Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека во вакви дождливи и сиви денови многу опушта омилената серија, кафе со добра другарка и cuddling со дечко ми. Денес не мислев на проблеми. Денес мислев што да зготвам и додека да измислам, дечко ми влегува во дневна со послужавник - направил јадење за двајцата. :inlove:

    Го слушаме Џош Тарнер (Josh Turner), пиеме кафе и си каснуваме по некоја ресанка.

    Го пуштив мачето на тераса да иде у ВЦ, и сега му се смеам на обидите, на очајните обиди да влезе внатре. Душичка мала. Прозорецот е само поттурнат, не е скроз затворен, а тоа со напори од петни жили се обидува на другиот прозорец да турка. Срцка е. 15 минути со него и светот е веќе подобро место за живеење.

    Имајте убава петочна вечер, а јас ќе идам да си направам греано вино со цимет и ќе уживам вечерва во „Сексот и градот“.

    Ве сака,

    Џоунси :*
     
    На Someonespecial, Elennaa и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  2. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Оној момент кога после еден купен шејк од Хербалајф или такви некои слични средства и пијалоци за ослабнување, истите тие корисници се претвораат во главните поборници на фб за здрав живот. Абе буквално секоја објава им е за тоа како вежбаат, како се ослабнати, како сите можат да дојдат до посакуваниот резултат и уште еден куп шернати слики од згодни девојки со затегнати газиња, очигледно си мислат дека после една недела користење и они изгледаат така.
    Се повеќе ми се мотка низ глава да деактивирам фб и да си ги скратам маките од вакво солење на памет и глумење лудило.
     
    На anabel-a, Hipster, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.594
    Пол:
    Женски
    http://diaryofqueenbb.wordpress.com/201 ... %B2%D0%BE/
    После тука се хулиганите и хулиганките, јаки тепачишта. Машките секогаш облечени во тренерки и шетаат низ Скопјево како да е нивно, најаки се секако, тепаат кој и да им се спротивстави. Па да се зачудиш и женски тепачишта хулиганки, немој да им преречеш нешто те тепаат одма, дечкото што им раскинал неможе после со никоја да биде дека они ќе ја истепаат секако.
    Тука ни се и дамите од Скопје што имаат по 13-14 години. Они седат само во Trend или најаките кафичи во градов и се најпоштени. Сите им се единствени и омилени и со сите се во најдобри односи. Најдобри другарки се со сите иако се оговараат во секоја можна прилика, ама важно на Facebook најмногу се сакаат. Демек ретко кое машко може да ги има нив, демек за нив треба господин некој, а уствари не им е важно друго освен тој да е богат и во друштвото на висока класа како нив.
    Колку само точно... :|
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Не чепкај кај што боли. Хаотична станувам.
     
    На Barbie20 и EMoonlight им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.068
    Допаѓања:
    12.556
    Пол:
    Женски
    Добредојде :hai:

    *******
    Конечно петок, малку одмор.Уште прва недела и презентации ни делеа,домашно,...
    Како си започнаа, се‘ така ќе си тераат до крај :rofl:
    :!: Тука, ќе се надоградуваме со знаењето, барем има нешто добро.
    На враќање до дома се испушти дождот, сите се брзаа, а јас мака си немав, полека си одев :geek: и иако алиштата цели ми беа наводенети, сепак како да ми олесни на душата.Преубаво е времето, после планирам да си се сместам во креветот, да си пуштам некој филм и до касно да си спијам, а и на такво време-милина :angel:
     
    На Elennaa, LittlePinky и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  6. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Имам една идеја која ми се врти во глава. Доколку ја остварам до наредната година ќе биде навистина убаво, а со тоа и еден огромен товар кој ми тежи во душава ќе падне.
    Имам доволно време да размислам убаво. :)

    Друго нешто да ви се пофалам е тоа што дечко ми се вработи. Викав јас, поамбициозна личност од него нема, никогаш не се откажува од саканата цел за разлика од мене. Ај ако имам дете со него (дајбоже) во карактер нека се метни на него, а во убавина на мама. :$ Или од двајцата да ги земе најубавите работи.


    И така си лета времево, ќе дојдат и сите убави работи. Можеби по потешкиот пат, но ќе дојдат. :!:
    Имам верба! :)
    Уште јас да дипломирам барем за 2 години и ќе бидам најсреќна. :P
    Патем поубав живот од студентскиот нема.
     
