Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Имам своја огромна соба,со огромен смарт телевизор,2 лаптопи само во моја соба,скапи алишта и имам се што некој би посакал.Но јас го кријам тоа,не ги носам тие алишта туку одам со најпростите,се правам дека немам своја соба,дека не ми даваат голем џепарлак туку по 20 денари дневно и кога другарка ми за првпат дојде кај мене и кога ја виде мојата соба се зачуди од каде јас имам своја соба со такви работи во неа. :^) И објаснив дека не сакам некој да се дружи со мене за пари или понатака да биде во врска со мене за пари.Едноставно парите не те прават среќен,не значи дека ако немаш пари не си човек,напротив богатите се скржави,а сиромашните се што имаат даваат и не не сакам ова да изгледа како фалење,ако некој така го разбра,не ми беше тоа намерата само сакав да кажам дека не треба луѓето да се делат на сиромашни и богати.Сите сме еднакви,сите сме луѓе,без разлика на облеката,бојата на кожата...
    Имаше една приказна со Итар Пејо,како отишол со алишта искинати во кафана и не го услужиле и си отишол и се вратил облечен во нови убави алишта и веднаш го услужиле и се сеќавам и рекол на таа келнерката ако алиштата го прават човек,кафето нека му го истури во капата.
    Забегав сега,значи само сакав да кажам сите сме еднакви без разлика на се. :)
     
    На GirlRose, sparklie, BlackPiano и 42 други им се допаѓа ова.
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Конечно и јас да се чуствувам корисно,си ги средив алиштата и се шо не го носам го собрав во најлони и Понделник ке оди дирек каде што е потребно се надевам дека на некој ке му предизвика насмевка на лицата :D :D
     
    На Elennaa, senza.parole, Mama25 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Неможам повеќе вака. Се што сакам само да почуствувам родителска љубов, да се почуствувам среќно само за момент, друго ништо несакам! Некој деца имаат се‘, но незнаат да го ценат тоа. ;(
     
    На Dark-Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со Dream-Girl,не е се' во скапите работи,убавата куќа и се такво.Ништо од тоа не е важно,важно е човекот што носи во себе,каква му е душата.Некој може да има се,а душата да му е исушена,пуста.Затоа воопшто не се грижам јас за тоа,не велам дека немам и јас убава облека или некои работи што ги сакам,имам,ама не им придавам големо значење и секогаш гледам да бидам фер кон сите бидејќи сите сме луѓе,еднакви сме пред Бог.Не се грижете,не е тоа неопходно,има поважни работи како на пример ...да бидеме здрави,да го имаме семејството до нас.

    Пријатна ноќ :*
     
    На Kaylie, Elennaa, senza.parole и 11 други им се допаѓа ова.
  5. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Dream-Girl пред некое време почнав да комуницирам со тебе преку ЛП и увидов дека си добра девојка и стално те читам,но овој пост сега ме трогна.Искрено јас да имав пари не би постапувала вака... :shake: На иста возраст сме,но скоро сите наши врснички не размислуваат вака.Браво!Не знам што да ти кажам се гледа дека си добро воспитана и иако имаш пари не си дигната.Го цениш тоа.Друг пат кога ќе сакам да бидам како тие славните во школо,ќе ми текне на ова.Ти симнувам капа,најискрено! :clap:
     
    На Dust, Kaylie, senza.parole и 7 други им се допаѓа ова.
  6. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Никој и ништо веќе нема да ме разочара...ми се гади и повраќа од дволични,лицемерни,прости,арогантни и некултурни луѓе.....
     
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.918
    Допаѓања:
    89.680
    Пол:
    Женски
    Дримке ја ќе ти кажам браво за оваа најпрво браво за твоите родители затоа што верувам дека и они се такви луѓе со убави размислувања а ти само одиш по нивниот пример :)

    Луѓето илјадапати повеќе се трудат да стекнат богатство, отколку духовно образование, иако сосема е сигурно дека нашата среќа ја прави тоа што сме, а не тоа што го имаме.


