Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Географија,првиот тест ова полугодие 5ка на тестот со сите бодови,единствена во клас. :D
    Историја ме испраша и си добив + и тоа првиот годинава.
    Биологија таман да ме испраша,заѕвони,се спавив зошто немав тоа учено. :rofl:
    А да се пофалам изгледа едно дете почна да ми се свиѓа,само не е никаквец како тој,претходниот. :wasntme:
    И не,не ги мењам како чорапи,пред некое време почнав едно дете да сакам,али ова не знам посладок ми е,ама не се знае ништо. :$
    Имам пеперутки во стомак,хаха. :rofl: :lol: :D :$
    И тоа по подолго време,овој претходниов ми се свиѓаше во септември,ама после некако што знам дека беше во моја близина ова она,еве го веќе недела дена не сум го видела го заборавив.
    Абе детски работи! |( :D
     
    На Elennaa, Kaylie, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Дали има нешто пооинитересно да се кажи по Тв освен Латас,Груевски,Заев и лазаров (да се надоврзам и да ги сменат турските серии на место од нив да има некој забаввни емисии)не дека ме болат ушите од слушање некако досадни се.
    П.С Имајте убава работна недела
     
    На fighter, duffi и EMoonlight им се допаѓа ова.
  4. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    И пак ќе речам другарство не постои! Па ајде маче со среќа нека ти е, бар да ми кажеше дека ќе се мажиш и ќе заминиш Германија!! :o :o
     
    На Barbie20 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.170
    Допаѓања:
    138.991
    Повеќе од една недела интензивно мислам на ормор... ама летен.

    По цели денови сликата на море и борова шума е пред мене. Дури и мирисот бор можам да го почувствувам. И жежтината во која уживам. И галамата на жежи-печи, или како ли се викаат тие инсекти, која доаѓа од борот под кој со милиот мој пиеме кафе. И чувството на свежина кога влегувам во вода. И мирисот на сол и вкусот на солената вода која секогаш наоѓа начин да се најде во мене.

    И кога ќе ми текне дека ќе одам на одмор некаде кон крајот на август, ми иде да си гризнам од задников.
     
    На glosipgirl, Golden, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Да не верувате на никој,секој кога тогаш ќе си го покаже вистинското лице. :|
     
    На Dark-Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    СДК е многу се нервирам кога ми пишуваат некои напорни фаци, :@ . Па уште и морало да им вратам, а бе ајде :devil: .
     
  8. Moonstone.17

    Moonstone.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    ..Вчера радосна снег вее, утрово станувам гледам пола снег се стопил. :worried:
    Одам на училиште зборувам со другарки за тоа како испопаѓале утрово на мразот по улица, и ете јас покуса да не останам „дуп“ со ногата, чинам го погодив „најмазното“ на мразот и почнав да изигравам балерина со некои чудесни движења. :emo: Среќа не паднав. :wasntme:
    Цел ден, досега малер ме бие.. Па кој е тој малер и што има тој мене да ме бие, а?
    Шала, имајте убав ден.. :D :hai:
     
    На LittlePinky и Kaylie им се допаѓа ова.
  9. elence132

    elence132 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    105
    Сакам да кажам само дека сум многу среќна оти го чекам новиот лаптоп да ми стигне :)
     
  10. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Најпрво да ви се заблагодарам на сите за честитките. ^_^

    Убаво ми почна денот,и во школо не дочека мало изненадување,баш супер.Ќе видиме натака како ќе врви,ама...се надевам ништо нема да ми расипе!

    Повелете,за секоја по едно вакво!



