Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Сум приметила дека во нашата генерација девојчињата слушаат некој многу лигав поп (нормалниот поп е во ред, но јас сега зборувам за оној во we can't stop или baby стил), а момчињата хип-хоп и турбо фолк. Ај, за хип-хопот ќе им простам, но турбо-фолк, е тоа не може. ;)
     
    На LittlePinky, poenta, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Денес станав порано,расположена :) . Отидов кај другарка ми на кафе и така започнавме муабет за детството,незнам зошто но во последно време многу зборуваме за тоа.Прееска се потсетивме на времето кога постоеше детската пошта и колку бевме среќни.Ќе се собереме другарки или специјално ќе отидеме до кај некој на кратко колку да си размениме детска пошта.Така сите,викаме,зборуваме 'Не може,од ова имам едно,ако сакаш друго ќе ти дадам' , 'Леле,дај ми го тоа,ќе ти дадам две за него' ,така зборувавме и се смеевме за тоа колку сме биле среќни и безгрижни и сега кога видов дека и Poenta за тоа пишувала,пак ме врати таму. :) Тажно е што денешниве деца не го знаат тој свет,толку убав,магичен,среќен,далечен...тажно,жал ми е што сега единствена преокупација им е фејсбукот,дечковците на 11-12 години и насилството. :| :(
    Многу сакам да се вратам во мојот детски свет,имам потреба да се чувствувам толку среќно како тогаш,толку безгрижно.

    http://www.youtube.com/watch?v=IS_dWldn8SM песнава ме враќа многу во минатото,се присетувам сега. :)

    Нека ви биде пријатен остатокот од денот и сеќавајте се на убави работи :*
     
    На Hipster, Mama25, SparkyAngel и 11 други им се допаѓа ова.
  3. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Аман! Аман, аман аман аман аман АМАН!
    Тешка недела ;(
    Татко ми на болница, одвај се спаси.
    Јас таман оздравив, ете пак!
    Неможам ни на болница да одам да го видам болни не примат.
    Дали има крај :@

    Ах да не ми беше сонцето мое шо ќе праев ...

    Кажете му на сите шо ги сакате дека ги сакате! Оти од нигде никаде можи никогаш поќе да не дознат. Таков е животот.
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Не можам веќе, не МОЖАМ!
    Значи кај преку цела недела ги слушам, сега сум приморана дури и РЕПРИЗИТЕ да ги слушам!
    Аман веќе, аман! Ова се трауми значи, трауми... од турскиве серии.
    Ќе пуштам музика, они погласно телевизорот. |(

    Дај бре, нека пуштат барем некој филм!
    Ова е алармантно!

    Вчера сестра ми се расправаше, дали бил/а Бехул или Бехлу.
    Туго мојааааааааааааааа, чораваааа. ]:)

    Не ги гледам, а знам за што се работи, во секоја од нив! :headbang:

    Ама знаете како се спасив? :D
    Си најдов некоја рецепта на интернет. Во рецептот имаше 300гр. мелени бисквити.
    Не ги мелев, земав такво за толчење, ги толчев. Сол сум ги направила.
    Лупај, лупај... и пак ја слушам Каролин, во позадина.

    Нема спас! :D

    Поминав со правосмукалка, бучеше, ама кратко траеше. Измив садови, водата шуштеше, ама кратко. Наредна рецепта, please! :D

    Уз пат си се пофалив, алал да ми е. :D
    Се` ќе направам, ама не чепкам книга. :emo:
     
