Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Недостасува и тоа многу. :(
     
    На sweet-star и QueenElena им се допаѓа ова.
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум сакала лигави, плачливи деца! Многу мразам и кога видам не средено дете.

    Баш пред малку бев сведок на една несекојдевна глетка, баш жално за гледање.
    Мајка дотерана, со штикли, нова мода облека и за рака држи едно дете дотерано, убаво капутче и чизмички ама детето валкано бе луѓе. :fubar: Значи буквално околу устата имаше размачкано чоколадо, а под носот мрсул.

    Значи ако мајката имала време да си се дотера како некој викторија сикрет модел можела барем на детето устата да ја избрише.
    Ми идеше да извадам влажна марамица и одма да го избришам, гревче.

    Не сакам да ме сфатите грешка, демек дека не е добра мајка. Ама ова навистина е претерано...
    Па детето те молам избриши го пред да го носиш во кафичи и низ плоштад.

    Жално...
     
    На anuskaNESTLE, sweet-star и Kaylie им се допаѓа ова.
  3. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.969
    Пол:
    Женски
    Сакам зима, фино е кога ќе погледнеш низ прозор и снегче си вее. Ама, земи оди на работа, на факултет по вакво време да те видам... :devil:
    И денес грло ме гребе, утре уво ме боли, због-заради имунитетот мој никаков |( , па и Јануари долг и никаков. И пак се сведува оти зимата не е идеално годишно време. :D

    ____________________________________________________________________________________

    Ме нервираат луѓе кои своите потреби ги ставаат пред потребите на сите. Нивното е најбитно и точка. Кој и да ти е изговорот оти стварно не си во состојба да помогнеш, кај нив не пали. |(
     
    На Mama25, Gea и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  4. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Денес татко ми ми постави прашање што тотално ме освести, ме тресна од земја неочекувано и ме соочи со реалноста.
    Живееш ли ти, или пак животот тебе те живее?

    Се замислив и не одговорив ништо. А знаев. Знаев во себе дека е второто, само не сакав гласно да го изустам тоа.

    Ни тој не кажа ништо повеќе. Едноставно сакаше само поентата да допре до мене. И успеа.

    Почувствува. Успеа да го почувствува она што длабоко во мене се крие, а не го знае никој. Ја насети тежината во душата на своето чедо и суптилно ми пренесе значајна порака.

    Отсекогаш сме комуницирале јас и тој на посебен, наш начин. И ден денес тоа е непроменето. Без многу зборови, а совршено јасно се разбираме.

    Татко ми е најмудриот човек што го познавам, од кој ги имам научено сите животни лекции, пренесени на единствен, својствен само за него начин.

    Ме разбра, ме почувствува, ме упати во вистинската насока. Мое е да се обидам да послушам и да почнам да живеам.
     
    На SparkyAngel, Mama25, mims-89 и 30 други им се допаѓа ова.
  5. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Не ја сфаќам потребата да копаш по нечиј профил и да откриваш идентитет и тоа да го потенцираш во секој муабет индиректно...Јао, не ми е јасно значи ... Овој форум, посебно оваа тема, јас ја сфаќам како личен дневник каде што ги пишувам моите искуства, желби, стравови и после тоа можам кога сакам да се навратам и да прочитам..Да научам нешто од моите искуства, па и од туѓите..Нити ми е за лајкови, секогаш пишувам прво за себе..Или па ајде, еве дневник ќе земам ќе почнам да пишувам. Свашта нешто.
     
