Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Чувството кога после петочки училишен ден ќе се наградиш со некое парче што дооолго време го меркаш ^_^ , доаѓаш дома и откако со задоволство го ставаш во плакар, се oдмараш со некоја релаксирачко музиче и топло чоколадо... :dance:
    Петокот сам по себе си е една од оние мали нешта кои причинуваат убаво расположение, уживајте и вие на ваш начин... Ариведерчи енд хев а најс викенд драги феминки! :sun:

    http://www.youtube.com/watch?v=BwwA9cODtaE
     
    На Sexybaby86, Elennaa, Ketrin.Moon и 11 други им се допаѓа ова.
  2. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    девојче а да почнеш да пишуваш книги , ова ми е втор пост што ти го читам ...иако инаку ги игнорирам подолгите постови, но ти ми го задржуваш вниманието ... а тоа е реткост . Освен книгите на Венко Андоновски кои ги читам до крај, од поновите македонски автор секогаш по првите три реда се откажувам ...Еве јас ке ти го купам првиот примерок ;)
     
    На eliesaab, Dark-Lady, poenta и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека денес е петок, одамна престанав да ги именувам деновите и иако сум на породилно боледување, сепак моето работно време е бесконечно. Денеска, самата на себе си, си дадов пауза. Со штиклите одскокнував по калдрмата низ старата скопска чаршија, на сите страни мирисаше на ќебапи, мајка ми забревтано се потсетуваше на студентските денови и се почестивме со по една орасница од локалната слаткарница. Тоа колаче во форма на потковица, се топеше во мојата уста како снегулка на топла дланка. Чувствата разбранувани, љубопитноста незадоволена, очите ненаситни, какви се модели ми се врткаа по главата додека влегував во продавниците што продаваа басма, цените секаде различни, изборот преголем, изгубив желба за мат шљокици, сепак палтото ќе го сошијам од сура свила со боја на старо злато. Мама во чекор ме пратеше. Колку ми недостасуваше една ваква дружба со неа, самите ние две црвенокоси, со слични ликови...годините воопшто не оставиле трага на нејзиното лице, уште е младолико, нежно, убаво, ја гледав како ги шири зениците кога ќе види нешто по нејзин вкус, зелените очи добиваа посветол сјај, исто како и моите, додека ги анализирав нејзините гестикулации и во секое движење и држење на телото, се препознавав себе си. Прекрасно искористено попладне, душа исполнета со милина, во рацете држевме кесиња со по некоја ситница, насмеани се водевме рака под рака преку камениот мост и повторно се чувствував како мало девојче, заштитено, сигурно, во близината на мама.
     
    На Peppermint, Sexybaby86, Shelea и 18 други им се допаѓа ова.
  4. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ни еден маж не може да биде толку грд,колку што јас можам да бидам пијана.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Мене ми е доволна само една расправија со било кој дома, за да ми се јави таа храброст да си ги спакувам куферите и да заминам некаде каде што ќе бидам мирна.
    За жал, или за среќа, оваа состојба кратко трае.
    Не можам да се разделам од нив, а ни тие од мене.
    А очајно посакувам барем на кратко да се одделам и да си почнам самостоен живот.
    Но, немам храброст.

    Во претходниот пост кажав дека би сакала да ми се случи нешто што од корен ќе ми го промени животот.
    И баш вчера татко ми ме израдува со една прекрасна вест, која доколку се исполни и се` биде во ред, потполно ќе ми се промени животот.
    И на професионален, а и на љубовен план.
    Не сакам премногу да очекувам, за подоцна да не се разочарам, но сепак длабоко во себе се надевам дека ќе ми се исполни желбата.
     
    На anggell, Someonespecial, Elennaa и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=Jod3MlUIr3o#t=309

    Видеово ми докажува дека се уште има хумана младина во Македонија! Се растажив и израдував во исто време...
    Не кажувам ништо повеќе нека говори видеово...
     
    На MandyLane, Elennaa, Jagoda123 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Колку може да си го направиме животот поубав не сме ни свесни .Се нешто ни недостига, ни фали ,не притиска , мачи.А имаме речиси се.
    Денеска се загледав во облаците , онака случајно.Тогаш си реков дека сум среќна што ете можам да ги видам, зошто знам дека има луге кои би дале се за да ги видат.
    Може не го слушам жуборот на реките, капките дожд,дувањето на ветерот,црцорењето на птиците,брмчењето на инсектите , но ги гледам и и се восхитувам.Исто како Бетовен, во себе си компонирам ноти.Се обидувам да замислам како звучи сето тоа.
    Жива сум,дишам,чувствувам,сакам, ме сакаат.
    Верувам дека е доволно за почеток.
     
