Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Кога снегулките настапуваат на сцена и го играат својот танц,ти ја гледаш промената на бојата се редат тие ,одеднаш се добива светла чиниш блескава бела боја.

    За момент му тонам во очите за момент му ја приметувам насмевката,некаде,јас тонам во неговиот свет тој во мојот.

    Сегашност.

    Се прашувам како се заборава?
    Љубовта?
    Минатото?
    Му продаваш на заборавот дел од себе,го купува тој но те ранува,длабоко.
     
    На Dog-lover, crazylady, hermosa и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.912
    Допаѓања:
    132.800
    Сакам да кажам ФАЛА на Реинбоу :)
     
  3. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Утре имам тест по Физика ,а со материјалот три чисти немам,налет то тато на работа нема кој да ми објасни :@ ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  4. alone-in-the-dark

    alone-in-the-dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    39
    Никогаш немојте да заборавите три типа на луѓе од вашиот живот
    Луѓето кои ви помогнале во вашите тешки моменти
    Луѓето кои ве напуштиле во вашите тешки моменти
    Луѓето кои ѓи создале вашите тешки моменти
     
    На vinozito1, iloveyou29, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Секоја наредна турска серија на Сител е најдобрата, најгледаната, хитот на годината. Да не беа они ќе немаше кој да им ги откупува сериите на Турциве |(
     
    На martinuska, LittlePinky и kikav им се допаѓа ова.
  6. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Доаѓаат деновите кога ќе го слушам крцкањето под моите чизми, благодарение на снежните денови кои ни престојат. :D
     
    На LittlePinky, kikav и EMoonlight им се допаѓа ова.
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Шеќер во прав врз тазе гурабии... Карамел-обланда за добредојде на гостинката од Белград... Ореви натопени во мед и звук на ветер низ полето кај дедо на викендица...Свилени бомбони-белег на едно детство...Васина торта со свеќички што треперат во воздухот ...Ситни зрнца немелен афион во кифла на голем одмор...Ровка татлија и фаст’к баклава за славата...Шненокли наместо пудинг од ванила...Корнет со шампита за здраво грло - не смеам сладолед...Слатко од смокви и минерална вода како гест за добредојде во домот...Суви сливи, кајсии и урми за Бадник...Блага пченица со морско оревче на еден погреб...Кадаиф и шербет сунѓерка на денот кога си простуваме...Рум-коцки во чест на денот на вљубените и виното...Голо тело со шлаг пред диво водење љубов...Чоколадна масажа за опуштање од стрес...Шеќерна волна пред влезот во циркус...Крем-бананка чести за родеден другарчето што седи до мене во клупа...Домашно приготвена алва од гриз во недела навечер...
    Рециклираните спомени доживуваат инсулински шок.
    Куќичката од приказната за „Ивица и Марица“ со покрив од чоколадо ја ставив под хипотека.
    Во себе си ја потпевнувам песната од шпицата на Бранко-Коцкица.
    Отидов да го натопам сонот во чоколадно млеко...
     
    На Sexybaby86, kate21, Shelea и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    На ликовно имаме тема портрет да цртаме и наставничката праша кој сака да позира,никој не сакаше и одбра она сама едно девојче.
    Не остави да цртаме,а она го средуваше кабинетот со уште неколку други девојчиња.
    И така почнавме да цртаме и наеднаш сите почнаа да ја навредуваат,каде оваа ќе ја цртаме ушла,види како и бегаат очите,каков дебел врат има,устата зошто ја прчела и така натаму...
    Девојчето што го цртавме и се насолзија очите и сите што плачеш сакаш така да те цртаме и хаха. :(
    Во тој момент прекинав да цртам,не ми се црташе, внимателно ги слушав и таман наставничката излезе,а пред тоа добро размислив и станав пред сите,не ми беше воопшто гајле,затоа што и мене ме навредуваа еден период,а јас бев мирна и се развикав,добро она е тука да ја цртаме или да и го оценувате физичкиот изглед. :fubar:
    Па на сите можам да ви најдам замерки,а исто можам и на себеси.
    И почнав еве ти имаш крив нос,ти се познава коската,ти си ниска,ти си дебела,ти имаш гадна уста,ти имаш огромни уши,ти гадни заби...
    И сите замолчија и подоцна некои викаа ууу,некои ракоплескаа(воопшто небитно).
    Девојчето кое што го цртавме пред неколку години ми беше подобра другарка и сега се дружиме,ама не како порано,така само во училиште.
    Какви се децава бе,па никој не е совршен,сите имате мани,не само она,искрено и мене ми дојде да плачам,девојчето не пушти солзи,но очите и се насолзија и после ја видов во вецето отиде и плачеше,обидувајќи се да биде што е можно потивка.
    Срам да ви е и на вас и на вашите родители што така ве научиле да вреѓате!Простаци на кило. :fubar: :x
     
    На senza.parole, LittlePinky и Marossa им се допаѓа ова.
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    СДК дека еден ден на сите ќе му ги затнам муцките...поздрав до моите хејтери да сте здрави и живи и понатаму да ги гледате моите успеси :*
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Мразам неуки-приуки луѓе кои заглавиле во илузијата дека заслужуваат многу повеќе во животот. A човек да се запраша дали би биле корисни и за чување овци.
     
    На sadgirl21 и Marossa им се допаѓа ова.
  11. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Ми велат сум станала празна, ладна, погледот ми бил празен...