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.506
    Допаѓања:
    173.624
    Вчера пишав во темата за Св.Валентин-што ќе му подарите на парнерот...(така некако беше...)
    Ја листав темата и видов дека ние женскиот свет многу,ама многу се замараме со подарокот по овој повод.
    И што ако се треска главата цел месец,што ако се дадат сите заштедени пари за подарок кој можеби и нема да му се допадне на дечкото/мажот?Ќе не сака повеќе,ќебиде поверен???
    Не,не и не...
    Има и такви кои едноставно со такви некои подароци се упикуваат,наметнуваат,малтретираат...општо зборувам,не е наменето кон никој конкретно....-без навреда.
    И читајќи така вчера се подсетив на тоа како јас и мм го славевме празникот.
    Не го славевме.Секој ден ни беше и сеуште ни е Св.Валентин.Не чекам повод за да му подарам нешто,онака...случајнои,без повод.
    Пред некој ден ми подари кокичиња.Ги набрал сите од дворот и ми ги носи....Овој гест /подарок ме израдува повеќе отколку букет рузи купен ради редот -дека е празник...
    И така,вчера пишав во гореспоменатата тема и очекував да заврши постот во смешни мислења-ама никој не ми ја сфати поентата....дури и неколку лајка имав.Жалам....
    Можеби подлажав некоја феминка,па и таа сега везе гоблен....-пак се шегувам...
    Ве сакам сите,не ми се лутете.
    Сакајте искренo и ќе бидете сакани.
     
    На Barbie20, Gea, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Вие подготвувајте подароци за љубените на Валентин, јас ќе си купам пица. :pizza:
     
    На Barbie20, esperansa777, cheetah.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Велат:"Животот е бајка",а јас велам "Животот е една драматична серија"
    Koлку се чуден животот...какви ли изненадувања уште ќе ни приреди?Секој ден ,нова приказна...Секој ден стануваме за некого,се смееме,плачеме..важно е да се држиме исправено,да бидеме силни и да си го живееме животот...
    YOLO 8) 8)
     
    На sweet-star, poenta и vinozito1 им се допаѓа ова.
  9. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    675
    Допаѓања:
    1.592
    Пол:
    Женски
    Имаш 12 години,мењаш дечко на секој месец,и секој од нив го сакаш највише/единствен ти е,се ти е..
    Несфатливо! |(
     
    На Papillon.Papi, sweet-star и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Од секогаш ги мразев контрастите во екстремностите, она посебно некој ги има во себе концентрирано, а несвесно сосема дека јас сум си самата не класичен, абре школски, tеxtbook пример.

    Собата ми е лом, значи плаче за генералка веќе неколку дена, а јас сум земала со чепкалки за уши ја чистам тастатурата, и тоа вадејќи ги копчињата едно по едно. :tmi: Од тастатурата се почнува ретардирана низаена. Не бе стварно не сум ненормална, а тек е 10 часот до вечер до 1 којзнае што може да ми притекне.

    Од еден проблем креирам друг, па тој го поправам и нема крај на глупостите.
    Конструктивна критика- запрашај се колку години имаш и дали ги оправдуваш?
     
    На Sexybaby86, mimiiiii, Westlife и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.686
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Никако да ја разберам женската "мана" на реакции кога гледа друга девојка, најчесто +/- со иста возраст.
    Тоа превртување со очи, офкање, меркања од глава до нозе, подигната веѓа, анализирање со првиот до тебе и за накрај идиотизмот да е во кулминација, изнесување на секакви квази реченици, "стручни" наоди и мислења и слично.

    Мислам дајте, озбилно ли вечно ќе се живее во пубертет и sweet 16?
    Секој човек има своја лепота, свој шарм, своја аура, свој белег, свој стил.

    Почитувам девојки кои имаат "муда" да пофалат друга девојка, било непозната или позната за нив( посебни
    о непозната),да кажат јасно и гласно "девојкава е убава"!
    Јас сум дефинитивно една од ретките која не пати да пофали девојка, и секогаш кога некоја друга ќе ми остави впечаток, го кажувам без срам и комплекс тоа.
    Не гледам тежина и лошо во тоа да кажам дека некоја девојка има страшна елеганција, природна лепота, насмевка или било каков друг квалитет видлив за око, бидејќи муабетов ми е за девојки кои не ги знаеш лично.


    Водејќи се по ова, како да очекуваме машкиот пол да не почитува и величи, кога жените пре би очи да ти извадат него ли пофалат, да те исмејат за влакното кое ти штрчи, за кончето кое ти виси, за случајно сопнување??

    Мењајте насока девојки, потрудете се да се цениме повеќе, да не бидеме дрски една кон друга, да не се омаловажуваме, зошто на тој начин не поентрираш со хумор и сатира, туку со ефтина љубомора.
     
