Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Ми се пријаде лубеница, не да ми се јаде туку ми се плаче.
    Кај ми требаше да се настрвам во ова време па и баш со лубеница. Ќе си припукнам од стрв додека не почнат да се продаваат. А богами има време до тогаш, мора да си најдам некоја друга овошна опсесија.
    Ај доста ми беше измачување, одам да спијам.
     
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Случајно налетав на некои стари фолдери...кога велам стари мислам на подалечните 2010 2011
    Куп слики,куп спомени.
    Баш и не толку краток период,колку што се измениле некои работи.
    Низ сликите видов личности,некои од нив се сеуште до мене,со некои сме се заборавиле,одалечиле.
    Муабетот мие....колку една слика може да те врати некаде назад,некаде каде што си бил среќен и исполнет.
     
    На Adi888, Dog-lover, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  3. kika.dragan

    kika.dragan Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    148
  4. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Текстот од Анушка многу ме погоди замисли и ме натера на тоа да се запрашам како всушност јас го живеам мојот живот. Сфатив колку само си викам мој живот мои правила, ќе живеам како сакам а дозволувам еден нереален страв да ми го контролира животот... Одсега натаму ке пробам да бидам попопустлива спрема самата себе, да не се форсирам, да не планирам ништо пред време, да оставам работите сами да течат, сепак неочекуваните работи се оние кои го менуваат нашиот живот.
    Како и да е среќата ја наоѓаме на неочекувани места.

    Него, друго сакав да пишам денеска е мојот ден! :party:
    Се е спремно за вечер! Расположение на нивоУ, потврдено присуство за забавата. И на вас ви пуштам по една виртуелна торта :^:

    Лека ноќ! :d:
     
    На anggell, Barbie20, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека обожУвам кога некој ја потпира својата глава на моето рамо додека зборуваме. Неописливо убаво чувство ми се појавува. ^_^
     
  6. mac.mac

    mac.mac Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    652
    Оф, оф кога ќе се опаметам, когаааааааа.... До кога работите ќе ги оставам не завршени до последен момет. Не знам веќе што да сторам? Ми треба некоја сила да ме подтурне, ми треба воља, каде да ја најдам?! Ми треба енергија , сакам да се радувам на успеси а јас дремам само како мисирка и ѓи оставам работите не завршени ;( Некогаш ми иде сама себе да си удрам шлаканица да се освестам...... Оф Боженце помогни ми
     
  7. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Имам многу лоши навики, повеќето од нив се трудам да ги искоренам. Но само една не можам, или можеби не сакам да ја искоренам - седењето до доцна секоја вечер, и апропос тоа - неспиењето.

    Ми стана начин на живот. Не можам да легнам, а уште помалку да заспијам пред 4 часот секоја ноќ. Започна во средно, поради глупавите втори смени и долгите распусти. Некои периоди се доведував во ред, но вообичаено беа кратки и по некое време повторно се заглавував во истиот магичен круг. Не ми смета, засега. Знам дека не е здраво и ноќниот сон е исклучително важен, но се научив така да фунцкионирам. Некои работи едноставно ги правам подобро навечер. Подобро учам навечер, подобро изгледам навечер. Секогаш подобро се забавувам навечер и водам поинтересни муабети навечер. Единствено после полноќ сум толку креативна и ефективна и секси, секое по потреба :lol: Ми стана заштитен знак - сите знаат дека може да ме најдат на Фејсбук во 4 по полноќ, или без проблем може да ми се јават тоа време, или да ме побараат за да сокриеме тело заедно :rofl: Има некоја магија во ноќта, и секогаш ќе ми биде омилен дел од денот :)

    И еве ме и денес, дремам тука, без некоја особена причина. Ги листам преостанатите петнаесетина онлајн пријатели на Фејсбук - неколкумина од нив се во Америка или во Австралија, едната е стјуардеса, па којзнае каде е, другиве веројатно спремаат испити или заглавиле, како мене. Завршив со учење за денес, беспотребно седам и можам да си легнам, но ете, секогаш има уште една тема, уште едно видео, уште еден линк, уште еден твит. И таман исклучуваш се`, ќе ти пише некоја будала и во 5 по полноќ ќе водите философски муабети и ќе го спасувате светот. Лабилна сум, ама ова на некој начин ме прави среќна. А тоа нели беше најважно. Сопствената среќа, не среќата на другите. Без разлика колку е нездрава, морничава, или налудничава.

