Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    На оние кои ми значеа, им дадов крила да одлетаат и причина да останат.
    Вивнати во облаците, импресионирани од нивната трансформација и горди на своите бронзени крила, ме прашаа: “Зошто ми требаат нозе, кога имам крила!?”
    Нивниот птичји мозок премногу брзо заборави каде се нивните корени...

    ...Немаа храброст и сили да го издржат притисокот. Посакаа да летаат, а не научија правилно да одат. Добија нешто, со кое не можеа да се справат. Им дадов крила, а тие завршија како паднати ангели.

    Сеуште веруваат дека се слободни.
    Слободни птици во мојот златен кафез.
    На крилата од времето, единствено нешто што лета е тагата.

    Од тој ден, почнав да ги мразам птиците.
    Поточно, кукавиците.
     
    На Barbie20, Gea и julie77 им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.164
    Допаѓања:
    138.887
    Малку ме фаќа паника кога ќе видам дека на форумов има 12 годишни девојчиња.

    Не за друго, туку ќерка ми уште малку ќе полни 10. Некако.... не сакам да се читаме тука за две години.
    И не сум сигурна дека сакам на 12 години да ги чита повеќето од темите тука. Ама ајде, дилемата дали мене не ми е тука место или неа ќе ја одложам за околу 2 години, кога ќе наполни 12 :)

    Се треба да се прави во свое време. И за се има време, животот и не е толку краток.
     
    На do-re-mi, anabel-a, EMoonlight и 28 други им се допаѓа ова.
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Немаш потреба од загриженост,форумов само може да ни помогне,а не да ни одмогне.Јас од тука научив многу работи,а да бидам искрена само двапати ги имам отворено темите од секс и видов дека не ме интересира тоа и се тргнав и ние самите знаеме дека тоа не е за нас,ни коментираме таму,ни па читаме.Добро барем јас,не знам за другите...
     
    На QueenElena и LittlePinky им се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Средба со снегов сабајлево ми донесе насмевка и полни гради со чист воздух.Ама се е џабе кога не можеш силно да вдишиш затоа што те жегнува болката во кичмата.Нејсе ,опремена под полна зимска опрема на мене ,утрово правец лекар.Кога таму ја нема мојава докторка ,отишла на специјализација.На нејзино место доктор.Е добро,само нека ме спаси од болкава.И така укочена,седнувам на столицата ,а не можам да се померувам.Си кажувам јас што ме боли,како ме боли,каде ме боли,и докторот си се занесе во приказната дури ми пишуваше инекции.И на мене така укочена за беља му падна ракавицата и тоа баш кај неговите нозе.Сега што да правам,срам ми е да му кажам да ја подигне,станувам одам до креветот ја соблекувам јакната ,зашто буквално сум мумифицирана.Се враќам назад кај што седев и чучнувам полека ,и се обидувам да ја дофатам ракавицата.Ми вели доктоорт-Што правите?Јас-се обидувам да ја дофатам ракавицата.[​IMG]А тој-леле добро јас помислив дека правите нешто друго.Кое друго бре докторе јас не можам гаќиве да си ги подигнам ,си мислам.[​IMG]Почнав да се смеам ,се смее и тој,кичмата ме жегна и ме опомена дека треба да си примам инекција.[​IMG]
     
    На marama, Gea, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 11 други им се допаѓа ова.
  5. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Станав рано,јадев,споделив неколку мислења тука на форумот со вас драги феминки :) се подготвив сега и одам да го поминам денот со мојот сакан Супермен,ах,одвај чекам да го видам ...не знаете колку многу. :D
    Одам да уживам,уживајте и вие среќичкии :D повторно сум тука вечер,се навикнав веќе многу на вас. :)

    Пријатен ден :* :*
    p.s. Малку чоколадо за убав ден :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На SparkyAngel, MandyLane, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    3.035
    Пол:
    Женски
    Денес прилично имав некои обврски и сакав да полежам утрово ако ништо друго, ама кога се мора, се мора. Алармот рано ме разбуди, само го погледнав сатот и уште три пати snooze направив.
    И така недоволно расонета слегов в кујна мајка ми веќе ме чекаше со доручек, потоа се спремавме и заминавме со неа побрзо да завршиме со задачите, за да ни остане слободно време.
    А бевмe и на заболекар :doh: ... арно тоа, ама јас шо имам страв од забно незнам и како успеав да се убедам да појдам, докторов ми вели - "е што се плашиш уште, јас не сум страшен, на болница идиш, не идиш в слаткарница мора малце да боли, затоа се вика болница :rofl: . Либено твое ко ќе те штипне те боли и тоа?" Ех му велам за заб не ме штипи :^) :lol: .. Се изнасмеа човекот од мене, али јас ненаспана кога сум си имам обичај да си кажувам глупости. :lol:
    Па после тоа од кога завршивме со сите обврски си прошетавме со мајка низ град, па малку и "шопингувавме" :D
    Инаку овде временцево е сончево, топло ...ама па цел снег се стопи, а толку многу го чекав да заврни, колку само беше вчера вечер убаво во снегот :( ...