    На Daydream, Moonstone.17, kate21 и 22 други им се допаѓа ова.
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ја оплакав ОРКА, само што слушнав..имам 30 можам да замислам каква ќе сум на 50 :!: :yawn: .
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Која иронија ми се случи денес? :?: .Колегите ме известија дека сме казнети 10 посто од плата :cash: оти сме јаделе мед кој се користи за палачинќи.За да биде иронија јас сум алергична на мед.Значи воопшто не јадам мед. :!: Е сега не знам како ќе реагираат моите претпоставени на оваа информација :D
    Ја нарековме најслатка казна. :P
    Уште поиронично е што ова ми прва казна во животот. :!:
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Како си ме насмеала девојче да знаеш, како само убаво објасни, сликовито, браво :D
    Среќа моја што дома кај мене никој не гледа серии па ја немам таа мака, ама затоа кога бев сега скоро во посета на баба ми која живее сама истово сценарио се одвиваше таму, баба ми ги доживува како да се дел од семејството, репризи врз репризи сите можни, не ги гледа само кога спие :D
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Се изнаслушав убави зборови и слатки комплименти. Навистина прекрасно што луѓето ги забележаа малите направени промени на мојот надворешен изглед. Ми се допаѓа како ми почна година, сега за сега се оди како што треба. Малите нешта можат да поправат големи работи. Седење со скрстени раце и залудно потрошено време никако, никако. Направете нешто убаво за себе. :)
    Имајте убава вечер феминки. :*
     
    На SparkyAngel, Someonespecial, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Мислев ми се остварив сонот,а тие само ми ја контролирале реакцијата..:o Нели е лошо некој да ти ја каже најдобрата вест,а пото да ти каже "А само сакавме да ти ја видиме реакцијата"..Тие сакале само тоа,а мене се штоо не ми дојде на глава.Се радував,ама ништо од тоа..Колку идиотски се чувствуав :devil: ..
    Колку иронично испадна ситуацијава. :puke:
    Но и покрај ова нема да се откажам кога сум само на прагот,нема да дозволам другите да ме победат,ке видите која и каква сум јас...
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Како и се пушта простак на женска пред WC во диско?
    Слушам........си мочала :lol: .
    Имајте сите прекрасен и незаборавен викенд :* :hug: ]:) ...
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Јавниве понуди за брак се се' повеќе зачестени.
    Битно за пред очите на народот да се пофалат и да се виде колку тие се сакаат. :puke:
    Интимност?! Што беше тоа?
    Сега се живо и диво се става на фејсбук. Едноставно се' се знае.
    После ќе фрчат муабети како сме трачарска нација и бла бла муабети, ама драги мои внимавајте што објавувате или што правите, за после никој да не ви биде виновен!
     
    На Elennaa, Azriel1, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. SweetGirl-13

    SweetGirl-13 Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    18
    Лејј турскиве серии бреј,бреј......Си седам јас и си чепкам на Фемина....Иде мајка ми и ми вика;Станувај ќе гледам на Max Tv Бурни Времиња.А ние дома 3 телевизора -.-
    (Еве го разговорот)
    -Станувај ********(моето име :lol: )
    -Зошто?
    -Ќе гледам Бурни Времиња на Макс ТВ.
    -Имаш тв во дневна.
    -Татко ти гледа таму.
    -Па оди во спална.
    -Ладно е таму.
    -Па добро де седи тука во детскава на нашиот телевизот.
    -Многу сецка(А телевизоров по топ неможел да биде)
    И замислете,ме натера заради Кралоин/Карлоин да станам од лап топот!Ова е др случка пред неколку дена
    Разговрот е помеѓу мене,сестра ми и баба ми.
    Иде баба кај нас нагости
    -Здраво бабоо-сестра ми
    -Здраво внукучкии(а она задишана ко божем ја бркал некој)
    -Што ти е бабо?
    -Тргнете се брзо вие ставете ми ги на место чевлите ќе почне Притаени СТрасти!
    -Ама гледаме Се Или Нешто.
    -Абе нема да ви избега тоа.
    -Абе бабо таман да видиме што ќе земе Васка.
    -Која Васка бе,циганката?Бегајте в детска,ќе си гледам јас Бихтер.

    Ц.ц.ц.ц. да и се плукнам и во Бихтер и во тој Бехул( извинете на изразот :lol: )
    И сега Македонија не била нормална.Па како ќе е !?
     