    http://www.youtube.com/watch?v=oD2XV_Ri800

    Ма и музиката звучи подобро навечер! Добра ноќ Феминки :hai:
     
    На Adi888, sparklie, kala21 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Синоќа снегот многу ме усреќи...
    На часовите преку прозорец гледав како нежните снегулки паѓаа и паѓаа и сплетоа прекрасен килим.После училиште излегов со мојата најдобра другарка,се восхитувавме како снегот го украсил градот.Децата ги влечееа санките дури до 22:00 часот...Улицата личеше на бајка,се беше бело,сама одев по улицата и го разгазував килимот.. :rain: :rain: Прекрасно беше :D :D :D :D .
    Имајте убав ден феминки! :*
     
  9. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не знам дали мислиме на истото, но до некаде те разбирам и јас го мислам истото.

    Секојдневно се среќавам со мои пријатели кои само се жалат, а воопшто ништо не превземаат за да си ја подобрат својата ситуација.
    Никој однадвор нема да дојде и со магично стапче да ти ги реши маките.
    Ако имаш некој проблем, превземи нешто околу тоа.

    Околу комплексите за физичкиот изглед, многумина се жалат, ама не се трудат малку барем да вежбаат, да трчаат, да се хранат поздраво.
    Со кршење на каучот од лежење и јадење буреци и хамбургери не се слабее и се нема витално, здраво тело.
    Од друга страна самодовербата е нешто на кое сами треба да си поработиме. Не треба да потпаѓаме на ефтини зборови: еј, што си убава, или да плачиме над негативни коментари само зошто нему не му се допаѓа истото или своите комплекси ги лечи на другиот.

    Често гледам дека пофалбите се поради ласкање, а не се искрени.
    А, негативните критики се само за тие личности да си ги излечат своите комплекси и да те навредат зошто им е криво што тие не се такви.
    Уште поинтересно е што за најубавите работи кај мене добивам критики, а за полошите убави зборови. Кое лицемерие. Се би направиле да сте полош, погрд.
    Никој не сака некој друг да е подобар.

    Многу ги сослушувам и советувам на моите пријатели, секогаш ми се обраќаат за се. Но, имам увидено дека кога јас имам проблем или мака, само ми велат: Ај ма, ќе помине, уживај. И ништо повеќе.
    Е, па на човек ќе му здосади кога е секогаш тука за другите, а на другите не им е гајле за тебе.
     
    На Dennings му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    828
    Допаѓања:
    9.174
    Во зима нема ништо поубаво од тоа снегот кога ти паѓа на лице.
    Ги сакам долгите прошетки особено кога паѓа снег.
    Утрово ми се најде троа повеќе време, па го искористив.Направив една убава прошетка,попат требаше да посетам една пријателка.Се занесов малку од убавините,па прошетката стана малку подолга од планираното.
    Не ми се верува залутав,можно ли е да сум толку завеана :D
    И згора на се ќе ме прегазеше кола :tmi:
    Не требаше да и кажувам за ова, ме сотри од зафрканци :D
    Имајте убав ден и обавезно направете долга прошетка,само не како мојава.
    Во секој случај добро ми дојде!
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Добар ден,убав ден!

    Единствена мана ми е дека алармот си го пренавивам одново и одново.Денес си дозволив 1час повеќе спиење од предвиденото.
    Утринското кафе го споделувам со баба ми. Разговараме,се смееме и гледаме реприза Се или нешто :geek:
    Додека јас пишувам таа само коментира за играта на натпреварувачката. :D Па знае во која рунда колку пари ќе понуди банкарот. :lol:
    Денес конечно ќе си ја видам цимерка ми,мојата сестра,мојата втора половина.
    Додека сум дома,неможам да кажам дека сум опкружена со луѓе. Едвај чекам да почне вториот семестар,преубаво се чувствувам кога сум таму.Целосно сум посветена на факултетот и секој ден се нешто ново и ново ми се случува.А дома? Дома само се досадувам.

