Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Докажано е дека луѓето се потенцијално неограничени.
    Талент,способност,знаење,вештини,околности, се има влијание.Но,нашиот ментален став е најважен.
    Подготвеноста да успееме и прифаќањето на одговорностите не се пресудни во играта на успехот.
    Секојдневно размислуваме за тоа што може да преземеме за да бидеме поблиску до целта.
    Активни сме и вложуваме труд.
    Но,за голем професионален успех е потребна и среќа.Да...Среќа... :)
    Тооолку често употребуваниот збор кога размислуваме за нашата професионалност :(
    И!!! Знаете што е среќа???
    Среќа е да се најдете во вистински миг на вистинско место,целосно подготвени да ја искористите шансата што е пред вас.
    Тоа е нешто како да ви се насмевне сонцето по утринското будење :D :D
     
    На martinuska, Barbie20, vitomir и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    СДК утре ми е роденден :wasntme:
    А,и изгледа како поминуваат годиниве,не му се радувам на роденденот.Незнам зошто,сфаќам дека стареам :D
     
    На Barbie20, Elennaa, Kaylie и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.044
    Допаѓања:
    134.503
    А како дозна?
     
  4. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Сакам денот да е подолг.Да трае уште 2-3 часа плус.Не ми е битна состојбата на времето дали е многу ладно,дали е топло ,дали е ден или ноќ,само нека трае повеќе.Оврските се натрупаа.Една по една си направија голема тежина.Неподнослива.А сакам се да завршам,секому да помогнам,со сите да се видам...и не е вистина тоа дека ако се сака се се може.Не е.
    Работното место си е на место :).Си работам,си траам.Фино е.
    На поле на љубов? - И таму е добро.Може и подобро,но нека е добро.

    Како и да видиш на човекот неможе се да му е погодено.И кога ќе пробаш да ги составиш коцките и мислиш дека тоа е тоа,секогаш нешто ќе недостасува.
     
  5. mhmrj

    mhmrj Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    10
    Љубовтаа без мерак век не векува :D :D :D
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    и мене исто :d: , уште една водолија :lol:
    за некој саат... :party:
     
    На Barbie20 и Avenged им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.680
    Пол:
    Женски
    Моментот кога на сред автобус, на пола пат накај дома, ќе помислиш дека си заборавила нешто важно, и после некоја минута ќе го најдеш... :whew:
    Прајслес. :D
     
    На martinuska, senza.parole, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Тоа чувство кога многу блиска личност ќе ве навреди за некоја ваша постапка,а истото тоа го сторила и таа личност,дури било и полошо,а не остава да се изјасниш и никако не признава дека истото нешто го прави и таа личност... :(
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    :inlove: :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Emotional123 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  10. EleonoraLovato

    EleonoraLovato Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    676
    I toa e toa :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На SparkyAngel, Barbie20, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  11. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Кој ѓавол ме натера пред две години да си ги мачкам четките (за боење) со лепак за гума? :@
    Сега не можам да ги исчистам а немам други (бидејќи...малку ги изгубив :lol: ).
    Се се враќа, се се плаќа. Така ли беше? :swear:
     
  12. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    4.174
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не си го прочитала добро мојот пост :)
    Јасно ми е како е да немаш самодоверба, јасно ми е дека во такви моменти потребна е огромна подршка и јас секогаш сум тука да им ја пружам на тие личности. Поентата ми беше дека ми е преку глава од негативни личности кои сметаат дека цел живот им е само за во канта, затоа што во моментот немаат партнер или немаат пари за карта на концерт.
    Сум била на нивно место, и јас немам некоја самодоверба преголема за да ја расфрлам насекаде ама дали тоа ќе се среди ако постојано кукаме ?
    Ниеден проблем без разлика за што станува збор нема да се реши од плачење, туку треба да се превземе нешто во врска со тоа.
    Овие истите личности се спремни постојано и постојано да зборат само и единствено за нивните проблеми, што е крајно себично. Станува збор за млади луѓе кои ги имаат сите можности да сменат нешто, ама не ете полесно е да плачеме. Во животот ќе се појават многу проблеми за кои навистина ќе треба да плачеме и да кукаме, а вакви површни работи како тоа "дебела сум ", "немам дечко" да се преувеличуваат до толку, не иде .
    Секако дека не почнуваме расправија, разменуваме мислења само :)
    Поздрав и до тебе.
     
