Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Сепак најубаво се гледа од трети ред, публика.
    Најдобро човек да гледа сеир.
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Викате да продолжам со фалење? :rofl: Е па, ај. [​IMG]

    Вчера направив уште една торта. :rofl: Попладнево потполно сама подготвив полнети пиперки. Дечки, бомбона излегоа! [​IMG] Мислам дека дома, кај и да е, ќе ме урочат. [​IMG] Што требаше да се носи против уроци? Маичка... наопачки? :P

    Да ме затворат цел ден во кујна, пресреќна ќе бидам. :rofl: Можеби кога ќе бидам повозрасна, ќе ми се здосади. Ама ете. :rofl: Единствено нешто што ми е криво, е што никако не се научив да правам палачинки. :doh: Премногу неуспешни обиди. :wasntme: Палачинките обично завршувале на земја, позади шпорет или пак распарчени на рингла. [​IMG]

    Откако се изнафалив, мислам дека редно време е и ремет да си фрлам. [​IMG] Треба да тргнам на фризер.
    [​IMG]
    А кога ќе видиш, јас секој ден тргам на физер, на очно, на заболекар... и никако да тргнам. [​IMG]

    Прееска, мајка ми кога конечно легна, да се одмори, после толку работа, ете го трудниот...
    - Жено, а бе ајде стани, цел ден само лежиш. (а он всушност цело време игра candy crush на фб)
    - Зошто да станам?
    - Па ајде направи некоја торта...
    - А не ти беа доста, тие две, вчера?
    - Ама сега сакам некоја со пудинг, таква...


    Види го ти него. [​IMG] Почнал и да прибира, каква торта сака. [​IMG] А има навика, после спиење, да се фати за стомак, да каже: - Жено, да видиш каква торта сум сонувал... па како сум ја јадел... [​IMG]
    Цело време само нешто бара, а не јаде толку. Ама ете, он да пререче нешто. [​IMG]
     
    На Natali.3, Ketrin.Moon, kala21 и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Абе овие професорите не отепаја.Ова ќе ни биди втора недела со 2теста,математика и физика.Исто така ќе обработваме лектира.А таа за лектирата не ни рече пред да почни распустот да ја прочитавме на мира туку сега Глупост.И налет тоа ИСТОРИЈА испрашва!

    АПЕЛ ЗА СИТЕ НАСТАВНИЦИ.Слоу доун ова втора недела,ние се чуствуваме како на карј да сме.Тешко нас мај и јуни ќе биди ако сега е вака :@
     
    На tirkenbal му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Е така минато,раскрстив конечно со тебе.
    За арно нека е...
    Те оставам таму кадешто одамна требаше..
    Таму некаде,длабоко закопано,во неповрат.
     
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека тоа што сте од телефон уклучени не значи дека неможе да ја смените латиницата и не се вадете секогаш со тоа. Разбирам ако сте во брзање или итно ви треба одговор, ама за обични коментари има да се намести кирилица и на телефон.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    4.060
    Пол:
    Женски
    Колку проклето ги мразам овие групни проекти !!!!!
    Мразам да работам со уште 4 души кои се патем незаинтересирани |(
    Не сакам да се влечкаме недела дена за 4 страни што треба да се напишат.
    Секогаш истата приказна, се молиме да се уклучат на нет па асално да си ги пратиме податоците и да средиме се како што треба.
    Да се малце поодговорни ова ќе биде готово во рок од 2 саати. А ние цел викенд се мафтаме и погодете што ?! До нигде не сме |(
    Ако не ви се работи кажете, ќе земам и ќе средам се сама ,и онака пак на мене се останува.
    Барем од нервози ќе ме поштедите.

    Друго...
    Не ми е прв пат да слушнам приказна за пар кој раскинал по долгогодишна врска ( во најновиов пример тоа се 4 години ) и ако девојката после тоа нашла друг ( во разумен период ) веднаш е дроља , распуштена незнам што.
    Добро нека ми го разјасни некој ова. Било - прошло. Ај ако не па вечно дечко да не си фати :fubar:
    И ова најчесто го слушам од бившите нели.
    Ме остави, фати друг, срам да и е, дрољиште. Зрело ,зрело, нема што...
    Незнам што те трпела толку со вакво размислување :wasntme:
     
    На LittlePinky и QueenElena им се допаѓа ова.
  7. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Ништо не е длабоко закопано,можеби си го однела во подсвеста. И не е во неповрат,некој ден пак ќе ти текне :!: :?:
     
  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Надвор е премногу ладно, не се издржува. А -3/4 сме, сега знам како им било на тие со Америка.

