Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.970
    Пол:
    Женски
    Топло јако кафе, пралине од јагода и книга за утрешниот испит.
    Па, и не е така лошо. :D

    Ах, викенд со душа те чекам... Ќе се збогувам со сесијава и ќе шетам максимално. :lol:
     
    На anuskaNESTLE, Umbrella22, iloveyou29 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Ахх ова време колку ми е депресивно :|
    Ладно време,лажни пријателства,многу учење,ПМС што уште да набројувам а и многу сум баксуз периодов а и овој мојов ме нервира нешто чуден е а и сите други ..
    :doh:
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Денес ми беше прилично лош ден, ама последниот настан баш ме развесели. :angel:

    Излеговме да се прошеваме со братучед ми (10 годинки е) и ме праша зошто не се смеам.
    Му реков дека не ми е денот денес, нели не можам секој ден да сум насмеана. :)

    И одеднаш тој падна на мразот, се лизна некако. :D
    Јас му помогнав да стане, после тоа и двајцата се смеевме многу.
    После некое време ми вели „кажи ако видеш мраз некаде, пак да настапнам и да паднам и ти пак да се насмееш“ :$

    Мило на дада, тој ако не ме насмее нема кој. :hug:
     
    На ilipili, Barbie20, lana.del-rey и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Anshu

    Anshu Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    34
    Носталгична сум за детството и за сите маалски игри, за приредбите што ги правевме за помалите деца, ми фали криењето во гаражите кога врне дожд, или тивкото зборување во доцните часови за да не им сметаме на комшиите, или пак намерно гласното зборување и пеење за да ги нервираме. Ми фалат кореографиите што ги измислувавме на песните. „Заборавањето“ на мобилните телефони и криењето во соседните маала за да не не приберат домашните по дома, па дури и караниците со баба Трајанка ми фалат, и крадењето на нејзините смокви :lol: Сакам сето тоа повторно да го почувствувам на моја кожа.
     
    На Ana.Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Во нашиот ценет и сакан мајчин јазик една буква се повеќе добива негативна конотација :?:
    Се прашувате,која е таа буква???
    Некои ја мразат,а некои секојдневно ја слушаат...
    Други се обидуваат да не размислуваат ...
    Со тежина на срцето и гнев во очите ]:) сите се обидуваме да го изговориме зборот ЛАГА :envy:
    Нашата 14-та буква во азбуката Л,Л,Л......
    Нејзиното височество во 21 век :tmi:
     
    На EMoonlight и vitomir им се допаѓа ова.
  6. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    9.228
    Утрово шетајќи низ градов ги набљудував лицата на луѓето што поминува покрај мене.Не забележав ни една насмевка,а на многу наидов.
    Сите во свој свет патуваа.Никој не се радуваше на утрото.
    Жално и сиво делува!
    Почнавме само да се радувуваме и плачиме само ако тоа нас не допира.Нашите чуства,нашето его,нашето бескрајно самосожалување.
    Плачиме само и единствено од самосожалување.А се радуваме само на туѓата несреќа.
    Патетично!Кај отиде светот и веков бре!
    Не се врти се околу нас!
     
    На Barbie20, iloveyou29, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  7. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Ако сум научила нашто во животов, тоа е дека треба да се ужива во секој момент, во секоја најмала ситница...
    Уште малку фали, за она што го зацртав да ми се исполни.. Веќе тргнав по тој пат.
    Никогаш во животот не смееме да се откажeме. Само оној што се откажува,тој не добива. Овој пат цврсто и решително ќе одам до крај. Држете ми среќа дами :*
     
    На Barbie20, anabel-a, EMoonlight и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Денес во Џамбо потрошив 1231 денар :D На што не ......
     
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Колку пати преживавме крај на светот? :D
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Денот безличен, едноставен, еден од оние без посебна возбуда, од оние што не оставаат трага во сеќавањето, обичен и прост. На лицето лишај како последица на тешките пудри, косата мрзеливо соберена високо на тилот, дестинацијата позната - кругови низ дневната соба во надеж дека овој пат ќе спие подолго од половина час. Колку сум станала предвидлива и заспивалките ми ги научил напамет, па додека се трудам да пеам и да сочувам некој здрав пршлен од ’рбетот, тој се цери и повторува по мене ааа ааа аа. Кога имаш мало бебе, па уште во ваков период на настинки и вируси, сите бегаат од тебе како ѓавол од темјан, а и освен муабети за пелени, вакцини,плачки, лигавешки и какишки, не си баш некое најинтересно друштво,посебно не за трач-рубрика за време на попладневното кафенце. Познатите фаци од типот мајка и свекрва стануваат инвентар и додека по милионити пат ги слушам како му се внесуваат в фаца: Каде е бебеттоооо? Па кај си тиииииии? Мил на бабаааааааа!!!! - нема да се изненадам, со своите 4 месеци, да им одговори на вечното прашање. И потоа следуваат констатации ,од страна на свекрвата, на кого личи бебето и нудење докази со убедување дека го носи генот на сите претходни 9 колена на нивното семејство, па некогаш паѓам во искушение да прашам дали и пачето од чукун-дедото го наследил. Интересно е ден, два , три, ама секојдневие, како ЦД пуштено на repeat - да полудиш! И денот поминува, фаќаш цагери, расчепени сказалки и сфаќаш дека во оваа голема константа, само времето е променливо.
     
