Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Те мразам...
    Ти си срам за сите нас.За нашата фамилија.
    Ти си..еден обичен пропалитет!Секогаш си бил тоа,и ќе бидеш!
    Ти си слика и прилика,за човек на дно.
    Ти си беден.
    Ти не заслужуваш прошка.
    Ти си човекот кој најмногу го мразам.
    И за крај,без трошка срам ќе речам,дека ти го посакувам целото зло на Земјава.
    Ти си никој и ништо,и не заслужуваш ни подобро од моменталното.
     
  2. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Да дојдевте кај мене на гости пред 10-тина денови, мама ќе ви кажеше дека сеуште спијам :D
    Па добро сега распуст беше. :P Ама изгледа дека тогаш сум спиела и за неделава. Не се наспав еден ден како што треба :tmi: Ама што е важно ми помина во смеа целата недела.

    Јас бато и баба одиме на гости. Седнувам јас позади, баба напред, и додека бато да ја запали колата се води следниов разговор:
    Брат ми: Бабо, секогаш кога ти ќе седнеш, ова свети..
    Баба ми: Знам, знам дека секогаш кога јас ќе седнам во колава, тоа свети. Затоа си се подготивив пред време. Ете ти пари за бензин.

    Дека беше малку отворен прозорот, па тато беше во дворот и слуша и му вика на бато:
    Еее синко, што не му ставиш и ти на твојата кола вода, како мојава иде на вода ?
    Брат ми: Епа тато, нејќат сите кола вода, на пример мојава сака бензин.

    Да имаме камери во куќава, најгледано шоу ќе биде :wasntme:
    -Брат ми малечок е, па незнае да си штеди :lol: Слаба страна му е математиката :wasntme:
    Кога веќе сме кај математиката, вчера беше лудница кај нас на часот. Ние си збориме, наставникот си објаснува.
    Двајца избрка наставникот и еден вика: Се будалчат, наставниче ..
    Девојчето позади мене се смееше најгласно, и наставникот ја избрка во ќош. И машкиве и викаат: Ајде сега смеј му се на ѕидот..
    Ние уште толку :rofl:

    Бјежи Махидевранка, доста се разбори :D
    -Имајте убав ден! :hug: :hug:
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Изминативе денови, секое утро бев сама дома. Со топло чајче, со погледот низ прозорот, некаде залутана низ времето. Така ги здогледав кутрите пилиња, што беа во постојана потрага по храна. Издробив лебче, им ставив на мермерот од прозорецот. Ги гледав како јадеа. Секој ден им ставав дробено лебче. Денес заборавив потполно. Влегувам во дневна, гледам насобрани пилиња. Се изненадив, ме научиле веќе. И` кажав на мајка ми: - Затоа јас гледам г.мца на мермерот, секој ден. :lol: Ако, само фрлај им доле, немој на мермерот, секој ден го бришам.

    Им надробив повторно лебче и сестра ми ми вика: - Ама чекај, ако отвориш прозор, ќе ти влезат внатре. :P Малку се исплашив, што ќе правам ако ми влезат внатре? Ме зафркаваше, педерка една. Па на брзина отворив прозор, го фрлив лебчето доле и го затворив прозорот. Ама сега не знам како да им покажам, дека доле е лебчето, они уште си стојат на мермерот и чекаат. :lol:

    Ако, од понеделник пак ќе се дружиме. Ќе им оставам лебче повторно на мермерот, а откако ќе се најадат, ќе им тропнам, да отидат, да се испразнат на некое друго место. :lol:
     
    На Mama25, SparkyAngel, anuskaNESTLE и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Многу сакам кога врне, сакам дожд, сакам снег, сакам ладно но не и кога цел ден треба да го поминам надвор, со трчање и обврски |(
    Вакво време е убаво за кога си дома, на топло, со чај или кафе до тебе, покриен со кебенце, со книга во рака или со пуштено филмче...
     
    На Elennaa, Dvolicen и Silver.E им се допаѓа ова.
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Има се радувам на снегулкиве ко мало дете. Ги гледам потпрена на прозорецот десетина минути без престан и заборавам на се' што ме мачи.
    Во кујна мирис на топла зеленчукова супа...Малиот си учи, Големиот се вртка околу колата.
    Сите сме добри, здрави, моите најблиски исто. Би требало да сум среќна, но не сум. Не сум остров...
    Додека ги сецкам совршените кругчиња морков, ми навираат солзи и се молам на Господ да му даде сила...
     
    На Mama25, Buttterfly, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Сакам да бидам вечна. Сакам да бидам посилна од смртта, посилна од времето, посилна од се. Сакам да бидам бесмртна. Сакам да живеам вечно, и единствениот начин да умрам да биде кога ќе бидам поразена.
    Дали бесмртност значи човек никогаш да не умре?
    Иронија е како нашата желба за бесмтрност не доаѓа од никоја религија, но скоро секоја религија доаѓа со таа надеж за вечен живот. Надеж дека нашиот живот е детството на бесмтрноста.