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Како да реагираш кога твојата мајка ја опседнува таков страшен бол а ти ништо не можеш да направиш да го намалиш тој бол.... Дедо ми каде и да е ќе не напушти, а јас се што можам е да чистам низ дома, да варам кафе и да си муабетам со мајка ми, да и ги отргнам мислите бар за некоја минута...Мила моја мајче, ќе помине и ова, те сакам толку многу што си велам бар да можев половина од твојот бол да земам, да ти олесне, ама не можам мајко, само време ти треба, еве овој период е таков, за жал, како па за некоја година најголемата радост ќе ти ја подарам што ќе го засени целово црнило твое, за некоја година внучиња кои ќе бидат твојот нов свет... Мисли само позитивно, се ќе помине, плачи и олесни се, болот е неизбежен...
    Секој човек реагира различно на болот, небитно дали е физички или психички.
    Мајка ми, Господе, целата сум на неа. Силна и прибрана пред другите, а се кршам самата во темното, и се давам во сопствената тага и солзи, болот ме обзима само тогаш, и си викам, тоа е мојот начин на тагување, некој секогаш мора да биде посилен од другите и да дејствува брзо и да помага наоколу кога другите се под дејство на апчиња и во сопствено ропство, кога не можат ни да зборат, само плачат, врескаат...
    Јас зборот смрт го одбегнувам, не дискутирам за тоа, дали верувам во живот после смртта не сакам некој да ме прашува, едноставно зборот смрт не сакам да го чујам близу мене, пошто самото негово изговарање на мене делува инстантно депресивно, темно, ладно, далечно, одбивно, ме збунува, ме избезумува, ме фаќа одма страв, паника, црни мисли ми летаат, и само си велам стоп, не мисли, не мисли, тоа е неизбежното, за жал, кога тогаш сите ќе не снајде, ама сепак некогаш е прерано, прерано, проклето прерано, и проколнато преболно и не фер, несфатливо...
    Е тоа никој не може да го објасне, секој на свој начин си го сфаќа, а јас не сакам ни да размислам за тоа, не можам, се гушам, едноставно се исклучувам и го стискам лицето и дишам полека.

    Мојата најдобра другарка го изгуби татко и пред некоја година а јас изгубив многу драг пријател пред неколку години, бев во средно, значи веќе девојка со светот на возрасните, а сеуште не бев присуствувала на погреб, на блиска личност. Баби, прабаби, прадедовци умирале, но не одев на погреби, останував дома, средував, чистев или едноставно бегав подалеку од тоа.
    Мајка ми за жал, ме чуваше исто како од чума од вакви настани, што сметам дека од една страна е добро и во самиот инстинкт на мајката, како мајка да ја разбереш, ама од друга страна е многу лошо, не е светот розев, сметам дека полека полека треба да се приближе човек за вакви работи, не можеш засекогаш детето да го криеш и одалечуваш од вакви настани кои за уште поголем жал, станаа се почест пигмент од секојдневието...