    На Ketrin.Moon, QueenElena и LittlePinky им се допаѓа ова.
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    СДК вечер идеме у бољи живот :makeup:
     
  14. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Кога почна да врне снег? Јас дури сега видов коа излегов на тераса :D
    Конечно :l:
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Бреии модераториве ама се брзи...отвора некој тема, јас таман сум напишала филозофско мислење и гледам нејќе да се испрати...кога гледам затворена. И пак уште една тема така. Си ја знаат работата :D
    (барем мислењата да ми се испратија :( ) :P
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека имам превод од 6 страни и го работам веќе цела недела. Не дека е тежок преводот (а, не дека и не е), туку јас сум тешка. Ме фатила некоја летаргичност, некоја депресија, ко чиниш цел свет ми пропаднал. Вчера преведов 2 страни. И денес уште две. Си викам до кај 10 ќе го завршам, да го пратам и да ми се маане од глава.

    Утре сум на интервју. За на рецепција. Кој нормален закажува интервју во недела. Нејсе, ко ќе си очаен за работа, ќе прифатиш и интервју за во бурекџилница во 100 саат. Под итно ми треба работа. Не само зарада парите. Заради самата себе. Се чувствувам толку бескорисно, толку ми е животов без никакво значење... На сета таа, се преокупирам дека моите се нервираат. Остана без работа-си викаат, и плус се нервираат за мене што јас се нервирам. Сега дури ги сфаќам колку беспомошно се чувствувале на назад 15тина години. И двајцата се без работа. Не дека не сакаат да работат. Штом се отвори сезона за по ниви, аргати одат. Душа ме боли за нив. Во мене имам насобрано таков гнев, таков бес на државава, мислам дека можам планина да турнам. Двајцата се работоспособни. Би прифатиле каква и да е работа. Ама не. Сега бараат максимум со 40 години. Моите одамна ги поминаа нивните 40. Мајка ми е цел живот дома, дипломиран економист. Ќе подработи летно време аргат (читај 4-5 месеца, зависи од сезона, од 5 сабајле до 7 навечер на плус 40 за факинг 500 денари), за на крај, во септември/ноември да нема веќе сила на неа. Одамна престанав да и ги бројам брчките. Она што ме загрижува е што полека го губи сјајот во очите. Полека ја губи надежта. Одамна не излегле со татко ми. Само дома седат и се нервираат. Фиоките дома се мини-аптека за антидепресиви специјализирана. Не дека не сакаат да излегуваат. Туку, ќе потрошат некој денар. Да има. Не памтам од кога си немаат купено нешто за нив. Тамам си викам дека ќе ги изненадам со едно радио-часовниче (знаете од оние со аларм и радио), ми соопштија дека веќе нема да им требам на работа. Решиле да намалат на вработени. И фала богу дека мене ќе ми речат. Најмала сум. Најнова сум. Не лижам газ. До срж ме здоболе кога утредента отидов на одбрана на дипломска на сестра ми. Сите среќни, радосни, па сестра ми ме претставува на менторот, демек успешна е сестра ми, има одлична работа, а од страна мајка ми и татко ми ги гледам гордо како набљудуваат. Како да им кажам. Како?

    Ретко си одам дома во последно време. Не дека не сакам. Не сакам да го препознаат очајот во моите очи. А мајка ми ќе го види. Уште на прв поглед ќе познае дека не сум добро. И ќе се нервира. И од тоа што не ми е добро и од тоа што како родител нема никаква моќ да ми помогне.

    Сепак, си одам дома. Да се порадуваат. Сами се цело време. Апсолутно сум позитивна и цело време насмеана. Го прикривам очајот некако. Бесот го исфрлам зборувајќи страсно за моите планови во иднина. Демек ќе биде подобро.

    И се затворам в соба, пуштам Bittersweet symphony и се прашувам кога. Дали?

