Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    4.005
    Пол:
    Женски
    Значи прекууууууу глава ми е од искомплексирани, издепресирани ,негативни особи.
    Го имам тој баксуз постојано да налетувам на такви.
    Неможам да ги смислам веќеееееееееееееее !!!!!!! Сите со 0 самодоверба, на сите мораш да им трубиш како ништо не имм фалииии ии како се сосема нормалниииии луѓе кои ако немаат партнер во моментот не значи дека ќе умрат сами !
    Најтрагично е што го слушам ова од личности од 17-20 години. |(
    Смачено ми е да ве тешам, смачено ми е да бидам добра другарка, смачено ми е да ве слушам ,СМАЧЕНО МИ Е ОД ВАС !
    Еден мисли дека без пари не вредел, друга мисли дека е најгрда на свет па ниеден дечко не ја сака, трета напнува дека била смотана во друштво ииитттттнн иииииииитн.
    Најсмешно од се е што воопшто не е така. Овие се личности со квалитети само што неможат да ги увидат истите . Секој човек има мани. Помирете се со тоа, прифатете го и терајте.
    Џабе долги разговори, огромни реферати напишани и се останато , јас НЕМОЖАМ да ве научам да се гледате себеси во вистинско светло. Си имате нешто зацртано и дефинитивно нема да го избришете тоа од главата.
    Знам како е да немаш самодоверба, сфаќам се, ама едно не сфаќам зошто ја имате таа потреба да ги гушите сите околу себе со тоа ?!?!?!?!?!?!?!? :@ :@ :@
     
    На SparkyAngel, LittlePinky и Silver.E им се допаѓа ова.
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.899
    Допаѓања:
    89.479
    Пол:
    Женски
    Ако имате некој покрај вас што ве разбира,ве сака, ве подржува во се,исполнети сте кога сте заедно,посакувате и планирате само убавини за во иднина верувајте дека сте среќни луѓе. :)
    Посакувам сите да имаат барем по еден таков човек покрај вас кој ќе им дава волја за чекорење кон иднината,без страв,без недоразбирања и без никави кавги ...

    Најхрабар е човекот кога знае дека поред себе има некој кој го подржува и потполно го разбира
     
    На Barbie20 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    На дочекот на новата 2014 година си посакав што побрзо да ја заборавам 2013 и да почне да ми се насмевнува среќата во 2014. Но, насмевката доцни, цел јануари ми помина со брзина на светлината, како вчера да беше кога посакував среќа во новата година и сега сфаќам дека 1/12 од истата помина без никаков наговест за среќа. Пак е се по старо. Веќе не си честитам ни себеси ниту на другите на 31.12. Себеси ќе си честитам кога конечно ќе ми се оствари некоја од долго очекуваните желби, дотогаш ќе живеам уште во старата година.
    Кога ја прочитав Ana.Jones, се потсетив колку многу делиме исти судбини и како да хибернираме во исчекување да започнеме да живееме. А излез нема. И она што мислиме дека би можеле, па не го можеме, од животот не се бега. Дали сме на некој тест? Дали одиме низ искушенија за да постигнеме повисоко ниво? Епа мене ми е доста чекање на повисоко ниво. Додека другите живеат со полна пареа јас не сакам да чекам. Трпението понекогаш не е и спасение.

    Смачено ми е од политички избори. Како цел живот да ни е регулиран од избори. Поминаа години а лажат до бескрај. Поминаа едни избори-чекајте сега до избори ќе вработуваат, поминаа и други избори-чекајте сега до избори ќе вработуваат, дојдоа и трети избори-чекајте сега ќе има вработувања еве и четврти дојдоа-чекајте можеби ќе.... што ќе има бе, ЛАЖАТ, секаде лаги и измами. Си играат со човечките судбини па уште и ако не ти се седи оди си никој не те држи на сила. Е сестро златна, да дојде ден така на твоите деца да им викаш ама дупло години да се мачат без пари.

    Ај нека завее снег, можеби белината ќе ми донесе расчистување на мислите и оптимизам, доста ми е од црни сценарија во мојата глава. Доста ми е од политика, веќе не гласам, нека им гласаат тие што ги напикаа сега набрзинка пред избори во јавни и државни служби.