    Може да се каже дека ти имаш среќа што потекнуваш од побогато семејство и имаш се но најголема среќа е што уште од рани години знаеш да се целиш кон вистинските вредности :) :*
     
    На Kaylie, Elennaa, senza.parole и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.636
    Пол:
    Женски
    Обично не коментирам туѓи постови, но Дрим, морам освен дадената ѕвездичка и јас да ти речам и едно големо браво и да ти подадам рака за ова. :handshake: Во ова време можеш да очекуваш од деца уште од 10 години да слушнеш да се фалат за новиот ајфон, лаптоп..., или пак дури и да се срамат од своите родители ако не можат да им го пружат тоа.
    Но навистина е голема реткост да прочиташ ваков зрел став од девојче на твоја возраст. :bow:
    Се согласувам за секој збор... Вистинското богатство на човекот нема да го видиш на неговата облека, ниту во неговиот џеб, ниту пак според белата техника и останатите материјални добра во неговиот дом, туку во неговата душа, неговото однесување и воспитување.
    Продолжи така и не дозволувај никој да ти го смени твојот став. Твоите родители треба да се горди на тебе, а и заслужуваш вистински пријателки кои ќе те сакаат поради она што си...
     
    На Kaylie, ana-girl, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  9. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    сдк секој во животот заслужува почит, љубов и разбирање. Не треба да се живее со предрасуди за некого или нешто бидејќи секој сам знае како се чувствува и живее. Животот е еден и потребно е максимално да го искористиме живејќи за самите себе пред се, не повредувајќи намерно никого и колку можеме да му помогнеме некому и да пружиме подршка без оглед на тоа во колква доза ке ни биде возвратено, дури и една благодарност би било довлоно, но како што се рекло од благодарност не се живее. Живото е тешка психологија, има различни луѓе разични карактери и кога би почнале да анализираме премногу длабоко ќе почнеме да се прашуваме е зошто вака е зошто така?
    Прави добро бидејќи со добро ќе ти се врати! :)
     
    На EMoonlight и kikav им се допаѓа ова.
  10. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Ја знаете приказната за 2-те кутии?
    Црната отворете ја кога ви е најтешко.
    Белата отворете ја кога ви е најубаво.
    А знаете ли што пишува и во двете?
    -Ќе помине ... :wasntme:
     
    На lightning123, anggell, lolyta777 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.960
    Допаѓања:
    133.415
    Утре ќе му направам вафли. Со крем, слатко од вишни, шлаг и чоколадни трошки. оти знам дека ќе се воодушевува и дека ке ги слика и ке се преправа дека му се превкусни, а знам дека не обожава благо.
    Оти и да се најлошите на светот, тој ке каже дека се најубавите, за мене да ми е убаво.
     
    На Marossa, anggell, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Секогаш викав дека ладно време ми оговара се додека не го почувствував на своја кожа на подолгорочен период.
    Минатава недела те снег, те дожд, тмурно и никакво, сакам само да седнам во ќош и да не правам ништо со часови, ете таква желба за живот имам.

    Дождот го сакам и нека врне само да не е ладно и вакво тмурно, никакво. А луѓево надвор мислиш живи мртовци, со празни погледи и подгрбавени чиниш по себе невидлива вреќа грижи влечкаат. Не памтам кога последен пат на улица сум видела насмеан човек.
    Ми фали пролет, сонце, топли ноќи, насмеани лица, мирис на косена трева и свежо цвеќе и барем малку повеќе живот во мене. :worried:
     
