Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Нејзините приказни ги знаев напамет, но повторно секоја вечер сакав да ми ги раскажува одново и секој нареден пат ми беа поинтересни и поинтересни, со внимание ја слушав и ја гледав. Беше весела жена во куќата внесуваше ведрина, ширеше позитивна енергија. После толку препреки пребродени во животот и толку маки истрпени знаеше да се насмее и да каже помина се. Постојано беше насмеана без разлика колку и да и е тешко во моментот, беше силна жена. Од неа научив многу работи кои до ден денес ги паметам и применувам. Правеше слатки колачи и многу други убави јадења, ми ги исполнуваше сите желби, бев нејзината прва и омилена внучка. Кога ќе направев некој глупост постојано ме прикриваше и ме правдаше пред мајка ми и татко ми. Заедно пиевме топло чајче во овие снежни денови, а таа ми раскажуваше за нејзиното детство. Кога беше болна станував рано наутро да отидам со неа на болница се плашев нешто да не и се случи сакав да ја чувам, а бев толку мала. Потоа..потоа се случи она од кое најмногу се плашев останав без мојата бабичка... :'(
    Поминаа години а уште ми недостига...многу ми недостига.
     
    На Ana.Jones, Elennaa, Ketrin.Moon и 5 други им се допаѓа ова.
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Гордоста во љубовта е чиста илузија...
     
    На LittlePinky, hermosa, BlackPiano и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Уште од лани се мислам и никако да сфатам. :D
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Многу наидувам на луѓе кои умешно, тајновито провоцираат, а потоа се прават наивни со блажени насмевки.
    Здосадија. :Down: :Down: :Down:
     
    На leighton23 и EMoonlight им се допаѓа ова.
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Сакам утре да биде -30 температурата. Па наставата да се одржува од 11:00. Секој ден да имаме по неколку (по можност скратени) часови. Онака, колку да не ги враќаме после секоја сабота.
    Се надевам дека ќе ми се исполни желбата. :D
     
  6. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Ќути мори Еленке, Америка ли че ја имитираме ? :D
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Just sayin 8)
     
    На LittlePinky, lana.del-rey и Jenniffer им се допаѓа ова.
  8. girlonfire

    girlonfire Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    62
    И ете заврна и долго очекуваниот снег оваа зима.
    Сите велеа дека нема да заврне оваа година , но неочекувано покрај малкуте сончеви денови влезе и не побели. Така е и со животот се доаѓа многу неочекувано.
    И како што паѓааат толку крупни капки нека паѓа и толку љубов , среќа , здравје , радости , се што е убаво нека дојде овде , на земјата.
    Но никогаш не знаеш колку снегулки ќе паднат , па така не трди се да процениш дали имаш малку или многу среќа или љубов.
    Целта во животот е да се појави среќата , а ти си тој што треба да ја зграбиш и да ја направиш поинаква и поголема , затоа трудете се што поголеми снешковци да направите така поголема ќе ви биде среќата.

    И незнам што да кажам повеќе за овој снег , а ако зборуваме за ланскиот ќе кажам дека овој е поубав зошто мене ми е сега подобар животот , среќна сум најмногу.
    Многу сакав да имам со кого да шетам на снегот , сега имам ми се исполни и тоа , но немам можности.
    Ете за мене е ова прв снег од годината , со мојата прва љубов , бидете исполнети оваа година како што целиот свет е исполент во бело.
     
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Знаете кои ми се особено интересни?
    Жени од типот, пред два дена упишуваат по прв пат у својот живот некој краток јога курс, за цели три дена стануваат самопрогласени магистри на тема јога, спиритуални дисциплини, духовно, ментално и физичко здравје, за четири дена имаат точно 180 слики на фејсбук од разно разни јога позиции(по можност и неколку нивни у класичен јога турски сед, со дискрипшни семе синапово да подзадиви) и исто толку линкови кои укажуваат на благодетите од јогата, нормално тука фрчат и коментари као драги гледачи треба и вие да упишете некој јога курс па да се исчистите од зли сили, додека на петтиот ден веќе се акробатски јогисти, те сретнуваат на улица, у маркет, бутик, пазар, додека бришеш прозори дома, или било каде, и место здраво ти викаат, слушај маци, да дојдеш со мене на јога, леле маци колку е добро, се имаат запишано и други мои пријателки....и тебе ти оддекнува у глава зборот уште триљљљон пати и ја гледаш само замаглено... јога....јогааааааа..медитација...курс...спокојство...јогааа.... И пред тебе место фигура на човек у улога на глупача, ти искача Буда у турски сед, со ореол што силно свети околу него... :(
     
    На Foreveryoungiwannabe, RainDrop, Sexybaby86 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Лоша математика оф леле. :tmi:
    Тато сега има 47.(ќе пуни за неколку дена)
    Другар му имаше 47,а не 49.Брзав,на фб се допишував со едно девојче,ај нема врска. :rofl: :rofl:
    Сите сме луѓе,грешиме. :)
    Фала што ме поправи,обично не си го препрочитувам мислењето по втор пат. :rofl:
     
  11. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    39
    Lugeto nikogas nema da prestanat da ve razocaruvaat , naviknete se na toa.
     