    На Sexybaby86, Someonespecial, Elennaa и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Пишувале пишуваат и ќе пишуваат за љубовта, зборувале зборуваат и ќе зборуваат за неа, чувствувале чувствуваат и ќе чувствуваат љубов, се бореле се борат и ќе се борат за љубов.Затоа сакам и јас да напишам некој збор за љубовта иако не ја чуствувам посебно кон некоја...
    Не ми ни текнува на друг склоп на букви кој соодветно ќе ја надополни празнината освен љубовта, соодветно надополнување кога она што ни е потребно ќе го добиеме безрезервно, но и обратно го добиваме безрезервно бидејќи сме дале безрезервно.Убавината е во тоа што љубовта е слобода.Местото каде што се чувствуваш среќен, каде што никој ништо не ти може и каде што имаш сила да даваш, да се бориш да чувствуваш да дишеш...
    Од друга страна пак бегството од љубовта значи бегство од најсовршената емоција, емоција која е комплексна но без која проклето не вреди да се живее.Опасноста од повреди и загуби постои,таа постои насекаде и на планините и во морето...
    Не напишав ништо посебно и ново за љубовта, меѓутоа пресреќен сум бидејќи и посветив неколку зборови тука во ова мое катче кое исто така го нарекувам љубов :lol: .
    Колку е само чудно што за љубовта не се важни некои работи кои ние луѓето ги вреднуваме и ги цитираме...
     
    На Elennaa, Barbie20, Papillon.Papi и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    89.698
    Пол:
    Женски
    :o Колку ме изненади оваа што го видов ... браво :clap: оваа заслужува пофалби ,дајбоже да има повеќе вакви свесни луѓе и хумани пред се !
     
    На Elennaa, Gioia и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    24 јануари мене ми е битен ден.Пред 7 години со мојата најверна другарка станавме пријателки.И до ден денес нашето пријателство трае,иако на моменти сум мислела лошо за неа,сигурно и она,сме се карале но,сеуште трае ова пријателство.
    Исто така денеска правам 7 месеци од моето зачленување на Фемина.Кога поминаа 7 месеци.Времето лета. :D
    Се надевам ќе останеме пријателки и тоа најдобри не уште 7 туку уште 77 години. :D Една и единствена другарка ми е,ама подобро една да имам отколку 100 никакви.
    Како сестри сме,се си делиме(секако освен облека),буквално се,ретко таква другарка се наоѓа. :)
    Ја сакам многу,не би можела без неа,а последнава година многу повеќе се зближивме.
    Таа не е мојата најдобра другарка,таа е мојата сестра,за која животот би го дала,а и таа за мене исто така. :l:
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-star, Elennaa, Gioia и 3 други им се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Чувството кога имаш пеперутки во стомак после долго време :D :inlove:
     
    На Someonespecial, Elennaa, Elena69221 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Поубаво нешто пишано,немам одамна сретнато. :)
    Баш и јас размислував за ова денес,ги имаме најважните работи за да бидеме среќни,но сакаме уште.
    Воопшто не го цениме и почитуваме тоа што е околу нас,на нас,а некои би дале се за тоа како што кажа ти.Затоа сакам често да побегнам од се ова,од овие не благодарни луѓе.
     
    На Hipster, eliesaab, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Престанав да се лажам себеси дека не чувствувам работи, кои ме убиваат во мене, кои се трудат да испаднат на виделина. Чувства кои ме изменија, кои ме подобрија како личност, кои успеаа да го извлечат најдоброто од мене.

    Сигурно го знаете тоа чувство кога постојано се обидувате да бидете некоја личност која не сакате да бидете, кога се обидувате, длабоко во себе да ги притиснете чувствата кои толку упорно и долго се обидуваат да испливаат на површина.
    Кога се обидувате да не мислите на нешто што ви недостига, нешто што сакате да го прегрнете, нешто за кое би дале се на светов. Кога се обидувате да го прикриете оној поглед исполнет со страв, болка. Кога се обидувате да ја ставите маската со насмевка, но едноставно, нешто кочи.