    На anggell, Hipster, ana-girl и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.220
    Пол:
    Женски
    Да искоментирам и јас за постот на Dream Girl.
    Јас останав :o али сега сум сигурна дека на оваа земја наша постојат добри луѓе.
    Јас секогаш го добивав она шо го сакав последна од сите мои другарки, па не умрев еве уште сум жива, не велам дека не сум плачела за тие работи, но ете со сите сили Моите ми овозможиле да имам се и сум безусловно среќна.
    Јас лаптоп добив пред месец дена како поклон од мојте за Нова Година и за исчистената прва година на факултет, додека сите мои другарки имаја пред мене, Ајфон немам а нити ќе имам за брзо, искрена да бидам не ми е ни потребен, некогаш ќе имам ама сега не.
    Не се битни лаптопите, не се битни ајфоните, ја имам онаа семејна хармонија кој некој многу често ја немаат во своите домови, ги имам мама и тато до мене овде и знам дека ќе ми пружат безрезервна подршка за шо и да било.
    Не знам дали ќе ви измамам насмевка на лицето со мојот пост, не знам дали ќе ве расплачам, Но бидете добри луѓе, подарувајте насмевки, подарувајте се шо имате на пола со сите, и помагајте таму кај шо ќе можите, и ќе видите како ќе бидите посреќни.
    Радувајте се на то шо го имате и бидете задоволни и не барајте повеќе.
    Поздрав девојки :hai:
     
    На Someonespecial, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, EMoonlight и 7 други им се допаѓа ова.
  14. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    демнннннннн :( лош перод, напнато, притисок, испити, главоболки...
    само да помине ова, биче боље, хоуп соу :|
     
  15. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Како загубен патник покрај патот,со бледо сив куфер и бледо розев чадор,како девојка што му се покорува на ветрот,како девојка со темни очи и бледо лице, во раката книга и црно кафе во кое никогаш нема шеќер,како девојка која има прстен одамна подарен на кој е испишан зборот среќа а се плаши да го стави.

    Како девојка која се плаши од едносмерни улици.Онаа која во мракот минува крај кучиња скитници а не знае дека она веќе долго лута,или се прави дека не знае.

    Ме прашаа,реков дека во длабочината на умот мислам дека својата душа и живот ќе ги поклопам со некој и покрај љубовта погрешен,еден ден во градите ќе ми бие срце кое пати од недостигње.

    И тоа ќе го премолчам,нема да го спомнам никаде, никому.
     
    На Dog-lover, SparkyAngel, ku4ence и 20 други им се допаѓа ова.
  16. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Среќна сум,да среќна сум.....Го пишувам ова со насмевка на лицето,надвор бев со другарките, јадење , пиење, забава, играње...се по ред...До мене се сите што ги сакам.Прво семејството(посебно татко ми), потоа другарките, па тој , и сите поголеми братучеди и братучедки и батковци што ми се еден вид советници,ми кажуваат за оние работи за кои не сум доволно зрела да ги разберам.Школото ми оди онака...Имам се а во мене чувство што неможам да го објаснам.Имам грутка во грлото,ме тера на плачење, нешто одвнатре,срцето ми вели некогаш да се исплачам, како што плачат сите, навечер, со главата во перница, а главата ми го вели сосем спротивното, ми вели дека јас сум онаа која никогаш никој не ја видел расплакана или тажна, јас сум таа која може да насмее човек на кого му е срушено се во животот и дека јас сум таа забавната...јас сум таа...Но понекогаш си помислувам....вистина е дека од секој човек има по две верзии,еве јас сум доказ за тоа....Што и да е се надевам дека ќе помине,можеби е до времето, можеби до хормоните,незнам што е.....Но ќе помине, знам, знам дека ќе помине.Како приказната за црната и белата кутија :)
     
    На Dog-lover, ana-girl, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Вечерва се` ме радува. Уживам во малите работи на животот.
     
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сакам некои луѓе да се во моја Близина,да ги гушнам и да си промуабетиме,релаксираме,за добро друштво секогаш сум расположен.
    Добро утро феминки имајте убав ден. :geek:
     
    На EMoonlight, Elennaa и poenta им се допаѓа ова.
  19. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    525
    Допаѓања:
    1.816
    Добро утро. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • large.jpg
      large.jpg
      Големина на фајлот:
      281,2 KB
      Прегледи:
      211
    На Dog-lover, EMoonlight и LittlePinky им се допаѓа ова.
  20. mhmrj

    mhmrj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    СДК дека очекував сабајлево повеќе снег... сега некако како разочарано малце се осеќаам... :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.