    Велат дека само душата на човекот е вечна и бесмртна.
    Некој треба со смрт да ја плати својата вечност, а некои умираат неколку пати додека сеуште се живи.
    Не сакам да ја постигнам бесмртноста преку својата работа, преку своите дела и деца.
    Се соочувам со фактот дека мојата идеја е премногу празна, деловите од мојот мозок се премногу прости за да бидат дел од големата енигма за вечен живот.

    Барам само едно. Да ја постигнам Бесмртноста.
    Да бидам вечна, без да умрам!
     
  7. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    ...многу сум среќна. Конечно ја најдов вистинската другарка. Верувајте, ни заљубеноста не е поубаво чувство од ова што сега го имам! Сфатив дека работите кои ни се пред нос, некогаш не ги гледаме! На сите Ви посакувам да најдете таков пријател, каков што јас најдов!
    :inlove:
    [​IMG]
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Луѓе морбидно е да се честита роденден на личност која веќе не е помеѓу нас. Да сите го сакаме, сите го почитуваме. И да во ред е да се одбележи денот на неговото раѓање, но никако со зборот среќен. Резил.
    Вечна ти слава Тоше :l:
     
    На Mama25, SparkyAngel, Dvolicen и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.818
    Допаѓања:
    23.407
    Пол:
    Женски
    Надвор е силна виулица.Смрзнаати улици а и луѓе што одат по нив.Но сепак нешто ми правеше една топлина во срцето.Па да,секако,и покрај леденото време се ужива во глетката на малите бели снегулки,уживаат сите- било некој постар,било некој помлад.Оваа саботно,снежно попладне ми го исполни срцето,а и верувам не само на мене.И сега во моментот кога ги гледам снегулките си велам-„Вреди ли овој ден да ми помине во обврски?“И во истиот момент си го одговарам моето прашање дека повеќе вреди еден ден да уживаш со некоја романтична книга и шолја топло чоколадо,покриена се некое поларско ќебе гледајќи го ткаењето на белата покривка која го покрива целиот град и меѓутоа ги прави најубавите пејзажи.Се радувам што конечно може да се почувствува зимата.Се радувам што денес можам да бидам целосно опуштена заборавајќи на проблемите.Ова ми го требаше.
    Ах,да,оваа убавина ме потсетува на ангелскиот глас на Тоше Проески,кој на овој ден бил донесен на овој свет,подарен од господ,но за жал неколку години по ред му е спречено да го слави заедно со нас.Тоше,засекогаш ке си во нашите срца,покрај се :l:
     
    На Mama25 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  10. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Се кинам од смеење! :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Се сетив на Бандини. Под дејство на која дрога сум била за да ми биде интересно тоа?
    Се сеќавате која ја убија кравата и направија големо чудо од тоа? :rofl:
     
  11. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Денов ми започна одлично. :nod:.Како и обично бев да купам јајца,ручеци правење трте мрте.Како по обичај ме пратија во продавница.Што да видам надвор снегче паѓа. :inlove: А,за да биде уште по драматично до патот до продавица водев борба со ветерот.Ако сте виделе мало,дебело суштество што трча гарант сум била јас. :wasntme: Одам во продавница и јас цело плаво во мозокот се обрукав.
    -Може 15 јајца со осум жолчки внатре? :$
    Кога прснаа да ми се смеат продавачките а,јас додека сфатам што сум кажала отиде возот. :rofl: Си се искорегирав и да ме нема директ трчанката до дома.Бидете ми поздравени! :*
    http://www.youtube.com/watch?v=Y4NGoS330HE
     
    На anabel-a, Hipster, EMoonlight и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.162
    Допаѓања:
    156.478
    Има денови кои едноставно ти се тешки.
    Има денови кога ти мириса на старо и несработено.
    Животот е несериозен, а и еднакво сериозен.
    Да се држите в прегратки до следното разделување.
    Имам живот како што сакав, сега не знам дали го сакам.
    Имаш куп неодоговорени прашања - зошто се враќаш кога се ти е добро? Зошто се враќаш да зборуваме за болка?
    Сонував како се мажам во рок од 24 часа. И не знаев дали сакам, знам дека морав... пих.
     