    Овие два дена размислувам некако позрело.Пред да кажам/напишам нешто размислувам трипати!
    Посакувам секој ден така да размислувам...
    Поздрав :hai:
     
    На mhmrj му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Малку снег и веднаш се дишат почисти мисли.


    Деновиве сум како ламја... Оган на сите страни. Не се поднесувам сама себеси. Некако, пребрзо доживувам одредени нешта и се препрашувам после тоа, облеана во солзи и еурокрем, што ми е? Сестра ми ми вика дека сум кенкава и ми се тегнат нозете угоре, а јас плачам по детето прудолу. И нели, секое утро е борба, но кога ќе си направиш омилен чај или салеп со цимет, ќе си ги пуштиш Аir да ти одбележат цртка на ѕидот на времето, некако издржуваш. Претежно издржувам. Ми недостига тој. Ужасно. Се задлабочувам во книги, па се враќам назад во реалноста. Промени нема. Месецов, никако да заврши. Ајде уште малку - тотално сум шворцерка, а има попуст во Матица. Пак! Ќе се затрупам во книги. Но... Не очајувам. Впрочем, кога сум во најтажно расположение, гледам серии на youtube за кои ни во сон не сум помислила дека ќе ги ѕирнам пак, како на пример Плажата на залезот :D Жива збркотија! Колку лоша глума, бавни сцени и грешки, тоа е неверојатен микс за смешка. Арон Спелинг, сполајти и таму горе раатисувај. Периодов си зацртав барем диета, одвикнување од глупости, да одбележам период од животот во кој нема да грицкам, нема да јадам преработени слатки, бла бла блеблу... И ништо. Симфонија од заговори против моето "витко" тело. Родендени, родени бебиња, на сите страни мекици, рафаела, руски салати, туна топчиња, кроасанчиња, мевциња и благодети што не можам да ги тргнам од репертоар, мора да се отсвират, нели.
    На важен состанок сум денес и некако немам став. Можеби така и треба. Прочепкав некои демек важни податоци, но оставам небото да си изврне денес како знае и умее. Има периоди кога си сериозно здодевен сам на себеси, како бамја зелен и неочекувано регресивен. Па треба да застанеш, да си шлапнеш две три шамарчиња, да си го смириш малку срцето, да си ја обоиш душата во пастелни бои и да престанеш да кенкаш. Кое кенкало сум. Леле. Некогаш сум огромно Леле што трча наоколу и чита и голта и лапа се’ пред себе во недостиг. Секаков. Иритантно до бескрајот. Човек, мора да си се спасува сам себеси, како знае! Мене, со уметност најмногу ми се продолжува животов... И си се сеќавам на сликите на Фрида во Париз. Човече, ко да сум сонувала? Го гледав филмот пред некој ден и ооооооооооп, реминисцент, се’ по ред ми се појави пред очи! Лепчињата со намаз, виното, плачките пред Помпиду, испомешаните картички од метро и Фрида. Фрида. Отмена, затворена во плексиглас рампи, зачувана од времето. Сиот нејзин бол како и мојот бол, неспоредливо далечни, а сепак во некој заеднички содржател. И што човек повеќе да побара, од она што можел да го види?
    Светот е создаден од болка и уметност, за да преживееме...
     