    Друго абе мене ми се спие леле мајко. Сега едно кафенце е права ствар :coffee:
    А ете ќе заборавев да ви се пофалам малце, го положив државниот стручен испит за фармацевтски техничар па денес си го земав и уверението.
    Па мили мои еве да ве почастам, да се заблажите за мојот успех :$ :D
    [​IMG]
     
    На Barbie20, Gea, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Сагласавам се со тоа, дека човек треба да ги бира зборовите кога кажува нешто, не значи дека ако не се бираат зборови се демонстрира принципиелност ил слично нешто.О, далеку од тоа.

    Страшно беше во право Тошка „ што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи“ .Ми одѕвонува во глава реченицава у прав момент.И за многу други работи бил во право, ама кој да види...

    А, Обама ушче го немат да се јави, ни блашко не помагат веќе :wasntme:
     
    На kala21, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  8. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Моментално мислам дека го заменувам оној од зет домазет што беше стариот мислам Караман се викаше и кога зборуваше ЈАС НЕ СУМ НЕРВОЗЕН, ЈАС НЕ СУМ НЕРВОЗЕН ( а тој вриеше од нервоза, чадеше ! ) е така и јас :^)
     
  9. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    Жална вест :bow:
    Се известуваат сите наши роднини и пријатели дека нашиот сакан син заврши медицински факултет со просек 10,0.А од утре,неговото тело и диплома ќе бидат изложени во заводот за вработување.
    Сите заинтересирани роднини и пријатели можат да го посетат секој први во месецот,во заводот за вработување од 08:00 до 11:00 часот.
    :bow:
     
    На Elena69221, QueenElena, Barbie20 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.973
    Допаѓања:
    11.595
    Пол:
    Женски
    Кога тоа што денес се сликам за табло, би значело дека дипломирав, станав доктор, и таму позади аголот имам работа... Па да кажам дека би била најсреќна.
    Пет години подоцна, ситни испити до крајот, една година стажирање, јас се плашам. Многу се плашам.
    Се борам со сета сила што ја имам, а навистина не знам од каде ја наоѓам.
    Смешно ли е што верувам дека ќе биде добро? Дека ќе работам по струка, затоа што просто ја обожавам? Можеби за минималец на почеток, ама ќе бидам исполнета?
     
    На Elena69221, ilipili, LittlePinky и 18 други им се допаѓа ова.
  11. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Читкарам низ темава и верувале или не баш ова сакав да го напишам! :devil:
    Да,да ова болдираново....
    Дефинитивно кога ќе раѓам деца...абе 5 ако треба ќе родам само да имам барем 2 девојчина....Тие сигурно ќе бидат доживотни другарки :!:
    И премногу жалам што не се родив порано кога постоеле вистински другарства,без разлика на вера или пол...Сега се е испореметено...Ако се дружиш со машко,нешто ти е.. |( ако се дружиш со деца од различна религија,немој вака, така се од политички аспект гледано :fubar:
    Просто да не ти се верува... :x
     
    На jovana03 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MoonshineAnne

    MoonshineAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    83
    ХАХАХАХАХХА сдк.. Демотивација тотално ;( Не требаше ова да го прочитам баш сеа коа спремам испити :!: Не муншајн НЕ :!:
     
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Е ова, ова е мојот Јануари. Ова е Јануари што јас го познавам. Се откри мојот најмил пријател и покривката бела ми ја стави пред очиве. Магија ми даде, животот ми го врати.

    Каде беше до сега мил мој? Уживам во тебе, не прекинувај никогаш.

    Светкави очи и заспана душа.
    Срце полно љубов а љубовта сме ние.

    Среќна сум, и ништо нема да го смени тоа.
     
    На LittlePinky, QueenElena, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Жени од толку мрштење, не бори, кратери има да добиете на стари години.
    Одиш по улица гледаш тон намрштени, смркнати млади девојчици, те гледа со прекор без причина, те бута, ти мрчи и одма смркнува веѓи уште толку.
    Не викам јас да се цериш ко зелен 24/7, ама намршеност до мера да имаш ридови на чело, не сфаќам нит никогаш ќе сфатам.
     