    Инаку јас никогаш не сум го сакала ова време.
    Депресивно ми е некако.

    Сите се кријат дома, со добра книга и топла чаша чај. :coffee:

    Инаку да ви се пофалам, братучед ми има куче. Алабајче, срценце.
    Многу го засакав.
    Линда го крстивме.
    [​IMG]
     
    На hermosa, Someonespecial, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    СДК сеј хело ту мај литал френдс! :rofl:
     
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Денеска со тато си разговаравме за неговата младост,друштвото...
    Ми раскажа еден настан којшто ме зачуди.
    Неговиот најдобар другар бил постар од него 6 години.Тато имал 22,а другар му 28.Бидејќи биле најдобри другари,тато му бил кум на неговата свадба.Поминале неколку месеци,тато завршувал факултет и сакал да си купи стан.Нашол еден поевтин стан и му фалеле уште 1000евра за да го купи.
    Другар му бил побогат и побарал од него пари.Другар му не сакал да му даде и му рекол дека вчера ги ставил во банка(која случајност нели).
    Добро тато ништо не му рекол и си продолжиле со дружбата.По неколку години не знам зошто се разделиле,едноставно другар му го одбегнувал и тато видел невидел се тргнал.
    Е нели тркалото се врти,тато завршил факултет,не го купил тој стан туку купил уште поубав,се вработил и си заработил пари со свој труд без да бара од никој.После се оженил и така.
    И еве го после неколку години тато веќе 41 имал(јас 6 сум имала :rofl: ) другар му 49.И другар му пропаднал,немал веќе пари и слушнал за тато,дека се збогатил,си оформил семејство и го нашол неговиот број.Му се јавил на тато и му побарал пари.Тато не е злопамтило и во името на поранешнта дружба му дал пари.Повеќе они не се во контакт,другар му парите не му ги има вратено и не ни знаеме каде има отидено,но тато не му ги ни побарал.
    Искрено му се чудам на тато.Многу би сакала да ги имам тие негови особини и иако многу луѓе велат дека личам на него,физички и психички,јас мислам дека немам такво срце како него. :|
    Многу го сакам татко ми,толку добар човек е,дури понекогаш си велам нечини и да си толку добар. :|
     
    На Kaylie, Barbie20, BlackPiano и 9 други им се допаѓа ова.
  11. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Елено мор, како пишуваш по 20ина знакчиња во еден пост :( ?
    Дај просветли ме, кажи ја финтата :D
     
    На COollLady и Elennaa им се допаѓа ова.
  12. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.592
    Пол:
    Женски
    Бедно....
     

    Прикачени фајлови:

    • r4er.png
      r4er.png
      Големина на фајлот:
      35 KB
      Прегледи:
      490
    На Azriel1, EMoonlight и LittlePinky им се допаѓа ова.
  13. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Има телефони што немаат кирилица!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ми иде в лице да им плеснам на некои личности колку многу се досадни и колку ми се преку глава дојдени, па макар и никогаш повеќе да не ми прозборат.
    Мислам стварно..ме пукнаа.
    Можеби и јас некогаш сум досадна, ама секој ден истото да го слушам не можам.
    И после сето игнорирање да не се откажуваат и да не сфатат дека се досадни.
    Како единствена работа да им е да замараат други. И мене ми е досадно ама не ги замарам.
    Има и такви. Осет да се немало.

    Можеби имам кажано сто пати досега, но ќе кажам пак дека очајно ми е потребен мир.
    Сакам барем еден ден да поминам потполно сама,да правам што сакам и цел ден да си го посветам на себе.
    Да не слушам никој и ништо.
    Ми доаѓа да исклучам и телефон и фејсбук да деактивирам, бидејќи секое ѕвонење на мобилниот уплав добивам, а и фејсбуков само ми ствара дополнителни нервози.

    Неподнослива сум. Знам. И сама не можам да се поднесам.
    Ама не е до мене. До опкружувањево е.
     