    На Sexybaby86, Elennaa и Barbie20 им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Најлошиот момент за кивање е секунда откако ќе ставиш туш и маскара на очи.
    [​IMG]
     
    На Mishela, lana.del-rey, Hipster и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да седам во топла куќичка во некоја шума додека надвор врне снег..
    Сакам планински воздух, се гушам веќе...
     
    На Hipster, Sexybaby86, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Да имав доволно време за безделничење ќе го искористев да запишувам белешки од моите залутани мисли низ денот.

    Фустрацијата е одличен мотиватор да се напише нешто. Бесот исфрлен на лист хартија е сосема безопасен начин да си го олесниме секојдневието.
    Велат, никогаш уметничко дело не настанало под среќни околности. Јас велам, дека сега главен испиративен материјал за колумнистиве не постои, има само бледа фотокопија.
    Се губи ли моќта за самопроценка ? Расте ли егото ? Зголемената самодоверба станува проблем ?
    Уметници од калап. Маркирана бариера мора да има.

    Можеби и отупев малку со интензивното протестирање против идиотизмот.
     
    На Trnche, Sexybaby86, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    И зимата не е тоа што беше... :sun:
     
  11. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Времево мириса на пролет, а проклето многу потсетува на есен.
    Совршено за прошетка по некои заборавени улици со чадор в ташна, разбушавена коса и слушалки во уши кои трубат некои меланхолични мелодии, што тераат да се соживееш со природата.

    Да би можела да го запрам времето, ил бар да го преспијам најкраткиот месец во годината..
    Проколнат е.
    Или јас сум направила да биде..
    Боли...
     
    На la-chicka, Cherry03, Sexybaby86 и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    89.697
    Пол:
    Женски
    Отидов ја видов неможев да издржам нема да можев да заспијам а и она ме побара се јави , ајде кога ќе дојдете не заспивам пред да ве видам -ми вели ....
    Силна е ,се придржава на советите од лекарите но тешко и е неможе да се првикне на новата исхрана ... ја гледам од очите можам да и прочитам како се осеќа :(
    Исплашена ,замислена , со многу прашалници околу неа ? Што ли ќе биде ...
    Видно ослабена,бела,разнежната,со не доволно сила како што беше порано ... :(
    Тетичке моја те молам да се бориш,ние твоите сме овде се што е можно ќе правиме само да ми бидеш како порано,ехее колку луѓе има што те сакаат и што неможат без тебе ,јас пак што би правела без тебе ?
    Вие да ми бидете живи и здрави,со мене што ќе биде нека биде - не така не ,ќе живееш мораш !!!

    Само остани ми храбра и силна,уверена дека се ќе се среди ќе видиш дека господ им дава век на луѓето како тебе ... те сакам најмногу ! :*
     
    На Silver.E и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  13. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Во 10 саат навечер ми текна дека сакам да се фарбам со колор шампон... Трчај до Зегин по дождов и пак џабе , а деновиве 100 пати видов такво нешто не купив. И ај нека му се испушти на некој дека имам среќа па ќе го умртвам одма! Баксуз си е баксуз... Уште па коа си идев еден таксист ме избања од глава до пети и така поплавена , преморена , тажна и пренервирана си се вратив домче :@ :@ :@
     
  14. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    СДК среќен роденден на човекот без кој мојот живот не би бил тоа што е.
    Човек без кој би се чувствувала празно, осамено и помалку сакано. Човек кој скоро цел мој живот ми е идол, пример, кој ме научи многу работи, а уште толку има и да ме учи. Брат кој секој би посакал да го има, кој никогаш не ме оставил сама, тажна. Брат кој секогаш бил тука покрај мене.
    Пример за маж, пример за дете, пример за брат, го сакам ПРЕМНОГУ.
    Среќен роденден бато
    I am so happy to have such great person in my life as you are!
    [​IMG]
     
    На kate21, Someonespecial, Silver.E и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Врнежливите денови ми се денови кога во мене се навраќаат стари чувства, одамна заборавени и избледени. Кога си го поставувам прашањето "Што би било кога би било".