    На Gea, Peppermint, Marossa и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    89.436
    Пол:
    Женски
    Луѓе незнам низ целава Македонија како е времево али кај нас е смешно,очајно ...
    Пред 2 дена беше се белоо се радував на снегот што паѓаше а во исто време и многу силен ветер немаше жив човек по пат :D Вчера од сабалје кога си зафати пак снегче леле радости беее децата скокат се радуваат колку силно вееше не сте свесни но малку траеше тоа задоволство :worried: почна да врне дожд и тоа пороен дожд до доцна синоќа ... Станувам сабалје гледам сонце :o
    Да бе сончко си грее како во пролет не сте свесни колку е топло времево луѓето со тренерки се шетаат :lol: Се е суво како да немало ни дожд ни снег .... аааа :!: дури видов и кокиче сабалје во двор :lol:

    Абе тоа е Марта е со 300 ума шо викаат во приказните ама изгледа Јануари е уште по ненормален |(
     
    На lana.del-rey и LittlePinky им се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Кога гледам какви убави и речити составчиња има над мене, се срамам да напишам тоа што јас СДК ама: страшно ме мрзи да идам сега до факултет , ај ако не барем ќе фатам малку од снежнава идила ако не се растопи снегов и не дојде лето додека да излезам... :^)
    Имајте убав ден! :*
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.135
    Допаѓања:
    156.154
    Од тушли што слушаат радио и гледаат тв (ако им се може,а им се може има макс тв на интернет) на работа и немаат 2 минути да ти пренесат информација, ми се повраќа веќе. |( Па уште и ти се дере. Море мрш!!!
    Карма бичез, ќе си молите за работичката, ништо не поминува ненаплатено.
     
  16. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Каков ден, е не ми се верува што се се случи :x :emo:
    баксуз сум, да |( :clap: :geek:
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bile15

    Bile15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    38
    многу е важно ми треба совет ве молам некој ако може да ми пише во лп.ве молам
     
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Мислам дека поглупав цитат од оној: ’’Ако нешто не бараш, ќе ти дојде’’ нема. Како може нешто што сакаме да не го бараме? Како може нешто што сакаме да го заборавиме, да не ни доаѓа на сон или во полусон, на не мислиме на тоа во тмурни утра и додека чекаме да ни зоврие водата за чај?

    Сесија иш, уште некое безвезно усно што и не го рачунам. Направив една математика и сфатив дека во целиот мој зимски ’распуст’ едвај три дена сум станала после 10 часот. Те едно, те друго. Деновиве баталив се’, животот ми се сведува на миење садови (како со ламји да живеам, по 10 тенџериња дневно се валкаат), комбинација од чај од лимон со цеден портокал, вежбање, киви, НЦИС Лос Анџелес и еден серијал документарни филмови за градини. Знаете што ми е убаво? Ептен ми е убаво, ептен. Ако плаќа некој за ваков живот одма се пријавувам.

    Луѓево ко да се оправаат, а тие трите предачки на судбината мислам дека уште ми го плеткаат клопчето. Само нека не ги фаќаат ножиците, какви јазли сум отплеткала јас до сега.
     
    На Barbie20, Gea, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    4.003
    Пол:
    Женски
    Како може да уживате во тоа да ги молзите вашите дечковци бе ? |(
    Кое е задоволството во тоа и последната пара да ја даде за вас, а вие во новчаникот имате повеќе од него.
    Ама машко е ,треба да плати, нели? |( Браво. :clap:
    Во ред е да плати еднаш ,два пати, три пати , ама во ред е и да се понудите барем сметката да ја платите.
    Па уште и гордо го раскажувате тоа како наместо да трошите пари за излегување, вашиот дечко троши за вас. Ви е гајле бе, ви останува некое денарче плус за парче облека. Па тоа е битно нели, ништо друго.
    Мене ми е глупаво и срамно да излегувам на негов терет. Незнам ,можеби јас не сум нормална.
    Многу јаки госпоѓици сте станале. Кај се одело до град со автобус... ма нее, строго со кола. И онака таа на воздух работи.
    Уште и носот го кревате кога недај боже за подарок ќе добиете нешто скромно, а-у безобразлук е тоа.
    Гуски разгалени :x
    За по една клоца во гз сте, па да научите да цените !
     
    На Barbie20, lana.del-rey, sweetgirl92 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MrenaRiba

    MrenaRiba Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2013
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.284
    Пол:
    Женски
    Немало нешто поубаво од тоа да носиш уште една душа во тебе,којашто понатака неизмерно ќе те сака.Неописливо чуство. :inlove:
     
    На Barbie20, marama, Gea и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.