    И точно е, да. Тие ме направија тоа, се променив.
    Не сум комуникативна, не се замарам со ништо. Ништо не допира до мене, веќе ништо не ме интересира.
    Празна сум, едноставно празна. И погледот ми е празен, со омраза. Некои дури се плашат од мојот поглед, и би требало.
    Прво ме убија морално.Едноставно ме уништија, а сега се грижат.

    Тоа што беше живо во мене сега е мртво, не ми се потребни совети како да живеам.
    Погледот ми е празен, исто како и јас.

    Можеби е само лош ден, или повеќе како лоша година... не, лоша деценија!
    Ќе помине, знам дека ќе помине.
    Во животот се е минливо, така беше и со мојата среќа.

    Некои и ќе кажат „еј оваа со 16 години, многу знае, демек многу проживеала“ . Искрено и јас би го кажала тоа на некој. Ама од моја перспектива е сосема поинакво, никој не оди со мои чевли. Кога ќе ги носиш моите чевли, можеш да ме судиш.

    Добра ноќ. :rain:

    Осеќам и како секој пост ми е вака депресивен, ама ветувам последен ќе да е. :) Од утре одеме на подобро, ете сепак имам надеж. После се.. само надежта ми останува, како најдобар пријател ми е.
     
    На Dog-lover, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, julie77 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Кој не гледал вечер х фактор, само нека влезе во темата Х Фактор Адриа и се ќе им се разјасни :D
     
    На LittlePinky, SparkyAngel, kikav и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Конечно кога ке излезам надвор да почувствувам зима!Да има нешто што ме асоцира на зима!А не вака за школскиот распуст незнаеш дал е летен ил зимен распуст! |(
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Дали некогаш сте имале ден кога буквално ништо не ви оди од рака и се што ќе пофатите се` се крши,распаѓа,расипува. :^)
    Е денес е еден од тие денови, ама чудно зашто од сабајле баш убаво, позитивно ми тргна ама затоа одма штом стигнав дома како некој да ме проколнал.Прво го земам лап топот да гледам филм, па ми се исклучи. Уклучи го, пак нејќе се гаси.. Пробав неколку пати и дај батали чим не сака го оставив. Така разочарана земав нешто од школсиве задачи да завршам демек, ептен досадно дека ми беше ( а Фатмаѓул на телевизија) ја земам острилката да го наострам моливот, ми се скрши во рака! :^) Ајде и тоа помина, земав со пенкало да цртам линии, ми се лизна раката отиде линијата цик-цак.
    Се двоумев и дали да седнам Х фактор да гледам, во случај да не ми цркнеше телевизорот на пола емисија. И да, да не го урочам компјутеров таман конечно го упалив. :rofl:
     
  15. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    разочарување + пријатно изненадување...
    хммм, па не било се толку лошо :rock:
     
  16. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Еве, кажете ми дали има нешто подобро од кора од портокал на парно?!
    Нема, не - ма! Затварам врати у околина по брза постапка за да не се разнесува мирисот низ други соби, донесувам суровини за преживување доволни за наредните 4 години - блиску до парното, заземам удобна положба, и почнувам вдишииии - издишиии, нешто као на сесија за трудници да сум само тука никој не ме држи за рака, али ај кажете дека мирисот не е најпрекрасен... И се така додека мајка ми не ми списка да не се понашам чудно...
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, LittlePinky, Sexybaby86 и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.154
    Може ли Сител да не напнуваат со морбилите и со некои паралелни искази за некои си фирми.
    Мислам знаеме Ивона што направи... барем имајте доблест да кажете збор-два за тоа.
     
    На Markusa2, kala21, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    89.436
    Пол:
    Женски
    Ах беее :inlove: Чуството кога му праќаш порака и во истиот момент ти стига порака од него :tmi:
    Телепатијо моја :*
     
    На iloveyou29, LittlePinky, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  19. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    сдк... Вечерва ќе си легнам мирна и среќна. Денот убаво ми помина. :)
    Многу сум среќна што сепак успевам да помогнам кога треба,се трудам искрено.Морам и јавно да ја поздравам Irreplaceable и да и кажам благодарам :* .
    Надвор има снег,не сум обожавател на зима,но секое време нека си го искористи своето време да блесне. :D
    Пријатно се чувствувам,убаво и како и секогаш благодарна за се што имам,што легнувам во топла постела и што ќе спијам мирно,а покрај мене е и семејството. :)

    Убав сон имајте сите :*
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Од се` досега што сум набројала во темава дека мразам и ме нервира (а ме нервираат многу работи), најмногу ги мразам оние девојки кои без ни малку осет и грижа на совест, свесно се мешаат во туѓи врски и со сите сили се трудат да ја растурат врската.
    Искрено, поодвратно нешто од ова нема.
    Јасно е дека таквите девојки немаат достоинство, немаат свое јас и единствена работа им е да ги упропастат животите на другите, кога веќе и нивниот е упропастен.
    Кога би имале свој живот и кога се` би им било погодено, не би го пикале носот кај што не им го собира. Напротив, би уживале во својот "совршен" живот, во кој сите личности кои ги имаат се украдени од други.
    Едно е сигурно...ваквите девојки се девојки со ниска самодоверба,искомплексирани личности, личности со трауми од минатото, девојки кои немаат ништо свое и на кои најголемата работа што ја постигнале во животот им е тоа што украле туѓ дечко.
    ВЕ МРАЗАМ!!! :devil:
    Единствена работа која ме смирува во ваквите моменти е сознанието дека вистинскиот маж не може да биде украден.
    Ако дозволи да биде украден, не бил вистинскиот.
    Аха, да! ;)
     
    На Gea, iloveyou29, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.