Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Ќе гласате догодина за мене на икс фактор?
     
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Само доколку си секси,како Александра Секулиќ,ама биди спремна ќе има разно-разни коментари за тебе. :rofl: :D
     
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.584
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Ако те бива :)
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    http://dnevnik.mk/?ItemID=312FB8A69651DA4A93E3EF95986C0464
    Пред да се поклоните, кажете браво и се воодушевите на рекордерите размислете зошто токму овие книги се најпродаваните. Логично е да народот кој љуби турски серии сака и вакви книги. Кој стигна издаде книга и се нарече писател. Статистикиве (доколку се вистински) значат само дека народот станал поглуп. Ах оваа моја чудесна земја.
     
    На Sexybaby86, Ana.Jones, Silver.E и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617

    Е за згодна не сум како неа.Абе дрим,седи сеа има време уште овој не е завршен :D Ќе се затегнеме до тогаш. Е не се пријавувам баш заради пустите коментари... :tmi:
     
    На LittlePinky и tessie им се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Се чувствувам преполна со мисли, измешани емоции, час се смеам, час плачам, не е ПМС ама нешто слично е само уште погрди чувства ми предизвикува.
    Еднаш кога психологот ме праша каква сакам да бидам му одговорив - силна, и тоа всушност е мојата животна цел. Сакам да бидам доволно храбра да издржам се што ме чека во животот, сакам да не потклекнувам пред луѓе кои што решиле да си заминат од мојот живот, несакам никој да молам за да биде тука до мене доколку не го сака истото. Искрено не се чувствувам спремна за некои работи кои што ме очекуваат, и ме плаши тој период во кој ќе мора да се соочам со нив, не сум подготвена доволно за да дозволам така лесно работите да излезат од мои раце.
    Си го мразам карактерот мој, си ја мразам емотивноста и тоа што дозволувам константно некој да ме гази и да не се чувствувам спремна да ставам крај на мојата добрина.
    Најлесно би било да се стане нечовек, но за мене впрочем тоа е најтешкото.
    Се претворив во најголем слабак кој што ужива во својот очај и плаче по цел ноќи а потоа цел ден неможам да се опоравам.
    И така ви викам, чудни некои емоции, измешани, на моменти ми е претешко, но откако ќе се исплачам ми станува така сеедно и олеснато што само сакам да си јадам и да гледам серии без да се замарам со ниедна пропратна работа.
    Ебати животот ваков, никаков, тмурен и песимистички. Абе просто на моменти не гледам светла точка...
     
    На Trnche, anggell, Izaabella и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.145
    Допаѓања:
    156.304
    Има само еден момент во животот кога сме најубави. Во секоја смисла. И е само момент.
    Може сме го испуштиле, а сме се разбудиле сами или сме носеле исфлекана тренерка пред компјутер по дома. Штета...
    А може па и допрва не чека.
     
    На ilipili, Barbie20, renata77 и 10 други им се допаѓа ова.
  8. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Зошто бе мене никој не ми враќа пораки? ;(
     
  9. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Се лажам со некои ефтини грицки, колку да се врти нешто во устава, во позадина ми свири некоја тивка музика колку да не се удавам во тишината и некоја чудна боја на црвена сијалица ми разбива монотонија во моево катче.
    Имам проблеми самата со себе деновиве, загрижена сум дефинитивно за својава иднина, од секогаш знаев дека нема да биде којзнае колку сјајна и перфектна, ама не мислев дека јас ќе бидам таа што ќе си ги гуши сопствените соништа само затоа што не знае како да се избори за да оствари поединечни планови и цели. Некако како да бркам нешто, ама не со доволна брзина за да го фатам.
    Бивши контакти од периодот кога ми беше најтешко, не давам шанса за да се обноват, зошто сега сум релативно среќна и не сакам некој да ме труе со неговите проблеми за сингл животот, за финансиските состојби што ги спречува да излезат во град и да се ижуркаат како млади мајмуни, да си купат кошула по најнова мода, фустан или шоидае.. плитки муабети со површни личности веќе дефинитивно наидуваат на едно големо НЕ од мене. Не можам да простам, не можам. Уште ми се чини ме боли кога ќе се сетам како истите тие ме оставија за да пробаат да го средат својот мизерен живот на мојата болка и несреќа.
    Eпа, што е сега?

    Шанси и време. Магични зборови.
    Шанси за себе, време за себе. За да се вратиме како посилни и помудри играчи во играва на животот, зошто инаку не изедоа и срушија поитрите и поснаодливите од нас. Веќе не станува збор за тоа кој е попаметен.
    Годиниве со себе си го носат и искуството, а јас сум ама премногу млада за да го трупам срцево со милиони невредни работи, затоа периодов кулирам и стварно ми е лабаво, вака до 101 и назад. Буквално.

    Останете ми добри девојки!
     