    На Mama25, anabel-a, anuskaNESTLE и 4 други им се допаѓа ова.
  13. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Заљубена заборавена .. тоа сум јас :rofl:
    Паметот ми лета до таму некаде што се заборавам и каде и да одам морам да се избрукам.
    Одам да си купам маска за телефонот, а телефонот дома заборавен :fubar:
    Во продавница кусурот си го заборавив, а на училиште во салата на рамно :!: се испружив колку долга толку широка :$ нозите ми се преплеткаа :rofl:
    Оваа недела сто пати си велев во себе отвори се земјо голтни ме и однеси ме подалеку :emo:
     
  14. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    4.064
    Пол:
    Женски
    Многууу многу глуп ден.
    Ја подепресивна и од времево налет да е
    Не ми се седи дома, не ми се искача надвор.
    Што сакам ,појма немам -.- Најгрди се овие денови кога незнаеш што со себе |(
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  15. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.448
    Пол:
    Женски
    Ептен ми е тмурен денот. Јест да некогаш сакам вакви денови кога е облачно и кога врне цел ден или помалку вее, но денеска некако ме депримира уште толку. И цел ден се чувствувам мрзеливо, немам волја за ништо :tmi:
    И овие денови никако да се наспијам. Последниот месец ми беше турбо, трчање ваму таму и немав време да си посветам за мене , се запоставив некако. Чувствувам дека ми е потребен сон, многу ми е потребен.
    Најубаво ке биде да си ја дочитам книгата и да си легнам :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.818
    Допаѓања:
    23.407
    Пол:
    Женски
    Се зависи до перспективата...како ги гледаме работите,како го гледаме животот.За да бидеме среќни не треба се да ни биде убаво,треба ние да гледаме како убаво.
    Ова го имам одамна сфатено,но неможам да го практикувам.Колку и да се трудам Не МО ЖАМ.И толку многу им завидувам на оние кои можат.Морам да се потрудам да не бидам емотивната Srckata28.За тоа моето решение може да биде само излез од реалноста.Да.Сакам да ја напуштам суровата реалност.
     
  17. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Денес посакав да се вратам назад низ годините...
    Имам потреба да се потсетам на спомените од детството и да си признаам дека има нешта кои вредат и будни да ги сонуваме.А зошто да не :?: Барем за кратко да побегнеме од секојдневието на возрасните и да се препуштиме на мечтите и фантазијата.Ги сакам бајките,детските лудории,игрите со камчиња и оној наивен мил поглед низ кој зрачи искреност :) И за миг погледот ми застана на малата Германка Хајди,па и јас се придружив на нејзините детски авантури,на планинските прошетки,роденденските забави,првиот училишен ден...Се уште во главата ми се врти моментот кога добив сокче и тортица за среќен почеток :)
    Со полна уста сладок вкус,го вклучив цртаниот филм Мечето Ушко и тоа беше врв на моето задоволство...
    Потоната во друг свет,длабоко воздивнував од згодите и незгодите на малите јунаци и посакав да бидам меѓу нив,па и јас да наберам кошничка шумски плодови и да засадам по некој цвет во градината...
    Тогаш заѕвони телефонот ]:),неизбежното средство за комуникација на денешницава и ме врати таму каде што навистина сум денес.Тука беше крајот на спомените и сеќавањата.Ја затворив мојата детска споменарка и ја вратив во архивата...
    Навистина детството е најубавиот период од животот.И затоа живејте го додека можете за да го зачувате детето во себе.А кога ќе влезете во светот на возрасните ќе ја спознаете другата страна :(
     
    На Mama25, SparkyAngel, vinozito1 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ех поента и мене ме врати во детството,ме чуди сега што младиве сакаат да пораснат место да си уживат во детството затоа што тоа повеќе на се враќа,инаку да и јас го гледав популарниот цртан филм во тоа време Мечето Ушко,исто така го гледав Бранко коцкица,ако ти текнува на серијата Династија која беше актуелна некаде 84-85година колку само ја гледавме и уживавме,а да не зборам за излегувањата по кафичи и дискотеки колку беше све поинаку,имаше дружење,забава во тоа време луѓето беа многу поинакви и попријателски расположени,немаше тогаш многу голема класна разлика сите имаа пари се живееше многу поубаво од сега,за жал тоа време повеќе не се враќа. ;(
     
    На hermosa, stetoskop, EMoonlight и 2 други им се допаѓа ова.
  19. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Чувството кога имате кнедла во грло, ви се плаче, а едноставно немате сила да плачете или инаетот не ви дава. Е, тоа чувство...
     
    На Mama25, kala21, Jenniffer и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Шансите дека ќе го сретнеш тој што го сакаш на улица, кога изгледаш како сра*е ти се милион пати поголеми!

    И така на мене денот катастрофа.
    Излегов само интернет да платам, со мрсна кога, обично облечена без шминка. Бонус е тоа што сум и болна.
    И погодувате веќе кој сретнав нели? |(

    Чекај ме, :d: !
     
    На SparkyAngel и lana.del-rey им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.