    Гушкам! :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    • ghsh.jpeg
      ghsh.jpeg
      Големина на фајлот:
      7,9 KB
      Прегледи:
      156
    На Barbie20, Elennaa, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  11. MaCa-Swiss

    MaCa-Swiss Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    961
    Се сеќавам како вчера да беше.
    Јас, тој, и уште неколку парови, собрани на базен. Како мали деца играме, се прскаме.
    Се сеќавам кога упорно пробуваше да ме бакне, а јас го туркав. Кога ќе ме погледнеше со широко отворени очи, насмеан од шестка до шестка, а од трепките му капеше вода. Колку само „маки“ имав кога пробував да го разбудам на сабајле. Колку само се радував на секој негов успех во фудбалот. Душата ми се исполнуваше кога моите внучиња го викаа тетин.
    Срцево ми се кине кога ќе помислам дека го нема. Готово, заврши се. И смеењето, и пливањето, и бакнувањето, и радувањето, и будењето.
    2 месеци.
     
    На cheetah.girl, Mama25, lana.del-rey и 14 други им се допаѓа ова.
  12. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Дефинитивно са нас е готово.Ме плаче душата,срцето ме боли.Уште не можам да се свестам.Полесно ми е кога ке се исплачам.Него таква девојка и жена не му треба.Кога го прашаа неговите која е таа,он што да кажеше,таа е девојка која има ненормален татко,кој е сиромашна,која денар нема,девојка која нема ништо во животот,тоа ли да каже? Сиромашна сум,да.Немам пари подарок да му купам.Немам пари за карта за автобус да одам кај него да се видиме.Се срамам од себеси и од моите.Татко му и мајка му не викнаа кај нив на ручек,да ги запознаат моите,а што да запознаат? Кога ке го видат каков е татко ми,нема да дозволат да бидам нивна снаа.

    Сега ми текна на една случка кога имав 15 год.,точно пред 3 год.Фармерките ми се искинаа,и еднаш ми ги заши баба ми,вториот пат не можеше веке да се шијат и го замолив татко ми да ми даде пари за фармерки,бидејки други немав.Пари не сакаше да ми даде,дојде со мене.Отидовме во една продавница.И продавачката нели да не услужи.И мене ме тргна на страна,тој да бира,кои него му се допагаат,тие,а не бев веке дете тој да ми бира,имав 15 год. и му реков тато не ги сакам тие,ги сакам овие другиве (а иста цена беа,само што него не му се допагаа) и почна да ми се дере во продавницата,пред сите,дури и шлаканица ми залепи.Сакав да плачам,но неможев,солзите ги притискав во себе.Тоа нема никогаш да го заборавам.Ден денес сеуште плачам кога ке се сетам на тоа... ;( ;( ;(

    Мојот живот е катастрофа.Се е црно.
     
    На mal.ecka, Mama25, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека станав во 2. Ко некој дебил. Паразит невиден. Ме убива фактот што веќе 2 месеци не сум на работа и се чувствувам бескорисно. Ме убива фактот дека имам испратено 100 апликации за работа и нема никаков глас, трага, ниту ронче надеж дека брзо ќе се смени ситуацијава.

    Се трупаат мисли, се трупаат размисли, се трупаат сметки, се трупа нервоза. И ми се тупна и ПМС.

    Имам уште две цигари во кутијава и уште едно лажиче кафе. Ќе го пијам горко, дека нема шеќер.

    Ќе излезам и ќе шетам. Без цел, без друштво. Сама со моите демони.

    Имајте убав ден.

    Џоунс :*
     
    На Mama25, Trnche, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Кога се е толку прекрасно ме фаќа страв. Животот знае така лесно да ни намести стапица...
    Конечно значи конечно си го вратив другарчето од минатото. Знам дека јас бев крива но и тој знае да простува.
    Синоќа премрзнав надвор но барем го дочекав снегот. Нема поубаво чувство од тоа кога се шеткаш со друштво и осеќаш како снегот крцка под твоите нозе :$
    :coffee: имајте убав ден :*
     