    Сакам студ, да брзам наутро на автобуска а косата да ми замрзнува од здивот, шалот "сулендари" да ми фати, а јас да си крцкам со walkmaxx чизмичките по снегот без да ме боли уво дали нема да бидам госпожа во штикла.
     
    На Ana.Jones, Sexybaby86, SparkyAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Еј памет бе памет!Цел час ја барам темата у која што се раскажуваат бруки,и никако да ја најдам.И велам ај ке си прашам во темата „Кај беше темата...“ да ми помогне некој.И така ја во мозокот блокирана незнам ни таа тема кај е.И на крај си кажав ај и таа тема ке ја побарам во „Кај беше темата...“ (ако така беше насловот). :fubar: Нц,нц.Што мисли малово мозоче мое.Таман мислев да си ја испразнам душичката во темава за бруки,да си ја раскажам мојата најнова брука од големата колекција а оно нигде ја нема.Нема темата завршено работа со мене па ај „Дим да ја њама“.Не.Ако не ја најдам со уште малку барање оглас во ДНЕВНИК или ВЕСТ ке ставам!Кобилата теле ке роди ако треба,важно ке ја најдам темата! :!:
     
  5. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Koј не сакал животни не сакал деца. Пфф ма немој ти се молам.
    Ако не ја сакам змијата што може да ме убие за секунда, значи дека не сакам дете :emo:
    Или ајкула-што може да ме мрцне за секунда?! Брзосмртки! :swear: А бре,не ги сакам, па макар и плишани да биле, ако воошто постои `плишани` змии и ајкули. :!:

    сакам мајмунче и папагалче :!:
     
    На LittlePinky и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  6. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Како што поминува времево и како што созревам се повеќе, сфаќам дека почнувам да се плашам. Дали го правам вистинскиот избор, дали некогаш ќе се каам. Се плашам од времињава кои што идат, од луѓето..
    Обично секогаш ги избегавам овие теми, зашто кога ќе почнам премногу да размислувам станувам анксиозна. Ама ете денес случајно се навратив на оваа тема и не можам вечно да ги потиснувам мислите во себе и да ги избегавам проблемите. Сакам да имам доволно храброст за да можам да се соочам со нив, да најдам решение и да престанам да се потценувам, зашто ако самата не си се ценам сигурно ни другите нема!
     
    На SparkyAngel и Barbie20 им се допаѓа ова.
  7. mhmrj

    mhmrj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    Денес скршив дури две чаши... ајде по нив лошото. Неделава таман ми почнаа, абе милина... одвај чекам да заврши. Ни на душман не му посакува денес да е во мојава кожа.Толку стресс... само на арно да е, ама изгледа по се не ќе да е.А кога ќе се сетам што се утре треба да претрпам, ми се темнии пред очи :tmi:
    Имало и полошо ама ова не се трпи, веќе ми се смачи сите кавги во куќава да поминуват преку мене.Барем крива да бев, полесно ќе ми беше а вакаа стварно ми е многу жал за моите... се чуствувам бескорисно, сакам а нема како да помогнам. Ќе помине, мора да поминее? Нели? :|
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Мене искрено ме иритираат вакви личности како тебе, имам сретнато неколку вакви. И од старт сакам да кажам дека несакам да почнам никаква расправија.
    Секој има различне карактер и поминува низ различни периоди од животот и не е лесно туку така да се стекнеш и да си полн со самодоверба. Сите немаат исти размислувања како нас, па мора да се помириме и со таквите и да ги прифатиме истите. Несакам многу да филозофирам али општеството е такво и ги уништува и им наметнува некои идеи на младите, некои поими за `совршенство`, и затоа си набиваат младите комплекси, немаат самодоверба, паѓаат под депресија...А искрено кој би сакал да има депресија, кој ? За да се надмине сето тоа треба да се има поддршка, а не вака. Никој ништо сам неможе да преброди. Ако ти е смачено да помагаш на некој и да се трудиш околу него тогаш не помагај, едноставно немој. Но и немој да се жалиш кога ќе има такви личности околу тебе. И со вакво размислување, дека тие личности ги гушат сите околу себе, уште повеќе ќе паднат под депресија. И верувај дека и тие не сакаат да ги `гушат` личностите околу себе. Депресијата не е нешто обично, опасна работа е и не се лечи за два дена, и со зборови од типот на `абе нишо не е, ќе помине`, `убава си` бла бла, кој има искусено на своја кожа знае. Ако се вложи многу труд и напор и никогаш да не се откажеш од таквата личност можеби ќе ја натераш да се гледа себе си, како што ја гледаш ти. Ако сметаш дека неможеш сето тоа да го исполниш, подобро не почнувај воопшто да помагаш. Не си ги троши зборовите, не пишувај реферати ако знаеш дека еден ден ќе ти се смачи. А и ваквите размислувања на некои личности доведуваат до тоа луѓето уште повеќе да се затворат во себе и да не кажуваат ништо на никој, да немаат доверба во никој. И пред да помислите нешто или да направите ставете се на нивно место и како би ви било на вас некој на кој сте се довериле вака да изреагира. Поздрав. :)
     