    На mims-89, Daydream, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Јас сум од оние луѓе, што обожаваат да седат на земја.
    Не само што преку цели денови седам долу на земја, туку и кога јадам, почнав да јадам на земја. :D Со чинијата и чашата до мене, пред телевизорот и бутај. :D Многу ми е убаво, на земја да седам. :rofl: На кревет дури и ретко седам. :wasntme: И другарка ми исто, чим одам кај неа... одма ме вика на земја да седнеме. Што и да правиме, било да гледаме филм, да играме карти... :D

    Имам некоја слобода, доле. Можам да си се тркалам ко тулумба. :rofl: Не мислам дали сум ги смкнала прекривачите или сум ги стуткала перниците од креветот... па после мама да ме кара. :D Неколку пати дури имам заспиено на земја. :D Само што не е прикладно за навечер, не сакам да се дружам со бубашвапки. :rofl:
     
    На Sexybaby86, prettyliar, Dark-Lady и 9 други им се допаѓа ова.
  13. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    A може ли да биде фамилијарна :$ ?
    Се надевам сакаш друштво :lol:
     
    На axl-babe му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kaylie

    Kaylie Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2013
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    1.402
    Кога и да го видам видеово или нешто вакво слично, се убивам од плачење. Немаат овие луѓе совест? Не им е жал кога ко слушаат зајчево како писка? Ама не, тоа се тие "луѓе" од одвратната жолта раса! Срце ме боли, зошто и јас имав чувано зајче... ;( ;( ;(
    Не е препорачливо за луѓе со слабо срце https://www.youtube.com/watch?v=PtAFHyXS31M#t=40
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.894
    Допаѓања:
    89.419
    Пол:
    Женски
    Значи едвај чекам да поминат уште овие 2 дена што остануваат од Јануари |(
    Веќе почна депресија да ме фаќа ... па веќе предолго трае уствари толку си е секој Јануари :D али неможам веќее :|

    Многу бе негативна енергија ми ствараат неодговорните луѓе и оние што не стојат на свој збор значи катастрофа едно договараш друго прави,кажува во 9 во 10 доаѓа. Па алоо не сум јас должна саат време да ти дремам и да те чекам. :fubar: Кажи ми на време не ме прави будала ...

    Друго што неможам да поднесам кај луѓево ...ми бара помош ме моли ме преколкува да помогнам кога му е најтешко,океј имаш среќа не сум јас од тие лошите луѓе без проблем помагам колку можам ,зашо да не ти излезам во пресврт кога навистина имаш потреба сепак луѓе сме утре друг ден може и јас ќе побарам помош не се знае ... Поминува се како што треба и после 2 дена не се познаваме , Ме одминува не ме познава :o
    Смешно ми е ама ме боли ,па јас не сум најдена на пат да ми се правиш којзнае што ... терај како си решил/а, ама таквите луѓе остануваат запаметени од моја страна.
    Премногу сум добра за добрите ,ама за лошите и таквите луѓе можам да бидам и полоша но само со зборови да осетиш како ми било,да почуствуваш што ми направило твоето ''благодарам'' кое го заслужив а него добив ... :fubar: :|

    На добрината возврати со добрина, а на злото со правдина.
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.154
    Се гледаме во очи.
    Најверојатно јас ќе попуштам.
    [​IMG]


    Се превртев :D

    И тие што биле на work and travel во Америка. Неколку години по ред. Пржеле компири (немам против пржењето компири, кој не пржел компири во животот, ама ентузијазмот и ароганцијата од тој момент наведува да им го кажеш во тој тон). Стационирани во некоја америчка вукојебина 3-4 месеци, јер и това е пут!

    Ни помалку ни повеќе, буквално 15 девојки на мојот фб го споделија овие два дена... Ама еве ги гледам, од што се лудички, сите стрижат пудлици, а не ги вработија нивните со врски по фирми... Преслатка Богородице, какви комплекси држи оваа планета земја.
     