    На ilipili, Shelea, Barbie20 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Сум забележала дека повеќето девојки што се зачленуваат на Фемина, имаат некој проблем, да прашаат за мислење... Некои остануваат, некои не :rofl:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    И јас тоа сум го приметила, ама за жал оние што остануваат се малку..
    туку имам приметено дека многу од постарите феминки се вратија :clap:
     
    На Kaylie, duffi и LittlePinky им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    СДК...пред месец дена токму во овие нокни часови добив болки и за неполни 12 часа се породив....денес правиме :hug: месец
     
    На Someonespecial, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Ana.Jones и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Тој ден Господ покажа дека многу ме сака, а јас деноноќно се прашувам со што ли заслужив ваква среќа и дали е можно некого толку многу да сакам. Тие мали очички што ме гледаат, таа насмевка со малото усте, а пак прстињата... :* Моето мало чудо што го утепав од бацување, а навечер ми иде да го тепам направи да почнам да живеам. Мајка сум!
     
    На Serafima, Jagoda123, AngelOfArh и 15 други им се допаѓа ова.
  14. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Обожавам кога ќе станам и на масата ќе ме чека топло нес кафе :coffee:
    Имајте убав ден :hai:
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се сеќавам на времето кога си бев заљубена. :inlove:
    Ама баш заљубена !
    Во оние најдлабоки моменти.

    Се ти е рамно...Никој не може да те изнервира...Кој што и да рече, ич не се секираш...
    Не ти е важно дали си јадел и што си јадел.
    Не е важно дали надвор грее сонце или врни дожд... :dance:

    Не си тука. Ништо на овој свет не ти е интересно.
    Како да си на друга планета. :makeup:

    Занесена во некој, и си мислиш само на него. Само тој постои за тебе, само тој ти е важен.
    Се друго е неважно. :mm:
     
    На Marossa, Butterfly-Girl, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  16. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Мојата лоша маана е кога сум тажна да слушам тажна музика..и да ми лети пак паметот..Многу лоша идеја...Денес пак на училиште,пак истите лица,се исто.А потоа како уутепана се враќам и на Фемина си седам :$ .По последно време дури и на Фемина се чувствува нервозата.Мислењата се обично испукувања,но што да се каже во 21 век кој е среќен?Уствари како можеш да бидеш среќен покрај овие лажни луѓе,убиства..што се не?Животот се претвора во страв,да те стра да излесеш надвор можеби куршум ке налета :x .Не ист детскиот ден,онојпат гледам 5 годишни деца наместо да си играат тие земале огромен таблет.А ние пак?Наместо да излеземе цел ден на компјутер.. :x :x Просто и од сама себе се чудам од дома не сум излегла цела недела..секој ден на училиште ,па на проба.
    Same shit different day. |(
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    17.780
    Пол:
    Женски
    Се породии една мојаа многу драгааааа личносттт. Си доби најубаваа ќеркичка. Сега имаат и ќеркичка и синче. Мноогуу, многууу се радувам за нив. Нека им е живааа и здрава ќеркичката на најпрекрасните мама и тато!!!! :rock: :party: :* :wink: :inlove: :dance: :l: :l:
     
    На Kaylie и duffi им се допаѓа ова.
  18. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Денес е денот Д. 27.10.2012

    Од тогаш до денес има поминато 1 година и 3 месеци, а се што остана од тој период се празни ветувања, многу мемории и два странци. Колку и да се обидувам да скријам нешто или избришам, таму е. Првата љубов секогаш останува како дел од нас. Чувството засекогаш те прогонува, не ти дава мир на оној датум. Ми се навраќаат спомени, прашања еден куп, но нема одговори. И на крај, еден монолог, кој и те како направи голем престврт во нешто наречено "љубовна врска".

    После толку време, чуството е избледено, нема значење, но личноста е дел од животот, дел од срцето. Не ми е дел од среќата, но беше. На овој ден, секогаш е таа песна. Песна која ја буди болката во срцево, која толку долго се обидував да ја заспијам.
    http://www.youtube.com/watch?v=KGzh7hmzTNo

    Секогаш. Нокаут, Sweet child of mine, One million парфем и вкус на мартини ќе ме потсетуваат на него.
     
    На Elennaa, Someonespecial и Libera им се допаѓа ова.
  19. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Леле многу си ослабела.. И јас сум здебелена ич да не се секираш!
    Подобар комплимент амин.

    Поголем идиот од мене нема!!
    Идам на факултет да пријавам испити. Таа од студенстки ми дава 6 формулари за 6 испити.
    И сега бидејќи еден положив си викам што ми дава оваа 6 формулари да пишувам треба 5 испити да полагам. И враќам 5 формулари пополнети а 6тиот празен и велам - Ова не ми треба.
    Се чуди таа, се чудам и јас. Си викам ми го дала зошто мислела еден ќе утнам во пишување. Уште горда па јас!! Ме потценуваат мене, пих!
    Доаѓам дома, лелеееееее кога ми текна што направив. Мори глупачо треба 6 да се пријават, без разлика дали си положила или не.
    Ај ти Маринко назад сега.
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Епа нормално дека ќе не разочара некој од кој не очекуваме. Големи очекувања - големи разочарувања.
    Како би не повредил и разочара некој што воопшто не го знаеме, а ни тој нас..? :?:

    (многу сум филозофски настроена овие денови)
     
    На summer-lover и crazylady им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.