    Дали проклетово општество ќе прекине да ги маргинализира оние на кои им е најпотребна помош?
    Дали глупавава власт ќе прекине со уште поглупавите планови за нова кампања, во која само се серат кој што не направил?
    Дали народов конечно ќе се свести дека сите сме исти суштества, од месо и коски и дека парите не те прават подобар човек?

    Се помалку се чувствувам како да припаѓам тука. Се помалку имам надеж дека јас можам да градам иднина во гнилава земја. Се помалку верувам. Се помалку сонувам.

    Каде си сонце? Каде ти се зраците? Кај ти е сјајот?

    Во срцево нож заринкан, во мисливе торнадо лудува.

    Џоунс :*
     
    На Mimi123, Trnche, Barbie20 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Кого по ѓаволите лажам?
    Јас сум најголемата носталгична будала што постои!
    Можно ли е да сум носталгична за вчера, на пример?

    п.с Што се нема да прочитам?
    Во училиште во соблекувалната на ѕидовите имаше ги имаше испишано имињата на локалните шмизли (меѓу кои и ќерката на градоначалникот), заокружени со срце. Па од имињата, стрелка која води до натпис „we are proud to be bitches“. |( Толку им „сече“ или мене толку ми „сече“ сега?
    Абе добро, ако толку уживате да бидете кучки... :lol:
     
    На BlackPiano и GirlLove им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.885
    Допаѓања:
    15.781
    Пол:
    Женски
    СДК....сабота навечер....од другаркиве никоја не излегува....а и јас некако не сум баш за,она шо знаам..хмм..сеедно...работа ни сакаат годините,пари вадење и еден добар дечко покрај себе...тоа е тоа...не бива поќе караници..не можам да се расправам појче ( ова на нашки,прилепски) за излегување..некој нема што да прај по цела недела и замара со глупости,љубомори,портартизми,мене не ми го бркате ќевот,само за вас си гледате..коменатр ова беше..мислам... :geek: ....дефинитивно враќам ту бејзикс,младински,невладини..и се ќе биде поинаку..се надевам Боже..доста е бесцелно седење по дома и нервози оти без работа и барање пари од домашните и од сестра ми,кај сум јас навикната на мрзоволија? :puke:

    И ништо така седам,си читам http://www.cosmopolitan.com.au/health-l ... u-workout/ конечно во новиот месец со нов план...дружења,вежбање..а и мисалм вака дур иам слободнно време на tumblr да си направам блог...барем ќе си ја чистам душава....

    http://www.youtube.com/watch?v=DJmq3xpIsZ8

    ИМАЈТЕ УБАВА ВЕЧЕР КАДЕ И ДА СТЕ И СО КОГО И ДА СТЕ ! :*
     
  19. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Се што сакам е да си имам една мала, своја соба со греење за во зима. Неможам вака, се мрзнам цела зима или пак спијам во дневна.
    Ја мразам зимата, неможам испити да спремам, сите домашни во една соба, некој рекол, друг кажал, телевизорот пуштен.
    Сакам мала, светла собичка со еден прозор, кревет и биро.
    Штедиме, штедиме... и пак сметките ни се огромни, болјер еднаш неделно вклучуваме, машина за перење исто. Ако треба топла вода за нешто, топлиме на шпорет на дрва....и пак исто.
    Една плата, два студента.... морам да си најдам работа...
    Паѓам во депресија....
    Немам чизми, ги лепам секој втор ден, капут од средно носам, жими боди, ролка и еден крзнен елек што купив и тој со намера да го носам на кожната јакна излупена ... исто од средно...
    Тешко..изгубив воља за учење... дремам во соба ко сто годишна баба, само дремам, се полнам со комплекси, нервози и станувам зајадлива....
    ;(
     
    На anggell, sadgirl21, Sexybaby86 и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.818
    Допаѓања:
    23.407
    Пол:
    Женски
    Некогаш се и чудам колку многу е застапеноста во темава СДК ... таман да испратам прашање ми излегува известување „Во меѓувреме е испратено ново мислење...“. :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.