    На Bescheiden, LittlePinky, Decapitated.Hanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Тивки, а тешки чекори. Оставаат траги на асфалтот.
    Приказните застануваат. За момент се почувствував мирна. Со жолт чадор и темни улички.
    Минско поле, сега поле со неволји. Во секој агол скриена воздушка. По една.
    А во мене скриен магнет за одбивање на спротивниот пол. Што ќе беше ова?
    Во сето црно, се најде белата точка. Фатив на лото 5ка. 8) Се стремиме кон 7цата.
    А вечерва се частам со моето омилено, частенка за успехот од пред месец. Нешто за кое се борев 4 месеци, на крај успеа.
    До наредна!
     
    На Elennaa, LittlePinky, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    На LittlePinky, Inna5, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Читам мислења тука и се` повеќе наидувам на разочарувања од типот на немање работа.
    Всушност, мислам дека тоа е и единствената причина поради која сите сме депресивни, разочарани и нерасположени.
    Причина број еден поради која се почесто се среќаваме со тажни и незадоволни лица.
    Парите се најголем проблем, а од нив произлегуваат сите наредни.
    Лажат оние кои велат дека можеш да бидеш среќен и без пари.
    Ај биди да те видам. Кога знаеш дека си се мачел, всушност, твоите се мачеле, те школувале, за на крај дома да седиш и да не можеш да најдеш работа, да помогнеш, а и да се осамостоиш.
    Кога знаеш дека за добро работно место ти се потребни јаки врски и дека ако не се помачиш сам никогаш нема да успееш.
    Сакаме на некој начин да помогнеме дома и барем малку да им го олеснеме товарот на нашите родители кои со сите сили се бореле да ни обезбедат добар живот.
    Ама дојде такво време што, не можеме да им вратиме ни четвртина од работите кои тие ги направиле за нас. И кои сеуште ги прават.
    Тоа е реалноста денес, за жал.
    Лошо време.
     
    На Bescheiden, Elennaa, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Ова дефинитивно е една од оние вечери кога око неможам да склопам благодарение на одредена особа
    (да не ја нарекувам со погрдни имиња, иако паѓам во искушение).

    Се засрамив од себеси. Искрено.. Како може некој толку да влијае на тебе, се прашувам?
    Епа очигледно може, кога особата е спремна да направи да се чувствуваш загрозено да ти го земе нештото што толку го сакаш. Човекот што толку го сакаш. Него му верувам, но неа не.

    Таков ѓавол од човек немам сретнато досега, верувајте. Зарем е можно некој толку да е незадоволен од себеси што живее само да им наштети на другите ?! Зарем.. и милиони други неодговорени прашања во главава остануваат и понатаму неодговорени.

    А јас? Јас само го продолжувам овој бесмислен монолог во себе кој толку проклето не ми дава мир.
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124


    Мене уствари не ми смета тоа шо сум невработена, туку што не земам плата. :D :D :D
     
    На Bescheiden, Elennaa, SparkyAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  14. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
    Ме интересира дали на овие „блогеркиве“ од типот на Лајла Грејс им даваат копирајт за сликите врз кои пишуваат такви бљувотини?
     