    На senza.parole, GarpovaV, SparkyAngel и 25 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мајка ми моја жали повеќе за кутрињата што ги дадовме отколку мајка им нивна.
    Сабајле откако станала ги поздравила, малку си поплакала, па отишла на работа.
    На никој од нас дома не му е сеедно, ептен се приврзавме за нив изминативе два месеци. Само ете, си се тешиме дека им најдовме убави сместувања и се надеваме дека ќе бидат среќни кутриња.
    Луси, Мони и Теди си најдоа свој дом :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Anna-Banana, senza.parole, Buttterfly и 36 други им се допаѓа ова.
  16. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.346
    Некогаш си го поставувам прашањето: Како е да се биде познат, иако не поседуваш никакви квалитети?

    Се цени ли кај нас квалитет? Одговорот го знам... Но, зошто дозволуваме да биде така?
    Се бега од вистинската вредност на животот и жално е, навистина е жално што е така.

    Патем сакам промени, позитивни и убави. Смачено ми е од многу работи.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Повеќе не си го губам времето да им докажувам на некои личности колку сум јас добар човек,кога тие самите неможат да препознаат каков сум,тури им пепел на таквите,и подобро што не се во мое друштво.
     
    На esperansa777 и poenta им се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Знам дека ми е време да си ја прифатам клетвата зошто сум се родила женско, кога почнам да бркам по висачите во кујна и барам чоколадо. Останато од Божик, од родендени, дадено за фала, за оздрави побрзо, па кое отворено и пак вратено, некое нагризано...
    До какаото е или до шеќерот? Како зависник од сабајле. МОРАМ да трчам до продавница!

    Е, ама тоа улавите кога ме фатат, тогаш почнам да си наоѓам и рачки... од сабајле и бркови имам! :!: Тооолкави се така. Арно ама, јас од генерацијата кога почнаа нагло да се бричат нозе(до колена) и пазуви. Толку. Бикини се само стрижеше кој преферира, и бричеше таму ако излегува од страна само. Не стигнав до депилации на цела нога, на цела или делумно депилирана Становитка, на раце(зошто? :^) ) и на женско лице :sweat: па енос ќе се учам како, и ќе трпам кубење на места дека и не знаев дека треба да се тргнат влакна.

    Си земав чоколадо за нервите, парацетамол за стомачето, лимонска киселина и кило шеќер за пастата за депилација на мустаќите. Чоколадото летна. Пастата се свари, се олади, и одиме на победа! Според постапката, земам месам топче, го зарамнувам, им ставам на мустаќиве бебешка пудра за да се фати шеќерот, е тоа пудрата убаво ги покажа колкави штрчат :worried: :x Мечка страв! Налегнав, мммм убаво мириса, и сега, тегли!!! Скокај околу на една нога, па на другата, избриши очите и ајде на другата страна. Залепи - одлепи додека не сум се предомислила.
    Ако пред тоа немав бркови, сега имам, црвени! Целата надусница ми е црвена и ме пече, ме гори, ми трпне. Да ставам црвен кармин на устата и вуала, Марлин Мансон :makeup:
     
    На ilipili, Trnche, Gea и 9 други им се допаѓа ова.
  19. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Ова беше супер месец, одличен почеток на годината.
    Работа од дома...уживанција.
    Како?
    Ако сте заинтересирани за програмата SFI, вечерва во 21. 00 ќе има вебинар каде што ќе биде презентирана програмата, начинот на работа и како тоа можете за заработите од удобноста на Вашиот дом.
    Се што треба да направите е да подготвите шоља кафе или чај и да се логирате на следниов линк
    http://www.empowerbutton.com/uUiTV


    да го впишете вашето име и да слушнете што има да каже г-дин Борис Јаневски, Платинум тим лидер од Србија.
    Не се двоумете...нема ништо да изгубите,посветете некој саат за Вас и за Вашата заработка од дома.
     

    Прикачени фајлови:

  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.154
    Ањњњњњњњњњњњњњњњњњњњ...
    Спремај се уште сега на крокодилските солзи кога тебе ќе те "дадат" во твој дом. :D
    Што раса е ова?

    Патем, знам дека не сум пораснала (што се вели де :D ) за брак што кога од обврски не можам веѓи да исчупам, другарки да си видам, не па цела фамилија да држам у раце...
    Бреееее...денес сум го изела за сите. Е така, кога им викаше, абе побрзајте, си свират на мандолина, и на крај се разбира кој ќе го изеде, си знаат кој ќе трча. |(
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.