Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl:
    Леле Лилит ако веруваш истото ми го рече мајка ми прееска!
    Кога ќе екне Врана коња јавам јас, ќе ми пеат: Село ја дава, мајка и не ја дава! :rofl:

    Инаку мешавина се, имаат жички на пекинезер и пудлица. Многу личат на мајка им кога беше мала :)
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Сите се радуваат,воздивнуваат пред зимската идила,поставуваат фотографии од зимски пејзаж,коментираат,но, јас немам такво чувство.
    Не го сакам снегот...Ме потсетува на далечина,студ,неизвесност...
    Време поминато во исчекување.
    И додека тој е таму некаде и се труди да заработи ,мене ме разорува неспокој,немир ми ја опседнува потсвеста,расположенито ми е променливо.
    Мислам на него.Му се восхитувам на храброста во животната борба да опстои.
    Потоната во друг свет што и други го живеат,погледот ми се задржува на парчето празен лист и посакувам да пишувам.Во тој миг чувствувам грч,
    белината ми ги поткопува мислите,што од снегот,што од хартијата, ми ја уништува инспирацијата,едноставно ме блокира да размислувам.
    А толку имам да кажам што не знам од каде да почнам...
    Крајот е невидлив...
    Благодарение на животот што го живееме во нашата Невозможна Македонија :envy:
     
    На Barbie20, julie77 и vitomir им се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    I wanna love you,but I better not touch.
    I wanna hold you but my senses tell me to stop.
    I wanna kiss you,but I want it too much..
    :wasntme:
     
    На axl-babe му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Да ви кажам една интересна прикаска,си биле еден паметен и еден глуп тип,и паметниов му се смее на глупиов и си вика во себе лелеее колку е овој глуп :rofl: :rofl: ,а глупавиот и тој му се смее на паметниов и си вика во себе лелее овој па мисли дека е многу паметен :rofl: :rofl:,е тоа ти е.
     
    На stetoskop и poenta им се допаѓа ова.
  5. aways

    aways Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    660
    Нема што да правам јас денес.
    Станав.Мојте веројатно се тушираа или спијаа...па сакав на мал начин да му се заблагодарам за вчера.Направив мусли во едни прекрасни чинии што ги сака мајка ми.Направив нескафе за мама и мене. За татко ми турско кафе со многу малце шеќер.
    Кладов на масата која јадевме свеќи миризливи и тоа.
    Е сега..можев нешто да спремам или да купам нешто од пекарата..можев ама ме мрзеше |(
    И мојте нормално со истете досадни фрази - " неморало срце на мама, леле кизнај колку се измачи "
    премногу.Да направам нес и да стоплам млеко.
    За тоа време ја чеслав косата и си клавав тренерки :D
    Изненадени беа :)
    потоа заедно сите ја гледавме епизодата што испадна од '' now you meet your mother ''
    интересна беше.
    После повик од братучеда ми да излезиме в град. Се шетавме и тој.
    Најмилото детенце.
    И тоа како го видов...се шетавме со братучеда ми и ми зборуваше како си поминала во бугарија на зимовање. Па поминуваме во една цвеќара и гледам машка личност со иста јакна како дечко ми. со исти чизми. и ништо...
    потоа братучеда ми го задевна нешто... тој се сврте ...и онака се бакнавме и ми вика имам рабвота :devil: и се брзаше и пак влезе и ние пак си шетаме и ме најде по 10 мин. ми се јави на тел. му кажав кај сум и ми вика повели. букет. и не бев нњшто изненадена оти одечував ( раката на срце, така е :D :D )
    го бакнав...му се заблагодарив.
    па продолжив со него.
    дојдов дома...мајка ми правеше чорба, јадев и се досадувам сега
    :angel: сакам да ти кажам тебе...дека букетот е прекрасен. се грижам за него како да е човек. му менувам вода на секој 10 мин. прекрасно мириса. само би посакала да мириса на твојот парфем па да помислам дека секогаш си тука, во мојата соба. Ти благодарам уште еднаш и те сакам :*
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    Среќен сега? Се ти признав. Зошто не се приметува очајот и болката во очите преку комјутерски екран и типкање со прсти?
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Значи како можат некои луѓе да бидат толку неодговорни... :x
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    "I want to hurt you just to hear you screaming my name!"
     
    На SweetChild и Barbie20 им се допаѓа ова.
  9. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Колку е убаво чуството кога си опкружен со луѓе што зрачат со позитивна енергија! :sun:
     
    На kala21, kikav, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  10. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    http://www.sky.mk/makedonija/404337-vid ... inja-li-se

    Ах бедо,ах бедотијо ти што се всели во повеќето домови,ти да си проклета,и сите вие високи функционери,барем еден ден да ви биде вака за да знаете како е...
    Слушам и се ежам,толку проклето реално,толку допре до мене,што се плашам искрено,еден ден ќе бидам мајка,еден ден и јас ќе треба да издржувам фамилија..
     