    На Trnche, anggell, Elennaa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Се наоѓам во ситуација во која не знам дали да се откажам или да терам понатаму иако не ми е баш по ќејф. :| :|
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Ако нешто не ти претставува задоволство да го правиш тогаш немој. Не си принудена на ништо во животот,ништо не се мора. Животот е премногу краток за да го потрошиме на работи што не сакаме да ги правиме,секој момент е драгоцен и треба да го искористиме најдобро што можеме,и на нешта кои ги сакаме. :)
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Убаво ти кажа Лана,ти треба да одлучиш дали ќе продолжиш или ќе се откажеш.Само упорноста е најбитна. :)
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Да, теоретски така е ама тешко е да се донесе одлука...
     
    На Desert.Rose, Dream-Girl и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Јас пак ја мразам зимата, студот што влегува во коските, надвор ветерот фучи, дури ни снегот не може да се задржи, туку се разлетува како бела прашина, сликата воопшто не ми е бајковидна, попрво би кажала морничава.И вакво време не ме тера на љубов и поезија, туку на кукање и расправија за сметките за струја. Последната 11 730 денари, ејјјјјјј, живеам во стан, не држам поликлиника, аман! Можеби ќе удриме и на љубов, којзнае, кога ќе ни ја исечат струјата, па ќе мора да се гушкаме за да се згрееме. Порано му се радував на полното поштенско сандуче, а сега ме удира дамла и покрај пошта кога поминувам. Јас сум од оние луѓе кои празнината во душата си ја пополнуваат со храна, па потоа се обвинувам самата себе си, зашто се најадов во ниедно време, па настапува моментот - дефинитивно од утре на диета, што значи денеска јади како да е последното нешто што ќе ти се случи. И кога се будам наутро, трчам накај огледалото, да видам дали сум како од пчели касана и потоа имам потреба да излезам на дооооолга прошетка за размрдување и соочување со себе си, но надвор студот јаде, времето е никакво и повторно се враќаме од почеток на она, колку ја мразам зимата. А и чувствата деновиве постојано ми се во некаква дисфункција, никако да се фузираат. Еднашка црни, утредента бели...шаховско поле од мисли...
     
    На vinozito1, ilipili, Sexybaby86 и 20 други им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека не е нормално да се величаат личности кои животот го поминуваат во алкохол, дрога, лаги и измами.
    Еве ќе го земам Џастин Бибер. Не го пратам и не го слушам. Само читав за последната случка негова. И не само за него, туку и на него сличните.
    Заради таа случка прочитав некои коментари во темата за него.
    Читам, предобар е, ваков е онаков е.
    Никој од славниве пеачи и пеачки не може да ми биде идол и да ми го смени животот.
    Тоа што го покажуваат во јавноста е само маска, која со време паѓа и се гледа нивното расипано лице, расипано од слава и самобендисаност.

    Оние вистинските луѓе, големи, хумани луѓе кои прават нешто подобро за луѓето и за светот, секогаш се помалку почитувани.
    Зарем е тоа нормално?
    Оној на кој животот му се дрога, слава и алкохол-да менува живот на некого, да биде подобар и поценет, подобар и повеќе почитуван од оној кој дава на сиромашни, кој почнува кампањи и хуманитарни акции.

    И тој Џастин и таквите како него зарем можат да се стават во исти кош на пример со Опра, Тоше или со луѓе кои што гинеле за баш тие млади денес да живеат?
    Телевизијата и интернетот очигледно наметнуваат многу погрешни вредности кои многу влијаат во животите на младите.
    Не разбирам кои се вистинските вредности сега? Што денес се почитува?
    Не ми е намера да навредам негови фанови, да не се разбереме погрешно.
     
    На Someonespecial, LittlePinky и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  18. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Најмногу ме нервираат несмасни лујџе а најтрагично е шо се во моја близина
     
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    И незнам која е целта на заеднички профил на фб |( демек ако имате заеднички профил, повеќе ќе се сакате.. пфф
     
    На Someonespecial, Ana.Jones, iloveyou29 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    39
    Апсолутно си во право за се. Уште поиронично е да се замисли дека пример Никола Тесла ни го олеснил животот во огромна мера ( поради него си имаме трофазна струја , компјутери , мобилни тел. и редица илјадници патенти) , целото богатство го потрошил во истражувања , а починал прогласен за луд научник во сиромаштија затоа што рекол дека ќе дојде ден кога од континент на континент ќе може да се испрати текст и слика како порака низ воздухот , нешто што денес го може секоја просечна будала :D :D . Ама тоа е се цени неправилното , па после друг ни е крив.
     
    На Ana.Jones, hermosa и LittlePinky им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.