    На mamma-mia, richgirl998, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Слаба сум, да. Таков ми е карактерот, никаков, слаб. И се плашам. Би останала во својата безбедна зона, макар и да сум на работ на смртта од досада, ама нема да ризикувам! Луѓето имаат големи очекувања, а јас не можам да ги исполнам, ги разочарувам и паѓам во депресија. Веќе го направив ова еднаш и не сакам да ја повторувам истата приказна. Ако тргнам, би требало да одам до крај, а ми е страв бидејќи поголеми се шансите дека на крајот на тунелот ќе ме чека пораз, наместо победа.
     
  18. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Ги има секакви мали и големи и во различни форми и големини,женски или машки. Се делат на спортски и елегантни,класични и старомодни.Од најсовремените ,најдрагите па и од оние со некакво сеќавање и значење и успомени .Расипаните и неубавите се пикнати некаде и се зафрлени се користат по потреба .Сите со различна вредност и значење но целта е иста .Секогаш се вели дека се точни но секој е со мана
    ( доцни или пак е малце понапред од другите),постојат и оние престижните и недофатливите,луксузните и убавите .Ги има насекаде и сите ги сакаат и си посакуваат барем еден да поседуваат .Значење-то околу нивните поделби и касификации ми е исто со карактерите на луѓето .
    Да,за часовнции-те мислав ... ако не претпоставивте . :wasntme:
     
    На kala21 и Gea им се допаѓа ова.
  19. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Значи искрено, сега кога се подразмислив од кога прочитав еден глупав пост на фб дека на некојаси и е страшно досадно се запрашав мене од кога не ми било досадно. :?: Свесни ли сте, дека мене досадно со месеци не ми било? А како ли е можно тоа сега ќе ви кажам.

    А бе можам 4 - 5 дена дома да бидам и да не ми стане досадно.
    Значи обично ова ми се случува кога сум во Скопје, тука дома сепак со мајка ќе ни текне да се рашетаме низ продавници, па кај роднини, па ти дошле комшии, па одиш да се видиш со пријатели, па со кола до маркет и значи секогаш, ама се-ко-гаш наоѓаш некој, т.е сретнуваш, безразлика дали си во маркет или во локалната продавничка, и ете ти пола саат муабет со него, ако не внатре, надвор на улица, или некој од кола ќе те познае и Анееееееееееее, кај си ма ти, шо има, и бла бла, ама во Скопје е друга приказна.
    Со Луси си спиеме квалитетно до кај 13, 14h, откако ми завршија испитите, па едно јако кафенце, па си ја играм со нејзината омилена играчка, и додека полусонлива си правам ручек, обично макарони, спанаќ или некоја рибина конзерва со голема салата си грицкам некоја ладна овошка и си слушам гласна музика.
    Нормално сето тоа проследено со мене полугола, во гаќи и боди, во моето најомилено боди кое има над 5 дупки, ама е најмекото и најзгодното нешто на цел свет!
    Па можам комотно да си го допијам кафето и да си играм на мобилен додека сум во вц, така си се дорасонувам и денот може да почне. Откако ќе и обрнам внимание на мојата црна арапина и го пуштам мачето, кое го чуваме надвор, да си поиграат, за да јас си имам време за мене, да се оптегнам и да си прелистам се што сакам на интернет, во последно време сум опседната со најразновидни туторијали на јутуб и гледање на кондо турс, т.е разгледување на апартманите на познатите блогерки од јутуб, незнам како, но можам буквално, и сум седела добри 5 часа гледајќи им ги становите, како се уредени, па некоја ќе ми се засвиѓа и почнувам одма да ја манијачам и сите можни 300 или 400 видеа да и ги гледам, и денот летнал. :doh: :lol: Или тоа, или сериите кои се незаменливи, и со кои никогаш не ми е досадно.
    Дечко ми ќе си дојде поручек во 7, и ми се чуде, како ништо не сум раскренала, ова е во деновите кога сум мрзлива, па откако ќе јадеме, тој ќе си легне нормално преуморен од 12 часовната смена, јас се впуштам во мојата ноќна авантура - чистење и средување. Со саати ќе чистам, ќе измијам садовите, и откако се ќе блеска, ќе си се оптегнам со едно топло капучино или па ладен цеден сок, зависи како сум расположена, или некогаш па со само голема чаша ладно млеко и ќе читнам нешто ако има за читање, а ако не, повторно висам на интернет, и секако после следува прошетка на Луси, накај 9, 10 часот, тогаш лудилото и го достигнува врвот, црно мало, темпераментно, бушаво топче. :D