    Првиот мој допир со овие црнила беше кога бев средно и на мојата сестра неродена, што дење ноќе сме биле заедно, загина татко и.
    Беше памтам касно вечерта, 12 полноќ, школски ден, се спремав за легнување, и таа ми се јави и низ плач кој едвај го разбрав, ми врескаше што се случило.
    Мене устата ми се здрви, и не можев да ја мрднам, а камоли нешто да и кажам. Како прво беше толку тешко за верување. Само ми рече, дојди во градската болница сме со брат ми, не сакам да ме дрогираат, дојди да им кажиш. Посилна личност од неа немам запознаено никогаш, и нема ни да запознаам, за мене таа е репер за вистинска жена, со силен карактер и јака потсвест, која знае точно што кога и како да направе и како да изреагира. До ден денес сме заедно, блиски како и секогаш, и знам дека таа е мојата сродна душа, мојата сестра која ја немам.
    Јас само спуштив и заминав во спалната кај моите, пошто татко и му беше пријател на татко ми, и само влегов памтам, ги гледав и со раката и мобилниот покажував нешто, бев избезумена.
    Тато скокна, и во тој момент и него му заѕвони мобилниот, да оде да го провери возилото кој тој го возел, пошто таква му е работата, мора на лице на место да оде да ги утврди причините поради кои возилото се судрило.
    Тато знам нешто ми збореше, јас одма го стегнав лицето и почнав да зборам, да одиме во болница. Се облековме, заминавме. Таму таа лежеше со брат и, кој веќе примаше инфузија, инекции, го издрогирале, но тој беше помал, а оваа мојата скокаше низ соба, ги бркаше сестрите и ни викаше со тато да ги избркаме, да не ја буцнат, пошто сака се да памти... Јас само ја погледнав и се гушкавме, таа плачење, и збореше, ги кажување нивните идни планови, па татко ми ја тешеше, јас им кажав на сестрите да си одат, тие стандард се мрштат и нешто зујат, небитно, татко ми и другарка ми гушнати плачеа, а јас знам на страна стоев и ги гледав. Солза не испуштив. Си викав, што не е во ред со мене, а толку многу ме болеше, внатре во себе врескав и се стегав... Седев со неа долго време, ја смирив некако, додека не дојдоа баба и дедо и да ја земат, и знам јас прибрана им објаснив што како. Првиот допир со ваков случај дефинитивно не помина како што очекував.
    Вечерта касното со татко ми си дојдивме дома, и легнав да заспијам ако можам, и кога почнав да плачам, да се гушам, сите емоции ме обземаа и едноставно сакав да прекине болот но не прекина, плачев толку долго што дехидрирав, цела избледнав, како полудна бев, секакви мисли ми одеа низ глава, ми струеја а никако не можев да ги запрам... Заспав некако, мама до мене беше.

    Вториот пат кога загина мој близок, беше мојот другар. Беше 4 во зори, кога ми заѕвони мобилниот, јас гледав серија, и една пријателка вреска ме прашува дали е тоа така. Ништо незнам и викам, од каде ова, вака и вака таа ми објаснува, јас и викам сега одма ќе се јавам, да видам. А оваа е најголемата озборувачка, за сите се знае, само зборува како навиена, оговара, беше тешко за верување дека не е вистина ова.
    Јас смирена, заѕвонив кај мојот најдобар другар, кој беше најдобар другар со него, и кога крена го слушнав како плаче, ама морав, значи морав да го прашав, беше толку далеку од верување, толку нереално, како кошмар. Тој само ми потврди и ми рече дека цела вечер ќе се таму, утре да одиме таму од сабајле. Леле Господе, исклучувам со него, и знам брат ми влета кај мене во соба, ми вика стварно ли е тоа...
    Утредента додека сите беа со него во соба, врескаа, плачат, да го видат за последен пат, јас додека се движев накај собата кај што беше ковчегот, само свртив налево, накај кујната, и махинално почнав да редам тањири, чашките, и да го сецкам и редам бурекот. Никој незнаев во кујната, претпоставувам нивни роднини, кои само ми кажаа што да правам, и таму седев, помагав. Него не влегов да го видам, не сакав да го видам во ковчег, заспан во сон од кој нема назад, си го памтам како насмеано и лице кое постојано беше тргнато некаде. Си го памтам нашиот последен пат кога се дружевме како вчера да беше, и така сакав да остане.
    Откако помина целиот кошмар, и стигнав дома, знам дека се скршив, толку... Бев за некоја година поголема кога загина на другарка и таткото, но ова се чинеше многу блиску до мене, дете, на мои години, мој близок, со кој цело лето се возевме и излевавме, а он е само сеќавање, не е меѓу нас, не напушти... Прво знам језиво чувство ме здрма, после почнав да размислувам како е можно толку младо лице да умре, едноставно немаше објаснување, немаше, ме фати нервоза, го пцуев самиот господ, како може ваков бол на неговите да му нанесе, знам дека најмногу на нив мислев, со години, и сеуште мислам, незнам и не сакам да знам како им е, иако многу работи излегоа од контрола, поболно нема од тоа, да го закопуваш своето дете... Глетката на погребот беше тоа нешто што ме прогонуваше со месеци... Кога легнав дома, знам мама дојде и ми даваше апче и вода да заспијам, и тогаш слабоста ме стигна, ги опуштив мускулите, легнав, и почнав да плачам, со толку многу прашања и толку многу чувства кои ме доближуваа до лудило, не можев да прекинам, ни утредента, ни ден денес кога ќе ми текне за него, срцето одма ми плаче, душата ми се цепе, нема недела да помине а да не помислам на него кога ќе легнам, како може да е околу мене, да ме гледа, да не чувствува..

