Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Ви ги прочитав коментарите и искрено јас се расплакав.А не сум плачка,ама ете и вчера ми надојдоа солзи и кога пак се препрочитав пак заплакав. :$
    Зборовиве многу ми значат,посебно затоа што се кажани(напишани)од толку драги личности за мене.
    Не знам што да ви кажам,фала ви многу,уште од сабајле ме расположија вака убави зборови за мене,а ова солзиве се солзи радосници,да да. :)

    Инаку полека дома се чисти,се спрема куќата за 6тиот роденден на брат ми. :D
    Он се запна во игротека да правел роденден,ама ја го убедив дека дома е поубаво,мене не ми се свиѓаат родендените во игротеки,стално дома ги имам славено. :D
    И он си порасна леле,за само 6 дена роденден ќе му биде.
    Колку брзо пораснавме,како летна викендот,како лета времето... :|
     
    На Golden, sweet-star, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    СДК... Кога една врата во животот ни се затвора,друга се отвора.Но,често толку долго гледаме во затворената врата што не ја забележуваме онаа што се отворила...
     
    На crazylady, Kaylie, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 8 други им се допаѓа ова.
  3. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    И јас би сакала да го искоментирам постов :$ .Имам една другарка која е многу богата,сега живее и во една огромна куќа,во маало кое мислиш дека си во Америка.Досега тоа не го знаев,кога ми рече што се имаат,бизниси бла бла останав :o .Гледајки ја по облеката се облекува како мене.Еден ден отидов кај неа..останав без зборови.3Д огромен телевизор,три лаптопа и еден компјутер,а таа само сакала да е поткриие под парите.Но џабе и е криењето,за секој роденден и купуваат комплетна од глава до петици комбинација и тоа :!: брендирана.Но фала бору парите не и се се' и тоа не го поцентира,и стварно покажува дека Среќата не се купува со парите.Среќа кај неа е што има уште две сестри,мноогу братучетки.

    И јас нешто не сум сиромашна,две автомобили куќа ,стан во Охрид,што уште не.Но тоа не ме до толку прави среќна.Каде и да сум со моите најмили да сум ке бидам најсреќна.Што има една поговорка сиромашните се подарежливи и посреќни.Ама кога ке видам роми на улица да просат косата ми се диза..децата по улици ли да раснат :^) .Па најди си работа,заработи чесно и децата не ги влечкај од тротоар на улица.

    БРАВО Dream-girl :clap: :clap: :clap: за напишаново,а и за другиве што одговорија на постов
     
    На LittlePinky, lana.del-rey и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  4. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    4.060
    Пол:
    Женски
    Нели е многу поубаво кога ќе станеш рано? :D
    Пополека ќе го испиеш кафето, пополека си спремаш појадок,абе мераци :D

    ... Знам дека не ми е прв пат да мрчам за ова ама неможам да се помирам со идиотизмов по фејсбуков.
    Навистина ме вади од чорапи таков простаклук.
    Пред некој ден дојдов на оваа тема со една другарка, не толку блиска. Имено девојкава сакала да го деактивира фејсбукот заради тоа што многу и се мешал во животот. :^)
    Прв пат слушам дека фејсбук може да се замеша во животот па затоа и реков да ми објасни.
    Почна да ми збори како сите знаеле се за неа, и збореле премногу.
    Неможев да преќутам и да и трепкам со очињата па морав во лице да и кажам дека фејсбукот и пријателите на него ви се мешаат во животот онолку колку што дозволувате.
    Аман луѓе , фејсбукот треба да претставува средство за комуникација, забава. Зошто од него правите изложба на вашиот живот??
    Секако дека луѓето ќе знаат се за вас кога правите чек ин и прашина кога бришете.
    Јадењето ќе влезе во вас и ќе биде исто толку вкусно кога нема да го сликате и да го објавите.
    Ви гарантирам :!:
    И со партнерот исто лесно ќе заспиете доколку не се фотнете во кревет, таа расчупана , тој со подочњаци до колена, па сето тоа убаво спакувано со ефекти да се објави.
    Истава другарка ме праша како не сум се замарала толку со тоа и не сум се нервирала.
    Можеби затоа што кога одам на кафе, го пијам кафето и разговарам,а не сум со телефонот во рака и не ставам чек ин на секоја проклета секунда.
    Можеби затоа што кога го гледам филмот, размислувам за содржината на истиот, а не која локација да ја ставам на статус. |(