    На Barbie20, EMoonlight и LittlePinky им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Повеќе не се разочарувам,и не очекувам од никој,ке дојде моментот кога ке ме бараат тие што ме презирале,ке дојде време тие што ме одбегнувале да ме сакаат,ке дојде време кога ке бидам посреќен од самата среќа,ке бидам побогат од богатите со многу пари,све тоа зависи од мене и од никој друг,ке се репрограмирам нека цркнат душманите.
    Пс Не молам никој повеќе. :!:
     
    На Antoninaaa, poenta, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Зошто мора да страдааат другите, кога некој претходно не си ги расчистил математиките?
    Зошто? Зошто во оваа Македонија, секогаш се наследуваат проблемите и се трупаат со генерации и генерации , а еден јунак нема да ги среди.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги разберам луѓево, нашле стар човек да преваруваат |( наместо да помогнат, туку одма да откачат некого |( Па и што ми е смешно, мислет сите нафта пијат, за да мотаат некој |( :fubar: Па и кога ќе им се укаже на грешка, ко да не знаат што им се кажува, се прават ко да не се од тука |(
    Па и што е трагикомично, мислат другите ги штампаат парите |(

    И нашава држава цветала, абе од што цвета да се онесвести човек од убавини, да не знае у која држава е |(
     
    На hermosa, Antoninaaa, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Првиот снег падна, јас не паднав. Падна вториот снег јас паднав. Ама што е најтрагично, не паднав на снег или мраз, јас паднав на суво :D
    Утрово, да си ја ставам јакната на закачалка, господинчниот кој стално прави сопки, ја испружи ногата, јас не го видов и паднав. Се изпружив на земја колку што сум широка и дебела :D Па господинчниот место да ми подаде рака да станам, он ми се сили, не беше намерно, гледаш дека сум потпрен на парното. Другите одма дотрчаа да ме помогнат, он се прави важен што ми направил сопка :tmi: Како ми идеше да му ја фукнам една, ама ај, следен пат и тоа ќе си добие :D

    Ајт здраво, отидов јас да учам :hai: :hug:
     
  19. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    39
    Купете им компјутери со брз интернет и тие ќе се претворат во куќни духови. Купете им дипломи и од нив ќе нема поглупави суштества на планетава. Купете им телевизори со сателитски антени, само за нив, и тие нема да се измачат со ниту една книга во животот. Купете им скапоцена облека и тие вешто ќе ја сокријат својата баналност. Купете им и пријатели, и тие никогаш нема да се почувствуваат осамени во својот нарцизам. Купете им карта за пат околу светот и тие безрезервно ќе го презираат местото каде што се родиле.Купете им станови и тие од нив ќе направат наркомански дизниленд, или куплерај. Купете им, на крајот, и скапи автомобили и тие брзо ќе го наследат Царството Небесно.

    -Нешто најприкладно што сум прочитал за денешната состојба со младината . Секоја чест на митрополит Методиј за запишаното во врска со хедонизмот.
     
    На Barbie20, sofijanoka и francais им се допаѓа ова.
  20. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Доживувам да не се урочам но добар период.
    Школото си почна , обврски за извоз но убаво ми е.
    Станувам рано , се враќам дома за ручек, учам, решавам, спијам, јадам и вечерта си шеткам.
    Љубовниот живот нека ми стој на страна.
    Домашните фала богу сите се добри, здравјето машала е на добро ниво, плус тоа ме радува и новото телефонче. :$
    Но , нормално не е се така бело како што би сакала.
    Новите 5 кила итоа како лошо влијаат на мене и алиштата, работата на мајками исто така лошо влијае.
    Искрено, не се жалам.Функионирам , и прегорда сум што со толку обрвски успевам се да запамтам, да остварам, да завршам на време.
    Иако ми е убаво преку недела ми фалат викендите и тоа премногу.
    Петокот и саботата ми беа ново доживување. Фамилијарна вечер со братучедите, најпрво вечера па малку по кафичи , лудување и пиење до 2 часот по полноќ. Вечер за паметење.

    Ве оставам во добро, сонливо расположение и ви посакувам најубав ден. :*
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.