    Некои работи се необјасливи и толку болни, што секој ден ме потсетуваат да живеам и да уживам, само јас како што сакам, и мислам од после неговата смрт јас станав различен човек. Прекинав многу познанства, се оддалечив од многу личности, си ја најдив среќата и секој ден е за мене, не ме интересира ништо, ни дечко ми, кој се треска од ѕид како сум можела серии толку да гледам, или да трошам пари на нокти, козметика и облека, или па мајка ми која не може да сфате зошто спијам толку многу, или па татко ми кој не сваќа зошто сеуште факултетот не ми е завршен... - зошто ЖИВЕАМ! Живеам без гледање назад, живеам како да секој ден ми е последен, денес не ми се уче, не ми се уче - не учам, не ми се излева - не излевам, не ми се пие кафе - не пијам кафе, денес сакам да си ја купам новата пудра - ако имам пари ќе си ја купам! Сакам такви нокти - ако имам пари ќе ги правам! Сакам да јадам во Вили во 2 ноќеска - ќе јадам! Не сакам да седам со тие колеги на факс - не седам бре, има стотина други, ќе седнам со нив! Запознав толку многууууу луѓе, запознав толку многу различни карактери, и знам дека ако некогаш во живот од нив ми притреба услуга, тука ќе се, иако тоа биде за 5, 10 години, знам.
    Денес сакам само да лежам, и да се тегнам како морж - се тегнам! Сакам да одам на одмор со дечко ми - одам! Ме заболе што мисле комшивката со големата уста или па младиот комшија кој одма утредента ќе си мавне некој коментар од ракав на чаршија. Сакам да одам на одмор со моите неколку дена или па да си дојдам дома во родниот крај насред работна недела - си идам! И да сум без денар си идам, и да дечко ми зуе нешто, ич не ми е гајле, си идам бре! Сакам да го шетам кучето облечено, пошто се тресе на минус 8 степени, го шетам, и баш ме заболе за погледите како шлакната да сум што ги добивам! Или па ми замирисало на топло печено лиснато и си го јадам додека одам, не чекам дома да стигнам, или па не трчам по автобус, иако ми е на само неколку метри, или па со другарка ми по милион пати еден ист муабет ќе правиме и ни се чудат, ми дошло до озборување - ќе озборувам, бесплатно е!
    Има толкуууу убави работи, мали бесплатни работи кои не прават среќни а ние самите замижуваме пред нив, немојте, денес те има, утре те нема, живејте само за вас. Живејте во нормалата на граници, живејте со ризик, ризикувајте, чувството на адреналин е едно од најдобрите, живејте и бидете добри и поштени, сакајте се самите и сакајте, имајте малку ама најискрени луѓе околу вас.
    Дишете и живејте, незнаеме дали е ова еден живот, или има друг, но во овој живот има толку многу работи кои сите сакаме да ги направеме и постигнеме, не брзајте, живејте во свое време и со граници, за се има време и за се ќе дојде време....
    Не брзам, не се лигавам и не трпам лигуши, сакам и сум сакана, ризикував и добив, може ќе ризикувам и ќе изгубам, па што ако...не е секој ден Божиќ.
    Задлабочете се во вашата личност и повторно засакајте се самите себеси, нема ништо поубаво кога личноста е задоволна од себеси и кога животот и е обоен во среќа и здравје. Ценете го доброто, и никогаш не е лошо, нит ве прави вас лоши ако сакате повеќе, ако сте амбициозни и ако се борете како лавици, ако тоа е вашата цел и вашата сопствена среќа која ќе се исполни, go for it!
    Уфффф, се преродив... Ми требаше ова.
     