  15. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    1.592
    Пол:
    Женски
    Кога бираш дечко, прашај ја другарка ти за совет..како и да е тој треба после да биде нејзин дечко. |(
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    100.202
    Пол:
    Женски
    Во еден момент јас сум најсреќната личност на светов,а во следниот сама и несреќна.
    Само кога бев дете точно знаев што сакам,која сум и што чувствувам.
    Секој чекор кој го правам од соништата кон реалноста ме прави постара за цел еден живот.
    Дури и жолтеникавава светлост од ламбава не може да даде сјај на деновиве.

    Убиство.Тага.Немоќ.
    Момент кога ќе видиш дека еден живот се завршил на овој ебен Балкан.Причина непозната.Нагодувања и толкувања.

    И стануваш свесен колку е животот минлив и краток.Без разлика дали те успивале песните на Змај,крекањето на жабите,без разлика дали некогаш и некаде си го угушил вкусот на манастирскиот леб,или си пловел по северните мориња.И животот никогаш нема да ти каже дека е нормално ,во исто време да го сакаш и мразиш,да бидеш среќна и тажна,да го проколнуваш и молиш а и понатаму бескрајно да сакаш да трае ...и трае...

    Почивај во мир...ако успееш да го пронајдеш таму горе...
     
    На ilipili, Elennaa, SparkyAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.648
    Допаѓања:
    29.326
    Пол:
    Женски
    Денес правам 3 години откако сум зачленета на форумов :)

    Тогаш затекнав многу други членови, кои за жал денес дел од нив ги нема, но тоа не ме спречи сеуште да пишувам на форумов.Иако не ме гледате често низ темите, јас редовно ве читам.

    Форумов ми е еден вид бегање од реалноста, место каде што се релаксирам и барем на момент можам да заборавам на личните проблеми. Место каде што уживам да читам различни мислења, да се збогатам со ново знаење, да си исплакнам очи по некое модно парче облека кое што не можам да го имам, место каде што си ги искажуваам емоциите предизвикани од многуте серии и филмови, и место пред се каде што можам да искажам свое мислење без да се плашам дека ќе бидам осудувана.

    И на крај да ве почастам, и се надевам дека ќе се дружиме на форумов уште дооолг период :)
    [​IMG]
     
    На Elennaa, Someonespecial, lana.del-rey и 9 други им се допаѓа ова.
  18. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Станувам,го гледам саатот 8:20.Си велам ке поспијам,ама неможе имам цртеж,домашно,испрашување :@ .Станав,завршив за еден час и можев да си поспијам :@ .
     
  19. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Животот ме стави пред страшно искушение..
    И нели,забранетото е послатко.Паднав пред истото.
    Проклет да е моментот.Проклет да е моментот кога го избрав.
    Нема назад.
    Резултатот е солзи и повредување на драга личност.
    Не ни заслужувам прошка....Воопшто немам ни лице да ја барам.
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кратко време сум без работа и одма се јавија некои душегрижници, кои попрво сакаат да ме видат на дното, да ми даваат предлози за работа, и тоа некои најмизерни.
    Јас ги почитувам сите работни места, а особено ги ценам оние кои се валкаат додека работаат, но овие луѓе кои ме провоцираат тоа го прават од чисто зајадување и исмејување.
    Едната пријателка со иронија во гласот ми вели, бараме ние чистачка. Иначе таа работи во кладилница, има само средно скитачко.
    И мене со факултет, ми се потсмева дојди чистачка кај нас.
    Не, не се фалам или занесувам јас со мојот факултет, па јас досега и ништо немам работено по струката (секогаш работев пониски работи), но кога знаеш дека некој намерно те понижува, а ти се прави пријател те боли.
    Ако немам за јадење, што и да треба ќе работам, не се срамам јас од работа, нека се срамат оние кои потценуваат чесна работа, но во моментов не ми е дојдено до толку...сеуште можам да пребирам.
    А, битно ми е и здравјето, сакам некоја работа со колку-толку понормални услови.
    Овде кај нас дали да се радуваш што си нашол работа или да жалиш што имаш катастрофални услови и мизерна плата.
     
    На Elennaa, Sexybaby86, anggell и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.