Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    173.750
    Сакам крилја...од оние големите,ангелски ,бели...
    Да застанам пред децава мои и мм ,да ги прекријам со крилјата,да ги заштитам од злобни луѓе,несреќи,болест...да ги носам,да не капне ниту ронка на нив,да не им недостасува ниту влакно...
    Мајка...
     
    На Buttterfly, kala21, Ketrin.Moon и 23 други им се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Се помалку среќавам среќни луѓе.
    А чувството на среќа е неописливо убаво,божествено,нешто што ве крева до врв...
    Тагата е се поприсутна на нашето лице :(
    Замислени,напнати,нервозни,многумина се чувствуваат како да се на прагот на пеколот...
    Кога сте лишени од чувството на среќа останува надежта.
    А кога и таа ќе ја изгубите останува очекувањето :doh:
     
    На Umbrella22, Barbie20, EMoonlight и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Женско сум, ама и јас понекогаш не ги разбирам жените.

    Признавам, тешки сме... Не на килажа, туку за разбирање. [​IMG]
    Комплицирани, сакаме нешто а што сакаме не знаеме. Битно е што тоа го сакаме одма...

    Понекогаш знам да седнам и да плачам, ако некој ме праша зошто плачам ќе заплачам уште посилно. Бидејќи и јас самата не го знам одговорот... трагично нели?

    Други пак за се го обвинуваат ПМС, епа не е тој крив.
    Признајте, комплицирани сме!

    Некој ни се допаѓа и сакаме да го видиме да бидеме со него, кога конечно тој ни пријде ние во секунда оладуваме. Сакаме нешто што не може да го имаме, а кога веќе го имаме не ни е потребно.
    Велиме дека мразиме некој, а уствари ние толку го сакаме што секоја вечер плачеме за него и се би дале да бидеме со него.
    Ако некои штикли се 2000 денари, многу ни се скапи и не ги купуваме. Ама ако на истите штикли пишува дека се на распродажба од 2500 на 2000, ние мора да ги имаме.
    Кажи и на девојка дека е убава сто пати, нема да ти верува. Еднаш кажи и дека е грда, нема цел живот да го заборави тоа.
    А кога некој ќе каже дека сме убави, нашиот нај чест одговор е „не, грда сум“!
    Незадоволни сме од нашиот изглед, сакаме да ослабеме. Ама не превземаме ништо за тоа, храната е многу подобра.


    Колку и да негирате, такви сме.
    Тешко е да се разбере жената, уште потешко е да се задоволи секоја нејзина потреба.
    Секоја чест на исклучоци.

    Oва што го напишав е малку, можам цел роман да напишам на ова тема.
    Без нападни коментари, кажав што мислам. Ако некои не се пронајдат во напишаното, нека си го задржат мислењето за себе. :)

    А како и да е, убаво е да си женско.
     
    На Umbrella22, Barbie20, miljkovic и 10 други им се допаѓа ова.
  4. dimdim

    dimdim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    120
    СДК Срекна сум си најсреќна душманите само можат да цркнат од мака :rofl: Нико ништа ми неможе!!! :rofl:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Денов и не беше лош...за малку ќе заборавев дека всушност е понеделник.
     
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    5.085
    Ако вака ми почна денов, што ќе се случи до крајот на неделава?
    И ајде после остани оптимист? Кажете ми КАКО? Со кои сили?
     
  7. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    сдк ... Ова ми е веќе 3 ден како вежбам и се чувствувам одлично,расположена сум за вежбање и се надевам ќе ми потрае тоа. :D
    Денот ми помина убаво,а и така се чувствувам ...убаво. :)
    Размислувам да вдомам ново милениче,многу сакам животни,кога би можела сите би ги чувала.Ги чувствувам нив како вистински пријатели,пријатели за секое време. :)

    Пријатна вечер . :hug:
     
    На Ketrin.Moon, Umbrella22, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Толку гордо се чувствувам во себе што би сакала да имам еден полн паричник и да си ги пружам сите задоволства. Нели сум заслужила. :wasntme:
    Да влезам во продавница за козметика и да грабам се што ќе посакам, потоа продолжувам во продавница за облека, па за чевли и на крајот мојот омилен дел ТАШНИ. 8) :inlove:
    Е тоа ми фали во моментов и не знам дали некогаш ваков ден ќе доживеам. :?:

    И после доаѓа онаа позната реченица, која знае да демотивира: Парите не се проблем - пари немаме!
     