    Го претеравте, и после друг ви е крив. :x
     
    На summer-lover и Elennaa им се допаѓа ова.
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Еднаш ќе си речиш ај овој ден се ќе биде во ред, без нервози и никакви или барем не многу компликации. А убаво се започнува денот со утринско турско кафе, ммм, секако доколку некој не те замоли прво на него да завршиш нешто работа, па дека демек си добра душа и ајде. И ти отишло и времето за кафе. Уште полошо доколку ти се превари кафето или па го истуриш (читај од рингла, на ѕид, па на плочки, и се во близина). Ајде кафето отишло, ај барем ќе земеш да учиш или работиш. Во мој случај првото. Ќе почнат сите одеднаш нешто да им текнува, па де она, де друго, де трето…И така веќе пола ден завршува, а ти сеуште немаш ни пола од она што си испланирал направено. А баш нели сакаше еднаш да си легнеш пред 2, ама како? Треба да завршиш некој си проект или да учиш за испит. Па на крај заглавуваш и до 3, и се мислиш дали утре да станеш порано со надеж дека дури утре ќе завршиш се како што треба.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Добро утро, добар ден, за кого како :D
    Пола саат се мачам да го уклучам компјутеров (читај: кантава), многу му е мерак да ме зафркава, ама после мене ќе ми биде мерак кога ќе се најде кај што не очекувал :D
    Се откажав па си отидов да јадам, и сега еве го си ја сфатил грешката, па се поправа :lol:
    Излегувам и што да видам, снегче на покривите 8) Добро е, не бил скржав ни тој :D

    За мислењето на Дрим, само ова ќе направам - :bow: :bow: :bow: , другото се си е кажано :!:

    Ви посакувам убав ден :hug:
     
    На Golden и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  7. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.915
    Допаѓања:
    89.618
    Пол:
    Женски
    Мамичка ако не ми го разубави денот кој ,и тоа само со неколку зборови :lol:
    Ме врати во детството кога имав 10-11години а сестра ми 7-8. Од кога знам за мене со сестра ми спиеме во исти кревет :$ Додека бевме во старата куќа ни беше по мал и секогаш се каравме и поставувавме граница до каде е моето место до каде нејзиното :D Кога се вселивме во новата куќа веке 5-6 години имаме оделни соби но не беее ние сме си навикнати заедно на спиеме ,собите т.е креветите ни стојат нечепнати мојата соба ја направивме заедничка татко ми ни купи цела спална шо се вика да се шириме + и поголеми дека сме и повторно заедно си нанкаме :D
    Додека бевме помали во зима надвор кога ќе имаше снег мајка ни ќе дојдеше во соба додека спиеме и ќе кажеше :Женски ајдее станувајте надвор снег има а ние леле радоснии трчавме кон прозорецот или надворешната врата да видиме дали е вистина :D Колку пати кога ќе станевме надвор мајка ни веќе и снешко ни имаше направено ,за да не изненади :angel:
    Е денеска дека недела си спиеме до покасно и еве ја мајка ми на врата : Женскии абе ајдее станувајте веќе 12 саат ќе помине ,и ние ништо ,абе ајде и снегот надвор ќе се растопи додека се расоните вие И еве ја сестра ми :Стварно ли има снег :?: А јас станувам и право на прозор застанувам :D

    Колку ми бешее убавооо сите се смешкаме како мали деца ,радости за снегот не дека има којзнае колку но се е побелено :lol:
    Уште ми трае моментот на убавина а и си се потсетив на убавото детство кое го имав :)

    Имајте пријатен ден Феминки :hug:
     
    На Golden, LittlePinky, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сакам да кажам иако се ретки ваквите персони но јас многу ги ценам и респектирам, ако навистина му значите на некои ќе најдат време секогаш за вас. Без изговори, без лаги и без скршени ветувања! :!:
     
    На kala21, Silver.E, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Епа дечки,богами убав помин синоќа.Вратот и главата у минус,али се трпи :lol:

    Убаво избенгани(isthisevenaword) Holy Wars,Walk,5 minutes alone и Killing in the name,убаво изиграно танго на Careless Whisper.Убаво друштво,убава торта,убав,најубав поклон!
    И да,многу убаво ми е фатен гласот :rofl:
    Малку порано прославен роденденот,ама одличен.
    И супер слики испаднаа,што е најбитно...Денес со постарите,нели,така требало.Е ајде и тоа.
    Него ај да направам проектов физика,и да не должам многу.
    Недела ко недела не ја сакам,но оваа е убава до сега(се надевам и понатака),па утре ми е роденден!
    У ла ла! ^_^