    На Golden му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Добро бре, зар не му помина модата на тигрестите хеланки ? Тигрици насекаде гледам, аман ! |( Ај разбирам да се облечат на пролет, на есен, али во зима бре на минус неколку степени, не сфаќам. А и од кога се носат салонки во среде зима ? Не дека ме интересира кој како се облекува, можда на некои мојот стил на облекување им е чуден али крајно ми глупаво во среде зима да се носат салонки и со тоа тигрести хеланки за на кафе на сред бел ден :puke: Уште ова го немав видено. Нормално дека кој како сака ќе се облекува, ама треба малце осет да се има, да се знае што се носи во лето, а што во зима. Ужаси... али шта чеш, па и времево не е веќе тоа што беше и тоа се менува, де врни снег во некој момент, де сонце грее, и затоа изгледа се мешаат работиве....
    Инаку ова ме потсети на песнава. Кога бев помалечка многу ги слушав Суперхикс :D
    http://www.youtube.com/watch?v=42cdA2-CUdY
     
    На Natali.3 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.383
    Пол:
    Женски
    Ах,улавост,улавост.

    Како можете бре?Вие,пушачите,не сте ни свесни колку себични луѓе сте!Продолжувате и продолжувате иако сте свесни што може да ви се случи?Нели?Така.Па и на пакличето пишува „Пушењето може да убие“ но вие свесно читајќи го тоа земате цигара и ја палите,па ја ставате во уста.Ја вдишувате не размислувајќи за вашиот живот,за другите,туку само себично зедите и пушите цигара,знаејќи за последиците!Себичњаци бре!Многу ме гајле што вас не ве гајле за вашиот живот ама барем да ви текнеше на оние кои ве сакаат со сето срце?!?!?!А?Да, ги заборавивте тие.Како би се тие осеќале да дознаат дека сте болни од рак на плуќа или било која друга смртна болест(предизвикана од пушењето)?Не мислите како би се осеќале да дознаат дека наскоро ке умрете,а што ако се случи тоа налошото?КЕ ве загубат.Ке им се скршени срцата.Всушност со еден замав вие сте убиле неколку „муви“,од кои едната ке бидете вие,а другите ке бидат оние што искрено ве сакале.Не ли помисливте барем малку на тоа?Или пак ке продолжите да пушите додека не ви се навистина случи ?И не велете дека немате таков што ве сака навистина.Ако не други имате родители кои ве сакаат највеќе на светот.Како би им се одолжиле ним што ве одраснале ? Со тоа што веднаш ке ве изгубат од тоа што недоволно размислувате ? Ако ги немате ним (пу,пу) имате роднини,имате партнер/ка имате пријател/ка што навистина ве сака.НЕКОИ ОД ВАС ИМААТ И ДЕЦА!Мислете на нив?Како ке можете да ги исправите на правиот пат,како ке мо
    ете да им го покажете правилниот начин за подобра иднина?СЕКОГАШ има некој што ве сака.Секогаш.Ајде сега размислете малку.Ова ви е свесно самоубиство :fubar: Не бидете себични!

    АКО НЕ ЗА ВАС ЗА ДРУГИТЕ!

    Don't judge me,дека се сум помлада а сум се правела паметна.Штотуку дознав дека една личност која ми е многу блиска и има 38 год. затоа што е пушач има бели дробови како личност од 72 год. ;(
     
    На Gordana10 и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  13. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    СДК во денешен пост пишав дека кога сум во градот каде студирам животот ми е подруг.
    Денес сум таму,со цимерка ми си се изнамуабетивме. И го дадов поклончето за роденден.Премногу се израдува. И подарив тефтер црн и пенкало(прекрасно пишува поезија).
    И зготвив оривче со мевце,цело тавче го изедовме.Премногу беше вкусно,дека гладни и двете...
    Омилено кафе ми е со неа,не го испивме заедно во исто време но сепак во нејзино присуство.
    Си дадовме некои идеи за во следниот семестар за пазарување, за готвење..
    Премногу сум среќна бидејќи газдата(пристар човек) ми даде еден рецепт кој едвај чекам да го зготвам.
    Малку е лут дека не одиме често кај нив, но јас им велам дека ни е срам.
    Премногу ми се допадна тоа дека кажа дека сме дел од нивната фамилија,не смета за свои деца,не сака премногу и да не сме се срамеле.
    Чичко,би се обиделе ветуваме!

    Многу мразам кога е попладне а цимерка ми да спие.Премногу го сакам нејзиното присуство,чадот од нејзината цигара,нејзината филозофија иако секогаш велам дека премногу филозофира.
    Многу сум среќна овде,многу сум среќна...
    Утрешниот испит го посветувам на сестра ми!

    Феминки имајте убава вечер.Напијте се едно топло чајче. :*
     
    На Barbie20 и 1209 им се допаѓа ова.
  14. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Неможеш ти да кажеш на некого што да прави. Еве јас пушам,и јас свесно си се трујам,и мене никој неможе да ми каже дали да пушам или да не пушам. Прво немој да ги навредуваш пушачите,не е се толку трагично како што изгледа. Секој има право на свој избор,а другиот треба да го почитува тој избор. Немој да бидеш дрска.
     