    Денови кога верувам дека небото плаче заедно со мене, кога плаче за сите нас, за сите заборавени љубови, за сите згаснати огинчиња во искрените срца, за сите солзи пролеани по саканите, за сите починати, за сите заборавени. Еднаш еден рекол:
    Некои го чувствуваат дождот. А останатите стануваат водени.

    Обично го поминував денот со книга во раце, губејќи се во прекрасните страници испишани со милиони зборчиња кои создаваат приказна. Губејќи се во нивната приказна, залутував во безброј непознати светови, правејќи ги уште подобри со мојата фантазија. Кога стуткана во топло ќебенце, со чај во рака, и насолзени очички се потсетував на времето кога бев среќа. И да, плачев од среќа.

    За деновите кои ги поминував. За деновите кои ќе ги поминувам. Среќна. :)
     
    На Silver.E, Elennaa, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Прекрасен ден. Срамежливите зраци од зимското сонце уште во 10 сабајле ме разбудија.
    Спонтано се договоривме со мајка ми денеска да имаме day off, да искористиме од сезонскиве попустиве и завршиме со ручек. Сум заборавила купувањето со мајка ми колку може да биде забавно. Има нерви жената да ме чека додека да се одлучам и притоа искрено да ми искоментира, и да ми помогне со носењето на кесите. :lol: Ма опасна е, и по 100 пат ми докажа дека не значи ако нешто е ултра модерно периодов дека и мене ми ќе стои. :tmi:
    Се изнаправивме муабети, за неодамнешниве случувања. За тоа колку човек во рок од 1 година може да се промени. Колку нешта треба да ги поминеш на своја кожа, за да ги разбереш.
    Колку малку треба за да му го разубавиш денот на некого, чисто да излезе од рутината. Повеќето сме пресамокритични се замараме со глупости и небитни емоции наместо да си уживаме во животот.
    Не се секавам од кога не сум се почуствувала вака енергично и расположено.
    Лека ноќ, и останете ми во добро расположение! :d:
     
    На anggell, Sexybaby86, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Во овој живот е тешко да пронајдеш некој,кој те разбирa зар не? :^)
     
    На Silver.E и poenta им се допаѓа ова.
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Толку сакам да кажам,а не знам од кај да почнам..

    Ги спакува парталите во два куфера,и замина..
    Колку само тоа едноставно звуче.Долг пат те чека,а уште подолги маки..
    Ти посакувам среќен пат!
    И знаеш нели,знам дека знаеш колку те сакам!
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  19. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Само биди трпелива и храбра и се за што сонуваш ке ти се оствари... :*
    Искрено да кажам тоа што и се случи вчера го сонував со месеци..но најважно е дека длабоко во себе верував дека таа желба ке се оствари..И вчера сабајлето си реков..Ке се откажам,готово е ,за џабе чекам..Но сите останавме со подотворена уста..
    И на сите феминки им кажувам Никогаш не вели никогаш... :*
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Дај ми палома.
    Дај ми влажно марамче.
    Дај ми влошка.
    Да не имаш тампон случајно?
    Црно моливче носиш по тебе?
    А, мастика?
    Може од лабелото?
    итн.итн.итн.итн.итн.итн.

    Секој ден се соочувам со истото. Се прашувам какви се тие женски кои никогаш, ама баш никогаш не знаат по себе да си носат палома, влошки кога имаат добиено и слично.
    Разбирам, и тоа скроз разбирам да ти снемало, да ти притреба некогаш, ама секој ден истото ?
    Буквално секој ден !!! :!:

    Одиме на кафе...и:
    Болна е, шмрчи со носот, заборавила палома.
    Има мака со мочниот меур, на секој 5 мин. трча вц, ама заборавила палома пак.
    Има добиено, ама не носи барем една влошка за секој случај.
    Битно, цигарите не ги заборавила по себе. :^)

    Не ми е мене проблем да дадам, и секогаш им давам, ама се чудам какви се тие женски кои навидум се прават принцези и јаки бомби, а никогаш не носат палома за носот да си го забришат кога треба, а цела зима шмрчат. :x
    Купиле онолкави големи чанти, Луј Витон, не знам ти што...тежат по 3кг, кој знае што носат внатре, ама основните работи за хигиена не си ги носат.

    Во кое време живееме, колку средства постојат, дури и по најпристапни цени, а колку девојки немаат поим за лична хигиена, просто се чудам. :tmi: :x
     
    На stetoskop, Mama25, SparkyAngel и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.