    Веќе некое време ова не го правам. Чувствата се нешта кои треба да испаднат на виделина, какви и да се. Тие се нешта кои не дефинираат, кои не одредуваат пред другите. Јас не сакам да бидам некој што не сум во очите на другите. Сакам да бидам таа, емоционално раздразнета, горда гличка и плачка.
    I'd rather feel pain, that feel nothing at all.
     
    На Sexybaby86, Someonespecial, Elennaa и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Зар има нешто подобро и поубаво од прекрасен врнежлив ден, од звукот на какпките дожд кои нежно паѓаат и тивко тропкаат по прозорите, добра книга и шоља чај ? Мммм милина, лек за душата :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Someonespecial, 1209, Gea и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Loly77

    Loly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    113
    ^ Мислам дека има нешто поубаво. Сув и топол ден. Кога ќе можам да излезам и да се видам со пријателите :lol: . Мноогу мразам дожд. Повеќе би читала книга во топла летна вечер, слушајќи го звукот на штурците. :) На вакво време и расположението ми е на нула.
     
  16. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    Стојам на средина од улицата, тука се дели на две помали патчиња. Како што кажав, едната страна е борење за среќа со него, а другата е среќа без него.Што? Што да правам? Каде да одам? Навистина сама не знам да го решам овој проблем. Толку време се сама правев, зошто не можам и сега? Зошто?
    Седнав на улицата, замижав. Неговиот лик. Се насмевнав и воздивнав. Останав подолго време таму, бидејќи тоа место беше само мое. Седев и седев. Кога велам подолго, мислам на денови, недели. Само размислував изолирана од светот.

    Конечно. Мојот ум прозборе „Aвенџд, доволни ти беа проблемите, доволна ти беше тагата. Крај е веќе, крај.“ Станав. Ги сфатив зборовите. Го земав шалот кој ми беше паднат на земји. Го ставив околу вратот. Разлетаната коса и расплаканите очи не можеа да се сокријат од другите. Тргнав по патот каде што ставам крај. Каде што не се надевам. Каде што сум среќна без него. Тргнав по патот каде нема надеж. Каде нема љубов. Но така е најдобро, зар не? Така е најдобро за двајцата.
     
    На Someonespecial, Elennaa, kala21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.820
    Допаѓања:
    23.413
    Пол:
    Женски
    Ми покажува пријателкава слики на телефон(на фејсбук) и гледам добива порака од другарката кој е карши нас.Сите гледаат замислено во телефоните едните играат Temple Run ( |( ) Другите седат на фејсбук и се допишуваат како да немаат уста да кажат нешто.Погледнуваш оклу себеИ ако ти се верува сите,дури и оној чиј ден е посебен штракаат по телефонот.Погледнуваш кон вратата за надвор но тогаш помислуваш дека треба да испочитуваш другарка и неможеш да си ја исполниш желбата-да излезеш надвор да се спасиш од овој пропаст на 21 век! |( И тогаш гледаш една другарка вели „хеј,имам нов рекорд на темпл ран“ а другата вели „аха,така ли“ кон другарката што е карши а се допишува на фејсбук со телефон.Толку ми се смачи,што едвај чекав некој да проба да ја убие таа технологиска ужасна атмосфера,што се случи,после саат време -ЕДВАЈ.
    Ахам,да заборавив да споменам,ова е мојот помин на роденден,гледате,пријатно ми беше аха ? ПРеку глава ми е животот во 21-век-посебно како игледа еден 21-вечен роденден!Жалам за луѓево,жалам :(
     
    На kikav, hermosa, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  18. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека не сум чекала за џабе 6 месеци...Oва е најубавиот ден (досега) во мојот живот.. :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Someonespecial, Elennaa, Barbie20 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Meli999

    Meli999 Нов член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    СКД нова сум овде..Здраво девојкиииии :inlove: :$
     
    На Elennaa и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто, ова ми дава некоја надеж. :rofl:

    Можеби затоа што јас чекам за нешто 4 месеци, а планирам да се откажам.
    Како знак ми дојде. :inlove:

    summer-lover за што и да е што си чекала, се исплатило верувам. :)
     
    На summer-lover му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.