  9. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.447
    Пол:
    Женски
    Колку се чувствувам несериозно последните месеци, просто сама на себе се чудам.
    Немам работа, факултетот го ставив во мирување не сум се појавила 1 година сигурно.
    Посебно во последните неколку дена, само лежам, гледам филмови и ретко излегувам од дома. |(
    Се сеќавам, колку бев амбициозна кога се запишав на факултет, моите планови беа да го завршам во рекордно време и да си најдам работа. Ништо од тоа :sweat:
    Конечно почна да ми се враќа амбицијата и планирам да си продолжам со факултетот таму каде што стигнав и да го завршам што побрзо. Сакам да станам независна, да заработувам само за мене а не цело време од дома дајте ми пари. Имав работа, но таа не ме исполнуваше. Без разлика на тоа продолжив да работам и на крај се затвори фирмата.Шок. И на крајот за последните два месеци работев хуманитарно, не ми исплатија ни денар. Но тоа е.
    Се надевам на подобро.
    Морам. :)
     
    На Ketrin.Moon, anggell, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.388
    Пол:
    Женски
    :rock:
    Новата недела ја започнав супер,би сакала така и да остане 8) Шпрлакадуш ма ло цоцо!
     
    На summer-lover и Dvolicen им се допаѓа ова.
  11. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Мене ме создадоа и дефинираа моите дела, а не чувства.
    Емоциите доаѓаа и си одеа, не можев да ги контролирам.
    Најтешко ми беше кога моите најважни мисли и чувства не беа кажани, покажани или разбрани на правиот начин.
    Со текот на времето, се навикнав да покажувам чувства и кога ги немам.
    Беше неопходно да се смеам, кога сакав да плачам. И се смеев. Гласно.
    Мислите беа сенки на моите чувства. Мрачни, празни и прости.
    Во еден момент, се најдов сред лудило од бесчуствителност, скаменето срце и изгубена душа.
    Ми се допадна тоа што го создадов од себе.
    Робувам на својата бесчуствителност, а не на нивната.

    Луѓето ги менуваат алиштата со текот на времето, и различно се носат со емоциите.
    Не ја носат истата облека од пред 10 или 15 години. Не се носат исто со чувствата.
    Јас немам што да носам.
    Гола сум.

    ...На почетокот, ме праша: Знам дека е тешко, болно, не изгледаш добро, како си?
    Чувствував... Не знам што беше... Не помнам дали болка или среќа.
    Претпоставувам, беше доволно добро.
    Ах, да! Тогаш сеуште чувствував!!
     
    На Trnche, Umbrella22, manja666 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Многу мразам кога треба нешто да одлучам т.е сум помеѓу два огна,без разлика за што и да е.
    И секогаш во 5 до 12 донесувам одлука. :x
    Нервозна сум утре физика ќе испрашувала им кажала во средата,јас не бев во школо на очно бев тој ден и ако едно дете не ми кажеше на англиски јас сега утре ќе добиев минус,епа кога не прашувам кој ми е крив. :fubar:
    Не учам ми е гајле,ќе се спасам некако,се надевам...
    Надежта последна умира,но во вакви случаеви и те како умира...
     
    На lana.del-rey и Femina777 им се допаѓа ова.
  13. I.want.to.sleep

    I.want.to.sleep Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    469
  14. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    39
    Ако имате впечаток дека сите околу вас не чинат , не размислувајте повеќе - јасно е дека кај вас лежи проблемот. :D
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.630
    Пол:
    Женски
    Почитувам луѓе коишто не го истураат бесот и негативната енергија поради некој личен проблем насекаде, на луѓето околу себе кои не се виновни за тоа.
    Луѓе коишто, и кога имаат некаква моментална стресна ситуација, сепак умеат на момент да ја остават нервозата зад себе. Баш напротив, да огреат со својата насмевка на лицето, и дури и покрај проблемите што ги имаат, да продолжат да шират позитивна енергија на луѓето околу себе, како и секогаш.
    Среќа е да имаш барем една таква личност во твоја близина... :sun:
     
