излеговме пак да запалиме жижици, овие доаѓаат и на мене и една другарка ни кажуваат дека не „сакале“. Почнав да ги „пцујам“ чисто да видам дали ме сакаат според изгледот или карактерот... дури како улава почнав да се однесувам... :tmi: Ноуп, ме сакале според изгледот... ете колку се вредни повеќето 13-17 годишњаци... :wasntme:

    Убав простор фатил 3от заклучок... :tmi:
     
    На SparkyAngel и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  18. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    На Elennaa, Jagoda123 и vitomir им се допаѓа ова.
  19. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Гледам се повеќе Ловли има.... Да се регистрирам одново би искористила многу повпечатлив ник. :( :wasntme:
     
  20. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    A boy makes his girl jealous of other women. A gentleman makes other women jealous of his girl.

    Го сретнав статусов некаде успат. Посебно актуелно ми е овој период, поради кретените од дечковци што другарките ми ги имаат. И додека тие цутат како перуники кога дечковците им велат дека се дебели и ги споредуваат со некои ченгии од ДМ САТ и градската МИЛФ, јас се си мислам овај мојов не е баш толку лош избор... :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.