    На Dark-Lady и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  15. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Не знам веке колку пати почнав да пишувам,па бришев и пак одново.Никако да сврзам збор со збор,никако до реченица да дојдам.Не знам како со зборови да го искажам сето тоа. :(

    Сфатив дека многу грешки направив.Признавам.Сфатив дека не се однесував како што треба.Сфатив дека со таквото однесување ништо нема да постигнам.Тоа беше посилно од мене.Не можев да го контролирам.Всушност,не ни размислував што правам,што зборам.Редно време беше да се свестам.Си удрив една добра шлаканица.Да,заслужувам ќотек бидејки навистина ја претерав.Излезе дека јазикот подолг од умот.Конечно решив да го вклучам мозокот и да размислувам. :)

    Што правам јас? Зошто? Вреди ли сето ова? Се повредувам и себеси и дечко ми.Се чудам и се прашувам како после се остана со мене.Да беше некој друг само чао ке ми кажеше и ке ме оставеше.А дечко ми трпеше,трпеше,собираше во себе,ништо не ми кажа и покрај се е со мене :bow: .Тој тоа не го заслужи.Ме сака.Знам.Ме сака многу повеке отколку што си мислам.Не го заслужува он тоа.Он заслужува мноооооогу љубов :l: .Он го заслужува најдоброто.Што и да направам,цел живот ке му бидам должна.Колку зборови излетаа од мојата уста и не толку убави,толку солзи пролеани,толку караници и покрај се тој ме сака и се бори за нас.Му се чудам,навистина.Му се чудам на таа трпеливост што ја има :o .

    Он никогаш на ништо не се пожали.Никогаш не кажа дека има проблем.Никогаш не се дереше.Никогаш не ја изгуби самоконтролата.Секогаш беше насмеам и покрај се.И секогаш велеше,зошто да бидам тажен,зошто сам да си создавам проблеми,еден е животот,а јас имам се што сакам,здравје,семејство,жена која што знае да ме секира,ама најмногу си ја сакам,добар пријател..Што повеке да посакам? Често ми велеше,што си го комплицираш животот? Има ли потреба од ова? Дали има нешто што немаш? Имаш мајка,татко,сестра,баба ти ја имаш,а и најважно ме имаш мене,што друго ти треба?Ех тие пусти пари,знаат да го спобудалат човекот.Срце,парите денес ги имаш,утре ги немаш и обратно.И не си ставај се при срце.Да не ти гајле за другите,нит што зборат,нит ништо,важно јас те сакам.Ова често ми го велеше.Ех,колку бев глупава :@ ...Зошто никогаш за ништо не го послушав? Треба да ми удри една...

    Морам да престанм.Мора да променам некои работи.Од полошо на подобро.Морам,сакам и можам :) .Доволно беа глупости.. :x

    Не смеам да дозволам да го изгубам.Ке му подарам мноооооогу љубов.Постојано ке бидам покрај него.И ветувам,нема повеке да го секирам.Јас го сакам повеке од се и од сите,и нема да дозволам да биде несреќен.Ке го направам среќен. :hug: :hug:
     
    На Barbie20 и Elena69221 им се допаѓа ова.
  16. SEKERLEMA

    SEKERLEMA Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    408
    Вчера снег, снег, снег, сега каша, каша, каша, шлакутници на сите страни, само едни гумени чизми за на бавча е спасот :D
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Толку многу промени за само два дена..а се уште сум по импресии од вчерашниот ден.
    Но денес ?Денес уште две прекрасни вести.Првата е што и покрај многуте напуштени колеги за кои стварно ми е жал јас сепак останувам на работното место.
    Другата вест е поврзана со една моја драга личност која утре заминува за Англија на привремена работа.

    Моите најблисќи ги немам видено веќе подолго време, зошто од едноставна причина не делат илјадници киломери.Денес посебно ми недостигаат.Да споделам дел од мојата радост.

    Емоции ме совладаа, како никогаш до сега.На моменти плачам, но од среќа, на моменти сум тажна.
    Се се одвива со брзина на светлината ми се чини.
    Дури и мм не можеше да ги поднесе.Она тврдокорно срце, вчера и денес плачеше.Но плачеше од среќа. :)
     
    На Barbie20, Kaley, Hipster и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    СДК уште исто е се статус кво..ни напред ни назад. Ќе помине ли овој периодот
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Неубавите работи секогаш идат заедно.
    Една, две, три.

    Вчера ја прочитав реченицата и ми замрзна крвта. Едната се случи, втората исто, каде е мојата трета? После си реков не претерувај, не тропај глупости, сама си ги правиш мислите.

    За денес да дознаам дека мојата трета работа, е веќе високо на небото.

    Знаев дека ќе пристигне од некоја страна и третото лошо... од каде, не ме прашувајте, знаев.

    Ти благодарам што проба да ме заштитиш од се' кога бев мала, ти благодарам навистина.
    Почивај во мир.

    И уште едно испраќање, од таа страна, без мене.
    :|
     
    На Trnche, Barbie20, anggell и 7 други им се допаѓа ова.
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Се обидов да пронајдам реченица со која ќе те утешам, но не ми одеше. Извини. :|



    Не ви недостасува Трендафилка?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.