    На ilipili, cinderella5, kala21 и 22 други им се допаѓа ова.
  16. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Денес се чуствувам како прица.Слободна а сепак заробена.
    Цел ден не знам што да правам.Се ме повредува, се ме навредува.Секое движење мислам дека предизвикува солза кај мене.Што ли се случува со мене ?
    Другарка ми се јави да шетаме.Не знам кај кај додје таа ужасна идеа да одиме во нашето средно и основно школо.Не знам...Но само ми текнува на моментот дека бев изгубена.Дека другарка ми се доверуваше на мене, а јас не можев да бидам барем добара другарка и да и дадам добар довет или лош.Без разлика и кажав дека треба само да ме разбере...и таа е една од ретките личности кои за моја среќасекогаш ме разбираат.
    Појдовме најпрво во основното школо.
    Истата зграда.Истите луѓе но ние различни.Ја побаравме нашата училница.Седевме.Сменета беше.Сега за некој степен е помодерна.Но како солзи да ми дојдоја.Не знам зошто.Во таа училница факт дека сум ги поминала најубавите години.Но исто така и во таа училница многоу симпатии не ми возвратиле љубов.Многу изгубени предмети...се сеѓавам сега дека изгубив златно ланче во 5 одделение.На ланчето имаше привезок детелина.Но нема врска, ми купи тето после друго...дете сум била.Плачевме, се прегрнавме.Потоа заминавме кој средното училиште. На прагот од училницата да ја затвориме го видовме нашиот класен раководител.Не можеше да си поверува на очите, не нарече само вистински дами.Високи и силни.Посакувам да сум навистина силна.Барем денес.Барем денес да не ме повредува секој збор.
    Не погали за косата и замина.
    Средното.Пекол. Се видов со онај професор кој најмалце сакав. :devil:
    Но нема врска.За инает па му кажував за мојте успеси на факултет :P
    Потоа се разделивме...мене ми се јавуваа од дома за ручек а другарка ми требаше да оди кај дечко е.
    Не знам дали самата сум виновна или едноставно првото |(
    Седам.Ги лакирав ноктите.Се туширав и пак исто...седам тука.
    Како деприсија да ми дојде на мојата врата.
    Ништо не сум јадена од кога сум разбудена, ау sorry јадев 1 мандарина и 1 портокал :devil:
    Мама ќе ме убие ако дознае што сум јадена.
    А дечко ми го нема.Како да го заборавил мојот телефонски број. Како да не знае да пише на фб. ( раката на страна...но не ни уклучен ) каде ли си ? не те барам. инает, инает да сум
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ако ми тргне неделава наопаку, нема да се чудам. Не после она што ми се случи денес. Уствари, што зборам, па веќе ми тргна. Значи, има денови кога едноставно се' оди наопаку. И она што не е, ќе тргне :^) Сакам да замижам и да се разбудам во петок!

    Друго, не знам што глумите, али на -20476 степени не се носат салонки со тенка безбојна хулахопка, ни за на работа, ни за нигде! Уште па без платформа, ногата директ на ладната земја, ја дели само едно тенко парче ѓон. Мислете на здравјето и чувајте си го. Поважно е од модата и од вашите очајни обиди да бидете забележани, као вие секогаш сте тип топ средени, при секакви услови, ма времето ништо не ви може бре! Утре снег ќе врне, можеби најдобро е да облечете чевли со отворен прст, таман се за снег!

    Значи ми иде да прошетам со една базука и да дигам се' у воздух како што одам! Цела сум наопаку денес, не викам дека и јас сум со сите, ама вие па ич па не сте!

    Фала, чао :hai:
     
    На naturally, Umbrella22, anggell и 10 други им се допаѓа ова.
  18. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.512
    Допаѓања:
    173.750
    Добро бре драги мои.....јас сум у некој „секси филм“ или оваа водителката Ведрана(ја гледам на МТВ моментално)
    Абе сите ги моли „убаво да мешаат “ :D :lol: :rofl:
    Па дај нека зборува со целосни реченици -„Ќе те молам убаво да ги исмешаш/промешаш пликоата“ ...
    а не,мешај,мешај......
    :lol: :lol: :lol: :?:
     
    На poenta и vitomir им се допаѓа ова.
  19. machhe

    machhe Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    951
    Итриот човек не можеш да го откриеш кога лаже,но можеш да го откриеш по ситниците на кои не им обрнува внимание...
     
    На Handy, something.nice, love93 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Незнам можеби ова ке ви звучи како некоја излитена фраза но кога нешто сакаш од срце, и секогаш тоа да биде со силна воља и позитивна мисла,нема шанси да не ви се исполни,барем јас тоа го имам доживеано и редовно си го применувам во мојот скромен живот.
     
    На Umbrella22, Barbie20, Anshu и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.