    На ilipili, Sexybaby86, Shelea и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Ма неможам да ги сфатам луѓево, никако неможам. Зошто бре не си ги гледаат своите животи, зошто се замараат со други? Не ми е јасно што добиваат ако навредуваат, ако понижат некој, ако се измислуваат глупости и ако се замараат со туѓи животи. Зошто се змараат со некој кој никој не им е должен, со некој кој не ги погледнал. Aхх, каде е бе Хитлер, гасна комора само за ваквите !
    Денес на училиште, ме избрка проф. од час, секогаш правам некои глупости само да не седам, а и онака му паѓа мрак пред очи кога ќе ме види. Јас сум на втор спрат и слегов долу да се прошетам. Друг клас имаа празен час тогаш. Имаше неколку `мамини принцезички` и `фраери` беа собрани околу едно момче и се смееа. Се доближав потака и почнаа да се смеат уште погласно и да зборуваат некои глупости и заминаа. И момчето ги имаше ставено рацете на лицето и истрча во училницата. Љубопитна сум по природа и си реков ќе одам да видам што се десило. Кога влегов во училницата се стаписав. Момчето липаше на цел глас, и ги бришеше наочарите. Луѓе, никогаш во животот не сум видела олку многу да плаче машко. Неможеше да се смири, се тресеше. И јас се расплакав и уште ми се плаче кога ќе ми помине таа слика низ глава. Едвај се смири момчето. Добро бре, зар имаат мозок децава, зар имаат осет? Па не сме деца бре од 6-7 години, возрасни сме. Не ми се верува дека уште постои ова нешто. Божее, значи се е ненормално бре. На секој чекор има искомплексирани будали и на ваков беден начин лечат комплекси. Гревови, бедници невидени. Чуствувам омраза од дното на душата кон нив. Умоболни бре! А и плус во училницата имаше 2 девојчиња кои си седеа со телефоните во раце. Добре бре, зар толку ли се несовесни? Зар толку немаат ли мозок? Наместо да го спречат тоа или некако да го утешат на момчето, си седеа со телефоните во рака и зјапаа. Бог да чува. До каде ли стигна светов бре, до каде ли стигна младинава... Неможам да го опишам со зборови тоа што го видов денес, толку болна слика, срцето ми се распара, ми се отворија старите рани, никогаш нема да го заборавам тоа. Подоцна разговарав со едно девојче од класот и ми кажа дека за безпотреба го малтретирале и физички и психички детево. Му зборувале се и сешто, му ги фрлале и го удирале со книгите и триста други работи... ;( Ништо не им имал направено, само поинаку се однесува од другите момчиња, знаете малку `понежно`, `поженствено` нз како да кажам, и бил со сите 5ки и омилен на проф. Бил срам за класот и затоа тоа го заслужувал. Ццц не ми се верува едноставно сеуште сум во шок. И јас сум поминала низ ова и уште се дешава, но јас се навикнав на тоа и почнав да ги игнорирам ваквите работи. Ова што се случи денес, многу ме погоди, премногу. Ме удри од земја, буквално. Неможам да поднесам вакви работи и особено многу ме погодува кога ќе видам машко да плаче. Неможам да се соземам, морам утре да превземам нешто. На никој не му посакувам лошо, но се надевам дека овие покварени идиоти ќе бидат казнети, нека истрпат и тие болка каква што му нанесуваат на ваквите ни криви ни должни деца. Знаете, тешко е кога ќе ви направат рани во најболниот и во периодот кога нештата не заздравуваат и кога остануваат лузни.
    Премногу сум изнервирана денес ! Искомплексирани будали има насекаде. Се надевам дека никогаш нема да се соочите со ваква ситуација и се надевам дека на никого нема да нанесите таква болка.
    [​IMG].
    [​IMG]
     
    На SparkyAngel, Barbie20, Bescheiden и 4 други им се допаѓа ова.
  12. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Има ли нешто кога после напорен,долг ден си дојдеш дома?Се вратив од проба,си мислам колку сите од студиото се зближија.Како гоолемо семјство сме ,се видуваме 4 пати неделно.Прекрасно ни е,сепак ти е се помали цели 3 години од нас.Многу..не разбираат,некои ги фаќа пубертет ,а некои па мечиња си носат,важно сите се сакаме.Секаде има насмеани лица,и конечно можам да заборавам на се...

    Седнуваш да вежбаш,си велиш "Да си бев дома пред компјутер",но потоа продолжуваш и забораваш на се' во наредните два часа.. :dance: :dance:
    Добра ноќ :hai: :*
     
  13. Babylon

    Babylon Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    21
    Здоболува колку си во право. Толку тажни приказни наоколу. Вложуваш, се трудиш, гребеш надеж, но ја согледуваш реалноста и таа ти се провлекува низ прсти... Полесно да ти било да се подвиеш отколку да одиш гордо и принципиелно.