    На Dvolicen, mims-89, LilBaby и 38 други им се допаѓа ова.
  14. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Бела бела белина како сон постелнина бел е ридот и гранките пуштете ги санкитеееее :rofl: :rofl: Се радувам како мало дете на снегов, ова е зима. Баш зима. Сакам коа е вака.
     
    На Hipster, senza.parole, Ketrin.Moon и 2 други им се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    На некои персони нивните зборови немаат никакво значење,ниту имаат тежина,си ветуваат,си кажуваат се и сешто само да си ги сокријат лагите што навистина мислат,ах колку се лажат ако мислат дека некој е до толку наивен па да им верува во нивните лаги,кога ни тие самите во себе не веруваат,за жалење сте. |(
     
    На Anabelle.Amorette и poenta им се допаѓа ова.
  16. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    А да почнат за Валентин да се спремаат уште од август?
    Што и да правите, не ги гњавете момците со вашата појава во секое ќоше од нивниот дом, аман!
    Јас на чаша, јас на јастук, јас на ѕид, јас на гаќи, јас на вц шоља...озбилно, крипи е.
    Што имам една познаничка, абе нема што нема направено од неа и дечко ѝ: срциња со нивни имиња, шољи, чинии, сложувалка, 10ина рамки, албуми, резбала таму некои икони со нивен лик, маица со нејзин лик за него и со негов за неа...сега едвај чекам на чело да го истетовира и присвои со документ ко земјиште да е. Во сон да може да му влезе, има да ги истера сите други од истиот.
    Чил бре, никој не ти го краде ако не го урамиш. |(
    И после се жалат зошто не добивале доволно внимание, а они се отепувале.
    Зашто не правите разлика меѓу посветеност и посесивност!
    Мислим, дајте им време да им зафалите бре. Крлежи.
     
    На Sanniii, Dvolicen, mamma-mia и 36 други им се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.519
    Допаѓања:
    173.915

    Исто и јас....сакам кога е бело ,тивко,кога сите брзаме во топлите ни домови и од прозорците го гледаме белилото и чувствуваме мир во душата....
    Туку...воведот на твојот пост ме подсети на една брзозборка „Цело село-се е бело“.
    Убава мисла ,ама кој да успее да ја каже до три пати брзо,а да не го изгуби првобитното значење . :lol:
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Колку и да го мразам снегот и колку и да ме боли цело тело од маратонското паѓање овие денови, некаде во мене длабоко длабоко постои делче што го сака снегот.

    А знаете сега по што тагувам? :wasntme:

    По лето...
    :doh:
    :sun:
    Одам јас, чао. 8)
    [​IMG]
     
    На Anabelle.Amorette и vitomir им се допаѓа ова.
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Значи не можам да се изначудам станувам од спијање и влегувам во дневната пуштено беше ТВ на сите и Лила со нејзинииот квиз Гледам мајками зркната во ТВ не ме ни сети дека влегов :) и вика абе ајде заврши ЧЕ МИ ПОЧНИ БЕХЛУ :D :D (ИЛИ како и да е)Море си викам во умов луѓево од шо се занесени во ТВ сами си зборуваат Ц Ц Ц Ц до кај дојде времево.
    Абе земи излези на воздух надвор не цел ден да ми гледаш тв.
    Катастрофа :devil:
     
  20. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Животот е како лулушка.
    Или ќе дозволиш некој друг да ја турка твојата лулашка или сам ќе управуваш со неа.Така е и со животот.
     
    На Barbie20 и eliesaab им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.