    :hug:
     
    На Dog-lover и QueenElena им се допаѓа ова.
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Добро утро на сите. Имајте прекрасен ден. :*

    Цела ноќ неможев да заспијам зашто конечно реалноста ми е подобра од соновите. :inlove:

    Кога бев помала, па и сега, пред да заспијам секогаш размислував за работи кои сакав да ги имам, за работи кои сакав да ми се случат со одредени личности. Најчесто беа работи кои беа само дел од мојата фантазија, а и не верував дека ќе ми се случат.

    А денес, будна сонувам, за работи кои сум ги поминала. За моменти со најблиските, за моменти кога сум се чувствувала среќна. За чувства кои ме исполниле, кои ме расплакале од среќа.
    Кога сум била со него, кога сме биле заедно.
    За него, за мене, за нас.

    Среќна сум. Всушност тоа што сум, неможе да се искаже со зборови, само да се доживее. :$
    Бидете со тие што ве исполнуваат, со тие што се чувствувате одлично, со тие што сакате да бидете. Искористувајте шанси, не оставајте ништо за утре. Учествувајте во предизвици. Бидете вие самите предизвик. Ваш е животот и само вие можете да го направите подобар. Јас го направив.
     
    На Divinebutterfly, LittlePinky, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  11. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.781
    Абе си фатил син ми девојка....
    Како вчера да беше кога го водев за рака на училиште,а сега он води девојка за рака...
    Убав он на мајка...
     
    На Trnche, Ketrin.Moon, la-chicka и 42 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.078
    Пол:
    Женски
    Хихихи, ај нека се угоде, па за 10ина-15 години да те читаме во Свекрви и снаи од аспект на свекрва... :lol: За убаво дабоме. ;) Eее така си е, лета времето. :) Со внуциве мои најубаво го гледам тоа. :)
     
    На kala21, Silver.E, LittlePinky и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Пукал во куче скитник, застрелал прилепчанец

    Добро бре, меѓу какви психопати живееме ние!!!!! Ќе убива душиче некое несреќно за бес? За онака? Зошто му е досадно, зошто му е тапа денот? И сирот тој недолжниот баксуз што сега е во болница, да го крпат! Да излезам на улица и некоја будала да ме утепа за ништо... Како бе не се упуцал сам себе, еден ненормален помалку на светов!
     
    На leighton23, LittlePinky, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    173.781
    Хахаа....здравје Боже,се надевам дека нема со снаата да се препукуваме тука на форумов(без да се знаеме која е која)....за непогоден ручек.....
    Јас и мм сме пропатиле многу ...Цел живот ствараме -за нас и за децата да им дадеме кров над глава кога ќе застанат на лудиот камен.
    Фала му на Бога ги обезбедивме двете-ниту снаата и синот да кинат нерви со мене и мм во заедница,ниту ќерка ми да мора да го поминува истото како мене...
    Здравје само,нека се сложуваат,јас и мм ќе даваме и помагаме....знаеме како е тешко кога никој не ти пружа (сам од себе) помош-туку сеир ти фаќа.
     
    На lolyta777, kala21, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.078
    Пол:
    Женски
    Море само ксмет за таа работа.... не постои нешто што може така да те осигура како ксметот.

    А тој на сите им го посакувам, па и на вас. :)

    Уживај во секој момент од искуството да го гледаш детето како расте. :)
     
    На Glasna, vinozito1 и stetoskop им се допаѓа ова.
  16. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Ами од што му е досадно |( Не знам како се осудуваат себе си тоа да го направат, со која душа...Да се крене рака на некого е најлошото нешто што може човек да го направи.Мислата може да биде секаква, само човек треба да внимава каква ќе спроведува во дело.

    Човек ако не згреши, нема да научи, не е само да се учи од своја грешка, туку и од туѓата...Само арно рекле “ во светот има повеќе учители, отколку ученици“ иако секој човек во животот ем предава, ем учи...
     