    Честитки за сестра ти и ти посакувам побрзо наоѓање работа :)
     
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Сакам да ви кажам колкав морон сум. |(

    Денеска сфатив јас дека Остала си увјек иста не е песна на Тоше Проески, туку тој само ја има пеено на еден концерт. Кога дознав ова се чувствував како најголем идиот на светот.
     
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Маааа исто како да е негова 1290193019 пати подобро ја пее од Мишо :)
     
    На Chocolate.me му/ѝ се допаѓа ова.
  16. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    39
    Немојте да го трошите времето на вообразени и глупави луѓе , помирете се со фактот дека тие едноставно не разбираат што им зборувате.
     
  17. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Луѓето премногу веруваат во мене.Мислат дека можам се да направам.Секоја планина да ја искачам,секоја река да ја препливам.Зошто ли е тоа така? Зошто кога навистина ќе им кажам неможам тие упорно ,,не верувам,ти можиш се,,.

    На што факултет се запиша?
    Аааа ајде бе ќе завршиш,ти многу учиш...Да,учам, но време за мене? Или не треба да се гледам себеси.
    Роднини,пријатели премногу веруваат во мене.До сега не сум ги разочарала.Не сакам тоа да го направам...

    Ете тоа .
     
    На Barbie20 и EMoonlight им се допаѓа ова.
  18. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Оној ироничен момент кога ги собираш другарките со кола за да пиете кафе, притоа патот непланирано се одложува заради квар на истата и си смрзнавме поштено на ова време, а во позадина додека се враќаме иде песната In the summertime. :wasntme: Убаво поминати два часа, нема што, ми се одмили и кафето и излегувањетоа а во мојава гревна кола нема парно така да затоа стана иронична ситуацијата. Додека се тресевме за момент се почувствував ко на Сибир да сум, па уште онаа песна позитивна, летна, во позадина ми идеше да си вриснам и да си се вратам во мојот топол дом. Се колнам дека никогаш во животот не сум смрзнала вака, а имало и многу други постудени денови. Абе позитивното е што после се чувствуваш благодарно зошто имаш кај да се вратиш и да се стоплиш, да си испиеш чај, да се замоташ во ќебе и да уживаш. За жал некој секојдневно живее надвор и нема место каде што може да се стопли барем ни за неколку минутки, уфф се ежам при самата помисла, несакам ни да замислам што се преживуваат некои луѓе.

    Иначе дојдов друго нешто да кажам. Многу е иритантно кога одредени родители самите си ги преценуваат своите деца и цел живот им клукаат во глава како се најдобри, како на нив се им е дозволено, најубави се, најпаметни, нема некој што може да се рамни со нив, просто мислам дека самите не се свесни дека своите деца ги претвориле во 25 годишни гомна, кои што не се способни ни носот да си го избришат а притоа се неспособни да преземат било каква одговорност за својот живот затоа што според нив не постои некој кој што нив може да им наредува, па од проста причина што и така тато и мамичка цел живот им ги решаваат проблемите решаваат да дигнат раце од својот живот, да живеат како амеби на кои неможеш една проста работа да им објасниш и да го прифатат тоа како човек.
    А како и би го прифатиле кога и така цел живот мајка му му потенцирала да не се замара со глупи луѓе зошто и онака тој е најубавиот, најпаметниот и се нај...
    Да не ме разбере некој погрешно, не дека не треба да си го фалиш своето дете, не дека треба да го направиш исфрустирано и искомплексирано, ама неможеш бе цел живот да го воспитуваш така што на секој проблем што ќе го направи да го тапшаш по рамо и да му викаш дека му се можело зошто е најубав на мама.
    И ај најди некој нормален за врска па и за другарство денес, и не се они криви туку родителите ама ај иди докажи му нешто кога 30 години ќе наполни а сеуште се води по паметот на мама и баба и се држи за нивната сукња.
    Е тој таквиот да не го чуваш бе лепотице. Одјеби и скрати си ги маките.
     
    На Sexybaby86, Trnche, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    СДК дека потполно се сложувам со ова - Срцето има свои причини, и кога умот не ги разбира...
     
  20. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Го знаете она чувство.. кога си се допаѓате со некого, двајцата сте целосно свесни за тоа, а сепак не правите ништо. Има нешто во тој поглед, и таа насмевка. Има некоја искра. Има нешто во воздухот што лебди постојано и прави се да изгледа поубаво отколку навистина е. Можеби е инфатуација, можеби љубов, можеби илузија, а можеби само искрено, чисто, силно пријателство, но што и да е - it feels good.
    Не. Не сум заљубена. Ова е само плод на мојата фантазија. Конфузност. Јас сум ладна, вообичаено не посветувам внимание на ваквите нешта! Drives me crazy.

    Ќе оставам на времето. Тоа не греши.
     
    На Elennaa, SparkyAngel, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.