    После незнам колку месеци се скарав со мајка ми, сега пред малку.
    Најмногу мразам некој да ми диктира што и како да правам во моето слободно време. Значи изминатиот месец ми беше пренапорен, семинарски и испити, и успешно ми заврши се, душата си ја ослободив, и ете ти некој над глава да ти пее кога куферот требало да си го спремаш, па тоа да не заборавиш, па тоа... |( Мислам чекај малку жено, не ме вади од такт, таков диктатор е шо мора се под нејзина команда да се воде, е нема бре! Јас прво одделение сум да незнам кога да се спакувам или што да си спакувам, 4 години Скопје ми е втор дом, ти да не ме пакуваш случајно? Значи ова мајките некогаш се стварно напорни, пошто не верувам дека е само мојата. Она е живец невиден, секогаш се и е чисто, средено, станува и одма се мава на работа, провосмукалка, прашина, појадок, ручек, пазарење, шетање на кучето, садови миење, дремење, па пак се чистење. И ако мисле дека јас сум како неа се излажала.
    Јас сум карактер на татко ми, а богами и цела фаца на него, слика прелика, знам дека малку тешко и паѓа тоа :rofl: нонстоп вика, како бар едно на мене не се кукна аххх :rofl: ...
    Ама мене ако во моментот не ми се пакува, не се пакувам бре, ако треба ќе лежам на земја и ќе читам книга како во моментов, и откако ќе си се опуштам ќе станам, ќе се спакувам, и готово, пола саат работа дури не е тоа, ама не, диктаторот мисле дека се мора на норма да е завршено, зошто после, кога сега ништо не правиш ми вика, ало жено си читам книга, ти ако сакаш мене да ми е спакуван сега куферот, ок сакај си, или ете го спакувај ме, ако не, ете ти го креветот, цел ден кука немала време да се одморе, и наместо да одморе сега после цела вечер гости, она се враќа на диктаторството и наредува наоколу, епа затоа и никој не ја слушаме кога е ваква, а она само уште повеќе се нервира.
    Мислам јас ја сфаќам, ама не си ја ставам на срце, пошто стварно претера, требало да се спакувам сега, да оти и текнало неа дека уште тоа у куќата не е спремно па ајде, е нема.
    Брат ми па ич рецка не и удара, вратата од соба ја затворил и не смее никој да му влезе инаку ќе фате да хистерише како разгален папагал и да глуме паша у куќа, ама мајче па не ни има храброст да му влезе, е оди да те видам и викам, на него речи му шо да праве, во собата како некој авион да се срушил и како некој домородец да живее, иако секое утро таа откако ќе испадне тој лета со брзината на светлината му ја чисте собата... А тато гостите уште неотидени, он рче и поплава да има нема да осети.
    Уф пак долг пост, што да правам, мора нешто да се прави, што и да е освен куферот да го средам. :lol:
    Да има мајка акаунт на фемина, а што никогаш нема да се случе, едвај маусот го движе, и две букви у 5 минути ги куца, откако ќе ме прочита нема муабет еден месец да ми праве, лутка голема е, држи лутина долго време, ама ако, пак си ја сакам, секој со своите бубачки, нејзините обично ова време проработуваат, и плус нема шанси да ми е лута - утре за Скопје си одам, ќе мора да се гушниме и бакниме хуху!
    Е ај, одам да го средам куферот у случај да и текне уше еднаш да дојде да диктира, шо нема шанса - налутена е сега! :rofl:
     
    На LilBaby, Someonespecial, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 14 други им се допаѓа ова.
  20. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Како можам да очекувам да ме сака некој друг, кога ни родителите не ме сакаат.... :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.