    На Silver.E, LittlePinky, Antoninaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Понекогаш работите едноставно се надвор од наша контрола. Не може да се одвиваат онака како што сакаме и не можеме да ги промениме. Или бар да го пренасочиме текот на случувања.
    Денес таков ми е денот, совршено скроена, нервозна фамозна недела, преполна со обврски кои чекаат заборавени во некое ќоше, а јас чекам како дете некој да ме утеши и да си најдам самомотивација.
    Тешко ми е после толку години да признаам дека сега се што се случува е под моја контрола и за се - виновник сум си самата јас. Сакам да сум си дете и се што ми се случува да ми е скроено од нечија друга страна, со љубов и трпение, ама не, оваквите денови ме водат до лудило, станувам контрадикторна и не знам ни што сакам, ни што барам од животецов..
    Ах овој пмс, ќе ме исцрпи емоционално баш кога не треба.
     
    На fatamorgana123, Ketrin.Moon, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Еден лош ден, не смее да го смени текот на вашиот поглед на живот.

    Добро утро, имајте убав ден. :hug:
     
    На kikav, Kaylie, vitomir и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Знаете.. после една голема далечина, после секое патување никогаш повеќе не сме истите. Секогаш со нас понесуваме едно парче во душата од тој непознат свет кој не' менува засекогаш. Добро е доколку целокупната промена е од позитивен аспект. Добро е кога знаеме дека во нашиот живот таму некаде постои некој кој би ја дал душата за нас и не го забораваме тоа ни за миг. Далечината е како што велат нож со две острици. Може да те направи целосен странец, но може и да ја зближи врската помеѓу двајца до степен на нераскинливост. Но сигурно е дека никогаш не остануваме на старото. Убаво е чувството кога си од тие вторите. Кога за она што до вчера сте мислеле дека е невозможно да направите повеќе, денес сфаќате дека има простор да се направи уште 10 пати по толку.

    Неможам ни да ви опишам како се чувствував кога си ја видов љубовта после два месеца. Кога го гушнав и кога го почувствував до мене... Би го препознала и по врвот на капчето па макар биле и меѓу илјада луѓе, и меѓу илјада куфери, дури и да сме на најголемиот аеродром во светот.

    Вложувајте во она што вреди да се вложува. Давајте онаму каде што има простор и каде што наидувате на отворено срце. А каде повеќе вреди да се дадеме целосно себеси ако не во љубовта? Гушкајте се и сакајте се со вашите сакани. Давајте љубов, бесплатно е, а можете да добиете многу. ;) На крајот на краиштата љубовта го врти светот. Отидов ја да си го гушнам дечко ми, зашто заслужил и многу повеќе.
     
    На Ketrin.Moon, kate21, Umbrella22 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Тмурно неделно попладне, тмурно расположение, тмурна глава.

    Тажна сум, зошто другарка ми денес се мажи, а немам прилика да присуствувам на свадбата зошто живее во странство, многу, многу далеку од тука :( Си плачевме на телефон пред некој ден, што од среќа, што зошто не можам да отидам и да бидам покрај неа. Камо да беше возможно и едноставно, ама не е. Многу ми е криво, особено што покрај тоа што се мажи, носи и нов живот во неа, а јас немам прилика да и' го погалам стомакот, лично да и' ја посакам целата среќа на светот и да ја изгушкам и избакнам. Проклет живот, во потрага по подобро утре ми замина на крајот на светот и сега оди види ја :( Не сме се виделе цели три години, освен на слика :( Убавица моја, прекрасна трудница е :inlove: Нека ми е најсреќна на свет, на крајот од денот тоа е она што е важно.

    Го мразам денов, го мразам периодов, го мразам ладново, мразам се' денес. Сакам само да се стуткам во ќебе, да гледам серии и да вегетирам. Излегов прееска да ме фати воздух, си купив некои ситници што ги сакав, ама и радоста за нив кратко траеше. Сега немам ниту желба да ги извадам од ќеса, да ги пробам и да им се радувам.

    Единствено деновиве расположението ми го поткрева другата другарка, која за среќа тука ми е :D И таа ми се омажи, и таа чека бебе и наредниов месец треба да се роди едно прекрасно мало момченце, на кое име ќе му дадам јас :) Па ја мислам секој ден, само и' се јавувам и ја проверувам, да не и' е лошо, како е, што е... На готовс сум и јас, ако случајно маж и' во моментот не е :D Палам кола и ја возам во болница :)

    Е така, си се пожалив, и малку ми олесна. Друго не знам што да кажам, ништо не ми се пишува, мрзоволна сум, поспана и никаква, со други зборови - тапа :lol:

    Имајте убав остаток од денот и смирете ги страстите во темава :hai:
     
    На Hipster, senza.parole, la-chicka и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.