    На anggell, iloveyou29, Izaabella и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Луѓе како татко ти се многу ретки.
    Но, секако се се враќа, без разлика дали е добро или лошо.
    Оваа ситуација е чист пример за тоа.
    Парите како дошле така ошле, ама големината на човекот останува.
    И дедо ми бил таков човек, а и татко ми на тоа поле е навистина фер.
    Тој секогаш давал пари, а кога му требале пари за да купи поголема куќа (зошто 6 души во мала куќа живееле) никој "немал". Не ја купил, а после тоа пак давал пари.
    Тој не бил богат, далеку од тоа, но знаел да направи од ништо- нешто.
    Јас им се дивам на таквите луѓе искрено.
    Многу пати слум слушнала, особено за дедо ми дека го нарекувале наивен.
    Тоа само покажува колку се луѓето ситни души, неспособни да бидат поштени и искрени. Неспособни да битат и да препознаат доброта и човечност.

    Elena69221 ни мојот нема кирилица, но во десниот агол горе кога се влегува на форум се менува на сајтот. Лошо е што секој пат мораш тоа да го правиш.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Се вметнуваат во мислењето како слика :P
    Од оваа страница http://www.skype-emoticons.com/
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека ми успеаа палачинките (in case anyone asks). Американските. За нашиве, веќе знам-проверено, ама за овие ми беше страв. Како ми излегоа, страшна работа. Плус и си направив сама прелив со џем од сливи, млеко и цимет. Калориска бомба. Ама не ми е мака. Превкусни. Немате појма колку си се гордеам со самата себе. :D
     
    На iloveyou29, Izaabella, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.915
    Допаѓања:
    89.618
    Пол:
    Женски
    Јас овојпат сакам да ви кажам дека денеска правам 3 месеци откако се зачленив на Фемина форумот. Не сте свесни колку ми е убаво што сум дел од големото семејство на онлајн виртуелниот свет кој го има Фемина .
    Ви благодарам на сите тие што ми помогнавте за брзо време да се вклопам и да дознаам како и што се случува овде како одат работите :lol:
    Да ви кажам може и смешно ќе ви биде ама јас Фемина си ја гледам како да е некоја жена ,озбилно жена која прима секакви муабети а можат да се извлечат и многу совети од неа т.е од нас членовите

    Ви благодарам на сите кои ме читате и ме подржувате во моите мислења,фала ви на сите што сум дел од листата на пријатели кои ги поздравувате,ви благодарам на оние кои ми имаат помогнато до сега за некои нејасни работи околу форумот,фала ви за тоа што ја цените мојата искреност и што имате верба во мене.
    Јас сум баш таква како што се претставувам на форумот не глумам лудило и не се правам дека се знам ,искрена сум и секогаш сум спремна да помогнам да дадам свое мислење а истото и да го прифатам.

    За овие 3 месеца научив многу важни работи прочитав многу,овде има многу талентирани луѓе ....Стекнав и неколку виртуелни пријателчиња со кои не ми поминува денот без да помуабетиме во ЛП :lol:

    Имајте пријатна вечер сите :*
     
    На Kaylie, cheetah.girl, iloveyou29 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    9.037
    Пол:
    Женски
    Што среќа беше денес,Fранција е првак :inlove: ,.Cо мерак гледав иако уште нерасонета,па кога им даваа медали се топев од среќа :P .Честита да им е победата,заслужија и поголема победа од 9 гола но и тие се доволни :bow: .
    A јас сум си истата,и не си се менувам,времето тече,кој ќе го спрече :wasntme: Mе нервира ова ладното,но снегот ме израдува :angel: .Oсвен тоа,братучедка ми има роденден ,денес се знае славам ,и само за убаво да е во иднина :party: .
    Bи посакувам убава ноќ феминки :*
     
    На Kaylie, Irrepleceable и BlackMistery им се допаѓа ова.
  20. Spectre

    Spectre Активен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    74
    Обично не давам ѕвездички и мислев дека нашата младина е во пропаст и нема спас за неа,ова девојче ми го докажа спротивното.Сеуште имало деца кои што биле воспитани и примерни,е сега тоа што седат на форуми,а не играат надвор не е до нив.Такво е времето,ете што да правиме.Јас сеуште немам дете,а би сакала,ама ете до Господ е.Браво за девојчево и за нејзините родители што ја воспитале вака,сигурно и они се вака воспитани.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.